
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поднел документација и побарал специјална дозвола за влез во Соединетите Американски Држави. Оваа информација во интервју за српската информативна агнеција „Танјуг“ ја пренесе неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ. „Тоа е нешто што за жал не е во наши раце, Новак мора да добие посебна дозвола, со оглед на тоа што САД сè уште не дозволуваат влез на невакцинирани луѓе, што е едноставно неверојатно бидејќи целиот свет ...
Дефанзивецот на Челси, Тијаго Силва, потпиша нов договор со клубот. Неговиот претходен договор беше до летото, но се договори со челниците да го продолжат за уште 12 месеци до јуни 2024 година. Иако има 38 години, Тијаго Силва останува главен столб во одбраната на лондончани. Оваа сезона има 24 настапи во сите натпреварувања. Ќе продолжи да му биде на располагање на Грем Потер и следната сезона и ќе се бори со Беноа Бадијашил, Весли Фофана и ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас игра одлично оваа сезона во дресот на Наполи и клубот од Неапол нема намера лесно да се откаже од него. Според италијанските медуми, „наполитанците“ не би се сложиле да го продадат македонскиот ас без понуда од 50 милиони евра.Тоа го откри италијанскиот новинар Франческо Модуњо на „Теленовело“. „Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи, неговата нова цена изнесува 50 милиони евра, сега ...
Бразилецот Винициус Жуниор е најкорисен играч на Светското клупско првенство, кое денес заврши во Мароко. Бразилецот вгради два гола во победата од 5-3 во финалниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Ал-Хилал. „Кралевите“ стигнаа до петтата светска титула, покажувајќи дека знаат да играат финалиња. „Сребрената топка“ за вториот најдобар играч му припадна на Федерико Валверде, исто така од Реал Мадрид, а Лусијано Вието од Ал-Хилал е освојувач на ...
Времето во четвртокот во Македонија по ниските утрински температури во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Утринските температури се движат од минус 15 степени на повисоките места во источните предели до минус 5 степени на југот од земјата. Максималните дневни, пак, ќе се во интервалот меѓу минус 7 и 1 Целзиусов степен соодветно. Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и студено ...
1540.- Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер, се одржала првата трка со коњи во светот. 1573.- По поразот на востанието на Матија Губец во Стубичката битка, задушена била Селанската буна на хрватско-словенечките селани. Матија Губец бил заробен, а потоа погубен во Загреб, на 15 февруари 1573 година. 1849.- Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласил Рим за Република. 1880.- Умел Измаил Иванович Срезњевски, руски ...
Утрово ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје наутро многу студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 5 степени. И утре ќе се задржи претежно сончево ...
1258.- Тамерлан го зазел Багдад. Монголците тогаш го разориле древниот град при што убиле околу 10.000 жители. 1502.- Португалскиот морепловец Васко де Гама тргнал од лисабонското пристаниште на второто патување за Индија. Пет години порано Васко де Гама го откри овој пат, пловејќи околу ‘ртот Добра Надеж. 1515.- Во Софија, Ѓорѓи Кратовски, христијански светец, поради одбивање да го прими исламот, жив бил изгорен од страна на турската власт. По ...
Наутро многу студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 7 степени. Во недела ќе има ...
1741.- Роден е Андре Ернест Гретри, француски композитор и музички писател, од белгиско потекло, најистакнат композитор на комични опери во 18. век. Негови познати дела се „Ричард Лавовско Срце“, „Карван од Каиро“ и други, а пишувал и мемоари и есеи. Умрел на 24 септември 1813 година. 1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, ...
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините, најпрвин на северот од земјата, а потоа слаб снег ќе провејува претежно во западните планински делови. Според прогнозата на УХМР, преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Скопје ќе биде умерено до ...
1809.- Роден е Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. Од 1813 до 1836 година учествувал во научната експедиција на бродот „Бигл, која имала пресудно значење за поставувањето на неговата теорија за развој на живите суштства, која била во спротивност со учењето на црквата. Неговите записи биле научни ремек-дела, пишувани со јасен и логичен стил. Капитално дело – „Потеклото на видовите“. Умрел на 19 ...
Утринава се измерени -13 степени Целзиусови во Берово, -10 во Маврови Анови, во Крива Паланка и во Битола, -9 во Скопје-Петровец, во Штип и во Демир Капија, -8 во Тетово, Прилеп, Струмица, -7 во Крушево, Виница, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, -5 во Гевгелија, Куманово и -2 во Дојран. На Попова Шапка има 50 сантиметри снег, 18 сантиметри се измерени во Маврови Анови, а 3 во Крушево. Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, на ...
Алтернатива во недела ќе го донесе конечниот став околу партиципирањето во Владата. Одлуката ќе биде донесена на седница на Централното собрание што ќе се одржи во 16 часот во партиското седиште во Тетово. – Најтесното партиско раководство на Алтернатива е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива Европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува ...
Главното празнување на свети Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот светител никако не сакаше да ...
