
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Српскиот национален авиопревозник, Ер Србија од јуни годинава ќе ги обнови летовите меѓу Белград и Охрид, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, по најавата на авиокомпанијата за повторното воведување на оваа авио-конекција.Охрид ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота, од 5-ти јуни 2023 година. ...
Меѓународниот монетарен фонд малку ги зголеми изгледите за глобален раст во 2023 година поради „изненадувачки отпорната“ побарувачка во Соединетите Американски Држави и Европа, пониските трошоци за енергија и повторното отворање на кинеската економија откога Пекинг ги олесни строгите ограничувања воведени против Ковид-19. ММФ рече дека глобалниот раст сепак ќе падне на 2,9 отсто во 2023 година од 3,4 отсто во 2022 година, но неговите најнови ...
Почнувајќи од 1969, „747“ служеше како товарен и комерцијален авион способен да превезува речиси 500 патници, како претседателски авион Ер форс уан, а НАСА со него транспортираше спејс шатлови. Но, во изминатите 15 години, европскиот ривал „Ербас“ воведе попрофитабилни и поштедливи авиони со два мотора, наспроти четирите на „747“. Се очекува голем број луѓе денеска да го испратат првото полетување на последниот изграден „747“, кој е 1.574-ти по ...
Во турбулентниот период во кој Челси успеа да донесе многу нови имиња и во ситуација кога допрва се чека последната „бомба“ со Енцо Фернандез, беше јасно дека некој мора да си замине од „Стемфорд Бриџ“, а прв кој го прави тоа е Жоржињо. Италијанскиот репрезентативец влезе во последните пет месеци од договорот со Челси, па откако стана јасно дека добива се помалку шанса од Грем Потер, го користи последниот ден од зимскиот преоден рок за да ...
На средбата со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и за носење реформски закони, изјави премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски. Тој рече дека „ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка“.По средбата на двајцата лидери од која јавноста очекува да се каже ...
На меѓународниот индекс за перцепцијата на корупцијата во светот на Транспаренси интернешнл Македонија е на 85-то место од 180 земји. Од регионот пред нас се Словениа (41), Грција (51), Хрватска (57), Црна Гора (65), Косово (84). А Македонија на тоа место е во друштво со Суринам, Индија, Малдиви, Гвајана и Тунис. После нас се Албанија и Србија (101). На светот итно му треба акција, пишува во насловот на Транспаренси интернешнл за светскиот ...
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, изјави дека денеска за првпат ќе зборуваат за преговори со мнозинството во Владата. – Ќе разговараме за синхронизација на нашата програма со нивната. Ако можеме ова да го синхронизираме ќе продолжиме во следна фаза на преговори, евентуално можеби и кадровски – изјави Таравари пред средбата со Ковачевски. Според него, првата и најбитна ...
Министерството за внатрешни работи има план за обезбедување на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а во однос на тоа кој влегува во државата МВР се придржува до Законот за странци, каде постои одредба според која граѓанин на друга држава што претставува опасност може да не биде пуштен да влезе во државава, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку бугарски државјани ...
На денешното рочиште од судењето за пожарот во тетовската модуларната болница во кој загинаа 14 луѓе, беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството. На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговораа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои во модуларната болница биле како придружба на пациенти. Во сведочењето, двајцата лекари Мустафа Таири и Шпеназа Арифи Зеќири и медицинската ...
Денеска (31.01.2023) во 12.00 часот на бул.„Партизанска“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(26) од Штип. Тој бил осуден на казна затвор од шест години и четири месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на една година и два месеци од казната. ...
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа” и против Б.Х.(30) и Ш.Х.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”. Првопријавениот К.С., во својство ...
Попова Шапка денеска наутро беше најстуденото место во земјава со измерени минус 12 степени Целзиусови. Температури под нулата биле измерени и во други места и градови. По Попова Шапка, следна најниска температура била измерена во Маврови Анови – минус седум. Во Берово и Крушево утрово било минус шест, во Дебар минус четири, во Струмица и Охрид минус три. Следни се Прилеп, Претор и Крива Паланка со минус два, во Битола и Виница било минус еден, ...
1649.- На англискиот крал Чарлс Први Стјуард, чие авторитарно владетелство предизвикало граѓанска војна, му била отсечена главата врз основа на пресудата на револуционерниот суд. Образложението било дека тој е виновен за предавство – односно водел тајни преговори со Шкотите. Под притисок, тој во 1628 година објавил „Петиција за правата“, гарантирајќи ги правата на Парламентот како и личната слобода на граѓаните, но таа обврска не ја почитувал. ...
