Поради војната, Украина како актуелен победник не беше во можност да биде организатор, па место неа, домаќин е Велика Британија, односно Ливерпул. Македонија не учествува за првпат, откако, како и Бугарија и Црна Гора, се откажа поради преголемите трошоци. Денеска е првото полуфинале, второто е за два дена, во кои ќе настапат вкупно 31 држава, додека загарантиран пласман во финалето на 13 мај имаат Украина, Велика Британија, Франција, Германија, ...

Пациентите со цистична фиброза денес ќе протестираат во 12 часот пред Министерството за финансии. Тие бараат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ и со законските измени за побрза набавка на лекот. Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар рече дека неофицијално на Влада поминало, уште 18 пациенти да добијат лек и тоа е за поздравув, но апелираат лекот да дојде до сите пациенти. Во ...

Комисијата за заразни болести ќе им препорача на Владата, Министерството за здравство и Главниот координативен кризен штаб да се укинат сите задолжителни мерки против Ковид-19. Д-Р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, рече дека ова се однесува на задолжителното носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и домовите за стари лица и домовите за лица со посебни потреби. Тој објасни дека ваква препорака ја даваат по ...

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Минималната ...

– Денеска е Ден на македонската полиција. 1755.- На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов бил отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имал само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу станал центар на руската наука. 1833.– Во лутеранско семејство се родил Јоханес Брамс. Семејството на Брамс било бедно, така што младиот композитор и музичар свирел по гостилниците. Преку концертните турнеи ...

– Светски ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина 1794.- Во Париз умрел Антоан Лавоазје, француски хемичар, кој се смета за основач на модерната хемија. Прогласувајќи го законот за неуништивоста на материјата како основа за хемиските процеси, тој ја почнал примената на егзактните физички методи за мерење на хемиските истражувања. На пример, докажал дека водата е соединение на водород и кислород (1783 година), а ги задолжил науката и ...

Во Македонија ќе преовладува претежно облачно и посвежо време, со врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни над 25 литри во 24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури се во интервалот од 8 до 13 степени, додека максималните дневни соодветно ќе бидат од 11 до 17 Целзиусови степени. И во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Денеска е Ден на Европа 1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер Колумбо, во служба на Шпанија, тргнал на четвртото и последно патување во новиот свет. Во Шпанија се вратил во ноември 1504 година, а умрел две години подоцна, незадоволен бидејќи го одминале ветените награди и почести. До последен момент Колумбо не знаел дека ја открил Америка. Бил уверен дека стигнал до источните брегови на Азија. 1800.- Роден е Џон Браун, американски ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...

330.- Константинопол (сегашен Истанбул) станал нова престолнина на Римското царство. Градот бил наречен Константинопол според името на царот Константин Први Велики. 1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски, хрватски композитор. Во своите дела се инспирира од музичкиот фолклор на балканските народи. Најпознати дела од неговиот богат музички опус се „Песна на мојата мајка“, „Словенска соната“, „Симфонија на Ориентот“ и други. Умрел во Белград, на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и ...

– Денеска е Светски ден на медицинските сестри. Во 1820 година е родена англиската медицинска сестра Флоренс Најтингел, втемелувач на професијата на медицинските сестри, чиј роденден се одбележува како Светски ден на медицинските сестри. Таа го отворила првото училиште за медицински сестри. 1707.- Роден е Карл фон Лине, шведски природонаучник, основач и претседател на Академијата на науките и на Природно-научниот музеј, еден од најголемите ...

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а дневната ќе се движи од 17 до 23 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од ...

1607.- Капетан Џон Смит со група војници пристигнал во Вирџинија и тоа место го нарекол Џејмстаун, каде што е основана првата постојана британска населба во Новиот Свет. 1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани Марија Мастаи Ферети, од 1846 папа Пие Деветти. Неговиот понтификат траел 31 година и 236 денови, најдолго во историјата на Римокатоличката црква. Тој во 1870 година прогласил догма за папската непрогресивност. 1795.- Во Кабеларево е ...

Социјалистичката партија на Македонија смета дека нелегитимниот премиер Ковачевски секојдневно покажува исклучително ниско ниво со неговите неодговорни изјави. За Социјалистичката партија на Македонија несфатливо е поеднаставувањето на Ковачевски за членството во ЕУ со условување со одлуката за уставните измени. Ова е срамно размислување од Ковачевски, но тој веројатно не е ни свесен за леснотијата со која државата повторно и на овој начин ја ...

