Министерот за правда Кренар Лога ги повика сите политички партии со консензус да го донесат новиот Изборен Законик. Во своето обраќање на конференцијата ,,Изборните реформи во Северна Македонија” што ја организираше Националниот демократски институт, Лога рече дека негова иницијатива е политичките партии да седнат на иста маса со цел да се најде модел по кој ќе се пристапи кон изготвување на нов Изборен законик и да се постигне консензус за ...

На Таче му се кратки нозете. Ги гледаше во очи и ги излажа студентите. Токму тука, во Собранието, во попладневните часови во ноември Премиерот триумфално објави слика дека постигнал договор со студентите. Имено, согласно тогашниот договор се продолжи примената на законот за субвенциониран студентски оброк до март 2023та година со ветување дека во период од 5 месеци ќе се формираат работни групи и ќе биде изгласан нов закон кој ќе содржи ...

Судечкиот совет при Кривичниот суд донесе решение со кое го запира кривичниот прогон за ексдиректорот на Царина, Драган Даравелски. Според судиите, нему не може да му се суди одново бидејќи има апсолутна застареност на делото злоупотреба на службена положба и овластување. Пресудата со која доби седум години затвор – се укинува. „Имено, по барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д. (Драган Даравелски), доставено од неговиот ...

Без да навлегувам во доказната постапка, на европско континентално ниво не може да патентирате софтвер за следење на просечна брзина. Спецификата на мојот патент е дека камерите, односно уредите кои треба да ја детектираат просечната брзина ќе бидат во движење и може да се стават на полициско возило или автобус, додека кај софтверот набавен од Владата треба да има фиксно зададена рута, изјави екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, ...

ДУИ му ги брои месеците на Димитар Ковачевски, кој сите го гледаат како привремен премиер, а тој премиер за кој зборува Бујар Османи ќе биде само продолжение на процесот на дуизација на институциите кои и меѓународната заедница ги оцени како корумпирани – изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на новинарско прашање за изјавата на Османи дека наскоро ќе имаме премиер-Албанец. Стоилковски нагласи дека не само што голем дел од ...

Вкупниот број на туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е зголемен за 10,3 отсто, а бројот на ноќевањата бележи раст од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на домашните туристи во јануари 2023 во однос на јануари 2022 година е намален за 9,8 отсто, а на странските е зголемен за 32,9 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е намален ...

ФИФА (Светската куќа на фудбалот) се очекува да ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство, пренесува „Атлетик“.Од 2026 година на Мундијалот ќе се најдат 48 репрезентации наместо досегашните 32. Во првиот круг ќе има 12 групи по четири репрезентации, а понатаму ќе се пласираат сите прво и второпласирани селекции и осумте најдобро третопласирани. Тоа значи дека за 39 дена ќе се одиграат 104 натпревари. Така, ФИФА ќе добие ...

Тренрот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека не разговара со Еден Азар, но има голема почит кон фудбалерот и објасни дека неговата мала минутажа се должи на одличната форма на Винисиус Жуниор. Еден Азар е обврзан кон Реал Мадрид до јуни 2024 година, се верува дека „кралевите“ сакаат летоска да се разделат со фудбалерот од Белгија, но играчот планира во целост да го одработи договорот. Самиот Еден Азар призна дека и следната сезона се ...

Телото на девојчето било пронајдено во неделата, а подоцна било потврдено дека починала од насилна смрт, пишува Deutsche Welle. Германските медиуми јавуваат дека две нејзини врснички се осомничени за убиството. Девојчето исчезнало во саботата вечерта додека се враќало дома, а нејзиното тело било пронајдено еден ден подоцна во близина на велосипедска патека на границата на две германски покраини. На местото на кривичното дело е пронајден и ...

Берзите во Азија денеска паднаа, при што акциите на банките беа особено погодени, по падот на американските пазари поради последиците од колапсот на две американски банки. Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот се обиде да ги увери Американците дека американскиот банкарски систем е безбеден и дека даночните обврзници нема да ги спасуваат инвеститорите во банката Силикон долина со седиште во Калифорнија и другата банка со седиште во ...

