
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



На фотографијата Андов е лево Цели 72 часа Јавното Обвинителство не го апси функционерот на СДСМ кој извршил упад во правосудството за сериозен случај на убиства. Со тоа на Андов му се дале најмалку три дена да ги скрие трагите од случајот за кој може да заврши во затвор. Пред два дена expres.mk објави дека се случувал огромен скандал во затворот ,,Шутка”, за кој брифираат извори од управата за извршување на санциии. Изворите велат дека дека ...
Кога Европската комисија објави дека ќе испита дали кинеските автомобили се поевтини поради неправедните субвенции за домашните компании, Кина брзо реагираше и ја повика, меѓу другото, Европа да води дијалог и консултации пред да преземе какви било мерки против кинеските возила. Сепак, приказната е покомплицирана отколку што изгледа. На 13 септември, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави истрага за кинеските ...
Поранешниот министер за здравство Беким Сали, од редовите на Алтернатива, преку социјалните мрежи ги нападна СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците дека нивното партнерство во Влада е иницирано од Груевски. -Стратешкото партнерство меѓу ДУИ, Алијанса и СДСМ отсекогаш било креирано, поддржано и иницирано од Груевски. И покрај сите напори за прикривање од минатото, – контроверзи, навреди, критики, тепања – тие отсекогаш биле синхронизирани и уникатни ...
Одлуката на државниот врв за протерување на тројцата руски дипломати беше неминовна, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на америка на македонски јазик. Пендаровски вели дека државата немала друг избор. Сите надлежни служби, и таа за надворешно разузнавање, и таа за внатрешно, имаат заеднички извештај во однос на активностите на тие тројца дипломати, и одлуката на државниот врв беше неминовна, нема тука избор, нема ...
Живинарските фарми со допис до Владата и известување до надлежнисте, први се побунија против мерката за намалување на цените за 10 отсто за 25 производи, меѓу кои и јајцата. Велат дека живинарските фарми ќе бидат пред колапс, ако не се ревидира одлуката и дека тоа може да доведе да нема доволно домашно проиозводство Тие објаснуваат дека како основа за пресметка се земала летната цена која не е релна таква да остане до крајот на годината. Според ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во работно време заминал на панаѓур каде според неговите зборови дава предност на ,,добро расположение”. Наместо во петок околу 14 часот да биде на своето работно место и да се грижи за безбедноста и да брка криминалци Спасовски заминал на панаѓур во Неготино. Според неговата Фејсбук објава тој вчера во тек на работното време околу 14 часот бил на панаѓур. Да имаше Македонија вистинска ...
Во шизофрен манир СДСМ постојано демек бара да не ја вмешуваат во состојбата во ВМРО-ДПМНЕ а секој ден објавува соопштенија за Мицкоски во кои кажува што мисли за судирот со Груевски. Логично е дека ако не сака да биде дел од судирот Мицкоски – Груевски СДСМ да стои настрана и да не коментира но се случува нешто сосема друго. Во шизофрен стил каде едно порачува а друго прави СДСМ секој ден објавува соопштенија каде се обидува да каже што се ...
Дури и да не се постават нови цевки под мостот „Беласица“ кој настрада во пожар, од ЕСМ уверуваат дека Скопјани нема да останат без парно греење. Од ЕСМ од каде велат дека постои алтернативен цевковод по кој ќе се спроведува топлинската енергија до парното во стамбените комплекси. Најповолната варијанта е сепак да се постават новите цевки под мостот „Беласица“ за кои само се чека дозвола од град Скопје, дознава Канал 5. Она што се гледа под ...
Не престануваат реакциите по новот случај на шпионажа во Бугарија, во кој вчера беа протерани тројца руски свештеници со образложение дека биле закана за нацоналната безбедност. Поранешниот премиер и копретседател на партијата „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков жестоко реагира на како што вели, фактот што уште еднаш Софија од странски служби морале да откријат шпион во Бугарија.. Вели како е можно Македонија да има подобри разузнавачки ...
Со наслов ,,ПРЕВЕДУВАЧКАТА ИЗГУБЕНА ВО ПРЕВОДОТ: Политички линч, шовинистички проекти и многу лаги!”, радио Лидер објавува анализа за министерката која некогаш беше заразена пратеничка (од КОВИД), која облечена во скафандер гласаше за законски измени а сега е партиски инквизитор со агенда да ја дотолчи македонската култура. Бурна недела за школуваната преведувачка по англиски јазик Бисера Костадиновска-Стојчевска, која во моментов ја има ...
При денешната посета на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на споменатите информации УСБ и плико со документи што биле дадени на Џафери и Ахмети истакна дека треба Џафери и Ахмети да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото кои што им било дадено. „Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа ...
Бугарија го протера поглаварот на Руската православна црква во Софија заедно со двајца белоруски свештеници. Тие беа обвинети дека дејствувале спротивно на интересите на Бугарија, а Агенцијата за национална безбедност (ДАНС) ги регистрирала како лица кои треба да бидат протерани од земјата бидејќи, според премиерот Николај Денков, биле наведени во таен извештај. Официјална Москва луто реагираше на одлуката на Бугарија да го протера поглаварот ...
Вербалното и пишано амнестирање и величење на носителот на режимот Никола Груевски како авторитет кој ќе помогне да поминат уставните измени и со тоа Македонија ќе продолжи по нејзиниот европски пат, од страна на некои од перјаниците на владејачката гарнитура, ќе резултира со дополнително збивање на и онака густо збиените редови на ВМРО ДПМНЕ, проценува лидерот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Tој ...
Претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на ОН со Орден на Република Северна Македонија. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Пендаровски му го врачил одликувањето на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес и за непроценливиот придонес за обновата на градот Скопје. ...
Во Загреб пристигнаа европските потерници за навивачите кои по немирите избегаа од Грција, пишува денеска Јутарњи лист повикувајќи се на неофицијални извори. „Уапсете ги и екстрадирајте ги овие ‘лоши сини момчиња““ – стои во барањето на грчките власти со список од десет имиња на навивачи на „Динамо“ осомничени дека учествувале во нередите во Атина вечерта пред натпреварот од 2. прелиминарно коло на Лигата на шампионите помеѓу АЕК и Динамо на 7 ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, им порача на Македонците во Албанија слободно да ја изразат и потврдат својата етничка, јазична религиска и идентитетска припадност на пописот на населението кој започна на 18 септември и ќе се спроведува до 30 октомври. „Албанија е слободна земја каде секој може слободно да го изрази и негува својот идентитет без да се грижи за било какви последици од тоа. Со тоа, вие дополнително ќе ја потврдите ...
Станува збор за креативно-активистичка акција на Центарот за современи уметности од Скопје во чест на македонските граѓани кои 30 години чекаат да се случи нешто и работите да тргнат на подобро. „Идејата на оваа акција е да оддадеме почит на просечниот македонски граѓанин – чекач кој веќе 30 години непрекинато чека. Чекаме за подобар стандард, за влез во ЕУ, за битка со корупцијата, за подобро здравство, за подобро школство, за подобра ...
Велешката компанија БРАКО помогна со финансиска помош од 1 милион денари за побрзо спроведување на проектите на територија на Oпштина Велес. Општината ја искористи донацијата за побрзо и поефикасно да спроведе постапката за повеќе инвестиции во градот кои се во интерес на граѓаните, наведено е во соопштението на компанијата. „Со финансиската помош беа изготвени основни, идејни и урбанистички проекти за реконструкција на младинскиот парк во ...
Шефот на државата вели дека во Македонија, корупцијата која е на недозволено високо ниво, не е само заради содржината на законите, туку дека главниот проблем е неспроведувањето на законите или селективната примена на законите или обидите да се најдат „дупки“ во законите, преку кои треба да се санкционираат случаите, особено на таканаречена висока корупција – на функционери. „32 години во Македонија ние немаме успешно завршена една процедура, ...
Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски вели дека цените на горивата растат поради тоа што заради геополитика расте и цената на нафтата на светските берзи. Русија времено забранува извоз на бензин и дизел „Не расте само кај нас, туку насекаде низ светот“ вели Бислимовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21. „За мене таа одлука е неразбирлива, но тоа е тоа, имаме одреден тренд на раст на нафтените деривати. Јас верувам дека ќе преовлада разумот, ...
Минатата година на патиштата низ нашата земја имало 483 илјади автомобили, што е раст од 80 проценти за десет години, но огромен дел од нив се постари од 10 години, објави МИА повикувајќи се на податоци од МВР. Просечната старост на возилата е во постојан раст и сега изнесува 19,5 години. Над 88 проценти биле постари од десет години. За десет години просечната старост се зголемила за околу 2,5 години, од 16,8 во 2012 година, на 19,5 во 2022 ...
Соединетите Држави бараат појаснување од Полска, откако официјални лица од таа земја објавија дека воената помош за Украина може да биде суспендирана. Ова го објави Блумберг, повикувајќи се на американски функционер кој сакаше да остане анонимен. Неименуваниот извор рече дека Полска останува посветена на поддршката на Украина, но рече дека прецизниот став на земјата е нејасен. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки претходно оваа недела изјави дека ...
Денеска календарски запачна есента со сончево и многу топло време. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени. Утре, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на ...
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, изгаснале 31 пожар, а два пожари утрово сѐ уште се водат како активни и се во тек активностите за нивното контролирање, локализирање и догаснување. Двата активни пожари се во општина Брвеница, кај село Милетино, каде гори борова шума и ниска вегетација, што беше изгаснат, но ноќта повторно почнал да гори и во ...
Најмалку девет лица загинаа, а 16 други се повредени како резултат на ракетниот напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, тврди директорот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирило Буданов. Украински ракети го погодија седиштетот на руската црноморска флота во Севастопол Тој тврди дека меѓу повредените има и руски генерали. Ранет е командантот на групата на руските сили за Запорожје, генерал-полковник Александар ...
Прашан за измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за делото злупотреба на функција, претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски, тврди дека Никола Груевски, нема да се врати во Македонија. „Не е амнестија на ниту еден начин. Ако тоа навистина беше амнестија, Груевски денеска ќе беше во Македонија. Груевски не е во Македонија. Тврдам, досега не се вратил, заради овие измени нема ...
Осомничената медицинска сестра која се сомничи за кражба на цитостатици не е достапна за органите на прогонот. „Јавното обвинителство против неа поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – „проневера“ во службата од член 354 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка, Обвинителството обезбеди докази дека обвинетата, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, присвоила поголем број ампули со различна намена во ...
Русија планира да ги зголеми трошоците за одбрана во следната година од сегашните 3,9 проценти од бруто домашниот производ на 6 отсто или 112 милијарди долари, пишува „Блумберг“. Обезбедените расходи речиси двојно ќе се зголемат – од 6,5 трилиони рубљи на 11,1 трилиони, што е 30 отсто од вкупниот обем на буџетските расходи. Федералниот буџет на Русија за 2023 година се очекува да изнесува повеќе од 35 трилиони рубљи, што е за 22 отсто повеќе ...
Украинската Национална комисија за стандардизација на државниот јазик одлучи дека пишувањето сопствени именки како „Русија“ и „Москва“ со мали букви во неофицијални документи повеќе нема да се смета за грешка. Комисијата соопшти дека ја донела својата одлука откако ги разгледала жалбите на украинската вицепремиерка Ирина Верешчук и официјалните писма од Институтот за украински јазик и Институтот за лингвистика на Националната академија на ...
Македонскиот бизнисмен Трифун Костовски објави на Фејсбук дека е горд што донирал 200 илјади долари за изградба на вториот по големина православен храм во Русија. „Горд сум што донирав средства во износ од 200 илјади долари за изградба на Спасо-Преображенски собор на Руската православна црква во местото Губкин, кој по големина е втор по храмот на Христос Спасителот во Руската Федерација. На молба од црковниот одбор и од тогашниот генерален ...