Посоцијална држава и даноци за богатите, така американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот го претстави нацрт на нов буџет што изгледа како платформа за изборната кампања во 2024 година, но главните точки се чини немаат шанси да бидат прифатени од Конгресот. Буџетот за 2024 година предвидува намалување на дефицитот за речиси 3.000 милијарди долари за десет години, објави Белата куќа. За таа цел, американскиот претседател сака да воведе ...

Кремљ денеска изрази сомнеж дека нападите на гасоводите „Северен тек“ тешко дека би можеле да бидат извршени без државна поддршка, објави Ројтерс. Коментарите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дојдоа откако Њујорк Тајмс објави оваа недела дека американските власти истражуваат дали проукраинска невладина група е одговорна за експлозиите. „Што се однесува до хипотезата за проукраински напад, тешко е да се поверува во идејата дека некоја зла ...

Агенцијата ДПА посочува дека патниците преку аеродромите Берлин-Бранденбург, како и преку Хамбург, Хановер и Бремен во северна Германија, треба да бидат подготвени за значителни доцнења и откажани летови поради штрајкот. Во штрајкот, организиран од синдикатот Верди, учествуваат вработените од обезбедувањето и друг аеродромски персонал.Штрајковите продолжуваат во текот на денот, а аеродромските власти ги повикуваат патниците да контактираат со ...

Во 2022 година, инфлацијата во ЕУ достигна највисоко ниво измерено досега од 9,2%. Во споредба со 2021 година, кога годишната вредност беше 2,9%, стапката на инфлација е зголемена повеќе од тројно, објави Еуростат. Во споредба со некои од најголемите светски економии, годишната инфлација во САД лани достигна 8,7%, во Јапонија 2,5%, а најниската стапка е забележана во Кина со 2,0%. Најголем пораст на цените во ЕУ во 2022 година има кај трошоците ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи (МНР), Марија Захарова, реагираше на изјавата на српскиот министер за економија Раде Баста кој е прв функционер од Белград што отворено кажа дека неговата земја треба да воведе санкции кон Русија. „Српскиот министер за економија, Раде Баста, има некое чудно размислување кога вели дека Србија треба да воведе санкции кон Русија“, искоментира Захарова на Телеграм. Портпаролката на руското ...

Во Бахмут и натаму се водат жестоки битки за контрола на центарот на градот, наведуваат и руските и украинските сили, а двете страни тврдат дека имаат успех во најдолгата и најкрвавата битка од почетокот на руската инвазија. Украина тврди дека платениците на Вагнер, за кои вели дека ги предводат руските напади врз индустрискиот град, се обидуваат да упаднат во центарот на градот од повеќе правци. -Во жестоките борби бранителите му предизвикуваат ...

Двојниот светски првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул ја започна во неделата новата сезона со победа на трката на патеката Сакар за Големата награда на Бахреин. Верстапен стартуваше од првата позиција и на крајот суверено победи со 11,9 секунди предност пред клупскиот колега Мексиканецот Серхио Перезе, додека трет беше Фернандо Алонсо во својата прва трка во тимот на Астон Мартин. За двојниот освојувач на ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за технички неисправни ...

На 06.03.2023 во 20:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот. Пукано е и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице ...

Манчестер јунајтед гостува кај Ливерпул во дербито на колото, а тренерот Ерик Тен Хаг пред натпреварот зборуваше за различни теми, меѓу кои и Кристијано Роналдо. Новинарите ги интересираше зошто Тен Хаг се откажал од Роналдо, кој остана без договор пред крајот на 2022 година и се пресели во Ал Наср од Саудиска Арабија. „Имав свои причини поради кои се откажав од Роналдо. Тие беа премногу очигледно, а свесен бев дека ќе има негативни последици за ...

По дополнителните лекарски прегледи и одлуката ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски и Марио Танкоски да бидат ослободени од обврските во националниот тим, селекторот Кирил Лазаров дополнително повика двајца ракометари. Нови имиња на подготовките се ракометарите на Вардар 1961, Михаил Аларов и Марко Мишевски. Македонија ја очекува двомеч со Португалија во квалификациите за Европското првенство 2024 година, а пред овие две средби ...

Во најголемото дерби во англискиот фудбал меѓу двата најтрофејни клуба во историјат во неделното соочување во рамките на 26-то коло од Премиер лигата, Ливерпул со 7:0 на својот стадион „Енфилд“ го декласираше Манчестер Јунајтед. По израмнетото прво полувреме клучниот момент се случи во 43 минута кога Коди Гакпо го доведе Ливерпул во водство од 1:0. Самиот почетокот на вториот дел го навести дебаклот на манчестерските „Црвени ѓаволи“. Дарвин ...

Tен Хаг, имаше тешка задача да се обиде да им објасни на медиумите за срамниот пораз од Ливерпул со 7-0. „Црвените ѓаволи“ го претрпеа најлошиот пораз во последните 92 години, а и самиот Тен Хаг за првпат во својата тренерска кариера доживеа пораз со ваков резултат. „Мислам дека одигравме добро во првото полувреме, но погрешивме во организацијата во одбраната непосредно пред паузата. Во вториот дел не бевме ние на теренот. Нашиот настап не беше ...

Американските власти одбија да му дозволат на Новак Ѓоковиќ влез во САД бидејќи не бил вакциниран. По оваа одлука, светскиот број 1 и официјално се повлече од ждрепката за Мастерс турнирот во Индијан Велс Странците кои не се вакцинирани против корона вирусот се уште не можат да влезат во земјата. Ѓоковиќ не е вакциниран, поради што не доби ослободување, а неговото место ќе го заземе Николоз Басилашвили од Грузија. Ѓоковиќ на Мастерс турнирите во ...

Аријан Адеми (31) ќе го напушти Динамо Загреб и ќе биде нов фудбалер на кинескиот прволигаш Пекинг Гуан, тврди кинескиот новинар Лиу Ксијангју, а пренесуваат хрватските медиуми. Изворот вели дека Гуан ги решил последните финансиски проблеми и дека раководството на клубот изминатите неколку дена работеше прекувремено. Проблемите се поврзани со неисплатените плати поради што не можат да донесат играчи.– Во текот на изминатата година, Гуан ги ...

Реал Мадрид синоќа одигра 0-0 против Бетис и повторно ги разочара навивачите, а притоа ѝ дозволи на Барселона да избега на девет бодови разлика во Ла Лига. Новиот кикс на „кралевите“ не му се допадна на претседателот Флорентино Перез, кој влетал во соблекувалната по натпреварот и имал што да им каже. Перез бил лут и разочаран поради пропуштената шанса за триумф, па јасно им кажал што мисли за резултатот на фудбалерите и тренерот Карло Анчелоти. ...

Манчестер Јунајтед синоќа го доживеа едно од најголемите понижувања во својата историја бидејќи на „Енфилд“ беше поразен со 7:0 од лутиот ривал Ливерпул. За своето однесување особено беше критикуван капитенот на тој тим, Бруно Фернандеш, но може да биде и жестоко казнет поради тоа што му го направи на линискиот тренер. Тој е познат по своите арогантни и дрски потези, но овој пат ја премина секоја граница. Линискиот стручњак се обиде да го смири, ...

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер соопшти дека за нов тренер на клубот е избран Александар Јовиќ, додека за нов стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски. Од Управата на РК Еурофарм Пелистер посочија дека изборот на Јовиќ, досегашен тренер на Еурофарм Пелистер-2, е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата на РК Еурофарм Пелистер до ...

Навивач на англискиот второлигаш Блекпул почина од тешки повреди на главата здобиени во тепачка со навивачите на Барнли, објавија британските медиуми. Тони Џонсон, 55. годишен навивач, по натпреварот, бил пронајден во тешка состојба пред паб во Блекпул во саботата вечерта. Му била укажана помош, по што бил пренесен во болница, каде што починал, јави Би-Би-Си. Полицијата апелираше до сите што го снимиле инцидентот да ја испратат снимката, повикаа ...

Нигериецот Виктор Осимен кој сезонава има 19 гола во Серија А во дресот на Наполи, го доби признанието за најдобар странец во Италија во изборот на странските медиуми. За време на интервјуто пред италијанските и европските медиуми по добивањето на наградата, Осимен не штедеше зборови на пофалба за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Нигериецот и тоа како има позитивно мислење за Елмас како фудбалер, но сега потенцира дека покажал дека е ...

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, на два дена пред најважниот натпревар во сезоната, реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, ја доби најлошата вест, повредата на Нејмар е толку сериозна што ќе мора да биде решена со оперативен зафат. Оваа вест ја објави доброинформираниот новинар Фабрицио Романо, кој на својот профил на Твитер, објави дека операцијата ќе биде извршена во наредните денови и тоа во Доха, ...