1747.- Во лондонската болница „Лок“ била отворена првата клиника во светот за лечење на венерични болести. 1797.- Во Лихтентал до Виена, е роден Франц Шуберт, австриски композитор, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната. Компонирал неколку стотици такви песни, опери, сценска музика, симфонии и камерна музика. Умрел во Виена, на 19 ноември 1828 година. 1808.- Дубровничката Република и формално престанала ...
Ракометната селекција на Данска ја продолжува доминацијата во светскиот ракомет и испиша нова страница во историјата на оваа игра. Скандинавската селекција стана едиствената со три врзани титули од Светските првенства, откако во вечерашното големо финале со Франција славеше сигурна победа од 29-34. За многумина најдобрата генерација во историјата на репрезентативниот ракометот фуриозно го започна големото финале. Питлик и Гидсел го совладаа ...
Новак се врати на врвот на АТП листата за прв пат по 12 јуни, бидејќи ден подоцна мораше да се откаже од таа позиција, а многу го чинеше фактот што не освои бодови за титулата на Вимблдон. Инаку, оваа недела е вкупно 374-та што српскиот тенисер ја започнува како најдобар во светот, со што е апсолутен рекордер. На чело на АТП листата, Новак го наследи Шпанецот Карлос Алкараз, кој поради повреда го пропушти Австралија опен. Ѓоковиќ моментално има ...
Интер започна преговори со Манчестер Јунајтед околу евентуалниот трансфер на Хари Мегваер во текот на летото, пишуваат италијанските медиуми. „Нероаѕурите“ се свесни дека наскоро ќе останат без Милан Шкриниар, кој одби продолжување на договорот и е на прагот да се пресели во ПСЖ, па Мегваер е еден од кандидатите да го замени. Интер планира да го доведе Мегваер на позајмица, а стоперот е исто така заинтересиран да го напушти островот. Договорот ...
Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев со придружна делегација, денеска, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија во рамки на која ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На средбата се очекува да се разговара за активностите што треба да се преземат по повод претстојното чествување на 4 февруари – денот на роденденот на Гоце Делчев. И бугарскиот ...
Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и ...
Приватните превозници повторно најавуваат протести и блокади на градот ако Град Скопје и ЈСП „Скопје“ не го исплатат долгот кон нив од 1, 5 милиони евра. Денеска тие протестираа пред седиштето на ЈСП, барајќи средба со директорот Александар Стојковски. Откако не беа примени од него, се упатија кон Град Скопје за да достават барање за средба со градоначалничката Данела Арсовска. „Шест месеци сме без пари, долгот од над 1,5 милиони евра не се ...
На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски беше прашан од медиумите за тоа што Алијанса вели дека ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и дека Алијанса е за европски начин за однесување. „Сигурно е европски Таравари да го моли ВМРО-ДПМНЕ да гласа за него во Гостивар, тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше реформирано. Кога Алијанса се потпиша за пад на владата, Таравари се потпиша за ВМРО или против ДУИ? Европската идеја не е молење и ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на годишната конференција „Година на нови можности“, што се одржува денеска и утре во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Во обраќањето премиерот Ковачевски посочи дека во 2022 година Владата се посвети на двата важни правца за граѓаните и за државава, економијата и европските интеграции и паралелно ги решаваше предизвиците од глобалната ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се ...
Министрите за внатрешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев денеска од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, што треба да се одржи в сабота и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки. – Ова е во услови на малку зголемени тензии, различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме ...
Власта тврди дека ги зголемува работничките права, синдикатите алармираат дека тие се погазени. Според Конфедерацијата на слободни синдикати, Новиот Закон за работни односи, односно законот за плати, мора да обезбеди поголема заштита и унапредување на работничките права, и за секое носење на законите да бидат консултирани, а не игнорирани. Бараат и во новото законско решение да не се дозволува исплата на регрес за годишен одмор по 100 денари, ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Заедница на единиците на локална самоуправа е разрешена од позицијата претседател. На денешната седница на ЗЕЛС, по барање на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предложено е нејзино разрешување, а предлог за нов претседател е градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Георгиевски. Мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС ги усвои предлозите. ...
СВР Штип соопшти дека поднела кривична пријава против две физички лица Ј.Т.С.(21) и A.A.A.(44) и правно лице од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци. ...
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ по член 249 од Кривичниот законик. Имено, пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје, по што со неа на 19.12.2022, во една филијала на финансиско друштво, аплицирала за одобрување брз кредит, со што имала ...
Денеска се празнува Свети Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Именден денеска празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно ...