Припадници на даночната полиција и на Внатрешната служба за приходи, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во повеќе од 50 фирми во различни градови во Србија за да извршат проверка на нивната деловна активност. Акцијата утринава е во рамки на кампањата за откривање и гонење на корупциски злосторства, јави РТС. Според медиумот кој се повикува на добро упатени извори, во ...

Папата Франциск помина мирна ноќ во болница и појадуваше, објави Ватикан во најновиот извештај за кревкото здравје на Папата. Франциск има билатерална пневмонија, објави во вторникот Ватикан, што го отежнува лекувањето на 88-годишниот папа, кој на 14 февруари беше примен во римската болница „Гемели“. Билатералната пневмонија е сериозна инфекција која може да предизвика воспаление и лузни на двете белодробни крила и да го отежне дишењето. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Украина и се потребни избори пред потпишувањето на мировниот договор. „Имаме ситуација кога немаше избори во Украина, каде што имаме вонредна состојба, ефективна вонредна состојба“, им рече Трамп на новинарите запрашан да ги коментира барањата на Русија да потпише мировен договор дури по изборите во Украина. Трамп изјави дека „поддршката за Зеленски во Украина е намалена на четири отсто“ и ...

Според проценката објавена од Обединетите нации, Европската унија и Светската банка, ќе бидат потребни повеќе од 50 милијарди долари (47,8 милијарди евра) за обнова на Газа, која во голема мера беше уништена во 15-месечниот конфликт меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. Според Привремената брза проценка на штети и потреби (IRDNA), потребни се 53,2 милијарди долари за обновување и обнова на Газа во следните десет години, а 20 ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утринава во 00:20 часот во местото Драганиќ, во Хрватска. Во неа загинале две лица. Локалните медиуми пренесуваат дека автомобил слетал во канал покрај патот. Неофицијално се пренесува дека се работи за млад човек и девојка кои живееле близу до местото на трагедијата. Возеле „бмв“ во еден момент излетало од патот и удриле во одводот. Ударот бил фатален и за двајцата. – Деветнаесетгодишник управувал ...

Повеќе од 150 китови се насукани на оддалечена плажа во австралиската островска држава Тасманија, објави Одделот за природни ресурси и животна средина. Морски експерти, вклучително и ветеринари, ги посетија насуканите китови на местото во близина на реката Артур на северозападниот брег на Тасманија, а од 157-те насукани китови, 136 се чини дека се сè уште живи, се вели во соопштението пренесено од АП. Џоселин Флинт, која живее во близина на ...

Бразилскиот јавен обвинител Пауло Гонет Бранко поднесе обвинение против поранешниот претседател Жаир Болсонаро за обид за државен удар по неговиот пораз на изборите во 2022 година. Поранешниот претседател на Бразил во вторникот беше обвинет за надгледување на масовна шема за задржување на власт по поразот на изборите, вклучувајќи еден заговор за поништување на гласањето, распуштање на судовите и зајакнување на војската и друг за планирање ...

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека дебатата за можно испраќање на европски мировни сили во Украина е „преуранета“. – Ниту еден војник нема да биде испратен во овој жесток конфликт, изјави Бербок за германскиот јавен сервис ЗДФ, пренесува агенцијата ДПА. Во европските земји се отвори дебата по едностраното соопштение на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни преговори за војната во Украина. Трамп и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека Русија е способна „многу брзо“ да уништи 100 отсто од украинските градови, вклучувајќи го и Киев, но не сака да го стори тоа. „Ако тие (Русија) сакаа целосно да го уништат, тогаш тоа веројатно ќе се случи многу брзо“, им рече тој на новинарите на прес-конференција, коментирајќи го уништувањето што го претрпе Украина. Во исто време, шефот на Белата куќа истакна дека Русија може да го ...

