Цариниците на Службата за мобилни единици – Вуковар спречија шверц на 22,7 килограми кокаин и два пиштола на граничниот премин „Бајаково“. Службениците при контрола на 15 февруари издвоиле лично возило со словенечки регистарски таблички управувано од словенечка државјанка, а со неа биле и три малолетни деца. Со детален преглед се откриени специјално подготвени скривалишта каде се пронајдени два пиштоли „Глок“ и 22.724 килограми кокаин. ...

Тешка сообраќајка се случила утрово околу 7:30 часот на државниот пат Д-8 кај Дубровник. Како што објави весникот „Дубровник“, возило со дубровнички регистарски таблички кое се движело по патот, кога под се уште неутврдени околности се превртело на покривот, соопшти полицијата. Едно лице починало на лице место, додека друго поради повредите е пренесено во болница во Дубровник каде му е укажана лекарска помош. Сообраќајот е целосно затворен, а ...

Без вести и информативни емисии, од утрово е Грција, поради 24-часовниот штрајк на новинарите организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија. Штрајкот започна од 5 часот и ќе трае до утре наутро, а во овие 24-часа на телевизиите нема да се емитуваат ...

Два земјотреси со јачина од 5 и 4,9 степени беа регистрирани утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, во рамките на серијата земјотреси од изминатите најмалку три седмици. Двата земјотреси беа во период од нешто помалку од час и половина, најсилниот беше во 6.46 часот, на кој му претходеше еден од 4,5 степени, додека кусо по 8 часот утрово беше регистриран уште еден, од 4.9 степени според Рихтер. Најсилниот земјотрес во ...

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан за време на разговорите на безбедносната конференција во Минхен им кажа на американскиот специјален претставник за Русија и Украина Кит Келог и на државниот секретар Марко Рубио дека Анкара е подготвена да прифати мировни преговори за Украина, пренесе Танјуг. Како што објави весникот „Туркије“, повикувајќи се на извори, Фидан за два месеци имал четири телефонски разговори со рускиот министер за ...

Нападот на украинските вооружени сили врз системот на конзорциумот на Каспискиот гасовод (CPC) со помош на беспилотни летала е троен удар за американските компании, за нафтениот пазар и лично за американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев. Тој предупреди дека инцидентот може да го дебалансира пазарот и да го зголеми растот на цената на нафтата, бидејќи ЗКП, меѓу ...

Најмалку четворица припадници на пакистанските безбедносни сили се убиени, а неколкумина се ранети во заседа на милитанти во областа Курам во провинцијата Хајбер Пахтунхва, соопштија денеска локалните власти. Властите велат дека напаѓачите ограбиле и запалиле неколку камиони со помош. Заседата дојде неколку часа откако властите испратија засилување за да одговорат на нападот во понеделникот врз конвојот на камион со хуманитарна помош во кој ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Олена Зеленска синоќа пристигнаа во официјална посета на Турција. „Официјална посета на Турција заедно со првата дама. Средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган и првата дама Емине Ердоган. Продолжуваме со сите напори за размена на воените заробеници – нашите луѓе мора да се вратат дома“, објави Зеленски на социјалните мрежи. Тој додаде дека со турските власти ќе разговараат и за ...

Се истражува инцидентот на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, Канада, кој се случил за време на слетувањето на авион на „Делта ерлајнс“ кој доаѓал од Минеаполис. Сите 80 патници и членови на екипажот во авионот, кој летал од Минеаполис, ја преживеале несреќата, но се уште не е јасно како се превртел авионот. …Reposted off Twitter. Sad. @Delta plane emergency at @TorontoPearson pic.twitter.com/0ls0xiLEKp — Patrick Oyulu (@OyuluPatrick) ...

Европа е подготвена да преземе иницијатива за обезбедување безбедносни гаранции за Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по вчерашната вонредна средба за Украина во Париз. „Европа е подготвена и има волја да се активира, да преземе иницијатива за да и овозможи безбедносни гаранции на Украина“, рече Руте, истакнувајќи дека тоа е клучниот заклучок од состанокот што го организираше францускиот претседател Емануел Макрон. Ready ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека очекува до 2026 година да може да патува со брз воз од Белград до Будимпешта и дека ќе биде изграден нов нафтовод Нови Сад-Алгио, јавува Anadolu. Вучиќ во Будимпешта на прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека патувањето од Белград до Будимпешта ќе трае 2:40 часа. “Тоа ќе биде најубавата, најдобрата линија, би рекол, во Европа. Потоа ќе имате Срби од Белград кои ќе ...

Технолошкиот гигант Мета ги објави плановите за изградба на подморски кабел долг 50.000 километри, кој ќе ги поврзува САД, Индија, Јужна Африка, Бразил и други региони. Проектот наречен Waterworth ќе биде најдолгиот подморски кабел во светот кога ќе биде завршен. Мета, сопственик на Facebook, Instagram и WhatsApp, веќе некое време го шири своето влијание надвор од социјалните мрежи, особено во областите на вештачката интелигенција (AI) и ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на единство меѓу Европа и САД за одговорноста за безбедноста на Украина. „Не смее да има поделба во однос на безбедноста и одговорноста меѓу Европа и САД“, изјави Шолц за новинарите по европскиот самит во Париз. Тој го изјави ова откако САД се обидоа да започнат преговори со Русија без консултација со Европската унија, пренесува Ројтерс. „НАТО се заснова на тоа секогаш да дејствуваме заедно и да споделуваме ...

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ денеска во Москва изјави дека Србија сака да придонесе за решавање на конфликтот во Украина и е подготвена да биде домаќин на преговорите, пренесува „Анадолија“. „Кога станува збор за нашата желба да придонесеме за решавање на актуелната ситуација во Украина, Србија е земја со релативно скромни геополитички капацитети ако го гледаме бројот на жители, но имаме голема желба да придонесеме за ...

Палестинскиот лекар и работник за итна помош Тарек Рабие Сафи, кој неодамна беше ослободен како дел од примирјето меѓу Израел и Хамас, рече дека бил подложен на тортура и гладување во текот на годината во израелски затвор. Сафи, 39-годишен татко на две деца, беше ослободен заедно со уште 368 палестински затвореници во саботата, откако Хамас ослободи тројца израелски заложници од Газа. Тој рече дека поминал четири месеци од вкупно речиси една ...

Папата Франциск се лекува поради „сложена клиничка ситуација“ и ќе остане во болница колку што е потребно, соопшти Ватикан. 88-годишниот папа беше примен во римската болница Гемели во петокот за да добие третман и тестови за бронхитис. Во последното ажурирање денес, Ватикан рече дека папата има „полимикробна инфекција“ на респираторниот тракт, што бара промена во неговиот третман. Пред да биде примен во болница минатата недела, папата страдаше ...

Началникот на полициското одделение на полициската управа Бања Лука, Момчило Мариќ денеска изјави дека Емир Селимовиќ, осомничен за двојно убиство, бил уапсен во напуштена викендичка во шумата во селото Горња Мравица и дека во тој момент не дал отпор. Но, веднаш откако ја забележал полицијата се обидел да побегне низ шумата. „Четири дена ја избегнуваше полициската потрага“, изјави Мариќ. Мариќ изјави дека во потрагата по него се вклучени ...

Бразилецот Нејмар го постигна својот прв гол по враќањето во Сантос. Поранешниот ас на Барселона и ПСЖ се запиша во листата на стрелците во победата на неговиот тим над Агуа Санта со резултат 3:1. Нејмар во 14. минута покажа зошто некогаш бил еден од најдобрите фудбалери во светот. Ја измеша противничката одбрана, изнуди пенал, а јас ја презедов одговорноста и постигнав гол. I was told Neymar was finished. Brother, if he is healthy… he still is ...

Унгарија е загрижена поради „сериозните безбедносни предизвици“ во Германија, кои за жал беа многубројни во последно време, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, коментирајќи го нападот со автомобил во четвртокот во Минхен, во кој беа повредени 36 лица. Сијарто изјави дека силна и стабилна Германија е во интерес на Унгарија, нагласувајќи дека колку е подобра германската економија, толку подобри ќе бидат изгледите за ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков утре во Ријад ќе се сретнат со претставници на САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој на новинарите им рече дека Лавров и Ушаков денеска ќе летаат за Ријад по инструкции на рускиот претседател Владимир Путин. „Се очекува тој во вторник во Ријад да одржи средба со американските колеги, која првенствено ќе биде ...

Нов силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Санторини. Земјотресот, според порталот Tanea.gr, бил почувствуван и во Атика. ЕМСЦ соопшти дека земјотресот ја погодил областа на 18 километри источно од Фира. 🔔#Earthquake (#σεισμός) M5.1 occurred 18 km E of #Firá (#Greece) 5 min ago (local time 09:49:53). More info at: 📱https://t.co/QMSpuj6Z2H 🌐https://t.co/9xIugWRMlT 🖥https://t.co/IfGqpM0ph7 ...