Според истражувањата на „Тобако Атлас“ од 2019 година, во Македонија граѓаните пушеле околу 2.515 цигари годишно. Тоа ја прави земјата прва во Европа по број на испушени цигари.По Македонија, на второ место е Бугарија, каде бројот на цигари изнесува 2.495, а потоа и Белорусија со испушени 2.432 цигари. Па така најмалку цигари се пушат во Норвешка каде годишниот број изнесува 365, следува Германија 468, додека пак во Шведска бројот е 638. Во ...

На нов протест по празниците ќе излезат пациентите со цистична фиброза оти нема набавка на лекот „трикафта“ и покрај тоа што пред еден месец беа изгласани неопходните законски измени, кои беа пречка за тој да се донесе во земјата. Гаспар Фики, претседател на Асоцијацијата за цистична фиброза, се пожали дека воопшто не биле поканети на состаноците во Министерството за здравство за решавање на проблемот на преостанатите пациенти откога лекот го ...

Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче, соопштија од МЗ. Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и ...

Музичкото натпреварување „Евровизија“ официјално ќе започне на 9 мај во Ливерпул, а ќе го отвори никој друг туку кралот Чарлс. Имено, Бакингемската палата објави дека кралот на Велика Британија прв официјално ќе ги запали светлата на евровизиската сцена. Како што пренесува Би-Би-Си, кралот Чарлс и неговата сопруга Камила во среда ќе пристигнат во M&S Bank Arena, каде ќе се сретнат со презентерите на Евровизија – Хал Санин, Хана Вадингем, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти ...

885.- Во Моравија умрел Методиј Солунски, постар брат на Константин Филозоф – Кирил, двајцата македонски и сесловенски учители и просветители. Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик најпотребните богослужбени книги, издигнувајќи еден македонски говор на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски ...

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде особено на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со услови ...

570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување – “последниот пророк”. Во 40 година почнал да проповеда нова вера во еден Бог, но во почетокот имал малку приврзаници. Бидејќи не успеал во Мека, по 10 години отишол во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основал првата општина на новите верници. 1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел го распуштил Парламентот и вовел лична диктатура како ...

753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал градот Рим. 1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал пристигнал до брегот на Бразил и го прогласил за португалски имот. 1509.- Умрел англискиот крал Хенри Седми, основач на династијата Тјудор. 1699.- Умрел францускиот писател Жан Батист Расин, кој до совршенство ја довел француската трагедија и инсистирал на психолошка анализа на човечката, главно љубовната страст. Негови најпознати ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје, претпладне се очекува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ...

– Денеска е Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија. – Денеска е Ден на планетата Земја 1529.- Во Сарагоса бил потпишан Договор со кој Шпанија и Португалија ги одредиле границите на интересните зони во Тихиот Океан. 1724.- Роден е германскиот филозоф Имануел Кант, професор на Универзитетот во Кенигзберг, основач на германската класична филозофија. Тој ја поставил хипотезата за природно формирање на Земјата и небеските тела. Негови ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени, информираат од УХМР. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен. Од утре до среда ќе ...

– Денеска е Светски ден на книгата и авторското право 1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. Во своите многубројни драмски дела уметнички силно ги прикажал универзалните човекови дилеми и заплети. Најпознати негови дела се „Хамлет“, „Магбет“, „Ричард Трети“, „Кралот Лир“, „Ромео и Јулија“ и „Отело“. Умрел во Стартфорд, на 23 април 1616 година. 1792.- Создадена била француската ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена ...

1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I „Молчеливиот“ од Оранж (познат како Вилијем Орански) кој од 1579 година бил прв државен поглавар на Протестантската република на Обединетата провинција на Холандија. Во борбата против Шпанија, која на Холанѓаните силно им го наметнувала римокатолицизмот, бил заповедник на холандската револуционерна војска. Во јули 1584 бил убиен од Балтазар Жерар по налог на шпанскиот крал Филип II. 1731.- Умрел ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.91
82%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
91%
1013
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
1.34
70%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
81%
1012
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
1.79
80%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52