Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за формирање на Комисија „Направи ја Америка повторно здрава“ (МАХА). Нејзината цел, како што е наведено во одлуката, е „да се справи со растечката здравствена криза во САД“, а комисијата ќе се фокусира конкретно на „хроничните болести кај децата“. Комисијата е предводена од новоименуваниот министер за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор. Како што е наведено во ...

Во Брисел, Берлин, Париз и Лондон се погласни се гласовите кои го предупредуваат американскиот претседател дека согласувањето со територијалните барања на рускиот лидер Владимир Путин би значело повторување на политиката на попуштање од минатото. „Јасно е дека ниту еден договор зад нашиот грб нема да успее. Ви требаат и Европејците и Украинците“, им рече на новинарите Каја Калас, највисокиот дипломат на ЕУ, на маргините на состанокот на ...

Потпретседателот на САД Џ.Д. Венс рече дека САД би можеле да ја погодат Москва со санкции и потенцијална воена акција доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на мировен договор со Украина кој гарантира долгорочна независност на Киев, објави Волстрит журнал. „Постојат економски алатки за влијание, сигурно има и воени алатки на влијание“ кои САД би можеле да ги користат против Путин, рече Венс во интервју за весник.„Има безброј ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека само украинскиот претседател Володимир Зеленски може да преговара во име на неговата земја, предупредувајќи дека дозволувањето „мир што е капитулација“ би било „лоша вест за сите“, вклучително и за Соединетите држави, објави Фајненшл тајмс. „Единственото прашање во оваа фаза е дали претседателот Путин е навистина, одржливо и веродостојно подготвен да се согласи на прекин на огнот врз оваа ...

Авионот со американскиот државен секретар Марко Рубио, кој летал за Минхен, морал да се врати во Вашингтон поради механички проблеми. Како што јави Ројтерс, Рубио ќе мора да отпатува за Германија, а потоа на Блискиот Исток со друг авион, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот. Рубио требаше да присуствува на 61-та Минхенска безбедносна конференција (MSC) која започнува денеска и ќе трае до 16 февруари во главниот град на Баварија. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американските и руските претставници ќе се сретнат денеска во Минхен и дека е поканета и Украина. „Тие имаат состанок во Минхен утре. Русија ќе биде таму со нашиот народ. Украина, инаку, исто така е поканета. Не сум сигурен кој ќе биде таму од која било земја, туку луѓе на високо ниво од Русија, Украина и САД”, им рече Трамп на новинарите. На прашањето за дополнителни детали, Белата куќа ...

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21 часот и 44 минути во Романија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 45,5966 и географска должина 26,3847. Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 140 километри под површината на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го обелодени планот за воведување реципрочни тарифи за секоја земја што воведува царини за увоз од САД, што е неговиот последен трговски удар насочен кон пријателите и непријателите на Америка. „Денес е голем ден: реципрочни тарифи“, напиша Трамп на својата платформа на социјалните мрежи пред неговото објавување. Тарифите би можеле да почнат да се применуваат за неколку недели, бидејќи трговско-економскиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Русија да се врати во Групата седум (Г7), оценувајќи го за погрешно протерувањето на Москва од Групацијата. „Би сакал да се врати. Мислам дека нивното протерување беше грешка. Видете, ова не е прашање дали ја сакаме или не ја сакаме Русија. Тоа беше Г8. Мислам дека и Путин би бил среќен да се врати“,рече Трамп. Руската Федерација беше членка на тогашната Г8 – Групата на осумте водечки ...

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека не може да се размислува за решавање на украинскиот конфликт без да се разговара за безбедноста на Русија. Тој зборуваше за ова, како услов за преговори за ставање крај на војната во Украина, во вечерашното интервју за рускиот Канал 1. „Прашањето за безбедноста на Русија е една од главните грижи на нашата земја. Ова е прашањето што веројатно доведе до овие несогласувања. Европејците и ...

Обединетите Арапски Емирати ги информираа Соединетите Држави дека сакаат да бидат домаќини на разговори за ставање крај на војната во Украина, кои на крајот би можеле да опфатат мировен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денеска Ројтерс, цитирајќи пет извори запознаени со ова прашање. Извори на британската агенција наведуваат дека ОАЕ „сесрдно се обврзале да играат клучна улога ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги предупреди светските лидери да не му веруваат на Путин и неговите тврдења дека сака крај на војната. Зеленски ја даде изјавата по драматичните настани во последните 24 часа кои вклучија телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во обид да започнат мировни преговори. Зеленски денеска имаше телефонски разговор и со полскиот премиер ...

Земјите членки никогаш не и ветиле на Украина членство во НАТО доколку постигне мировен договор со Русија, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте. „Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е клучно, но на Украина никогаш не и беше ветено дека ќе стане дел од НАТО како дел од мировниот договор“, рече Руте. Европските лидери претходно го предупредија Вашингтон ...

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека никој не може да ја одземе Газа од Палестинците и дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Газа е голема закана за светскиот мир. Говорејќи на индонезиската телевизија Нараси, Ердоган се осврна на планот на Трамп да раселат повеќе од 2 милиони Палестинци од Појасот Газа, да ја преземе американската контрола врз него и да го претвори во „Ривиера на ...

Маж од Флорида, 64-годишниот Џејмс Денис Форд, осуден за убиство на маж и жена за време на риболов, вечерва ќе биде погубен со смртоносна инјекција на првото погубување во државата оваа година. Убиството се случило во присуство на дете, кое сето тоа го гледало. Форд беше осуден на смрт за убиство на Грегори и Кимберли Малнор во 1997 година на оддалечената фарма на југозападна Флорида од која ловеле риба. Форд и Грегори Мулнор работеле заедно на ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека е важно рускиот претседател Владимир Путин „да разбере дека Западот е обединет“ кога ќе почнат преговорите за завршување на војната со Украина. – Не знам што точно има на ум претседателот Путин, се разбира. Тој е силен преговарач, многу е непредвидлив, но на крајот, ако сакаме да постигнеме мировен договор, треба и тој да учествува – изјави Руте по денешната средба на министрите за ...

На последното градско дерби на стадионот „Гудисон Парк“ фудбалерите на Евертон и Ливерпул одиграа нерешено 2:2, а по крајот на натпреварот дојде до конфликт меѓу играчите на двата тима, по што судијата покажа два црвени картони. Во одложениот премиерлигашки меч домашните преку Тарковски во 98. минута постигнаа израмнувачки гол, а по мечот фудбалерите на Евертон тргнаа кон навивачите на градскиот ривал да го прослават бодот. Ова го налути ...

Постигнувањето каков било мир не е решение за војната во Украина, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин за завршување на војната во Украина. Пленковиќ ова го изјави на состанокот на Владата на Хрватска и во пресрет на одење на 61. Минхенска безбедносна конференција, на која секако ќе доминира иницијативата на американскиот ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека човекот, барател на азил од Авганистан, кој со својот автомобил влетал во група луѓе во Минхен „не може да се надева на милост“ и мора да ја напушти земјата. „Овој сторител не може да се надева на никаква милост. Тој мора да биде казнет и мора да ја напушти земјата“, рече Шолц, објави германскиот магазин „Фокус“, откако 28 лица беа повредени кога 24-годишен бегалец од Авганистан влета со својот ...

Пратениците од опозицијата повторно предизвикаа тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом, фрлајќи предмети кон претседателката и местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето. Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите Сали Бериша, претходно во своите обраќања преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, ...

Вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, кон крајот на ноември, побарала затворска казна за Васил Јованов, кој според првостепената пресуда беше осуден на воспитно поправна мерка, од 6 месеци до 5 години, за продажба на марихуана и кокаин. Поточно, како што дознава ,,Фокус”, обвинителката Фетаи била задолжена да го застапува предметот пред Апелација, поради што обвинителката поднела предлог да се одбие жалбата на Јованов, а да се уважи жалбата на ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, „се согласиле дека конфликтот во Украина може да се реши по мирен пат“. „Постои согласност дека ова решение е можно преку мирни преговори, но треба да ги чекаме резултатите од заедничката работа“, рече Песков. Тој посочи дека Кремљ е „импресиониран“ од ставот на Трамп за ставање крај на војната во Украина, за разлика од ...

Најмалку 20 лица се повредени, од кои некои критично, кога автомобил удрил во нив во германскиот град Минхен, соопшти полицијата. Сè уште не е јасно дали возачот го направил тоа намерно или се работи за несреќа. Возачот е задржан на местото на настанот и повеќе не претставува опасност, додава полицијата. Инцидентот се случил на локација каде што синдикатот на транспортните работници организирал демонстрации, јавуваат локалните медиуми. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сака федералното Министерство за образование веднаш да биде затворено. „Би сакал веднаш да биде затворено. Министерството за образование е голема измамничка работа“,вели Трамп. Тој минатата недела рече дека би сакал да го затвори Министерството за образование користејќи извршна наредба, но призна дека за да го стори тоа и за да го исполни своето предизборно ветување ќе му треба поддршка од Конгресот и од ...

Италијанската полиција откри и конфискува речиси милион евра кои италијанскиот бизнисмен и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Интер, Масимо Морати, ги префрлил на сметка во странска банка, откако станал жртва на измама со вештачка интелигенција, соопштија официјални лица. Измамниците користеле вештачка интелигенција за да го имитираат гласот на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозе и оствариле телефонски повици тврдејќи дека бараат ...

Доналд Трамп кажа дека би можел да се сретне со Владимир Путин во Саудиска Арабија во блиска иднина откако тие вчера разговараа телефонски, при што се согласиле веднаш да почнат мировните разговори за Украина. Кремљ го потврди разговорот и додаде дека Путин го поканил Трамп во Москва зашто дошло време да работат заедно. „Ќе се сретнеме во Саудиска Арабија. Време е да се стави крај на оваа смешна војна, која донесе толку многу смрт и уништување“, ...

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Министерството за надворешни работи на Република Бугарија го изразува своето длабоко разочарување и категорично ги осудува неодамнешните изјави на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Христијан Мицкоски. Овие изјави не само што ја искривуваат реалноста, туку и ги поткопуваат напорите за градење добрососедски ...

Возач со џип денеска се залетал во средношколци кои организирале блокада на крстосница во градот Бечеј, во Војводина. Ова се случило за време на 15-минутниот молк за 15-те жртви во новосадската трагедија, пишува локалниот портал „Автономија инфо“. Инцидент беше спречен бидејќи во близина имаше полицајци, по што возачот се врати во автомобилот и замина од местото, пишува порталот. Учениците од гимназијата во Бечеј кои се во блокада и кои поминаа ...

По едно и полчасовниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговарал и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Киев индипендент. ,,Штотуку разговарав со претседателот на Украина, Володимир Зеленски“,напиша Трамп на Трут сошл. „Разговорот помина многу добро. Тој, како и претседателот Путин, сака да постигне МИР. Разговаравме за различни теми поврзани со војната, ...

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за итен почеток на преговори за ставање крај на војната во Украина. „Ние, исто така, се согласивме дека нашите тимови веднаш ќе започнат преговори и ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме претседателот Зеленски од Украина за да го информираме за разговорот, што, ќе го направам сега“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“. „Ги замолив ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
49%
1022
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
6.69
51%
1016
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
41%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
52%
1023
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.37
56%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
2.39
54%
1014
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
45%
1023
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
20%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
43%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
44%
1023
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
6.17
39%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
42%
1025
Currency

61.535

Currency

54.11

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65