Откако британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија е „подготвена и волна“ да испрати мировни трупи во Украина, пратеникот од демохристијанската партија во германскиот Бундестаг Јирген Харт изјави дека Германија најверојатно ќе биде дел од таков план. „Не сакаме да влеземе во таа војна. Во меѓународното право постои јасна основа за мировна мисија во Украина која ќе обезбеди прекин на огнот и мирот да опстанат. Не можам да ...

Тим од советници на американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретне со руски официјални претставници следната недела во Саудиска Арабија за да започнат преговори со цел да се стави крај на војната во Украина, изјавија за CBS News двајца функционери на американската влада запознаени со ова прашање. Делегацијата, предводена од државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и пратеникот за Блискиот Исток, ...

Европските земји нема да создадат обединета армија како одговор на заканите од Русија, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. Во врска со ставот на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е неопходно да се формираат „европски вооружени сили“, Сикорски рече дека „треба да се биде внимателен со овој термин бидејќи луѓето разбираат различни работи“. – Ако со тоа мислите на обединување на националните војски, тоа ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе ги собере претставниците на големите европски земји за да разговараат за европската безбедност, потврди денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. „Претседателот на Републиката ќе ги собере главните европски земји на разговори за европската безбедност“, изјави Баро за радиото Франс Интер. Тој не прецизираше кој ќе учествува на работната средба, но според европски ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој е на 20 април оваа година, дознава Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. „Администрацијата на Трамп им кажа на европските претставници дека сака да обезбеди прекин на огнот во Украина до Велигден“, објави Блумберг, цитирајќи официјални претставници. Сепак, некои официјални лица изразија ...

Британскиот премиер Кеир Стармер изјави вчера дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку е потребно за безбедноста на Велика Британија и Европа. Обединетото Кралство игра водечка улога во поддршката на Киев во неговата војна против Русија, што „исто така значи дека сме подготвени да придонесеме за безбедносните гаранции за Украина со испраќање на свои војници на терен доколку е потребно“, истакна Стармер, пишувајќи за Дејли Телеграф. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Meet the Press на „Ен-Би-Си“ за време на Минхенската безбедносна конференција јасно стави до знаење дека никогаш нема да прифати мировен договор помеѓу САД и Русија што би бил договорен без учество на Украина. Никогаш нема да прифатам какви било одлуки меѓу САД и Русија за Украина, никогаш“, рече Зеленски на водителката Кристен Велкер. „Тоа е војна во Украина, против нас, нашите човечки ...

Не, драго мое збунето, стутулено граѓанство. На Фросина, ако гледа некаде од небото, не ѝ требаат нашите солзи, цвеќето, свеќите, туку нашата граѓанска будност, заинтересираност, бурна реакција на сѐ што не чини, за да не се случи набргу таму горе да си замине некоја друга Фросина (скраја да е). Пишува: Ана ПАНОВСКА Како народ што живее во оваа наша Македонија, конечно мора да се прашаме и да си одговориме зошто сме толку сиромашни, бедни, ...

Етна, најголемиот и најактивниот вулкан во Европа, во моментов повторно еруптира, што ги загрижува патниците кои планираат да ја посетат Сицилија. Последната ерупција започна пред пет дена, исфрлајќи облак од пепел и лава видлив со милји наоколу, пишува Euronews. Реката од лава е подолга од три километри, јавуваат медиумите. Huge eruption of Etna #Volcano 🌋 in #Sicily, #Italy 🇮🇹 (12.02.2025)@Top_Disaster pic.twitter.com/bFyUX0ZjSg — ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
61%
1017
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
53%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
47%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
6.69
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.27
52%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
50%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.6
53%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1019
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1018
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.24
70%
1012
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
33%
1019
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 8ᴼ
7.2
57%
1010
Currency

61.525

Currency

56.0037

Currency

71.6682

Currency

34.3562

Currency

39.376

Currency

65.9274

Currency

7.52805

Currency

0.65486

Currency

0.38117

Currency

0.52509

Currency

1.45935

Currency

0.64308

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

13873.98

Рутениум

20190.67

Калај

29.74

Сребро

991.08

Злато

101598.02

Бакар

8.85

Паладиум

28636.87

Платина

29383.15

Родиум

170398.96

Цинк

2.53