Европската унија нема да дозволи одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за увоз на челик да остане без одговор, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „Длабоко жалам за одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум“, рече фон дер Лајен во објавата на мрежата X. ЕУ, според неа, ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси, работниците, работодавачите и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп за Фокс њуз изјави дека Украина еден ден би можела да стане дел од Русија, додека неговиот потпретседател Џеј Ди Венс се подготвува да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна оваа недела. „Можеби ќе склучат договор, можеби не. Можеби Украина еден ден ќе биде руска територија, можеби и не“, рече Трамп. Тој, исто така, нагласи дека сака враќање на инвестицијата во американската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас во Газа, тој ќе предложи да се прекине примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе настапи пекол. Тој им се закани и на Јордан и Египет дека би можел да ја запре помошта за нив, доколку тие не ги примат палестинските бегалци кои се преселуваат од Газа, пренесува Ројтерс. Портпаролот на Хамас ...

Санторини синоќа беше погоден од силен, плиток земјотрес со јачина од 5,3 степени, најсилниот што го погоди грчкиот остров за време на неодамнешната сеизмичка активност во областа. Земјотресот бил почувствуван и во Атина, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17 километри, јавува Би-Би-Си. Санторини доживува сеизмичка активност од минатиот месец, а сеизмолошката лабораторија на Универзитетот во Атина забележала повеќе од 12.800 ...

Поддршката на САД за Украина има цена: 500 милијарди долари минерални ресурси, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Во вториот дел од интервјуто за Фокс њуз, емитувано доцна вчера, Трамп рече дека САД треба да добијат дел од огромните природни ресурси на Украина како компензација за стотиците милијарди долари што ги потрошиле помагајќи му на Киев да се спротивстави на руската инвазија. „И реков на Украина дека сакам еквивалент од 500 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевич, демократ кој одлежа осум години затвор под обвинение за корупција пред Трамп да му ја ублажи казната за време на неговиот прв мандат. Трамп го потпиша помилувањето во Овалната соба. Toj го опиша Благојевич како „многу фина личност“ и рече дека е време „да се остави поранешниот функционер на Демократската партија да живее нормален живот“. „Тоа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или откажувања. Оваа одлука, иако индиректно, најмногу е насочена кон сузбивање на влијанието на кинескиот челик на американскиот пазар. САД директно увезуваат многу малку челик од Кина, која е најголемиот светски производител на челик. Сепак, кинескиот челик сè уште влегува на американскиот пазар преку други земји или преку ...

Во периодот од 2022 до 2024 година, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, добила надоместоци во вкупен износ од нецели 400.000 денари од Академијата за судии и јавни обвинители, иако не присуствувала на повеќе од половина од седниците на Управниот одбор на Академијата. Притоа, од Академијата велат дека Адеми отсуството го пријавувала непосредно пред почеток на седниците, па немало можност да биде повикан заменик-членот на УО. Таа, пак, ...

Најмалку 50 луѓе загинаа, а 15 се тешко повредени кога автобус влета низ заштитната ограда и падна од мост во близина на главниот град на Гватемала рано наутро во понеделникот. Очевидци известија дека преполниот автобус патувал кон главниот град од градот Сан Агустин Акасагуастлан и превезувал повеќе од 70 луѓе. Тој паднал во провалија длабока околу 20 метри од мостот Пуенте Белице. Според спасувачките служби, до несреќата дошло по верижен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека според неговиот план за преземање на Појасот Газа од страна на САД, Палестинците нема да имаат право да се вратат во енклавата. Тој во интервју за Фокс њуз рече дека Палестинците ќе имаат „многу подобри“ услови за домување и дека ќе им биде изградено место каде што ќе можат да престојуваат. Трамп минатата недела рече дека Палестинците ќе бидат трајно раселени. Трамп потврди дека е ...

Српската државјанка (34), која е во шестиот месец од бременоста, е уапсена во грчкото одморалиште Лептокарија, под сомнение дека пред пет месеци го убила својот сопруг Костас Сијамитрас (58), а потоа се обидела да го прикрие страшното злосторство. Според грчките медиуми, несреќниот маж бил пријавен за исчезнат на 2 септември минатата година, а неговата сопруга, која со месеци пред камерите се однесувала загрижено и очајно, била уапсена во ...

