
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Десет лица се убиени во училиште во централна Шведска, соопшти полицијата. Големата операција се уште е во тек, поради што локалните власти ги предупредија жителите да ја избегнуваат областа. На терен се бројни полициски сили, а според некои информации пукале и кон полицајците. Полицијата ја заклучи зградата и ја повика јавноста да се држи настрана. Полицијата соопшти дека истрелите биле испукани од автоматско оружје. Се верува дека ...
Потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вулин, ја соопшти одлуката на Ректорската управа да не ја прифати поканата на претседателот Вучиќ за дијалог. Вулин го праша ректорскиот колегиум како точно мислат дека ќе биде запрена анархијата кон која се лизга државата доколку нема разговори. „По одлуката на ректорскиот колегиум да не разговара со претседателот на Србија, на сите им е јасно. Од денеска целата одговорност за новите поделби и ...
За Русија, напорите на Европска Унија за зголемување на трошоците за одбраната, се кратковида и деструктивна политика. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека расте милитаризмот во ЕУ, што доведува до зголемување на инвестициите во вооружување под изговор оти има закана од Русија. – Јасно е дека натамошното зголемување на трошоците ќе има многу, многу негативни ефекти и ќе доведе до дополнително влошување на економската ...
Најмалку петмина повредени во пукање во училиште во Шведска. Во моментов во училиштето во шведскиот град Оребро се одвива голема полициска акција, објави полицијата на својата веб-страница, без да даде дополнителни информации. „Во овој момент нема дополнителни коментари. Се повикува јавноста да се држи настрана. Акцијата е во тек и се работи за тешко насилно кривично дело“, соопштија од полицијата. Шведските медиуми пренесоа и кратка изјава на ...
Оваа 2025 година мора да биде година на напредок за сите оние земји опфатени со процесот на проширување на Европската Унија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Годишната конференција на амбасадорите на Европската Унија, насловена „Надворешна политика на ЕУ што испорачува“, што се одржува во Брисел. – Сакам да испратам јасна порака, 2025 година мора да биде година на напредок за сите оние ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е зголемен бројот на заболени од рак на белите дробови кај луѓе кои никогаш не пушеле, а како еден од клучните фактори се наведува загадувањето на воздухот. Според проценките на Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), ракот на белите дробови кај непушачите се смета за петта водечка причина за смрт од рак во светот. Студијата објавена во научното списание Lancet Respiratory ...
Жена (22) со нож нападна двајца мажи во центарот на Софија, јавуваат бугарските медиуми. Како што соопштија од Управата за внатрешни работи, жената е приведена, а нападот се случил на булеварот „Витоша“. Директорот на Управата за внатрешни работи – Љубомир Николов рече дека жената што е осомничена дека го извршила нападот имала психички проблеми. „Има очигледни психички абнормалности и ѝ е поставена сериозна дијагноза. Жената нападнала тројца ...
На осомничениот за нападот на учесниците на блокадите кај Уметничкото училиште во Нови Сад, Б.П. (40), судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Нови Сад му одреди мерка притвор до 30 дена. На осомничениот му е одредена мерка притвор поради постоење околности кои укажуваат дека осомничениот, останувајќи на слобода, може да се меша во постапката со влијание врз сведоци и поради постоење посебни околности кои укажуваат дека осомничениот може ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп веќе го „превртел светот наопаку“, пренесува Anadolu. Орбан смета дека претстојат тешки месеци за Европа бидејќи повеќето бирократи во Брисел мислат дека можат да побегнат од претстојното „торнадо на Трамп“. „Вчера го одржавме првиот самит на ЕУ во Брисел по инаугурацијата на претседателот Трамп. Тоа беше чуден собир. Секој во Брисел може да го види како ...
Секоја претпоставка дека Северноатлантската алијанса може да постои без Соединетите Американски Држави не функционира од многу причини, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер во Брисел. – Глупава е помислата дека НАТО може да функционира без САД, од повеќе причини. Ако ја погледнете ситуацијата во Украина, тоа не е само проблем меѓу Украина и Русија… Ова што се случува е ...
