„И покрај сите отстапки кои ги направи Владата, Македонија е понижувана и трпи критики од Бугарија, избори се нужност за промени. СДС и ДУИ ги направија сите национални отстапки, ја понижија државата. Власта свесно ја втурна Македонија во состојба на политизација на европската агенда. ВМРО-ДПМНЕ апелираше да не се прифаќа се, но СДС не послуша и прифати се на штета на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владата трајно ги оштети Македонските позиции, ...

Новата декларација на Комисијата за надворешни работи на Бугарското собрание е најдобар доказ дека бугарските барања немаат крај, а клучниот проблем е што нашата Влада не ја почитува Декларацијата изгласана во македонскиот Парламент каде се исцртуваат македонските црвени линии, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес конференција. Собраниската Комисија за надворешни работи во Бугарското собрание усвоила ...

Денеска во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полицајци од Одделот за униформирана полиција од сите сектори за внатрешни работи, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, спровеле акциска контрола во угостителски објекти на 272 локации.Во контролата се опфатени и 18 казина на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово. – За време на контролата, на територија на СВР ...

Статистиката покажува дека од година во година расте бројот на возачи без дозвола кои учествуваат во сообраќајот, а со тоа и полицијата фаќа се повеќе вакви престапници. -Сообраќајната полиција во текот 2022 година санкционирала 24.972 возачи кои без положен возачки испит учествуваат во сообраќајот на патиштата, а една година претходно 24.053 лица. Најголем број од нив се фатени на подрачјето на СВР Скопје, каде се санкционирани 5.297 возачи без ...

Петнаесетгодишен малолетник вчера со празен гасен пиштол без рамка и куршуми им се заканувал на тројца ученици во основното училиште „Сами Фрашери“ селото Пирок, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово. На инцидентот му претходела вербална расправија меѓу тројцата ученици од Пирок и 15-годишникот од Камењане во дворот на училиштето. Расправијата во еден момент кулминирала и малку недостигало да прерасне во меѓусебна физичка пресметка по ...

Кина пријави големо зголемување на хоспитализации поради Ковид-19 на 15 јануари, што е најголем број од почетокот на пандемијата, се вели во неделниот извештај објавен од Светската здравствена организација (СЗО). СЗО, исто така, посочи дека чека детални провинциски податоци за речиси 60.000 дополнителни болнички смртни случаи поврзани со Ковид-19 минатата недела, кои не се вклучени во бројката, објави Ројтерс. Бројот на лица хоспитализирани во ...

Златен и сребрен накит во вредност од 18.500 евра и уште 6.500 евра во разни апоени се украдени синоќа од приватна куќа во Куманово на улицата „Поток Серава“. Како што соопшти полицијата, кражбата ја извршило засега се уште непознато лице кое во периодот од 20:30 до 22:18 часот насилно, преку тераса, влегло во куќата сопственост на А.А.. Сторителот го отворил прозорот од спалната соба, влегол внатре и по извршено пребарување одзел куфер во кој ...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што се случи синоќа во 17:45 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај излезот од патот за селото Требеништа. Како последица на повредите здобиени во несреќата, во возилото на службата за Итна медицинска помош на пат кон болница починал Јонче Ј. (64) од селото Требеништа. Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот го преминувал коловозот на магистралниот пат од ...

Дваесет и седумгодишениот гостиварец Б.И изутрина околу шест часот на автопатот Скопје – Тетово кај Добарскиот надвозник изгубил контрола над автомобилот БМВ 318 и излетал од патот. Во несреќата со тешка телесна повреда скршеница на рбетот се здобила сопатничката У.И.(57), а со полесни возачот Б.И., сопатникот Д.И.(27) и пет годишно. Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сите повредени биле префрлени во ...

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров анализирајќи го вчерашниот пораз од Тунис во вториот натпревар од групата во Президент купот на СП 2023 во Плоцк, изјави дека противникот сосема заслужено стигнал до победата. За Македонија, пак, секој натпревар до крај на Мундијалот ќе биде можност за секој од помладите ракометари за стекнување со поголемо искуство и самодовербата во играта. „И пред почетокот на Президент купот кажав ...

