
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно ...
Во Основниот суд во Тетово за денеска е закажано продолжението на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кога загинаа 14 луѓе. На 16 јануари годинава немаше рочиште и судењето беше одложено за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, економскиот директор на Клиничката болница Артан Етеми, кој имаше смртен случај. За продолжување на судењето предвидено е свои искази да дадат сведоци предложени од Обвинителството, кои минатиот ...
ОВЕН Ќе ве возбудуваат можностите за личен просперитет, читајќи ги знаците и размислувајќи за вашите аспирации. Поддршката од влијателни и добронамерни луѓе ќе донесе малку мир во вашата душа, а вашите планови ќе добијат појасни контури. Следат успеси за кои заслугите ќе бидат најмногу ваши. БИК Ќе откриете детал за вашата работа преку кој ќе ја исправите и ќе продолжите напред. Вашиот одговорен став и самодисциплина ве направат претпочитан ...
ОВЕН Ќе ги реализирате своите намери благодарение на напорната работа и желбата за успех. Совршено се ориентирате во непредвидена ситуација и тоа ви дава неспоредлива предност во однос на вашите конкуренти. Премногу сте сериозни во врска со промените, направете си го животот помирен, ослободете се од грижите. БИК Претстојните задачи ќе ви го преокупираат вниманието и нема да имате време за споредни активности. Од вас се очекува активно да ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 5 степени. И во наредните денови следува период ...
Променливо облачно ќе биде времето денеска, локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -6 до 0 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од -1 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна ...
Поранешниот бугарски министер за иновации, Даниел Лорер, од коалицијата на Кирил Петков смета дека еден од напаѓачите на претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, бил бугарски државјанин и прашува „зошто да не зборуваме за него?“. Тој потсетува дека самиот Пендиков, од друга страна, не е бугарски државјанин, иако има бугарска самосвест, што значи дека неговиот случај бил тешко политизиран во Бугарија. – Господинот кој беше нападнат во Македонија ...
Окружното обвинителство во Љубљана потврдило за словенечките медиуми дека им бил одреден притвор на двајца странски државјани кои биле приведен уште на 5-ти декември од страна на Словенечката агенција за разузнавање и безбедност (Sova) поради сомневање дека шпионирале за Русија. Како што пренесува словенечката новинска агенција STA, Обвинителството дека врз извештајот на разузнавачките служби уште на почетокот од декември била отворена истражна ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа навести дека Турција може да го одобри приемот на Финска во НАТО, но не и на Шведска. – Доколку е потребно, можеме да дадеме поинаква порака за Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе дадеме поинаква порака за Финска, рече шефот на турската држава за кандидатурата на двете нордиски земји за членство во НАТО, одговарајќи на прашање за време на средба со млади. Со оваа изјава Анкара првпат навестува ...
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин „му се заканувал со ракетен напад“ и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон. „Не, тоа што го кажа г-дин Џонсон не е точно, туку е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека тоа е или свесна лага, тогаш прашањето е со која цел избрал таква верзија на изјавата, или е несвесна, бидејќи тој ...
814.- Умрел францускиот цар Карло Велики, кој од доаѓањето на престолот во 768 година до смртта во 814 година, ја прекроил картата на Европа и ја проширил француската држава од Севено Море до Италија и од Атлантикот до Чешка. Папата Лав III во 800 година го крунисал за римски цар. Тоа бил чин со трајни последици за историјата на Европа. 1457.- Роден е англискиот крал Хенри VII, татко не Хенри VIII и основач на династијата Тјудор. Со неговото ...
Данците вечерва ќе се обидат да направат нешто што никој не го направил во 85 години Светски првенства во ракомет. Досега се одиграни 27 Светски првенства, а никој во историјата не успеал трипати по ред да ја освои титулата. Уште од финалето на Светското првенство во 2007 година, последниот натпревар од најголемото ракометно натпреварување не се одигра без учество на Данците или Французите. Овој пат во Стокхолм ќе играат меѓусебе по вторпат во ...
Овен Во љубовта, вашето незадоволство е минлива фаза. Малите префрлувања и „емотивните убоди“ само ја влошуваат врската. На работа, големите ефекти понекогаш брзо исчезнуваат. Нема потреба да се подведувате од лажните впечатоци за деловните можности. Насочете ги мислите во позитивна насока, важно е да се опуштите. Бик Се однесувате премногу пребирливо и барајќи пред блиска личност, на крајот не го добивате она што го заслужувате. Секој од ...
Времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени. Ќе се задржи ...
1573.- Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувнала Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнале австриските и унгарските феудалци. Била една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието било крваво задушено, а водачот Матија Губец погубен во Загреб, на 15 февруари 1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напишал романот “Селанска буна”. 1635.- Ришеље ја основал „Француската ...