Соединетите Американски Држави ќе воведат нови царини од 25 отсто на целиот увоз на челик и алуминиум во понеделник, што ќе влијае на сите трговски партнери, вклучувајќи ги Канада и Мексико, објави претседателот Доналд Трамп. Оваа одлука претставува значителна ескалација на неговата трговска политика, додека Кина истовремено воведува одмазднички мерки. Говорејќи пред новинарите во авионот Air Force One во неделата, Трамп рече дека дополнително ...

Демократите во американскиот Сенат денеска отворија онлајн портал за свиркачи како одговор на репресијата на новиот американски претседател Доналд Трамп врз федералните агенции. Тие испратија јавно писмо до вработените во јавниот сектор во кое ги информираа за портал за пријавување прекршоци, злоупотреба на службената положба и закани по јавната безбедност, вклучително и одмазда, трошење пари, измами и криминални дејствија. „Свиркачите се ...

Романскиот претседател Клаус Јоханис најави оставка, по критиките дека останал на функцијата по поништувањето на претседателските избори одржани во декември. „За да ги поштедам Романија и романските граѓани од кризата, ја напуштам функцијата во среда“, рече Јоханис во церемонијалниот говор во Букурешт. Уставниот суд на Романија ги поништи претседателските избори во декември поради силни сомневања за руско мешање. Судот изјави дека го поништува ...

Израелската полиција упадна во палестинска книжарница во Источен Ерусалим, ги приведе сопствениците и ги конфискуваше книгите за повеќедеценискиот израелско-палестински конфликт, обвинувајќи ги за поттикнување насилство. Education Bookshop, отворена пред повеќе од 40 години, е центар за интелектуални настани во Источен Ерусалим, кој Израел го зазеде во војната на Блискиот Исток во 1967 година и го припои кон својот главен град во потег што не е ...

Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Калил ал Хаја денеска изјави дека плановите на САД и американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа се „осудени на неуспех“. „Ќе ги уништиме како што ги уништивме сите нивни претходни проекти“, рече Ал Хаја за време на церемонијата по повод 46-годишнината од иранската револуција во Техеран, пренесе Ројтерс. Трамп во неделата потврди дека е посветен на планот за купување на Појасот Газа, но дека би можел ...

Едно лице загина, а друго е тешко повредено по експлозија на резервоар со нафта во Улсан, Јужна Кореја, соопштија денеска официјални лица. Резервоарот бил зафатен од голем пожар и се извивал густ црн чад, јавува новинската агенција Јонхап. Експлозијата се случила околу 11:15 часот по локално време во градот кој се наоѓа на 310 километри југоисточно од Сеул. Привремениот претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, нареди максимални напори за ...

Во говорот по повод празникот на вработените и ветераните во Министерството за надворешни работи на Русија, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека во годината на 80-годишнината од Големата победа во Втората светска војна, руските дипломати ќе продолжат со својата активна работа за сузбивање на сите обиди за фалсификување на историјата. Честитајќи им го празникот на вработените и ветераните во руското Министерство за надворешни работи, ...

Овој месец, во Бретања започнува најголемото судење за злоупотреба на деца во француската историја, а јавноста е огорчена што хирург можел да напаѓа стотици млади пациенти неказнето со децении. Тој малтретирал некои додека биле под анестезија, во собата за опоравување по операцијата или во болнички кревети. Франција се соочува со сериозни прашања во врска со неуспехот да ги заштити децата, бидејќи се очекуваат страшни сведоштва од рекорден број ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја прифати поканата на Русија да присуствува на комеморацијата на советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна, објави денеска руската државна новинска агенција ТАСС. – Кинескиот претседател Си Џинпинг ја прифати поканата да учествува на прославата на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна – изјави рускиот амбасадор во Кина, Игор Моргулов за руската ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ниту една светска сила не може да ги натера Палестинците да ја напуштат својата татковина. „Никој нема моќ да ги отстрани Палестинците од нивната вечна татковина која постои илјадници години. Палестина, вклучително и Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, им припаѓа на Палестинците. Предлозите на американската администрација за Газа, дадени под притисок на ционистичкиот режим, не вредат да се ...