Заменик-претседателот на Централната изборна комисија на Молдавија, Павел Поштица, призна дека УСАИД ја финансирала изборната комисија преку конзорциум. Поштица призна дека УСАИД ја финансирал изборната комисија преку конзорциум во кој имало претставници на британската, холандската, норвешката и шведската амбасада. И не само тоа, молдавскиот опозициски пратеник Василиј Боља ја критикуваше УСАИД, обвинувајќи ја американската агенција за ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека европските земји од воената алијанса се согласиле да ги зголемат трошоците за одбраната, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара тој износ да се зголеми на 5 отсто од БДП, пренесува Фокс њуз. „Во моментов трошиме 700 милијарди долари повеќе на европската страна на НАТО отколку пред да ја преземе должноста претседателот Трамп. Тоа апсолутно сè уште не е доволно. Треба да направиме ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати предупредување на социјалната мрежа Х. „Предупредување! Нашите стравови се остварија: глобалистичко-либерално-соросовата мрежа на невладини организации бега во Брисел, откако претседателот Трамп им зададе огромен удар на нивните активности во САД. Сега 63 од нив бараат пари од Брисел, под превезот на разни проекти за човекови права. Нема да се случи тоа! WARNING! Our fears have come true: the ...

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман побарал украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува на денешната историска средба меѓу Русија и САД што се одржа во Ријад, но двете страни, и Американците и Русите, инсистирале средбата да се одржи без Украинците. Ова го објави Блумберг, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата. Денеска во Ријад рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за ...

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Пекинг ги поддржува „сите напори што водат кон мировни преговори“ во Украина. Ванг се обрати пред Советот за безбедност на ОН откако руските и американските претставници се сретнаа во Саудиска Арабија и се согласија да продолжат со напорите за ставање крај на војната во Украина. „Пекинг ќе продолжи да ги застапува четирите точки наведени од кинескиот претседател Си Џинпинг за тоа што ...

Франција планира во среда да одржи втор состанок за Украина и европската безбедносна ситуација, но овој пат ќе бидат поканети европските земји кои не беа присутни на претходниот состанок, како и членката на НАТО, Канада, објави Ројтерс повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, два извори рекле дека на вториот состанок биле поканети Норвешка, Канада, Чешка, Грција, Финска, Романија, Шведска, Белгија, како и трите балтички земји ...

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, кој беше дел од делегацијата во Ријад, на прес-конференцијата рече дека Русија и САД се договориле да создадат услови за целосно обновување на соработката меѓу двете земји. Тој рече дека за време на средбата било забележано дека Доналд Трамп бил „првиот од западните лидери“ кој изјавил дека „воведувањето на Украина во НАТО е една од најголемите грешки на Бајден“. Тој додава дека Путин во неколку ...

Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради сложена респираторна инфекција, нема да учествува на настаните поврзани со католичката света година закажани за викендот, соопшти денеска Ватикан. Соопштено е дека јавната папска аудиенција што требаше да се одржи во сабота е откажана поради лошата здравствена состојба на папата, а неделната миса, која вообичаено ја води папата, ќе се одржи во присуство на друг висок функционер на Ватикан, пренесува ...

Турскиот претседател Ердоган денеска по средбата со украинскиот претседател Зеленски изјави дека територијалниот интегритет и суверенитет на Украина се несомнени за Анкара и оцени дека Турција ќе биде идеално место за можни мировни преговори за украинскиот конфликт. Ердоган истакна дека дипломатската иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија е во согласност со политиката на Турција во ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека мирот во Украина е клучен за отворање економски можности со Русија. По разговорите меѓу делегациите на САД и Русија за Украина во Ријад, тој рече дека дел од фокусот е да се осигура дека дипломатските претставништва можат да функционираат и да водат дипломатски односи во живо и дека друг елемент на состанокот е да се спроведат мировни преговори за Украина, кои, според него, ќе ...

Авион на „Визер“ со 200 патници принудно слета на аеродромот во Клуж, Романија, поради проблем со трупот. Нема повредени. Присилното слетување се случило околу пладне, а авионот успешно слетал на меѓународниот аеродром „Аврам Јанку“ во Клуж. Патничкиот авион сообраќал на релација Брашов – Лондон, а планот за итни случаи кој бил на сила при принудното слетување бил деактивиран. На пистата авионот го чекале четири камиони со вода и пена, како и ...

Фудбалерите на Барселона синоќа го совладаа тимот на Рајо Ваљекано со 1:0 во 24. коло од шпанската Ла Лига. Стрелец на единствениот гол за Барса беше Роберт Левандовски од пенал, а со овој триумф Каталонците се вратија на врвот на табелата со 51 бод, исто колку и Реал Мадрид, додека Атлетико има 50, па до крајот ги чека жестока битка за титулата. Од првата минута на теренот беше феноменалниот Ламине Јамал во дресот на Барселона, соборувајќи ...

