
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Претседателот на „Демократско движење“ и поранешен висок функционер на ДУИ, Изет Меџити, сега вели дека претседателот Стево Пендаровски водел преговори со висок профил на политичари од власта за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски Лидерот на „Демократско движење“, Изет Меџити, вели дека шефот на државата тоа го сторил со челници на ДУИ на Денот на НАТО – 4 април. Претседателот Пендаровки демантираше такво нешто, откако Меџити ...
Европскиот суд за човекови права одлучи дека Македонија во 2008 година изложила на нехуман и понижувачки третман, сексуалните работнички од Македонија, дека биле лишени од слобода во полициска станица, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет. Тие ја добија правдата во Стразбур, по 15 години, информираше невладината организција ХОПС. Случајот се однесува на полициската акција на МВР од 2008 година кога беа приведени 23 сексуални ...
Фактот дека Украинец кој се борел во нацистичка единица во Втората светска војна бил поканет во канадскиот парламент е „голем срам“ за Канада, изјави премиерот Џастин Трудо. 98-годишниот Јарослав Хунка доби овации откако претседателот на Долниот дом Ентони Рота го нарече „херој“ за време на посетата на украинскиот претседател во петокот, пренесуваат медиуми. Рота рече дека не знаел за нацистичките врски на Хунка и дека згрешил што го поканил ...
„Преку објава на фејсбук Албанската национална православна црква ‘Свети Козма’ соопшти дека донела неколку канонски црковни одлуки против Српската црква. Во нејзиното соопштение се вели дека таа ја проколнала Српската црква. Според нив, оваа нивна одлука предвидува и непризнавање каков било документ, кој ќе биде издаден од Српската црква.“ – пренесува Клан Косова. Клан Косова ја пренесува целосната објава на Албанската национална православна ...
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 69.годишниот гевгеличанец кој на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови. Како се дознава, двајцата браќа имале нарушени меѓусебни односи и не разговарале повеќе од 40 години, но убиените меодамна ...
Генералниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање до судот во Скопје за поведување на постапка, за санкционирање на јавното претпријатие Дрисла, за загадувашето на животната средина, објави Телма. Ова следува откако загрижени граѓани пријавија дека во Маркова Река тече црно-кафена течност. Државниот инспекторат за животна средина при увидот утврдиле дека има обојување на реката и земале мостри кои потврдиле дека дел од исцедокот од ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во разговор за „Инфомакс“ ги отфрла обвинувањата дека била „кметица на Петрич“ и открива дека нема бугарско државјанство. Таа има разбирање и вели дека не е „трагично“ лица да имаат таков пасош. Има дел од луѓе кои го земале од мака, од економски причини, дел го земале да шетаат по светот без препреки, меѓутоа да бидеш носител на бугарски пасош и да критикуваш дека некој има е трагично. „Ова да не ...
„Теророт на Курти не престанува и натаму. Се случуваат нови апсења Срби во Косово.“ – објави српскиот информативен портал „Србија данас“. „Србија данас“ пишува: „Синоќа, 25 септември, во Рајска Бања се уапсени двајца Срби, поради наводно сомневање дека поседувале илегално оружје.“ – соопшти заменик-директорот на така наречената косовска полиција Ветон Елшани. „Уапсените Срби се затекнати со значително количество на оружје. Истрагите ќе покажат ...
„Во размената на огнот меѓу полицијата на Курти и Србите од северот на Косово беа убиени и тројца Срби: И.М., С.Н. и Б.М. ‘Српска листа’ истакна дека ќе бара истрага за убиството барем на двајца Срби, кои се убиени ладнокрвно, иако се предале.“ – објави весникот „Вечерни новости“ од Белград. „Вечерни новости“ пишува: И.М (50) бил татко на две деца и работел како возач на санитет во Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица. Вториот убиен ...
„Жителите на Тетово во текот на вчерашниот ден му се приклучија на сеалбанското организирање омаж – чествување на маченикот на албанскиот народ Африм Буњаку, кој беше убиен во неделата изутрината од српските терористи на Косово. На плоштадот Илирија во центарот на Тетово беа палени свеќи во знак на почит кон Буњаку.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“. ТВ 21 објави: „Фотографија на наредникот на косовската полиција Африм Буњаку беше ...
„Преку видео-снимка од дрон е објавен моментот кога српските терористи го напуштаат манастирот во селото Бањска, откако ја нападнаа косовската полиција и убивајќи го наредникот Африм Буњаку. Снимките ги објави во јавноста новинската агенција Асошиетед прес.“ – пренесоа информативната агенција Илирија – ИНА, Клан Косова и многу други медиуми на албански јазик во Македонија и Балканот. Паѓа во очи фактот што значителен дел од албанските медиуми ...
Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, најави дека неговата партија со Беса и со Алтернатива ќе имаат заеднички кандидат Албанец за нов претседател на Македонија. „Албанската опозиција – Демократско движење, Движење Беса и Алтернатива, со отворена врата и за другите, ќе имаме наш кандидат за Претседател, Албанец. Сè уште немаме име, но ова го имаме како определба. Според предвидувањата, може да помине и во втора рунда“, изјави Меџити во ...
Екс премиерот Никола Груевски во 2017 година му рекол на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека без нивна заедничка влада ќе го фрли ВМРО-ДПМНЕ во кафез со ѕверови по што соработувал со ,,ѕверовите”. Ова во емисијата 360 Степени го обзнани потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски зборувајќи со чудење како можел Груевски да соработува со луѓето кои ги молел да не прават влада со СДСМ. ,,Никола Груевски му рече на Али Ахмети ако не направиш ...
Екс лидерот Никола Груевски ја оставил ВМРО-ДПМНЕ со долг од 9,5 милиони евра тврди потпретседателот на партијата Александар Николовски. Во 2018 година кога дојде новото раководство на партијата нашла огромен долг од 9,5 милиони евра направени од тимот на Никола Груевски. Само три години подоцна постигнавме огромна победа на локалните избори и политички ги пензиониравме Зоран Заев, вели Николовски за 360 Степени. Повеќе детали за соработката на ...
Највозрасните граѓани во земјава по се изгледа пак ќе бидат извисени. Ниту серијата протести, ниту јавниот револт поради скапотијата, ништо не вроди со плод за да живеат подобро во сопствената држава. Па така, пензионерите на 1 октомври ќе добијат усогласена септемвриска пензија, зголемена за 6,8%, пради растот на трошоците за живот и на просечната плата. Тоа значи дека оние со најниски пензии, кои во моментов изнесуваат 11.897 денари, ќе ...
Во емисијата 360 Степени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски открива дека планот за амнестија на Груевски е направен на состанок кај претседателот Стево Пендаровски. Николовски во емисијата прашува зошто поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски немал став за начинот на кој се промени името како и за дејствувањето на Сашо Мијалков при промена на уставот. Повеќе детали Николовски открива детали за соработката меѓу ...
Иста песна за граѓаните на главниот град и годинава. Парно можно е да нема, или пак да е млако. Па така скопјани се прашуваат – Дали дел од Скопје зимава ќе остане без парно или со млаки радијатори, ако не се постават цевките од топловодот на опожарениот мост „Беласица“? Како што објави „ПлусИнфо“, од ЕСМ која управува со скопското парно и треба да ги постави цевките на мостот велат дека немаат дозвола за тоа, но тврдат дека грејната сезона ќе ...
Активистката Ана Глигорова, истакна дека просечната плата е далеку од тоа што официјално се презентира. И дека таа не е 36.200 денари како што се објавува, зашто ретко кој ги зема овие пари, може да, ама на сон. Просечната плата во Македонија не е 36 200 денари, туку по медијана и мода е далеку помала, некаде околу 24 000 денари. За цените во земјава, кои се речиси како на запад, оваа кобајаги плата не е ниту приближно на социјална помош (која ...
Министерот за економија Крешник Бектеши ги кажа маркетите кои си играле мајтап со граѓаните и затоа биле затворени од Државниот пазарен инспекторат. Сепак, во другите земји оваа мерка има подолг рок на примена, додека кај нас, предвидено е да важи само до 30 ноември односно нешто повеќе од еден месец, што нема да ги даде очекуваните ефекти. Бектеши најави и дека утре ќе се носи одлука за намалување на цените на пијалоците а се прави и анализа за ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски дал содржина од УСБ стикот со доказите за комуникацијата меѓу Груевски и владата на интервју на емисијата 360 Степени. Николовски на медиумот им ги дава содржините на кои се гледаат измените на кривичниот законик за кои преговарале Груевски и ДУИ. На забелешката на водителот дека секој може да земе УСБ стик во кој ќе стави документ и да тврди дека таму има инкриминирачки работи Николовски ...
Попладнево од страна на родителите на учениците од ООУ „Његош“ во Колонија, општина Гази Баба е оддржан состанок на кој е формиран иницијативен одбор кој во следниот период ќе ги изнесува барањата во името на сите родители. На денешниот состанок на кој присуствуваа повеќе од 300 родители на ученици во ООУ „Његош“, донесена е едногласна одлука од утре 26.09.2023 година, ДА СЕ БОЈКОТИРА наставата во ООУ „Његош“. Во продолжение интегрален текст од ...
Украина тврди дека го убила заповедникот на руската црноморска флота во ракетниот напад на нејзиното седиште во Севастопол, изведен во петокот. Украинските сили за специјални операции соопштија дека адмиралот Виктор Соколов загинал со уште 33-ца руски офицери во еден од најхрабрите украински напади од почетокот на војната. „Откако го погодивме седиштето на руската црноморска флота, 34 офицери беа убиени, вклучувајќи го заповедникот на ...
Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада, најави премиерот Димитар Ковачевски. Тој истакна дека претходно овој закон бил презентиран на владина седница, но заради технички усогласувања со секторот законодавство даден е период до утрешната седница на Владата. – Откако ќе биде усогласен во Владата законот ќе биде поднесен до Собранието, потоа од пратениците зависи дали ќе биде донесен, во која ...
Активистката Ана Глигорова ја отфрла официјалната статистика според која просечната плата во Македонија е 36.200 денари, истакнувајќи дека таа е многу помала. „ „Просечната плата во Македонија не е 36.200 денари, туку по медијана и мода е далеку помала, некаде околу 24.000 денари. За цените во земјава, кои се речиси како на запад, оваа кобајаги плата не е ниту приближно на социјална помош (која е далеку помала во моментов, но да претепоставиме ...
Затворањето на маркети е престрога, драконска мерка која предизвикува штети , реагираат од Стопанската комора Извршниот директор Антони Пешев вели дека маркетите немале доволно време да се подготват за намалување на цените , бидејќи станувало збор за околу 1.200 артикли. Во текот на договарањето со компаниите за поевтинување на производите, Владата ветила дека ќе им каже на време кој датум ќе го даде како репер , но на крајот трговците за ...
Сметам дека целисходно и правилно би било да имаше една транспарентна постапка во носењето на измените на Кривичниот законик, каде што ќе се слушнеше мислењето на Судскиот совет, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, по потпишувањето на Меморандумот за соработка на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Целиот процес е спроведен набрзина, рече Георгиев, без притоа Судскиот совет да има свое учество и да даде ...
Русија издаде потерница за претседателот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Пјотр Хофмански, се наведува во базата на податоци на барани лица на руското Министерство за внатрешни работи, пренесе ТАСС. „Хофмански Пјотр Јозеф, Полјак. Баран според член од Кривичниот законик на Руската Федерација“, е наведен во базата на податоци, без да се прецизира според кој член точно се бара. На списокот на лица барани од Русија се и првиот заменик ...
Премиерот Димитар Ковачевски денеска пак ги осуди вчерашните случувања во Косово и повтори дека нема опасност по безбедносната состојба во земјава. – Во земјава не постои никаков основ за какво било стравување во однос на безбедносната ситуација, меѓутоа морам да изразам загриженост и осуда за она што се случи на Косово, бидејќи таму беше убиен полицаец, кој е дел од безбедносните структури. Тоа беше акт на насилство којшто никому не му треба и ...
Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Добри вести од министерот (за одбрана Рустем) Умеров. Тенковите Абрамс се веќе во Украина и се подготвуваат да ги зајакнат нашите единици“, објави Зеленски на својот канал на Телеграм. Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина оваа недела. ...
Свирепо убиство во Кочани. 46годишна жена пред куќата во која живеела била брутално нападната од 59 годишен маж, при што и нанел над 40смртни убоди од кои таа починала. Убиството се случило утринава во 6.15минути кога жената тргнала кон работа. Според првичните сознанија причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Неофицијално тие биле во врска, но откако се разделиле ...