Русија го празнува денеска својот најголем секуларен празник – денот на победата, со кој се одбележува годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во втората светска војна, кога по поразот на окупаторите пред Сталинград, незапирливата офанзива на Црвената армија го потисна непријателот се до Берлин. Централната прослава традиционално се одржа на Црвениот плоштад, каде руската држава со воена парада се обидува да ја претстави својата ...

Републиканскиот лидер Кевин Мекарти соопшти дека на средбата со претседателот Џо Бајден не е постигнат договор за јавниот долг на САД. -Нема напредок, изјави претседателот на Претставничкиот дом по напуштањето на Белата куќа, каде што еден час разговараше со Бајден, кој е од редовите на Демократите и челниците на Конгресот. Двете страни треба повторно да се сретнат в петок за да разговараат за ова чувствително прашање, додаде тој. Демократите и ...

Во напад во близина на синагога во Тунис вчера загинаа двајца офицери за безбедност и двајца посетители, соопштија властите. Нападот се случи среде годишниот аџилак на островот Џерба, кој привлекува стотици Евреи од Европа и Израел. Нападот го извршил чувар на поморски објект во Џерба, кој со своето оружје пукал во колега и му ја ограбил муницијата пред да се упати кон синагогата, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи. ...

Повеќе од дваесетина жители на Летонија беа уапсени во вторникот поради кршење на законот против славењето на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Полицијата на членката на ЕУ и НАТО дури одзеде јакна „Русија“ од човек во инвалидска количка, а друг уапси затоа што носеше советски медали на јавно место. До 23:30 часот по локално време, латвиската полиција пријави вкупно 26 апсења, 38 прекршочни цитати и четири кривични случаи, ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави жалба откако поротата го прогласи за виновен за сексуален напад и клевета на колумнистката Е.Џин Керол во 1990-тите, поточно во соблекувалната на луксузна стоковна куќа во пролетта 1996 година. „Ќе се жалиме на оваа одлука. Тоа е срамота“, рече Трамп во едно од неколкуте видеа што ги објави на својата платформа „Трут Соушал“. Трамп тврди дека не знае која е Керол и го нарече судењето многу ...

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат поради неочекуваниот пораст на залихите на нафта во Америка, додека инвеститорите очекуваат податоци за инфлацијата во таа земја. Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ е пониска за 52 центи или 0,7 отсто и сега изнесува 76,92 долари за барел. Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 49 центи, или 0,7 отсто, на 73,22 долари за барел. Аналитичарите велат дека зголемувањето на ...

Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во одговор на новинарско прашање, по одбележување на почнувањето на проектот „Поддршка за реформите во шумарството во ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно изјави дека доколку биде избран за претседател, во рок од 24 часа ќе го реши прашањето за војната во Украина. – Ако повторно станам претседател, таа војна ќе ја решам за еден ден, за 24 часа. И двајцата претседатели, (Владимир) Путин и (Володомир) Зеленски, имаат слабости и силни страни, но ви велам, во рок од 24 часа, таа војна ќе се реши. Ќе биде готово, ќе биде апсолутно готово, рече ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доби забрана да испрати видеопорака на финалето на Изборот за песна на Евровизија, чиј домаќин годинава во име на Украина е Велика Британија, пренесува „Јуроњуз“. Зеленски изрази желба да сними видеопорака за натпреварувачите и за глобалната публика од 200 милиони луѓе за време на финалето на изборот, кое ќе се одржи в сабота во Ливерпул. Организаторите на настанот велат дека постојат правила за да се ...

Градските советници кои го поддржаа усвојувањето на законот изјавија дека дебелите луѓе имаат потешкотии во рестораните и театрите, а истакнаа и дека луѓето со прекумерна тежина биле дискриминирани при делење велосипеди од градските власти, пренесува Би-Би-Си. За донесување на законот гласаа 44 советници, а пет беа против. Од друга страна, лидерот на опозициските републиканци во градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели, изјави дека е загрижен ...

Сојузот на синдикати на Македонија ССМ соопшти дека Светската конфедерација на синдикати ИТУК (ITUC) го поддржува барањето на македонските синдикати, Владата да ги повлече, како што велат, опасните измени на Законот за работни односи, по скратена постапка со кои се зголемува работното време до 60 или дури до 72 часа неделно. – На 8 мај, Владата поднесе предлог-измени на трудовото законодавство до Собранието на Северна Македонија, со намера да ...

Владата на демократскиот претседател Џозеф Бајден воведе нови мерки за мигрантите кои стапија на сила веднаш по истекот на оваа пандемиска мерка позната како „член 42“. „Сакам да бидам многу јасен, нашата граница не е ширум отворена. Луѓето кои илегално ја минуваат нашата граница и без законска основа да останат веднаш ќе бидат депортирани“, изјави министерот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас. Но, тој додаде дека тие се свесни за ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во петокот вечерта дека ќе го прифати резултатот од изборите во недела и ќе се повлече од функцијата доколку загуби, а се осврна на загриженоста дека можеби нема да ја напушти власта. „Многу смешно прашање. Доаѓаме на власт преку демократски средства во Турција. Ако нашата нација одлучи поинаку, јас ќе го направам она што го бара демократијата, нема што друго да се прави“, изјави Ердоган доцна во ...

Приведен е и ќе добие соодветна кривична пријава средношколец од Скопје кој се заканувал на професори, соопшти полицијата. Шеснаесетгодишен средношколец бил приведен во полиција по пријава на директорот на угостителското училиште „Лазар Танев“ откако преку социјалните мрежи се заканувал по животот на професори, објави Канал 5 по претходна потврда од МВР. -Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за ...