Бугарското обвинителството денеска се очекува да соопшти повеќе детали за специјалната акција за крипто-измами со можно бугарско учество. Во Бугарија синоќа е покрената е голема истрага против позната бугарска банка за криптовалути. Инспекторите тврдат дека 94 милијарди долари промет поминал преку платформата NEXO, која е поврзана со поранешен пратеник. Над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и ...

Порака до македонскиот претседател Стево Пендаровски дека би можел да помине како југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ кој беше убиен во атентатот во францускиот град Марсеј во 1934 година од страна на Владо Черноземски, упати синоќа бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Во разговорот на бугарската телевизија Нова Џамбаски рече дека дека и во минатото имало обиди на лидери на ВМРО да им се забрани влез во Македонија но дека Пендаровски ...

Авиокомпаниите „Виз ер”, „Луфтханза” и „Егеан ерлајнс” доставија понуди на тендерот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година. Понудите беа отворени денеска во Министерството за транспорт и врски од страна на Комисијата за таа намена. Следната недела ќе биде извршена евалуација на понудите по што се очекува да има ...

Момче од Тетово во полициска станица пријавило дека неговата поранешна девојка го удрила со автомобил во доцните вечерни часови додека одел пеш. „Дваесет и седумгодишниот Д.М. од Тетово, ноќеска (27 јануари) во 3 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 2 часот и 20 минути на улица „141“ во Тетово бил удрен од возило „алфа ромео“ со тетовски ознаки, што го управувала тетовката А.М.(26), со која подолго време биле во врска“, известува ...

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот бил на 23 километри североисточно од Тирана, на длабочина од шест километри. Утрово имало уште три земјотреси близу Тирана со послаб интензитет. Нема извештаи за претрпени штети. Пред два дена земјотрес со јачина од 2.7 степени имаше близу Радовиш, со епицентарот на 12 километри ...

Силен земјотрес од 4,7 степени по Рихтеровата скала е регистриран во Албанија со епицентар 23 километри североисточно од Тирана. Многу жители од Албанија, но и од западните делови на Македонија споделија искуство со земјотресот на веб страницата esmc. Според нивните сведочења, земјотресот бил силен со кратко растресување од неколку секунди. Епицентарот на земјотресот е на 130 киломтери југозападно од Скопје. Во Македонија најсилно се осетил во ...

Поради силен дожд и излевање на реки, вонредна состојба е прогласена во пет општини во Србија: Пријепоље, Сјеница, Нови Пазар, Брус и Тутин. Најдраматично е во Нови Пазар, каде полицијата, пожарникарите и спасувачите цел ден трагаа по двајца постари мажи, кои околу 11 часот влегле во надојдената Трнавица. Несреќата се случила кога соседите се собрале на брегот за да спречат излевање на поројниот поток и поплавување на нивните куќи и дворови. Во ...

Бугарската влада започна операција за евакуација на тешко повредениот Христијан Пендиков, кој е секретар на нашиот културен клуб во Охрид, дознава bTV од бугарското дипломатско претставништво во Северна Македонија. За таа цел ќе биде испратен владиниот авион „Фалкон“ заедно со екипа од Воено-медицинската академија – двајца лекари и медицинска сестра за реанимација. Шефот на државата најостро ги осуди систематските прекршувања на правата на ...

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков на аеродромот во Софија го чекаше владиниот авион со Христијан Пендиков, генерален секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Милков рече дека без исполнување на потребните критериуми за членство во ЕУ, Бугарија не може да се согласни Македонија да стане членка на Унијата. Кога ќе го променат однесувањето, тогаш ќе кажеме „да“ за нивна интеграција“, ...

Специјалниот американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, најавува дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина, по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека наскоро ќе се продолжи дијалогот помеѓу двете страни, како и дека косовскиот премиер Албин Курти не може да се откаже од формирањето на Заедница на српски општини (ЗСО). Тој посочува дека за САД предлогот за решение на односите помеѓу Србија и Косово, од ...