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против велешанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, на 9 февруари, полицијата пронашла 168 пакувања со вкупно 30,24 грама хероин, како и парични средства за кои постои сомнение дека биле ...
Премиерот Димитар Ковачевски до Собранието го достави предлогот за реконструкција на Владата, според кој ќе има кадровски промени во четири министерства. Реконструкцијата се случува по договорот за влез на Алијанса за Албанците во Владата, партија која добива три министерски места, две од Алтернатива и едно на сметка на СДСМ. Една рокада прават СДСМ и ДУИ. За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога од ...
Полицијата изврши претрес на домови на две локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“. При претресите во објектите се пронајдени и одземени 50 лаптоп компјутери, 351 мобилен телефонски апарат, 237 СИМ картички, 14 компјутери и 3 ДВР од надзорни камери. Исто така, во објектите биле затекнати 16 лица, од кои 11 турски државјани, за кои ...
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 28-годишен државјанин на Албанија кој илегално престојувал во државава и за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка кражба според член 236 став 1 од Кривичниот законик. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека осомничениот завчера насилно влегол во две куќи во Струга, одземајќи таблет, телефони, накит, два велосипеди и други предмети. Обвинителството ...
Сопственикот на „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, пред судијата Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, каде му е одредена мерката притвор, негирал вина за четирите кривични дела меѓу кои е и уцена, дознава „Макфакс“. Тој кажал дека ќе ја докаже невиноста, дека нема забелешки за полицијата која му правеше претрес во домот, не му се заканувале ниту го присилиле да направи нешто. Неофицијално, судот прифатил дека тој може да избега, како што кажал ...
Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, реагира за тоа што Владата бара изговори, наместо неодложно, без никакво пролонгирање да почне процедурата за набавка на лек за болните од цистична фиброза, затоа што е загрозено здравјето и животот на тие луѓе. Иако постојано е загрозено здравјето на пациентите, некадарната власт има игнорантски однос кон нив и го крши уставно загарантирано право на пациентите. Сето тоа ...
СВР-Битола поднесе кривична пријава против осум лица поради напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста, пет добија мерка притвор. До Основното јавно обвинителство во Битола, кривични пријави се поднесени против Д.М.(20), Д.М.(21), Д.Ќ.(22), Н.Б.(26), С.М.(45), М.М.(39) и двајца малолетници, сите од Битола, поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ ...
Најниски -10 степени утрово во 8.30 часот се измерени во Берово и во Битола, во Дојран два степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека -9 степени се измерени во Скопје-Петровец, -8 Демир Капија, -7 Прилеп, Струмица и Штип, -6 Маврови Анови и Крива Паланка, -5 Попова Шапка, Претор, Охрид и Тетово, -4 во Виница, Скопје-Зајчев Рид, -3 Крушево, Гевгелија и -2 степени во Куманово. Висината на снежната покривка утрово е 46 ...
Саранда Имери, секретарка за родова еднаквост, посочи дека одлуката за менување на заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани од Гостивар, чие место ќе го зазеде кадар на Алијанса, носи опасност за активистите на ДУИ во Гостивар. „Зарем гласачите гласаа за ДУИ потоа да ги разрешува кадрите од Гостивар, кои и онака ги нема многу на централно ниво“, праша Имери. Хасани е дел од „Огнената група“. За разлика од него, кој е разрешен, неговиот ...
Најновата анкета на Евротинк за 2022 година и резултатите за корупцијата во Македонија и довербата во судството го потврди она што неколку години го говориме, власта предводена од СДС и ДУИ е најкорумпирана, а судството под директна команда на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ „Над 71% од испитаниците истакнале дека власта лошо се справува со корупцијата, и дека истата е коренот на проблемот во државата. Високи 51% дале најслаба оцена 1 за справувањето со ...
Собраниската седница на која ќе се одлучува за Предлогот за реконструкција на Владата што го испрати премиерот Димитар Ковачевски е закажана за утре во 15 часот. Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет е за четворица министри и пет заменици министри, а следуваше по преговорите за приклучување на Алијансата за Албанците (АА) во владиното мнозинство. Прва точка на дневниот ред на 104. седница е предлогот за разрешување на министрите за ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за ...
Вчера во 14.20 часот на ул.”Маџари”, на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје. За него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Лицето е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа ...
На 12.02.2023 во 00.24 часот во СВР Битола е пријавено дека на пат од с.Вашарејца и с.Бучин, во близина на крстосницата кај с.Свето Тодори, В.Б.(30) од с.Врбоец, крушевско, кој управувал патничко возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Б., констатирани Клиничката болница Битола. За случајот е известен Јавен обвинител, а ...
Денеска (12.02.2023) во 02.15 часот кај Градскиот стадион во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Р.(18) и Ф.Х.(19), двајцата од с.Пршовце, тетовско. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело кражба од паркирано товарно моторно возило „ман“, со тетовски регистарски ознаки. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок. ...