Челси под водство на Грем Потер конечно оствари голема победа откако сините на Стемфорд Бриџ го елиминираа тимот на Борусија Дортмунд и се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Врз Потер има голем притисок по серијата лоши резултати, се чини дека по победите над Лидс и особено сега над Борусија Дортмунд, може малку да здивне. „Не сум сигурен како се чувствувам, да бидам искрен. Има многу емоции во моето тело. Можете да замислите, ...

Арсенал е блиску до освојување на титулата во Англија, но Микел Артета можеби нема да остане во клубот без разлика како ќе заври сезоната. Проблемите меѓу Карло Анчелоти и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изгледа го достигнаа својот врв и „кралскиот клуб“ планира тренерска смена на крајот од сезоната. Шпанските медиуми тврдат дека главен кандидат за замена на Анчелоти на клупата на Реал Мадрид е актуелниот тренер на Арсенал, Микел ...

„Ниту едно парче српско оружје, опрема или муниција не е продадено на Русија или Украина. Тие кои го тврдат спротивното се лажговци, денунцијанти, и треба да се срамат бидејќи и нанесуваат штета на Србија“, изјава на 5 март, српскиот претседател Александар Вучиќ. „За Србија, во согласност со меѓународните закони, постојат таканаречени дозволени корисници и Србија може да извезува само во такви земји. Ние направивме сè во согласност со законот, ...

Шефот на станицата во Лариса е обвинет дека ја предизвикал најсмртоносната железничка несреќа во Грција, квалификувана како убиство од небрежност. Грчкиот премиер пак, Киријакос Микотакис се извини за секоја одговорност што грчката влада може да ја сноси за големата трагедија. Истражниот судија и обвинителот се согласија дека против шефот на железничката станица во Лариса ќе биде поднесено обвинение за неколку точки за убиство, нанесување ...

Секоја четврта жена која работи во медиумите во Косово вели дека била сексуално вознемирувана или нападната на работа, пишува весникот „Коха диторе“, според истражување на „Мирна промена“ („Peaceful Change“) за „Жените во медиумите“. Како што пренесува БТА, авторката на студијата, Дафина Халили, за програмата „60 минути“ на косовската национална телевизија КТВ изјави дека 27 отсто од анкетираните жени изјавиле дека биле сексуално нападнати. ...

Експерти од Европската комисија и Агенцијата за железници на Европската унија оваа недела ќе ја посетат Атина за да и помогнат на Грција да ја модернизира и подобри безбедноста на железницата по минатонеделниот смртоносен директен судир на два воза во Темпи, централна Грција, во кој загинаа 57 патници, а десетици беа повредени. соопшти таа.денес Европската комисија (ЕК). Пристигнувањето на експертската делегација во Атина го најави и ...

Четиринаесет лица сè уште се во болница откако товарен воз се судри со патнички воз, во кој се превезуваа претежно студенти, во близина на центарот на Лариса на 28 февруари. Шефот на станицата, кој призна дека заборавил да пренасочи еден од возовите, беше уапсен и обвинет за убиство од небрежност и попречување на транспортот. Нему му се заканува доживотен затвор доколку биде осуден.Но, гневот на јавноста останува широко распространет во Грција ...

ЗА 18 МИЛИОНИ жители на американската сојузна држава Калифорнија издадено е предупредување за замрзнување, додека во десетици окрузи е прогласена вонредна состојба поради последиците од серијата брутални зимски бури што ја покри државата со снег, јавува Би-би-си. Спасувачите работат деноноќно за да ги ископаат заедниците во планинските региони отсечени од длабок снег. Американските медиуми јавуваат дека 80-годишна жена починала откако нејзиниот ...

Откриени се мејлови кои покажуваат дека американскиот епидемиолог д-р Ентони Фаучи нарачал научен труд за да ја отфрли теоријата дека Ковид-19 протекол од лабораторија. Тие мејлови датираат од 2020 година, а осум недели подоцна, Фаучи застана до американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа и го наведе документот како доказ дека теоријата за протекување на вирусот од лабораторија во Вухан е неверојатна. Како што ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
79%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
79%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
4.63
87%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
6.69
54%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
68%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
76%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
67%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52