Стјуардесата Вања Виќентијевиќ (32) од Белград била во авионот на американската компанија „Делта ерлајнс“ кој се преврте при слетување на меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто. Во несреќата Вања е тешко повредена и се бори за живот, според последните информации. Семејството на Вања е загрижено, а знаат само дека таа е во болница и дека е во критична состојба, односно дека лекарите се борат за нејзиниот живот. 🔴 Vidéo impressionnante du ...

Австриските медиуми открија шокантни детали од силувањето на австриската пензионерка (74) која беше нападната во ноември минатата година додека го шеташе своето куче, за што беа уапсени државјани на Босна и Херцеговина и Хрватска. Имено, двајцата осомничени ја фатиле и насилно ја внеле во автомобилот, а потоа ја принудиле на орален секс. Според пишувањата на медиумите, таа на 30 ноември пешачела по својата вообичаена рута во Траискирхен, Долна ...

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија завршиле и биле успешни. Јуриј Ушаков рече дека двете страни разговарале за условите за средба меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе руската новинска агенција ТАСС. Средбата меѓу Путин и Трамп најверојатно нема да се одржи следната недела, рече Ушаков. „Не е лошо, не е ...

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс наскоро ќе ја заврши кариерата. – Не останува уште многу време. Едноставно тоа е реалноста и треба да се прифати. Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера, изјави Џејмс за американските медиуми. Во тековната сезона, 40-годишниот Леброн Џејмс одигра 48 натпревари во регуларниот шампионат на НБА, на кои имаше просек од 24,3 поени, 7,7 скока и 9 асистенции. Големата НБА-ѕвезда во текот ...

Зоран Милановиќ денеска по вторпат положи заклетва како претседател на Република Хрватска. По заклетвата пред уставните судии и пред насобраниот народ, Милановиќ одржа пригоден говор, а покрај него застана сопругата и првата дама – Сања Мусиќ Милановиќ. „Во животот на еден народ неизбежна е промената на добрите и лошите времиња. Мора да пловиме со свесност дека животот не е само мирно море, тоа нека ни биде водич. Основната задача е да се ...

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е категорично против испраќање бугарски војници во Украина, без разлика на формата. – Како врховен командант, категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина под каква било форма – изјави Радев на одбележувањето на 35-годишнината од основањето на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ). Тој истакна дека очекува јасен и недвосмислен став од Владата и Парламентот дека ...

Сакаме да бидеме партнери со САД за да обезбедиме праведен и траен мир за Украина, му порача претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, кој во моментов е во посета на Брисел. „Финансиски и воено, Европа придонесе (за Украина) повеќе од кој било друг. И ќе се засилиме. Сакаме да бидеме партнери со САД за да обезбедиме праведен и траен мир за Украина. Сега е ...

Иако во оваа фаза не можеше да даде оценка за текот на руско-американските преговори во Саудиска Арабија, портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков рече дека денешните разговори би можеле да донесат „повеќе јасност“ во врска со евентуалната средба лице в лице меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин. – Путин постојано повторува дека е подготвен да зборува за мир – рече тој, инсистирајќи дека Русија сака да ги постигне своите цели, но ...

Суд во Босна и Херцеговина утре ќе ја заврши едногодишната судска постапка против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој е обвинет за непочитување на одлуките на високиот претставник. Доколку биде прогласен за виновен, Додик и неговите најблиски соработници најавуваат „радикални мерки“. На последното рочиште, предвидено за изнесување на завршните зборови на обвинителството и одбраната, ќе се утврди судбината на Додик и директорот на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
61%
1017
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
54%
1020
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
47%
1023
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.17
65%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.27
51%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
63%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.12
53%
1014
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1019
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1019
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
3.58
72%
1014
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
33%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 8ᴼ
7.2
57%
1011
Currency

61.525

Currency

56.0037

Currency

71.6682

Currency

34.3562

Currency

39.376

Currency

65.9274

Currency

7.52805

Currency

0.65486

Currency

0.38117

Currency

0.52509

Currency

1.45935

Currency

0.64308

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

13873.98

Рутениум

20190.67

Калај

29.74

Сребро

991.08

Злато

101598.02

Бакар

8.85

Паладиум

28636.87

Платина

29383.15

Родиум

170398.96

Цинк

2.53