Пекинг ги објави контрамерките пред пет дена, само неколку минути откако стапија на сила американските царини од 10 отсто за сите кинески производи. Во петокот Трамп објави планови за „реципрочни царини“ и за други земји, без да прецизира кои земји ќе бидат погодени, но нагласи дека мерките би можеле да бидат широко применети. Почнувајќи од денеска, Кина ќе наплаќа царина од 15 отсто за увоз на американски јаглен и течен природен гас. Исто ...

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Европа е сојузник на Соединетите Американски Држави и дека ако САД сакаат Европа да се вклучи во поголеми инвестиции, безбедност и одбрана, тоа не треба да им наштети на европските економии заканувајќи им се со царини. „Моето прво прашање до САД е: Дали Европската Унија е вашиот прв проблем? Не, не мислам така. Вашиот прв проблем е Кина. Второ, Европа е сојузник за вас. Ако сакате Европа да биде ...

Во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, веќе извесен период се води внатрепартиски натпревар меѓу потенцијалните кандидати за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори. Притоа, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и министерот за локална самоуправа Златко Перински веќе јавно изразија амбиција да влезат во трка за градоначалник на Скопје. Покрај нив, потенцијален кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за главниот град е и градоначалникот на Гази ...

Премиерот Албин Курти и неговата левичарска националистичка партија Самоопределување (ВВ) победија на парламентарните избори на Косово, покажуваат излезните анкети и првичните резултати на Централна изборна комисија (ЦИК). За Самоопределување гласале меѓу 37% и 42% од избирачите, но владејачката партија предводена од Курти најверојатно ќе зависи од коалиционите партнери за да продолжи да владее. На изборите во 2021 година, Движењето ...

Неколку илјади луѓе се собраа во Љубљана за да им изразат поддршка на студентите во Србија и да побараат од градоначалникот Зоран Јанковиќ јавно да се извини за својата поддршка на српските власти, пренесе Бета. Собирот под наслов „Љубљана станува“ започна во 11:52 часот пред Амбасадата на Србија, со молчење во знак на сеќавање на 15-те загинати при уривањето на бетонскиот покрив на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Потоа, ...

Медиумите во Приштина вечерва, веднаш по затворањето на избирачките места на парламентарните избори во Косово, објавија излезни анкети, според кои ниту една партија нема да може самостојно да формира влада. Според проекцијата на Коха, Движењето Самоопределување повторно ќе освои најмногу гласови, но сега ќе има 47 мандати, додека досега имаше повеќе од 50. Според таа проекција, Движењето Самоопределување освои 42,3% од гласовите на ...

Очигледно е дека се откажавме од европскиот пат. Во меѓувреме, празнотијата на политиката ја пополнуваме со довикување преку плот. Ти си! Не сум јас, туку си ти!!! А болните на Онкологија, наместо да си ја гледаат маката, мора да ги слушаат оние што крцкаат од здравје како гризат за да им докажат дека ете тој, Филипче, е крив што нема лекови, што Клиниката е во очајна состојба! Пишува: Ана ПАНОВСКА Е, ајде де! Тргајте, не дремете! Ете ви ја ...

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, недела, 9 февруари 2025 година во 18 часот и 18 минути на архипелагот Додеканезе во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во Егејското Море со географски координати од географска ширина 36.611 и географска должина 25.7082. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на ...

Доналд Трамп изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за преговарачкиот крај на тригодишната руско-украинска војна, што укажало дека руските преговарачи сакаат да се сретнат со американските колеги. Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека разговарал со Путин, истакнувајќи дека „подобро да не кажам“ само колку пати. Во коментарите за медиумот во петокот на авионот „Ер Форс 1“, Трамп рече дека верува оти Путин „се грижи“ за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
38%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
69%
1011
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
55%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.58
64%
1015
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
54%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
48%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
8.75
66%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
85%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 14ᴼ
1.54
100%
1015
Currency

61.535

Currency

54.0881

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52