Утрово во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, а во текот на денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од -3 до 7 степени, а дневната од 6 до 14 степени. Во Скопје сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи до 4 степени, а дневната до 12 ...

Меган Маркл и принцот Хари минатиот петок ја крстиле својата ќерка Лилибет Дијана, дознава магазинот People. Церемонијата на крштевање се одржала на мала и интимна церемонија во Монтесито, Калифорнија. „Можам да потврдам дека принцезата Лилибет Дијана е крстена во петокот, на 3 март, од надбискупот на Лос Анџелес“ – потврдил портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс за споменатото списание. Според изворот, Меган (41) и Хари (38) упатиле ...

Американскиот портал „Спортико“ објави неофицијална листа на најбогати спортисти во светот, а на врвот се наоѓа неприкосновениот, и според многумина, најдобар кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан. Неверојатниот „Ер Џордан“ успеал за сите овие години да стигне до спектакуларна заработувачка од вртоглави 3,3 милијарди долари. Во оваа сума влегуваат буквално сите негови хонорари, спонзорски договори, маркетинг-кампањи и останато. Интересно е и ...

Како што пренесуваат странските медиуми, во средата пред Долби театарот во Холивуд, работниците кои работат на подготовките на овогодишната церемонија на Оскарите поставиле тепих во боја на шампањ, додека домаќинот на 95-то доделување на оваа престижна награда, Џими Кимел, разговарал со новинарите. „Мислам дека одлуката наместо црвен тепих да поставиме тепих со боја на шампањ покажува колку сме убедени дека нема да има крвопролевање“, се ...

1074.- Папата Гргур Седми наредил сите женети римокатолички свештеници да бидат исфрлени од Црквата. 1454.- Во Фиренца е роден Америго Веспучи, италијански морепловец, кој пловејќи под шпанско знаме стигнал до бреговите на Бразил и Хондурас. Тој бил уверен дека открил „нов свет“, што се наоѓа меѓу Европа и Азија. Според неговото име, новиот континент го добил името Америка. Умрел во Севиља, на 22 февруари 1512 година. 1661.- Умрел Жил Мазарен, ...

1452.- Роден е шпанскиот крал Фердинанд Католички (како Фердинанд II владетел на Арагонија, а како Фердинанд V од Кастиља). Неговото доаѓање на престолот на Арагонија во 1479 година го означи почетокот на историското обединување на Шпанија. Настојувајќи да ја зајакне римокатоличката црква и монархијата, во 1480 година го втемелил судот на инквизицијата, а во 1492 година ги протерал Евреите од Шпанија. Борбите со Маврите победоносно ги завршил во ...

Променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој попладне во северните делови ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе ...

Вестите што стигнуваат од Мадрид велат дека ситуацијата околу новиот договор на ветеранот Лука Модриќ може драстично да се смени во деновите што следат. Хрватскиот генијалец наскоро ќе наполни 38 години, а голема е веројатноста дека неговиот договор сепак нема да биде продолжен. Навивачите посакуваа да го гледаат Модриќ во својот клуб уште барем една или две сезони, но изгледа дека челните лица на „кралевите“ полека се премислуваат. Модриќ уште ...

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи иницира состанок на кој ќе се одлучи за иднината на главниот тренер на Париз, Кристоф Галтие. Според „Relevo“, со голема веројатност на состанокот ќе биде донесена одлука за отпуштање на францускиот тренер. Главен кандидат за местото на Галтие е Томас Тухел, кој веќе го водеше тимот од 2018 до 2020 година. ПСЖ испадна од тековната Лига на шампиони, губејќи во осминафиналето од Баерн (0: и; 0:2). ...

На речиси 30-годишна возраст, најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација Хари Кејн веќе е сит од неуспесите во Тотенхем и нема повеќе никаков мотив да остане на Вајт Харт Лејн. Англиските медиуми тврдат дека на крајот од сезоната ќе го напушти Тотенхем, а наводно и раководството на клубот дало дозвола да си оди за 110 милиони евра. Лани за него беше заинтересиран Манчестер Сити, во последен момент Кејн реши да остане, но сега ...

