
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Украински дрон погодил административна зграда во центарот на Курск, на југот на Русија, јавија денес руските власти. Во последните месеци Киев изведува речиси секојдневни напади на руските градови во рамки на украинската контраофанзива против руските сили почната на почетокот на јули. Курск се наоѓа на околу 90 километри од границата со Украина. „Во Курск украински дрон нападна административна зграда во центарот“, објави гувернерот Роман ...
Задоволството е големо кога гледам толку млади лица кои горат во желбата да се вградат во генерацијата која треба да издвојува голема победа, да донесе промени и да сврти нов лист кој ќе биде различен од се досега. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ било средиштето од каде се градат карактерите кои подоцна ќе ја имаат одговорноста да управуваат со работите кои се важни за нашата Македонија и воопшто тоа не е едноставно, ниту лесно како ќе биде ...
Морам да кажам дека како човек оваа јавна преписка со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не ме прави среќен, ниту ова е битка која ја одбрав јас, но недвојбено никој не треба да ја тестира мојата определба да се опстои на нашите ставови дека прифаќање на диктати не доаѓаат во предвид по ниту една цена. Ниту пак дека тоа може да помине низ мала врата или било каква комбинација. Морам да кажам дека сум длабоко разочаран од неговото однесување. ...
Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за настаните во 2001. „Внимателно го прочитав објавениот дел од говорот на претседателот на ДУИ и командант на УЧК во воената 2001 Али Ахмети на вчера одржаниот собир во Вејце по повод откривањето на споменик на загинат припадник на УЧК. Доколку коректно е преведен на македонски јазик, вниманието ми го привлече делот во кој тој тврди дека ...
Поетесата Линдита Ахмети минатата година беше меѓу добитниците на највисоката државна награда „11 октомври“ а оваа година е претседател на Комисијата која одлучува за следните добитници на престижното признание. Тоа само по себе е невообичаено за што реагираше и пратеничката во Собранието Гордана Силјановска Давкова, но уште поинтересно е дека Ахмети годинава е и меѓу кандидатите за наградата „13 ноември“, која ја доделува градот Скопје по повод ...
„Медиумот ‘Албаниан пост’ дознава од два извора дека косовската полиција успеала да елиминира најмалку 5 криминалци од терористичката група, која ја нападна косовската полиција и го уби полицаецот Африм Буњаку.“ – пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА. Илирија – ИНА пренесува: „Но, косовската полиција се уште не ја потврди оваа информација. Информацијата не ја потврдуваат ниту од КФОР.“ „Албаниан пост’ е информирана од ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, доби уште една надлежност. Освен што го регулира енергетскиот сектор и водните услуги, отсега е надлежна и за утврдување на тарифите на давателите на услуги за управување со комунален отпад на ниво на цела држава. Претседателот на Регулаторната Комисија, Марко Бислимоски на семинарот за новинари во Охрид рече дека одлуката е помината во Службен весник и со неа добиваат уште една обврска плус ...
Со проекција на македонскиот филм „ Домаќинство за почетници“ почна филмскиот фестивал „ Браќа Манаки “ во Битола . Наградата „ Златна камера 300 “ , годинава му беше на годинашниот лауреат , оскаровецот Питер Бижу , за животен опус . Покрај гламурот , синоќешното свечено отворање на фестивалот го обележа и острите критики и револтот од филмаџите кон политичарите . Годинава, „Браќа Манаки“ е покус за 25 илјади евра државни пари. „Времињата се ...
Портпарол(к)ите на СДСМ имаат нов пропаганден хит со наслов: Почитувани, ВМРО се распаѓа. На овие изјави реагира Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој прашува колку ќе води ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ ако вака распаднатата партија според дуетот на Бихаќка води пред социјалдемократите со 3 спрема 1. Во превод ако на следните избори СДСМ освои 150 илјади гласови за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 450 гласачи Хитот на дуетот Богданка Кузеска и Мелиса Ценовска ...
„Нападот на северот на Косово е терористички напад и напад врз мирот во Балканот. Ги поддржуваме Косово и премиерот Албин Курти. Подготвени сме за секаков вид поддршка.“ – објави Билал Касами, лидерот на Беса, на својот фејсбук-профил, реагирајќи на најновото заострување на политичко-безбедносната состојба во Косово. Касами веќе разви најблиски контакти и соработка со раководството на Косово, пред се со премиерот Албин Курти и претседателката ...
„Најостро го осудувам убиството на полицаец во северниот дел на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите. Целосна поддршка, сторителите на овој грозоморен чин да бидат изведени пред лицето на правдата. Актите на насилство нема да ја поткопаат стабилноста на Косово. Безбедноста на граѓаните на прво место“, реагираше шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. Еден косовски полицаец е убиен, додека двајца се ранети во пукање ...
Новата мерка за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати, се велио во денешното соопштение на владејачката партија според која СДСМ како одговорна партија со конкретни мерки и политики го штити стандардот на граѓаните.. „Намалени се цените на стотици прегранбени производи во 25 категории кои граѓаните најчесто ги користат. По пониски цени во маркетите се продаваат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, ...
Еден од ретките припадници на академската задница кој застана во одбрана на помалите казни за корупциските дела на владини функционери опфатени со членовите за злосторничко здружување и злоупотреба на службена одговорност дава објаснување зошто мисли дека промената на членовите 353 и 394 е добра. ,,Не сум будала да мислам дека променетите членови во кривичниот законик се полесни од некои други”, вели еден од водечките кривичари во земјава, ...
Шкумбин, синот на лидерот на ДУИ Али Ахмети вози автомобил Порше вредно меѓу 100 и 200 евра. Најниската цена на овој модел што го вози Шкумбин, Порше Панамера почнува од околу 100 и во зависност од дополнителната опрема оди до над 200 илјади евра. Информацијата за луксузното возило на синот на Ахмети ја објави внукот на Ахмети, Фатмир Лимани, кој сега е дел од раководството на БЕСА. Објавата на Фатмир И кани на која засега нема демант од ...
И на врапчињата веќе им е јасно дека уставни измени, под бугарски диктат, нема да се случат и тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи, велат од најголемата опозицициска партија ВМРО-ДПМНЕ според која „и на врапчињата веќе им е јасно дека уставни измени, под бугарски диктат, нема да се случат“. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи од каде велат дека потребни се брзи избори.. „На оската ДУИ, СДС и Груевски, не им успеа ни последниот план, кој беше осуетен на ...
Сите членови на групата Bad Blue Boys (БББ), навивачи на „Динамо“, кои полицијата ги уапси врз основа на европска потерница, ќе бидат изведени пред судијата на Жупанискиот суд во Загреб, јавува ХРТ. По нередите во Атина во август, во кои беше убиен грчки навивач, тие побегнаа од Грција, која сега бара Хрватска да ги екстрадира. На еден од уапсените навивачи му е одреден притвор до екстрадиција во Грција. Тие се товарат за 7 кривични дела од кои ...
Демонстранти против излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ (Брегзит) го нарекоа овој потег „голема грешка“ и отпочнаа кампања за повторно приклучување кон Европската Унија, јавува Гардијан. Голема толпа про-ЕУ демонстранти вчера се собрааво центарот на Лондон на Националниот марш за реинтеграција (NRM). Стотици луѓе облечени во сина облека и со знамиња на ЕУ излегоа на маршот низ улиците на градот, кој се очекуваше да кулминира со митинг ...
Познатиот манастир Свето Преображение Господово кај Крушево, кој особено се издигна по заслуга на големиот Тоше Проески, денеска ќе биде осветен. Крушевско-демирхисарскиот Митрополит г. Јован донел одлука за негово осветување, откако целосно е завршена изграбата, што траеше долги години, јавува „Слободен печат“. Чинот на осветување ќе го изврши Архиепископот г. г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на Македонската Православна Црква – ...
Јавноста само што подзаборави на случаите кога со глава кршеше керамиди или кога со гранка гасеше шумски пожар, директорот на Центарот за управување со кризи повторното стана предмет на потсмев со појава на ново видео при гасење пожар. На новото видео кое го снима некој негов соработник за пропагандни цели Стојанче Ангелов гаси пожар со шише со вода за пиење од половина литар. Ве молиме без навреди кон екс генералот Ангелов Најчитани вести ...
Папата Франциско сугерираше дека некои земји „играат игри“ со Украина со тоа што прво и обезбедуваат оружје, а потоа размислуваат да се повлечат од своите обврски. Запрашан од новинарите дали е фрустриран што неговите напори да се постигне мир не успеале, тој одговори дека чувствува „извесна фрустрација“, а потоа почнал да зборува за индустријата за оружје и војната. „Ми се чини дека интересите во оваа војна не се само оние поврзани со ...
Еден косовски полицаец е убиен, а друг е повреден во пукање во село во северно Косово рано денеска, изјави премиерот Албин Курти. „Во овој момент сè уште трае пукањето од огнено оружје од различен калибар (насочено) против нашата полиција“, напиша Курти во објавата на социјалната мрежа Фејсбук, опишувајќи го инцидентот како терористички чин. „Напаѓачите се професионалци кои носат маски и се тешко вооружени“, додаде тој. Косовската ...
Променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови. Температурите ќе достигнат до 33 степени. Во Скопје преку денот со повремено засилен променлив ветер. Претпладне ќе биде ...
Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски синоќа на социјалните мрежи информираше зошто вчера биле казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во скопските населби Кисела вода, Тафталиџе, Чаир, Бутел, како и во Струга. „Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата, објави на својот ФБ профил директорот на ДПИ, Горан Трајковски. Исто така, нема да дозволам никој да ги ...
Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) ги повика граѓаните на Албанија, Македонци по етничка припадност, а муслимани по верска припадност да не потклекнуваат под никаква закана и да се изјаснат тоа што се – Македонци. „Ги повикуваме нашите сонародници во Албанија на пописот кој е во тек да не дозволат никој, ама никој и по ниедна цена да им ја менува нивната македонска етничка припадност и по цена на не знаеме какви пасоши и ...
„Војната на УЧК беше уникатен случај, рече Ахмети како поранешен врховен командант на УЧК, бидејќи од една страна се наоѓаше цела една војска, а од друга страна беше народот. Но, според него, УЧК во војната постигна успех, бидејќи народот беше со нив за сето време на војната, но е и денес, од Липково до Струга. Ахмети нагласи дека го радува фактот што тие излегле како победници со противниците, победници во војна, во дипломатијата, победници и ...
„Работата со * Македонија заврши како ‘македонско овошје’. Албанците ја презедоа државата. Со Охридскиот договор ја ставија структурата на државата под своја контрола. Албанци се претседателот на Парламентот, двајца заменици-претседатели на Владата, министерот за надворешни работи, претседатели на општини… Значи, Албанците ја зедоа државата, Грците им го зедоа името и тоа со насилство и уцени. Не им го отвораме патот за ЕУ и т.н. Србите им ја ...
Македонците од Албанија за тамошните телевизии јасно и гласно изјавуваат дека се тоа по националност, чудејќи се на прашањето од репортерите дали во нивните населени места има Бугари, како што тврди официјалната бугарска политика пред и за време на пописот кај западниот сосед на Македонија. „Каде има Бугари? Нашата област не се граничи со Бугаринот. Може да има некој Албанец, но Бугари никогаш немало“, вели жител на Туминец во компилацијата од ...
Фото: ЕПА Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа денес дека мировниот план предложен од Украина, како и најновите предлози на Обединетите нации за заживување на договорот за извоз на украинските житарки преку црноморските пристаништа „не се реални“. Лавров зборуваше по неделата интензивна дипломатија на годишното заседание на светските лидери во седиштето на ОН во Њујорк, каде Украина и нејзините западни сојузници се обидуваат ...
Казнети и затворени денеска се повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга, соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски. „Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите“, напиша вечерва Трајковски на својот Фејбук профил. Тој апелира до ...
Во Белград се одржа 21. протест „Србија против насилството“, со блокада на централните улици и за првпат со говор на опозициони пратеници кои најавија патување на опозицијата низ Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Пртоестот почна пред Народното собрание, со блокада на улиците до РТС, на таканаречената медиумска траса, како што беше случај и минатата недела. Претставници на опозицијата претходно доставија барања до раководството на РТС ...