
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Објава од блиски на исчезнатиот Владимир: ИСЧЕЗНАТО Е ЛИЦЕТО Владимир Илиевски роден 07.09.1990 год. Последно е виден пред “Веро Џамбо” паркингот во 10:00 часот, во 10:15 последно е зборувано на телефон со него после тоа му се губи секоја трага и недостапен е на телефон. Облечен е во крем дуксер, бордо маица по кратки, црни панталони и бели патике. АКО ГО ВИДЕЛ НЕКОЈ ИЛИ ГО ПРЕПОЗНАЕ НЕКА СЕ ЈАВИ НА ОВИЕ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ: 078 662 580 078 340 ...
Професорот Дејан Трајковски од Битолскиот универзитет Свети Климент Охридски ги уништи СДСМ и ДУИ, Македонија губи 3 милијарди евра со одлука која мириса на корупција. Професорот Трајковски објавува како грците кои го добија проектот Ченрен ќе печалат на нашата вода и нашата глупост (или корумпираност). Целиот пост на професорот Трајковски: Во претходните постови, https://shorturl.at/aNRZ3 и https://shorturl.at/adfjF , ја анализиравме важноста ...
Понудата на грчкиот конзорциум што ќе го гради ХЕЦ „Чебрен“, изнесува 1.320 милиони евра за еден мегават произведена електрична енергија. За споредба, во 2003 година, кога беше објавен првиот повик, трошоците беа проектирани на еден милион евра за еден мегават, но во меѓувреме се случија 13 неуспешни повици и многу работи поскапеа оттогаш, објави „ВечерПресс“. Ова на семинар за новинари што се одржа деновиве во Охрид, го истакна советникот за ...
Предлог Законот за амнестија по усогласувањето со надлежните институции оди во собраниска процедура. Со законот се предвидува намалување на казните за оние кои сториле полесни кривични дела. Владата на претходната седница го разгледуваше предлог законот, од казна затвор се предвидува да бидат ослободени, осудените до шест месеци, а останатите ќе добијат намалување на казната од 30 отсто. Усогласувањето со секторот за законодавство, како што рече ...
Еден месец од новата учебна година без наставен материјал, а министерот лани вети ако навреме не стигнат учебниците ќе понесе одговорност. Истекува рокот на министерот за образование кој сам го даде за да стигнат сите учебниците до учениците. Денеска ни одговорност ни учебници. Минатата учебна година дел од учениците ја завршија без учебници по некои предмети, а ова е трета година како наставата продолжи да се одвива без потребниот материјал. ...
Близу 300 газди на компании само годинава се обиделе да го изиграат законот за работни односи, и да не им исплатат плати на работниците, алармраат од Државниот инспекторат за труд. Велат дека се повеќе се кршат работничките права од страна на работодавачите, иако работниците сѐ повеќе си ги знаат своите права. Според директорката на трудовата инспекција, Весна Томовска, само за последниве 6 месеци, биле извршени околу 11.000 инспекциски надзори, ...
Европската коалиција на партиите кои се залагаат за интеграција и напредување на Северна Македонија во Европската Унија ќе биде победничка на следните претседателски, а потоа и на парламентарните избори, порача премиерот Димитар Ковачевски. Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека европскиот фронт може да излезе заеднички на следните избори, Ковачевски, рече дека тој прв дал изјава дека во нашата држава постојат два ...
Судскиот совет на денешната 455 седница ја разгледа анализата за потребниот број на судии во Врховен, Виш управен и четирите апелациони судови во Скопје, Битола, Гостивар и Штип. Анализата го покажува оптималниот број на судии во секој од судовите за навремено и ажурно постапување, согласно приливот на предмети и ќе биде користена како основа при објавувањето огласи по судови низ државата. Според анализата во Врховен недостигаат десет судии, во ...
Владата одлучи да ги замрзне цените на безалкохолните пијалаци и пивото, а дополнително ги ограничи и профитните маржи во трговијата на овошје и зеленчук. Премиерот Ковачевски информираше, дека на листата со гарантирана цена од утре влегуваат и газираните и негазираните пијалаци, со исклучок на енергетски пијалаци, газирана и негазирана вода и светло и лагер пиво. Највисоките цени на овие пијалаци се утврдуваат со цените кои ги имале овие ...
