
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Ѓоковиќ го одигра најдобриот натпревар на годинашното издание на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен. Србинот во осминафиналето го декласираше домашниот тенисер, Алекс де Минаур со максимални 3-0 по сетови 6-2, 6-1 и 6-2. Србинот овојпат немаше големи проблеми со повредата на задната ложа и одигра маестрално за ново четвртфинале во Мелбурн. Таму за противник ќе го има Русинот, Андреј Рубљов кој во трилер натпревар со 3-2 во ...
Тотенхем има намера да го назначи Маурисио Покетино на местото главен тренер на тимот и веќе започна преговори со аргентинскиот стручњак за негов камбек. Според „Tuttomercatoweb“, актуелниот тренер на Тотенхем, Антонио Конте, по истекот на договорот ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната. Педесетгодишниот Аргентинец беше капитен на Тотенхем од 2014 до 2019 година, а со него стигна до финалето во Лигата на шампионите во неговата последна ...
Френк Лампард денеска треба да се повлече од функцијата менаџер на Евертон. Според „Sky Sports“, одлуката за отказ на 44-годишниот специјалист е веќе донесена. Се очекува Евертон денеска да го објави заминувањето на Лампард како менаџер. Лампард го презеде кормилото на Евертон пред помалку од една година на 31 јануари 2022 година. „Карамелите“ од Ливерпул се наоѓаат на 19. место на табелата во Премиер лигата, со ист број бодови како и последно ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе игра против Мароко во натпревар од последното 3. коло од групата 2 од „Президент купот“ на Светското првенство во Шведска и Полска. Ракометарите доколку го победат Мароко ќе играат против Јужна Кореја за 27. место на шампионатот. Селекторот Кирил Лазаров вели дека овие мечеви се шанса за помладите ракометари да собираат искуство. „И пред почетокот на Президент купот кажав дека ова ќе биде ...
Енис Барди до крајот на преодниот рок ќе го напушти Трабзонспор, прашање е само каде ќе ја продолжи кариерата. Челниците на актуелниот турски шампион решија да го намалат буџетот, поради што неколку играчи ќе го напуптат тимот, еден од нив е Барди. Пред неколку дена медиумите пишуваа дека Мајорка покажува интерес за Барди, а денес турските медиуми објавија дека во трка за неговиот потпис ќе влезе и Ница. Ница има големи мабиции во зимскиот ...
„Од денес сум Полјак. Јас сум еден од вас, чест ми е да ја продолжам мојата тренерска работа овде“, рече Сантош, додека претседателот на Полската фудбалска асоцијација (ПЗПН) Сезари Кулеза рече: „Изборот беше тежок , но го избравме најдобриот. Наша прва цел е пласман на ЕП“. Новиот селектор ќе го наследи Чеслав Михњевич, кој минатиот месец доби отказ откако ги предводеше „орлите“ во осминафиналето на Светското првенство во Катар, каде беа ...
Ал-Наср се обидува оваа зима да го ангажира играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ. Како што објави весникот „Оказ“, клубот од Саудиска Арабија на 37-годишниот Хрват му нуди 2,5-годишен договор и 100 милиони евра. Годишната плата на фудбалерот ќе биде околу 40 милиони евра. Во случај Реал да не го пушти Модриќ, раководството на Ал-Наср ќе направи обид да го ангажира играчот од средниот ред на лето. Модриќ игра за Реал Мадрид од 2012 ...
Меси најверојатно нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен кој истекува на крајот од сезоната. Иако претходно имаше навестувања дека тој донел одлука да остане во Париз најмалку уште една година и дека клубот набрзо и официјално ќе му го достави документот за продолжување на соработката, сепак, сега доаѓаат информации дека тој го променил мислењето. Како што објави шпанскиот новинар Жерар Ромеро, Аргентинецот повеќе не е сигурен дека ...
Фудбалерите на Реал Мадрид се последните полуфиналисти на шпанскиот Куп на кралот (Копа дел реи), а местото меѓу четирите најдобри екипи го изборија победувајќи го во градското дерби Атлетико со 3:1 по продолженија на својот стадион „Сантијаго Бербанеу“. Алваро Мората го доведе Атлетико во водство во 19 минута, а „Јорганџиите“ ја одржуваа таа предност еден час. Во 79 минута, по додавањето на Лука Модриќ, Родриго брилијантно се ослободи од ...
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми има понуда од германскиот прволигаш Штутгарт и сака да се пресели во Бундеслигата, но тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, кој сега има двојна улога во клубот и како спортски директор, не му дозволува да замине од „Максимир“. Ова ја прави ситуацијата во клубот многу нервозна, а соиграчите го поддржуваат Адеми. Адеми од 2010 година е член на Динамо Загреб и рекордер е во многу статистички категории, па ...
Владата на Ковачевски е влада на Бугарија, и на Албанија, не е само влада на Македонија, затоа владеат со притисоци и уцени. Нема барање на Албанија и на Бугарија кое не го исполнија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Антивладиното расположение кај народот се зголемува со секој насилен обид на Ковачевски и СДС да се одржат вештачки на власт. Тоа го знаат и во СДС, тоа го знае и Ковачевски. Затоа е големата ...
Ковачевски и СДС ја одржуваaт својата власт на сила и со насилство. Но колку повеќе вештачки се продолжува рокот на оваа власт толку повеќе расте антивладиното расположение кај народот. Затоа на Ковачевски му требаат патерици од Албанија и Бугарија да си ја потпре својата влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ова очигледно ги фрустрира и СДС и Ковачевски, па затоа се толку нервозни. Веќе не знаат од очај каде попрво да вршат притисоци. Почнаа со ...