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат ...

Во голема полициска акција во Тетово и Гостивар, која уште е во тек, уапсени се десетина лица поради основано сомнение дека вршеле сексуална експлоатација на дете. Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат по нејзиното завршување… Претходно, на почетокот на април, во голема полициска акција беа уапсени деветмина осомничени од Тетово, Скопје и Велес, кои се товарат за полова злоупотреба на немоќно лице и за производство и дистрибуција ...

Никакви забелешки ни критики за кршење на Деловникот не ја спречуваат власта да продолжи набрзина да ги турка законските измени за коридорите 8 и 10 д. Во тензична атмосфера со меѓусебни препукувања, критики од опозицијата , политички реплики од власта помина првиот ден од амандманската расправа на комисијата за европски прашања . Ни денеска не се слушна образложение зошто законите се под параванот на европско знаменце, и зошто ниту во самите ...

Мицкоски не бара дебата, рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“, одговарајќи на барањето за дуел на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „За коридорите 8 и 10д и Договорот со Бехтел и Енка две недели не сакаа да закажат дебата во Комисија. Претходно бараа дебата за уставните измени, а не прифатија да учествуваат во работната група. Беа поканети при преговорите за започнување на преговорите за членство, но не учествуваа ...

Мостот кој води од Ист Гејт мол кон Железничката станица Скопје утрово е затворен за сообраќај, поради пожарот што избувнал ноќеска околу полноќ. Пожарот е локализиран утрово околу 4 часот, но сообраќајот е во прекин, бидејќи сè уште трае увидот. „Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) на Град Скопје ги известува граѓаните дека во моментов за сообраќај во двете насоки е затворен мостот кај Нова железничка станица, од ...

На 11.05.2023 во 19.45 часот на патот Штип-Велес било пријавено дека кај населба Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) од с.Ерџелија-Свети Николе, и патничко моторно возило “форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.З.(63) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.З. а со телесни повреди се здобиле ...

Три кривични пријави за нелегално реемитување на програми на национални телевизии се споени во еден предмет бидејќи станува збор за исто дејство и едно лице, вели првиот човек на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски кој појаснува оти сега случајот е во фаза на предходна постапка. Таа вклучува низа активности за утврдување на фактичките состојби и прибирање докази. -Се работи за предистражна постапка, за овие кривични дела не е ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за непрописно престројување, четири ...

Мостот „Беласица“ што ги поврзува Железничката станица и Трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје, а кој синоќа беше опожарен, ќе биде целосно затворен за сообраќај додека не се утврди колкава е нанесената штета и дали е безбеден за поминување, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Мостот од утринава беше затворен за автомобили, а отсега ќе биде затворен и за пешаци и велосипедисти. Ангелов информира ...

Започнуваат градежните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце за проширување на пристапните сообраќајници од македонска страна што има за цел забрзување на протокот на возила и олеснување на трговијата. Активностите се во целосна координација со институциите од српска страна каде наскоро ќе започне сличен инфраструктурен зафат. Планираните активности се во рамки на иницијативата Отворен Балкан и согласно потпишаниот Меморандум ...

Судијата Осман Шабани изрекувајќи ја пресудата рече дека обвинителството не успеало да ги докаже наводите. Предметот „Тендери“ го отвори сега згаснатото СЈО, а задолжен за него беше обвинителот Стевчо Донев, кој сега е виш јавен обвинител. Донев најави жалба на пресудата а за образложението на судијата Шабани само одговори дека снимките од прислушувани разговори покажале што се случило. Одбраната на Канческа – Милеска е задоволна од ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца македонски државјани за кои постои основано сомневање дека сториле по едно кривично дело – Служба во непријателска војска од чл. 322 ст.1 од Кривичниот законик. Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметниот јавен обвинител беше спроведена синхронизирана полициска ...

Со свечена церемонија на која присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски и голем дел од неговиот кабинет беше означен стартот на изградбата на Коридорот 10 д, автопат кој ќе ги поврзува Прилеп и Битола. Станува збор за делница во должина од речиси 40 километри кои ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ во рамките на проектот тежок 1,3 или 1,5 милијарди евра. Премиерот Ковачевски, во своето обраќање пред присутните гости кажа дека станува збор ...

Под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“ денеска ќе се одржи дефиле на велосипедисти и мотоциклисти, на кое е најавено учество на преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти со цел подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите. Организаторите информираат дека дефилето за велосипедистите започнува во 11:00 часот и ќе стартува од велосипедската патека на кејот на реката Вардар кај хотел „Холидеј ин“, а мотоциклистите ...

Во март годинава во земјава се регистрирани 47 490 туристи, од кои 32.5 % се домашни туристи, а 67.5 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во март изнесува 94 985, од кои 36.4 % се од домашните туристи, а 63.6 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.9 %. Кај домашните туристи има намалување за 7.4 %, ...

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на танцот – 29 Април. Организатори на дигитално одбележување на овој ден се Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА. Авторка на светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот е кинеската танчерка и кореограф Јанг Липинг. Таа нагласува дека животот не престанува, затоа и танцот не престанува. – Танчерите и кореографите треба да ги наслушнат многу внимателно радостите и тагите на светот, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.91
83%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
90%
1014
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
1.34
71%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1012
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
85%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
80%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52