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши по обелоденувањето на средбата што ја имал со поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на Фејсбук напиша дека вистинското прашање не е кој, каде и зошто се среќава, туку зошто и по чиј налог го селедат службите на СДСМ и на ДУИ. „Како лидер на Алтернатива имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, ...

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра реванш дуелот против Португалија во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија. Избраниците на Кире Лазаров на првиот дуел, кој беше одигран пред неколку дена, од португалската селекција беа поразени со 29:23. Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра вечерва во Матосињос со почеток од 18:30 часот. На денешната програма од ...

Барселона синоќа се соочи со Атлетик Билбао и славеше со 1-0, па така остана на девет бодови предност пред вечниот ривал Реал Мадрид во Ла Лига. Натпреварот на „Сан Мамес“ го одбележа и потегот на навивачите на Атлетик, кои фрлија испечатени банкноти и картони со грбот на Барселона. „Ниту Барселона, ниту Мадрид, само Атлетик“, скандираа навивачите од Билбао. Навивачите побараа Барселона да биде исфрлена од Ла Лига поради скандалот со исплаќање ...

До доцна во средата вечерта во Грција продолжија протестите по повод најсмртоносната железничка несреќа во земјата. Во несреќата загинаа 57 лица, а многу други беа повредени. Десетици илјади се приклучија на протестните маршеви низ Грција, а работниците од различни сектори најавија еднодневен национален штрајк. Група демонстранти пред парламентот во Атина фрлаа камења и молотови коктели врз полицијата, која употреби солзавец за да ги растера. ...

Вкупно 157 лица во Турција се приведени поради ширење провокативни објави на интернет по разорните земјотреси на 6 февруари, соопшти Генералниот директорат на турската полиција. Во соопштението се наведува дека во рамките на овластувањата дадени со закон, Единицата за компјутерски криминал работи деноноќно. Идентификувани се 1.139 лица со профили за кои се верува дека објавиле провокативна содржина поврзана со земјотресите на платформите на ...

Србија нема да се согласи со влезот на нејзината поранешна република Косово и Метохија која во 2008 година со поддршка на клучните запдни земји еднострано прогласи независна Република Косово во Обединетите нации или на кој и да е начин ќе го признае, а тоа јасно им го кажав на сите западни претставници, изјави во четвртокот вечерта српскиот претседател Александар Вучиќ. Во опширното интервју за телевизијата Хепи, Вучиќ рече дека „не помислува“ ...

Со 1.787 смртни случаи на 100.000 жители, Бугарија има највисока стапка на смртност во ЕУ во 2020 година, објави денеска статистичката агенција на Европската унија Еуростат. По Бугарија следуваат Романија (1.622), Унгарија (1.513), Литванија (1.482) и Летонија (1.445), објави Евростат. На спротивниот крај на скалата, со најмала смртност во земјите на ЕУ, регистрирани се Франција (863 смртни случаи на 100.000 жители) и Ирска (892), пред ...

Војната во Украина е водена од интересите на неколку „империи“, не само на Русија, рече папата Франциск во интервју објавено денеска. Франциск рече дека конфликтот бил мотивиран од „империјални интереси, не само на Руската империја“, туку и на империи од другите делови на светот. Папата даде интервју за италијанската швајцарска телевизија РСИ (RSI) кое треба да се емитува во недела. Извадоци беа објавени денеска од италијанските дневни весници ...

Иако многумина мислеа дека тоа нема да се случи поради заладените односи во кралското семејство, британскиот печат пишува дека постојат големи шанси Меган Маркл и принцот Хари да присуствуваат на крунисувањето на Чарлс Трети на 6 мај во Лондон. Иако нивното доаѓање се уште не е потврдено, Бакингемската палата прави планови за нивно присуство на крунисувањето на новиот британски крал, пишува Дејли Мејл. Имено, на персоналот задолжен за логистички ...

Изворите велат дека САД веруваат дека Техеран ќе се обиде да го промени инженерството на оружје и опрема. „Во текот на изминатата година, американските, НАТО и другите западни претставници забележаа неколку случаи на запленети опрема и оружје од руски сили, вклучително и противтенковски системи Javelin и противвоздушни системи Стингер кои украинските сили повремено беа принудени да ги оставаат зад себе, изјавиле извори за Си-Ен-Ен. Изворите ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52