Стотина граѓани се собраа на протестот пред зградата на Европската комисија во Софија во одбрана на претепаниот македонски Бугарин, Христијан Пендиков во Охрид, јави репортерот на агенцијата БГНЕС. На протестот се приклучија и граѓани и членови на јавноста, како и поддржувачи на партијата ВМРО. Тие се изјаснија против дискриминацијата на Бугарите во Македонија. Демонстрантите бараат прекин на насилството врз Бугарите, кое е зголемено во ...

Следната недела планирам да ги поканам бугарските здруженија на собир, каде што ќе направиме план како да овозможиме бугарската заедница да ја декларира својата припадност, нејзиниот идентитет и културна припадност, да се интегрира во општеството, вели Османи во интервјуто за бТВ Во однос на спречување на говорот на омраза, Османи вели дека се преземаат неколку мерки во таа насока, како на пример да има посебен обвинител за говор на омраза, ...

Народното собрание на Бугарија денеска на седница треба да расправа за односите со Северна Македонија и како што е најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин. БТА пренесува дека пред пратениците ќе се обрати министерот за надворешни работи Николај Милков. Предлогот за ставање на оваа точка како трета на дневниот ред на денешната седница е на барање на партијата Преродба и на собрансиката комисија за политики за Бугарите во ...

Бугарскиот претседател Румен Радев, по предлогот од вчерашната седница на Советот за безбедност на бугарски државјани да им биде забранет влез во државава, изјави дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај, како што истакнува, на оваа антибугарска омраза и хистерија. -Сега разбирате зошто толку се борев правата на македонските Бугари да бидат заштитени во Уставот на Македонија и тоа да биде задолжителен услов за почеток на ...

По средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, побарал оставка од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кого го нарекол „премиер на прислушувањата“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Ципрас рекол дека се сретнал со Сакеларопулу за да ја изрази неговата загриженост за „прекршувањето на владеењето на правото“, а во изјавата за медиумите по средбата посочил дека ...

„На сите политички актери им понудив разговор, консултации, да ги запознам со притисоците и со сето она со кое се соочува Србија. Тие рекоа дека не сакаат да разговараат, барем добар дел од нив, туку сакаат јавна демонстрација и настап“, вели тој и додава: „Државата Србија и нејзините интереси секогаш мора да бидат пред партиските и индивидуалните интереси. Само заедно и обединети можеме да се бориме за подобра иднина на нашата земја“, рече тој. ...

Со цел навреме да се обезбеди барем дел од неопходниот кадар, бизнис здруженијата на Дубровничко-неретванската жупанија покренаа иницијатива на македонскиот пазар. „Има низа проблеми во нашата индустрија, но приоритет број еден и понатаму е недостатокот на работна сила. Ако немаме луѓе, се друго ќе ни биде проблем. Врз основа на искуства од претходните години, квотите што ги имаме има за странците, тоа што на работодавачите повеќе им одговараат ...

Бугарија ги запира сите меѓудржавни проекти со Македонија се додека не добие докази дека официјално Скопје ги почитува правата на тамошните Бугари. Истовремено, бугарскиот амбасадор во нашата земја Ангел Ангелов ќе биде вратен во Софија и ќе остане таму се додека, според проценката на бугарските власти, не се случи вистинска промена во нашата држава. Според министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, кој денеска зборуваше на ...

Бугарија го повлече амбасадорот Ангел Ангелов од Македонија, и најави дека ќе ги прекине сите меѓудржавни проекти,додека нема знаци на промена во земјава, ова го најави бугарскиот технички министер за надворешни работи николај милков. Тој утринава на бугарската национална талевизија рече дека не е приврзаник на вето, како решение, и оти се залага двете страни да седнат на маса и да ги решат проблемите. Милков најави нова декларација за ...

Ако нема преговори меѓу Москва и Вашингтон, тогаш сме чекор поблиску до третата светска војна, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и посочи дека испраќањето западни тенкови во Украина ќе ја продолжи војната. -Ако Америка и Русија не се договорат, а тоа не е на повидок, војната нема да престане. Некако се надевам дека ќе продолжат некакви разговори, или полека ќе се движиме кон трета светска војна, за што некои мислат веќе ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1010
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1009
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
0.51
85%
1009
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.78
90%
1010
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
94%
1010
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
54%
1007
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1010
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1009
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 8ᴼ
2.06
78%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
73%
1009
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
76%
1010
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61