Како што пренесува грчкиот портал Πρώτο Θέμα, овој остров во Егејското Море го напуштиле околу 9.000 туристи и жители кои стравуваат дека овие земјотреси се увертира за катаклизмичен удар. Претходно во понеделникот грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги повика жителите на Санторини да останат смирени и „да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита“. „Мораме да управуваме со многу интензивен геолошки феномен. Побарав од ресорното министерство да ...
Напаѓачот на Ал Наср и Португалија, Кристијано Роналдо одговори на прашање за неговата популарност. – Не е моја вина што сум најпознатиот, најпопуларниот помеѓу луѓето. Кога излегувам на улица луѓето ме препознаваат. Јас сум различен, точка. Бројките не лажат – во фудбалот и пошироко. Така да не треба да се фалам. Или се фалам со вистината, ја цитира „Марка“ изјавата на Роналдо. Португалецот утре ќе наполни 40 години. Тој игра за Ал Наср од ...
Министерството за трговија на Кина објави дека воведува царини за неколку производи од САД како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Кина истовремено објави и други мерки поврзани со трговијата, вклучително и истрага против Гугл, пренесува АП. Според официјалното соопштение, Кина ќе применува царина од 15 отсто за јаглен и течен природен гас и 10 отсто за сурова нафта, земјоделски машини и автомобили со голем капацитет. ...
Трансатлантското партнерство останува нашата најконсеквентна врска и тоа е од фундаментална важност за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот, па затоа и наспроти се, разговаравме за начините за прагматична соработка со САД, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот Самит на Унијата во Брисел. – Очигледно има нови предизвици и растечки неизвесности, така што ...
Аманда Радељак, актерка по потекло од Босна и Херцеговина, го прекина доделувањето на Данските филмски награди за да го привлече вниманието на геноцидот врз Палестинците. Таа изјави дека нејзиниот говор не бил планиран, но дека има нешто што би сакала да им каже на присутните. Водителката и го дозволила тоа. „Пред да побегнат нашите драги политичари, можете да им кажете во Кристијансборг дека не сакаме нашите даночни пари да се трошат за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп бара Украина да ги снабдува САД со ретки метали како услов за помош на земјата разорена од војна, објави новинската агенција АФП. „Сакаме да склучиме договор со Украина каде тие ќе го обезбедат она што ќе им го дадеме со нивните ретки метали и други работи“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. Тој се пожали дека Европа не обезбедила исто ниво на помош за Украина како САД. Тој нагласи дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ја одложил за еден месец одлуката за воведување царини од 25 отсто за сите стоки од Мексико. Ова прво го соопшти мексиканската претседателка, Клаудија Шејнбаум, која денеска имаше телефонски разговор со американскиот претседател, пренесе Би-Би-Си. Подоцна се огласи и самиот Трамп и потврди дека ја донел оваа одлука. Американскиот претседател ова го соопшти на својата социјална мрежа Truth ...
На прв поглед, Франција има подарежлив пензиски систем во споредба со Германија. Во 2023 година, старосната граница за пензионирање од 62 години беше укината. Две третини од Французите беа против тоа, што доведе до неколкунеделни понекогаш насилни протести низ целата земја – протести на жолтите елеци. Владата ја усвои реформата, повикувајќи се на посебен член од Уставот и без конечно гласање во Националното собрание. „Најраната возраст за ...
Српскиот премиер во заминување Милош Вучевиќ денеска изјави дека „брановите на протести се можност за опозицијата која сака отцепување на Војводина да стави такви планови на маса“. Вучевиќ за ТВ Пинк изјави дека „ова прашање не се наметна одеднаш“ и дека оние кои сонуваат за тоа и кои политички се борат за такво сценарио виделе можност по трагедијата од 1 ноември минатата година. – Брановите протести се нивна можност да ги стават овие проекти ...
Педесет и пет од 67-те загинати во несреќата меѓу патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер над реката Потомак во Вашингтон се идентификувани, изјави денеска началникот на противпожарната служба, Џон Донели. Тим од воен персонал се подготвува утре да започне операција за отстранување на остатоците од двата авиони од водата. Тие ќе бидат однесени во хангар на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон. Во меѓувреме, семејствата на ...
Едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија во станбена зграда во северозападниот дел на Москва, јавија руските медиуми, повикувајќи се на итните служби. „База“, канал на Телеграм близок до руските специјални служби, објави видео снимка на која се гледа сериозна штета на станбениот комплекс „Али Паруса“, каде што се случи експлозијата. Причините за експлозијата засега остануваат непознати. Во декември Украина ја презеде ...
Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога камион удри во три возила, а потоа падна од надвозник во градот Шанлиурфа во Турција. Şanlıurfa’nın Birecik ilçesinde freni boşalan kamyon, önüne kattığı araçlarla birlikte köprüden uçtu. ▫️ Kazada ilk belirlemelere göre ölü ve yaralıların olduğu öğrenildi. pic.twitter.com/6dMGJgskFn — Haber (@Haber) February 2, 2025 При падот, камионот повлекол и автомобил, во кој претходно удрил, јавуваат ...
Повеќе од 200 земјотреси се регистрирани во областа околу грчкиот остров Санторини во изминатите 48 часа. Серијата земјотреси се со магнитуда од околу четири степени според Рихтеровата скала. Најсилниот е со јачина од 4,7 степени според Рихтер. Зголемената сеизмичка активност предизвика загриженост кај властите, што го натера грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера да одржи состанок со претставници на надлежните служби. Властите ги повикаа ...
Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград. Руското Министерство за одбрана тврди дека руската војска пресретнала и уништила 70 украински беспилотни летала. Гувернерот на регионот Астрахан, Игор Бабушкин, изјави дека украинската војска се обидела да нападне објекти во неговиот регион со беспилотни летала, велејќи дека тие биле насочени кон енергетската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека новите царини на увозот од Канада, Мексико и Кина можат да предизвикаат краткорочни економски потешкотии за американските граѓани, но оцени дека мерките се неопходни за справување со илегалната имиграција и трговијата со дрога. – На краток рок, можеби ќе почувствуваме мала болка, но луѓето го разбираат тоа. На долгорочен план, ние сме ограбувани од речиси секоја земја во светот, оцени Трамп. ...
Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мирот од кога било во речиси три години од почетокот на инвазијата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Асошиетед прес“. „Се бориме, живееме, правиме се за да дојдеме до мир. Сега сме поблиску до него отколку кога било во овие три години војна. Одбраната на нашата држава, независноста, нашата земја, главниот град, многу различни градови и ...
Лидерите на земјите-членки на ЕУ денеска се собираат во Брисел за неформално да разговараат за европската одбрана во контекст на растечките геополитички тензии, особено за војната во Украина. Неформалните собири на шефовите на држави или влади на ЕУ се наменети за размена на мислења за конкретни теми со цел да се подготви теренот за подоцнежни одлуки и законодавни иницијативи. Новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, пред ...
Брат (16) и сестра (9) загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Англија, кога на нив налетал автомобил додека се возеле на електричен тротинет. Откако ги удрил, возачот побегнал од местото. Патот каде што се случи несреќата е познат како црна точка за сообраќајни несреќи, соопштија денеска локалните жители. Тие раскажаа како граѓаните се обидувале да ги спасат децата во моментите по несреќата пред да пристигнат болничарите. Полицијата во Есекс ...
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска изјави дека задушувањето на протестите во Грузија е неприфатливо и дека „Европа стои со грузискиот народ“. Таа во објава на социјалната мрежа Х изјави дека „бруталниот напад врз мирните демонстранти, новинари и политичари вечерва во Тбилиси е неприфатлив“. „Грузија не ги исполнува очекувањата на кандидатот за членство. ЕУ стои со народот на Грузија ...
Ракометниот репрезентативец на Хрватска – екс членот на скопски Вардар, Игор Карачиќ се прости од репрезентативниот дрес, исто како капитенот Домагој Дувњак по завршувањето на Светското првенство. Хрватска беше поразена во финалето од Данска со резултат 32:26, но тоа не е причина за тага според мислењето на искусниот „македонски зет“. „Воопшто не сум тажен. Беше прекрасно за мене сите овие денови да го делам теренот и соблекувалната и хотелот ...