Турција планира да го одобри влезот на Финска во НАТО во наредните денови. Анкара планира да го повлече потегот пред парламентарните и претседателските избори на 14 мај, изјавија двајца турски претставници за „Ројтерс“. Финскиот претседател Саули Ниинисто в петок ќе ја посети Турција за да разговара за ова прашање со претседателот Таип Ердоган. „На средбите во Истанбул ќе се разговара за билатералните односи, како и за барањето на Финска за ...

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека тврдењата за вмешаност на украински активисти во експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 се целосна глупост. „Експлозија на таква моќ, на таква длабочина, можат да изведат само експерти кои зад себе ја имаат целата моќ на држава која има одредени технологии“, изјави Путин за телевизијата „Русија 1“, пренесува Индекс. Тој посочи дека на Русија и е тешко да ја спроведе својата истрага, бидејќи ...

Порно ѕвездата Сторми Даниелс се сретна со обвинителите поради напорите на поранешниот претседател Доналд Трамп да ја принуди да молчи со плаќањe преку поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен. Оваа вест ја соопшти нејзиниот адвокат, кога Коен, во врска со истиот случај, сведочеше пред поротата во Њујорк. Неговото сослушување започна вчера. Сума од 130.000 долари беше платена на Сторми Даниелс во 2016 година, за време на последните недели од ...

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, препорача Вашингтон да се обрати до украинска компанија за помош за пронаоѓање на дронот соборен во Црното Море. Захарова ја коментираше изјавата на координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, дека не е сигурен дека е можно да се подигнат остатоците од дронот, бидејќи тие се длабоко на дното. „Џон, земи го ...

Поради штрајк на четири аеродроми во Германија денеска ќе бидат откажани над 680 летови. Штрајковите што ќе се одржат на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт и Карлсруе/Баден-Баден ќе резултираат со откажување на 681 лет, објави Здружението на германски аеродроми (ADV). Од нив ќе бидат погодени околу 89.000 патници. Синдикатот Верди повика на штрајкови откако преговорите за платите во индустријата за воздухопловна безбедност остануваат ...

Француската полиција приведе 217 лица за време на протестот во Париз против пензиската реформа, која беше усвоена со покренување посебна постапка, пренесува порталот BFMTV. Полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите на Плас де ла Конкорд во Париз, каде што се собраа околу 7.000 луѓе да протестираат против пензиските реформи. Како што јави Ројтерс, демонстрантите фрлале со камења кон полицијата, која потоа интервенирала за ...

Државната руска новинска агенција РИА објави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им доделил државни награди на пилотите на авионот „су-27“, кој удри во американско беспилотно летало над Црното Море.Наградата ја добија затоа што „спречија кршење на границите во областа на специјалната операција“. Американската војска во вторникот објави дека руски борбен авион го погодил пропелерот на шпионскиот дрон, кој потоа се урна во Црното Море. ...

Цените на нафтата, ослабеа во петокот на меѓународните пазари на 74 долари под притисок на континуираните превирања на финансиските пазари кои беа поттикнати од проблемите во банкарскиот сектор. Цената на барелот на лондонскиот пазар по пладне беше пониска за 76 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 73,94 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 52 центи, по 67,83 долари. Пазарите неделава ги ...

Овој потег уследи по сличните одлуки што ги донесе „Мета“ – компанијата сопственик на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ – и „Твитер“ во сопственост на Илон Маск. На поранешниот американски претседател му беше забрането да објавува видеа на „Јутјуб“ во јануари 2021 година. Веб-платформата тогаш соопшти дека неговиот канал ги прекршил правилата против поттикнување насилство. Но, неговиот профил сега е повторно онлајн, се наведува во прес-профилот на ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи рече дека ќе биде уапсен во вторник, бидејќи обвинителите во Њујорк размислуваат да го обвинат во случајот да им давал пари на жени кои рекле дека имале секс со него за да ги спречат да излезат во јавноста. Трамп утрово преку социјалната мрежа Truth Social објави дека „незаконското протекување“ на информации од канцеларијата на окружното обвинителство на Менхетен ...

Претседателот Владимир Путин дојде во ненадејна посета на Мариупол, објавија руските државни медиуми , што ќе биде прво патување на лидерот на Кремљ на териториите окупирани од Русија на украинскиот регион Донбас од почетокот на војната. Посетата дојде откако Путин во саботата отпатува на Крим во ненајавена посета на одбележувањето на деветгодишнината од руската анексија на полуостровот од Украина, и само два дена откако Меѓународниот кривичен ...

ДУИ го гледа Ковачевски само како чувар на фотелјата за премиер од ДУИ, тој за нив нема никаков авторитет, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Полека но сигурно се покажува кој е вистински газда во владата, а кој е негов извршител. Ковачевски е марионета на Груби и Османи. Прилично непријатна улога на Ковачевски кој е премиер во периодот кој мора да се премости од неговиот претходник до неговиот наследник. За тоа како се договорени ...

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји вечерва пристигнаа во Скопје, а на скопскиот аеродром ги пречека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. – Имав чест да посакам добредојде на големите пријатели на Северна Македонија, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за ...

Името кое го носи нашиот културен центар „Иван Михајлов“ не е запишан во централните регистри, туку во срцата на луѓето во Македонија, пишува во објава на Фејсбук претседателот на бугарскиот културен центар во Битола, Љупчо Георгиевски. Неговата реакција следува откако министерот за правда Кренар Лога, по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности, го одби како неосновано барањето на бугарското здружение ...