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал ...
„Се чини дека на Русија ѝ оставаат сè помалку избор, освен директен конфликт со Северноатлантската алијанса на терен, која се претвори во отворено фашистички блок слична на Хитлеровата оска, иако со поголеми размери. Ние сме спремни, иако резултатот ќе биде постигнат со далеку поголеми загуби за човештвото отколку во 1945 година“, напиша тој на Икс (Твитер). Тој се осврна и на неодамнешниот скандал со славењето на украинскиот нацист и ветеран ...
Најголемата фотоволтаика во земјава и на Балканот, инвестиција на француската компанија „Акуо енерџи“ (Akuo Energy), сè уште минува низ државните лавиринти за да може да почне да се реализира. Од компанијата се надеваат дека сите процедури поврзани со оваа стратешка инвестиција ќе завршат годинава и напролет следната година ќе почне да се гради соларниот парк. Проектот ќе се реализира етапно и се очекува да биде завршен за најмалку 2 години, а ...
Во ООН, претседателот Пендаровски учествуваше на Генералното собрание (ГС). Во таа прилика, тој ја одликува светската организација – „за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес…“. При предавањето на одликувањето, на генералниот секретар, Гутерес – „Пендаровски се заблагодарил за посветеноста на ОН во нашата земја…“. Просто да не веруваш. Одликуваме по 60 години, што е само по себе ...
Договорите за набавка кои ги склучува веледрогеријата Д-р. Пановски, каде сопственик е таткото на Ирина Пановска Ставридис, инаку директор на Клиниката за хематологија од истата таа клиника се пракса која раѓа недоверба во целокупниот здравствен систем. Новиот тендер од 3 милиони евра е уште еден доказ за тоа. Јавноста чека одговори за тоа како и зошто во Македонија има само еден овластен добавувач на потребните лекови, дали тоа не е ...
Дали владата со потпис на Артан Груби ја отвори вратата за криминалните пари на бугарското подземје и ја стави Македонија во партнерство со бугарската мафија?, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -По низа толкувања и заобиколувања на законите, владата тивко, со потпис на Артан Груби летово, дозволи отворање нови видео лотарии, односно онлајн коцкање! Тоа е овој документ со потпис на Артан Груби. И тоа не за една, туку за три нови ...
Многу теми не беа познати за јавноста. Претседателот Мицкоски имаше интервју за најголемиот весник во Европа ФАЦ во кој презентираше факти кои не беа познати. ВМРО-ДПМНЕ има еден систем на прочистување, на катарза кој веќе неколку пати го прави и тоа е една од причините за опстојувањето на партијата како најсилна политичка партија во Македонија и тоа го правиме и сега, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Здраво ...
Лидерот на новото Демократско движење Изет Меџити смета дека сè уште постои соработка меѓу ДУИ и екс-премиерот Никола Груевски. Тој праша „зошто на Груевски му било дозволено да избега од земјава преку Албанија“. – Зошто Груевски наместо од Македонија, преку Србија да стигнеше во Унгарија, отиде преку Албанија? Другата дилема е зошто Сашо Мијалков е баш во затворот со кој управува ДУИ? Трето, ДУИ никогаш не била вклучена во казина, брзи ...
„Во политиката, посебно во оваа наша примитивна балканска и македонска, личните интереси и привилегии се примарни. Еве и сега со блокадата на уставните промени како услов за ЕУпатот до интеграција, инаетот, суетата, рејтингот, се поважни од државата како инаетчиите да живеат во друга држава.“ – вели новинарот Зоран Иванов во изјавата за анализата со наслов „Кој профитира од ‘теленовелата’ Груевски-ВМРО-ДПМНЕ: ‘На сите им одговара, но најмалку на ...
Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека нема никаква вистина во тврдењето дека примил каков било допис или материјал од поранешниот премиер, Никола Груевски, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик. – Нема никаква вистина во тоа дека претседател на Собранието од екс-премиерот примил каков било допис и или каков било материјал. Тое е невистина којашто само служи за дневно-политички цели – рече Џафери, ...
Холандија реагирала до македонската влада и изразила загриженост за контроверзните измени на Кривичниот законик, откри вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „360 степени“ на МРТ1. – Имав контакт со холандскиот амбасадор и со претставници од Хаг. Изразија загриженост и рекоа дека натаму ќе ја следат ситуацијата. Ништо повеќе од тоа, ништо повеќе од тоа што се најде во соопштението на Европската комисија. Ние сме во ...
Денес почнува расправата по Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, формално ова не е ребаланс иако промените се значајни и власта можела да достави ребаланс на Буџетот до Собранието. „Причината за ваквото избегнување е неажурноста, бегањето од редовна постапка и рокови и немањето капацитет да се изработи ваков значаен ...
Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ е убеден дека владата направила рамка за борба со корупција но не е убеден дека СДСМ не си пукала в нога со измените на кривичниот законик со кој заатрија голем дел од случаите на СДСМ поради што се незадоволни и гласачите на СДСМ. Маричиќ меѓу другото одговора на прашањето на 360 Степени дали СДСМ си пукала в нога со измените на Кривичниот законик кои се антитеза на позициите кои власта ги има уште ...
„Одложувањето на општествените промени е најголемата несреќа на македонскиот народ. Таа индоктринација и ден денес за наводната неопходност од пресметка со предавниците дава катастрофални последици во името на народот. Дали Македонија и по еден век повторно е пред втората голема несреќа, одложувајќи ги големите општествени промени како во почетокот на 20 век, кога не успеа да направи своја држава?“ – вели новинарот Ерол Ризаов во својата колумна ...
Ќе стапи ли на сила одлуката за намалување на цените на пијалоците?! До крај на неделава се очекува да биде завршена анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети. Како што најави министерот за економија Крешник Бекшети, денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и ...
Во Македонија скоро две години се зборува само на тема уставни измени додека економијата е во доста лоша ситуација. Во меѓувреме ни се случи „Бехтел и Енка“, 250 милиони евра народни пари се за ништо потрошени. Четири пати го отпочнуваат, а не е започнат де факто, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на Алфа телевизија. Стојаноска рече дека и во меѓувреме се уште нема ребаланс, а нема ...
Во анализа на посетата на државниот врв на Њујорк на Генералното собрание на обединетите нации Викторија Трајков анализира што доби Македонија од скапата туристичка тура платена од пари на граѓаните. ,,Кога ќе излезат надвор од границите на нивната Северна, имам впечаток дека претставниците на државниот врв се однесуваат како туристи кои што едиствена цел им е прошетка по знаменитости, две-три маргинални средби колку да се покрие патниот налог ...
40 отсо од компаниите од енергетскиот сектор и 40 отсто од фирмите кои се занимаваат со игри на среќа подлежат на данок на солидарност, истакна на ТВ 24 министерот за финансии, Фатмир Бесими. Бесими посочува дека солидарниот данок се носел низ инклузивен процес со повеќе јавни расправи, но и билатерлани средби со коморите, уште од декември 2022 година. Во самите расправи се прифатени нивни сугестии од кои едната се однесува на годините кои се ...
Скопјанката Јулија Илијевска, неодамна патувала со авион на Визер, кој заради некаков проблем морал да слета принудно на аеродромот во Софија.„ Не така кратка хорор приказна со Визер Си дојдов на себе малку, па да споделам како НЕ ТРЕБА да се грижиш за корисниците на услуги.Завчера поради технички проблем со авионот на WizzAir принудно слетавме во Софија, базата им била таму, сервисот, објави Фактор. Во авионот пилотот ни вели дека постојат две ...
Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се обрати на Комисијата за заштита од заразни болести, откако беше обелоденето дека „„На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против КОВИД-19 Паксловид ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи.“ Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно ...
,,Исчезнаа” судија и тројца полицајци кои го гонат адвокатот Менкиноски за ,,Сонцето од Кутлеш”. Денеска во судот во Охрид не се појавија ниту судечкиот судија ниту пријавителите од МВР кои го гонат адвокатот Тони Менкиноски за јавно користење на знамето со сонцето од Кутлеш. Според судот, судијата кој го суди Менкиноски не се појавил на судењето затоа што бил болен. Командирот и тројцата полицајци кои формално го пријавиле Менкиноски пред ...