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на Бихаќка ги свикува коалициските партнери да разговараат за преговорите со Алијанса за Албанците. Сакал да го слушне нивното мислење за проширување на владината коалиција. Алијанса за Албанците викендов одлучија да ги почнат преговорите, ќе формираат комисија која во наредниот период ке разговара за евентуален влез во владата. Во калкулациите со бројот на пратениците, Алијанса за Албанците ...
По седницата на Централното претседателство на Алијанса за Албанците (АА) што се одржа викедов и најавите дека во текот на неделава партијата ќе формира комисија којашто би преговарала за евентуален влез во Владата, вчера со свои ставови околу можноста АА да влезе во Владата излегоа помалите владини коалициски партнери. Од Алтернатива сметаат дека нема потреба да се преговара со Алијанса за Албанците, оценувајќи дека улогата на оваа партија во ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети придружуван од претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, министри, заменици министри, директор како и други соработници, синоќа ги продолжија средбите со граѓани и партиски активисти во градот Тетово, поточно во Голема и Мала Речица 1 и 2, Теќе, Сончев брег и Ван Вардарска. „Внимателно ги следев соговорниците и забележав дека нема скептицизам во ...
Државната комисија за спречување на корупцијата, јавно ги демантира изнесените наводи од министерот за надворешни работи на РМ, објавени преку порталот https://alsat.mk/mk/osmani-tvrdi-deka-antikoruptsionerite-greshno-go-obvinile/ на ден 20.01.2023 година. Државната комисија за спречување на корупцијата, своите наводи ги темели на издадениот Конечен Извештај од извршената ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во ...
И денес продолжуваме со објавување докази за милионски тендер преку кој се испцрпуваат средства од буџетот на Министерството за внатрешни работи за набавка на храна за компанијата „Индустри Сервис“. Компанија блиска до Оливер Спасовски, кој пак наместо да обезбеди соодветно услови за работа на полициските службеници, спроведува сомнителни тендери фаворизирајќи една компанија, истакна на денешната прес-конференција Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ. Во ...
Прашањето зошто на Ахмети му се обраќа со „командант”, предизвика мала полемика на дел од новинарите со претседателот на Собранието Џафери. Зошто го користи тој прекар какаракеристичен за 2001 година, кога помина речиси четвртина век оттогаш, беше прашан Џафери, но тој повторуваше дека си е негова лична, приватна работа, како обраќање на партиец со сопартиец. „Па што има врска што не сме 2001 година, па и да сме 2100 година, јас пак на Ахмети ќе ...
Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците, мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права во корист на Македонците, истакна во своето обраќање во Советот на Европа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски. Во продолжение интегрален текст и видео од говорот на Николоски: Мислам дека ова е многу важна дебата што ја имаме вечерва. Оваа дебата ќе го постави патот на Советот на Европа ...
Во текот на вчерашниот ден (22.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 414 возачи. Од нив 15 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа ...
Македонскиот претседател Стево Пендаровски го свика националниот Совет за безбедност. Денеска попладне во претседателскиот кабинет ќе се разговара за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион, а покрај членовите на Советот, на состанокот ќе бидат присутни и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата, ...
83 годишната жена од Струмица која пред три дена беше пронајдена мртва во нејзиниот дом била убиена. Првичните информации од обдукцијата покажале дека причина за смртта е надворешна сила, односно таа настанала со давење или задушување. Од струмичкото обвинителство ја потврдија оваа информација, но повеќе детали не соопштуваат, само информираа дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот или сторителите. ...
Супервештачењето што го чекавме повеќе од една година и фактот што денеска не се појавија вештаците, повторно ни создава сомнеж дека овој судски процес не оди во насока да се избегнат секирањата и да се заборави, и со тоа да се даде можност вистината и правдата да излезат на виделина, изјави Синиша Ристовски, брат на починатиот Дејан Ристовски, починат во сообраќајката кај Ласкарци. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година ...
Денеска (24.01.2023), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ -Сектор за недозволена трговија со дрога, Единица за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Л.М.(21) од населба Волково – Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и вага. Тој бил ...
Во САД се разгледуваат соодветни санкции за поединци кои ги прекршиле американски закони и норми. Веројатно во претстојните месеци ќе видиме едно или можеби неколку имиња. Овој одговор го даде амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер на прашање постевно на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија“ што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC) – Гостивар. Прашањето се однесуваше на ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја убие оштетената со која порано бил во љубовна врска затоа што му кажала дека веќе не сака контакт со него, на 16 ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина три санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон, три мерки за нерегистрирани возила… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ...
Шефот на дипломатијата Бујар Османи тврди дека не бил добро разбран и бил изваден од контекст, кога во интервјуто за бугарската БТВ, изјави дека не му е важно што ќе покаже истрагата за мотивите за нападот на Пендиков, туку дека му е важно тоа што го говорел тој и неговото семејство. Додаде дека само се надоврзал на она што го соопштило Обвинителството ден пред да замине за Софија. Во интервјуто за БТВ викендов, Османи во два наврати ја повтори ...
Секогаш сум осудувал и ќе осудувам насилство од било каков вид. Сите треба да бидеме достоинствени во однесувањето во нашата држава и на ист таков начин очекуваме сите странски државјани да се однесуваат кога доаѓаат кај нас, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека како држава имаме изградено институционални, законски и процедурални механизми за заштита на малцинските права на највисоко нив во Европа. – Ги осудувам сите кои ...
Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија. „Во овој случај, Министерството ќе препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент“, ...