Сојузот на синдикатиите на Македонија бара Министерството за труд и социјална политика да ја корегира вчерашната објава во Службен весник во која е наведено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739 денари. ССМ смета дека „Владата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници“. Од Синдикатот во ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати и горива. Малопродажната цена на бензинот БС-98 се намалува за два денари за литар и ќе чини 83,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,5 денари за литар и ќе чини 74 денари за литар. Цените на БС-95, Еуродизел и Мазутот не се менуваат, односно ќе се продаваат по исти цени и по полноќ. Бензинот БС-95 ќе чини ...

Наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во населбата Ново Лисиче во скопската Општина Аеродром е уапсена за дилање дрога. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера вечер била спроведена акција за приведување група дилери на дрога, од која дел била и наставничката. Од таму велат дека во текот на денот ќе излезат со целосна информација за случајот. Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на ...

Вратите за членство во Европската Унија се отворени, следниот чекор треба да го направи Македонија со испорака на реформи, но и уставните измени кои се преземена обврска за продолжување на евроинтеграциите- порачаа од Скопје високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Според Борел, со вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав нема да се загрози, туку ќе се зачува македонскиот идентитет, а им порача ...

18 години затвор му изрече судот на Ангелчо Николов кој ја прегази 11 годишната Магдалена Иванова на пешачки премин во Велес. На товар му се ставаа две кривични дела – тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, за што доби 17 и пол години и неукажување помош, за кое доби една година. Пресудата доаѓа по само едно одржано рочиште на кое Николов призна вина, изрази жалење и се извини на семејството. Но признанието за судот ја олесни ...

Штипјаните Е.М.(34), Б.М (31) и С.И (30) кои беа барани со централна потерница поради бегство од казнено-поправните установи, денес се лишени од слобода од страна на полициски службеници на СВР Штип. Обвинетите треба да доиздржат казна затвор за сторени кривични дела „тешка кражба“. – Денес полициски службеници од СВР Штип по распишани централни потерници поради бегство од казнено-поправните установи ги лишиле од слобода Е.М. за доиздржување ...

Пет дилери, меѓу кои и наставничка од основно училиште во Скопје се приведени во синоќешната голема полициска акција во која е откриена Лабораторија за произведство на амфетамин. Наставничката, како што информираат од МБВР, била дел од улична група дилери кои подолго време дилале на скопските улици, но дека продавала надвор од работното време. При претресите, кои биле извршени на седум локации во главниот град пронајдени се наркотични средства ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла). Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за непочитување на првенство на ...

Од изршени над 250 надзори, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврди дека четири субјекти не ги почитувале последните одлуки на Владата за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи. Како што информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, станува збор за економски субјект во Охрид, кој продавал леб по цена повисока од онаа утврдената во одлуката за забрзнување на цената на лебот до 33 денари, како ...

Корупцискиот скандал на власта со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д е како сапуница, мислиш ќе престане, а веќе следниот момент излегуваат нови детали, велат во партиското соопштенеито од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски и Груби колку повеќе лажат, толку повеќе излегуваат на виделина сите аспекти на матните зделки со овој тендер. Компанијата „Електра Солушн“, која Ковачевски и Груби лажеа дека е само локален минорен партнер во ...

Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затвророт во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби. Нему веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето, но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот. Судскиот процес против Стаменковски е во тек, а истовремено обвинителството ...

При денешната посета на општина Охрид, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на власта за работни групи за уставни измени и дали смета дека тој процес треба да продолжи истакна дека уставни измени во овој пратенички состав под Бугарски диктат и во овие околности нема да има, а за сето ова што го прави власта ќе има и одговорност веднаш откако новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ...

Државјанин на Црна Гора е повредениот возач кој излета од автопатот Гостивар-Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот на тетовската сообраќајна полиција, информира СВР Тетово по увидот. Утврден е и идентитетот на возачот кој поради повредите е хоспитализиран во Клиничка болница Тетово. – Црногорскиот државјанин Љ.Д.(35), управувајќи товарно моторно возило „волво“ со приколка со црногорски регистарски ознаки, сопственост на ЈП ...

Филимена Бошковска објави статус на Фејсбук во кој се пожали дека добила отказ за време на породилно отсуство. – Дефинитивно некој во државава си поигрува со нас жените, а 8 март беше само пред 10 дена. Постојат услови кои треба да се исполнат за жената да се стекне со право на исплата на трудничко, го правиш тоа, одиш бремена на работа секој ден, ги исполнуваш и заминуваш на породилно … Почнува исплатата на породилното со каснење на истото, по ...

Кина објави дека ќе ја отвори својата област за странски туристи првпат по три години од избувнувањето на пандемијата на ковид-19, така што утре го обнови издавањето на сите видови видови. Последната мерка за преку граничната контрола поради ковид-19 беше укината властите прогласија победа над пандемијата на месецот. Поттинувањето на туристичкиот сектор треба да помогне во зајакнувањето на кинеската економија штетна 17 милијарди долари, која ...

Повторување на конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година од Агенцијата за филм побара претседателката на транспаренси Интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева, откако по пријава од граѓанин, Транспаренси спровела мониторинг на постапката. Тасева обвини дека самата поставеност на дел од членовите во одлучувачките органи е судир на интерес со кандидатите кои поднесуваат филмски проекти и ги повика надлежните институции да преземат соодветни ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
6.69
87%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.46
89%
1014
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
89%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 12ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
68%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.69
87%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52