Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жосеп Борел соопшти дека ги повикал српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, на итна средба во Брисел со цел да се најде излез од актуелната криза, јави Мина. Борел на Твитер напиша дека е потребна итна деескалација и нови избори на северот на Косово, со учество на припадниците на српската заедница. „Ова е најважното нешто за регионот и ЕУ“, напиша Борел. Вучиќ ...
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел ги покани Александар Вучиќ и Албин Курти на итен, кризен состанок во четврток, 22 јуни. Курти ова го потврди за приштинските медиуми, наведувајќи дека Брисел се предомислил за датумот. „Побарав итен состанок истата недела и предложив план од пет точки. Но дојде поканата дека средбата ќе се одржи следната недела.. Ќе разговарам со мојот тим и ќе им одговориме на почетокот на неделата“, рече Курти. . ...