Борис Бекер смета дека ова ќе биде доста возбудливо финале, а посебно му е мило што Ѓоковиќ ќе има можност да го изедначи рекордот на Рафаел Надал. „Гледаме историја во тенисот. Ѓоковиќ има 35 години и некогаш може да приметите дека кога е на терен, потешко доаѓа до воздух, што му го отежнува натпреварот. Но ајде сега да уживаме во ова финале. Ова е финале од соништата, а освен за титула, се игра и за позицијата број1“. „Новак Ѓоковиќ беше број1 ...
Нашите судии перфектно ги одработеа сите задачи кои досега им беа доверени на ракометниот Мундијал во Шведска и Полска, поради што апсолутно заслужени добија шанса да се најдат на центарот во „Теле 2 арената“, која всушност е преуреден фудбалски стадион, поради што спектаклот ќе го следат околу 20.000 спортски вљубеници. Ова ќе биде трето финале во низа на за Начевски и Николов, кои се грижеа за регуларноста и во битката за златото на ЕП 2020 и ...
Стефанос Циципас го понуди најдоброто што го имаше за „Род Лејвер арената“, но тоа не беше доволно за да освои барем еден сет во големото финале со Новак Ѓоковиќ. Гркот посебно се закани во вториот сет во кој не реализираше сет топка за 1:1, по што стана јасно дека моментумот се врти на страната на најголемиот шампион во Австралија. По пропуштената шанса, Циципас беше осуден на неуспех и загуби со 3:0 од Ѓоковиќ, на кого реши да му се поклони ...
Жозе Мурињо имаше долга најава за дербито против Наполи и понуди неколку интересни изјави на пресот, но меѓудругото, испрати и „поздрав“ до својот поранешен клуб Тотенхем кој не послушал еден негов трансфер совет. Португалскиот стручњак за време на обраќањето предвреме му ја честиташе шампионската титула на Наполи и посочи дека никој не може да ги остави без Скудетото, но од првиот тим на Спалети издвои и еден играч кој тој го посакувал додека ...
Италијанскиот калчолигаш Удинезе не сака да го пушти македонскиот интернационалец Илија Несторовски во Сампдорија, откако посериозно се повреди Жерар Делофеу пренесуваат италијански медиуми. Несторовски е во фокусот во Италија поради можен трансфер шест месеци пред да му истече договорот. Имаше заинтересираност од второлигашот Реџина, а заинтересиран е и тренерот на Сампдорија Дејан Станковиќ кој бара секаква можност за спас од испаѓање. Иако ...
Откако Новак Ѓоковиќ дојде до десеттиот триумф на Отвореното првенство на Австралија и до 22-от гренд слем трофеј во кариерата, на социјалните мрежи се огласи Ник Кирјос. Кирјос кој во минатото беше најголем критичар на Ѓоковиќ, од минатата година ја смени плочата и сега е добар пријател со српскиот тенисер, па дури и најави дека е можно во иднина да играат заедно во дубл. Австралискиот тенисер се огласи преку освојот профил на Твитер и притоа ...
Комисијата за надворешна политика на Бугарија усвои докумет со кој се осудуваат, како што пишува, актите на насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, вклучително и нападот врз Пендиков. Декларацијата, чија содржина ја објавни бугарски БГНЕС, а насокоро треба да се најде на пленарна седница, содржи девет точки во кои се бара преземање систематски мерки од сите институции за откривање и санкционирање на сторителите. Во ...
Ова го покажале официјалните податоци на судот каде стои дека само лани судот во Стразбур донел 27 пресуди за Бугарија, од кои што кај 25 било утврдено прекршување на човековите права. Меѓу десетте најосудувани држави се уште Русија, Украина, Турција, Романија, Молдавија, Полска, Унгарија, Хрватска и Италија. Еден од најзначајните проблеми за Македонците во Бугарија според адвокатот Тони Менкиновски кој ги застаува тамошните здруженија е што ...
На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна и минатата недела, трет пат по ред, но девизните курсеви не варираат многу бидејќи инвеститорите се претпазливи во пресрет на состаноците на неколку од најголемите централни банки во светот. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,05 отсто, на 101,92 поени, блиску до ...
Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“. Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Северна Македонија да има владеење на правото и високи ...
„Скорпион“ е единица чија задача била да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата ја сочинувале 50 полицајци, но откако петмина од нив до смрт претепаа 29-годишник, таа ќе биде распуштена. Во соопштението до медиумите, полицијата вели дека во сечиј интерес е трајно да се деактивира таа единица. Семејството на Николс ја поздрави одлуката. Преку адвокатот рекоа дека одлуката е соодветна за трагичната ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните ...
Несреќата се случила околу 20 часот, на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, кога патничко возило „Голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од момчето од село Брест, удрило во пешакот. Мажот загинал на самото место, а лекар од итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот бил пренесен во градската општа болница „8 септември“, каде му биле констатирани телесни повреди.. Попладнево ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено ...