Комерцијална банка ја работи најуспешната година на своето постоење. Нето добивката на „Комерцијална банка“ за првите девет месеци годинава изнесува 49,56 милиони евра. Во споредба со истиот период лани е повисока за 65 отсто односно за 19, 5 милиони евра, покажуваат бројките од извештајот кој е јавно достапен на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност. Доминантно учество во добивката имаат нето приходите од камати кои банката ги ...

Одложувањето на членството на Бугарија во Шенген е загрижувачко, изјави потпретседателката Илијана Јотова, цитирана од БНР од каде ги повика институциите да се обединат на оваа тема. Таа го критикуваше премиерот Николај Денков што не реагирал на говорот на холандскиот премиер Марк Руте, кој побарал „чесен извештај“ од ЕК за тоа дали Бугарија е подготвена да се приклучи на Шенген. Холандија не ја пушта Бугарија во Шенген зоната Според неа, ...

Највозрасните граѓани во земјава не се откажуваат од своите барања. Пензионерите решија да се соберат пред амбасадите на 7 ноември. Пензионерите од цела држава ќе организираат голем собир пред амбасадите во Скопје, а не пред зградата на Владата, со цел да и тие да ги слушнат нивните барања. Тие бараат линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари за сите пензии и минимална пензија од 20.000 денари. Иницијативните одбори на пензионерите кои од ...

„Годинава се одбележуваат 74 години од крајот на Грчката граѓанска војна, но и од егзодусот на илјадниците Македонци од Грција. Војната се водела меѓу грчката влада и грчките комунисти и членовите ЕЛАС. Најголемиот дел од македонскиот народ во Грција ги поддржал Комунистичка партија на Грција (КПГ) и ЕЛАС поради ветувањата на грчките комунисти за национално самоопределување на Македонците. Војната катастрофално се одразува врз македонскиот народ ...

Министерот за економија Крешник Бектеши не се согласува со тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно главните политички одлуки во државата се носат во седиштето на ДУИ. Тоа така се перцепира затоа што министрите од ДУИ во моментов се поактивни како резултат на нивните важни должности и функции, рече министерот во синоќешната емисија на Клан Македонија. „Владините одлуки се носат во Владата на РСМ. Се случи во овој тежок период главните ресори да ги ...

Кремљ со вонредно соопштение ги демантираше „лагите“ дека рускиот тиранин (71) „умрел во неговата луксузна шумска палата Валдаи“, но и тврдењата дека во Москва бил во тек „државен удар“, објави Дејли мејл Демантот доаѓа откако еден на Телеграм било објавено дека Путин починал. Во објавата на Телеграм се вели: „Внимание! Во Русија моментално има обид за државен удар! Рускиот претседател Владимир Путин почина вечерва во својата резиденција во ...

Државата ни се празни, луѓето подобар живот бараат во други држави. Нискиот наталитет во Македонија, стареењето на нацијата, во комбинација со заминувањето на младите од државата, директно влијае на намалувањето на работоспособното население. Според италијанската невладина организација COSV со подружница во Прилеп, Македонија во последните години има голем одлив на млади луѓе, главно поради неусогласеноста на образованието со реалните потреби на ...

По пет часа дискусии зад затворени врати, лидерите на ЕУ вчера се согласија да повикаат на „хуманитарни паузи“ за да се дозволи помошта да влезе во Газа. Шпанија до последен момент инсистираше на формулација која се приближуваше до потрајно примирје. Спорот беше дали да се користи зборот „пауза“ (неопределено затишје) или „паузи“ (краткорочни прекини на огнот), пишува бугарски „Сега“. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го поздрави ...

Мене ми изгледа дека СДС би биле пресреќни воопшто да нема избори, кој датум и да им го понудиш не им чини и не го прифаќаат, за нив ако може никогаш да нема избори, тогаш би биле најсреќни, вели Антонијо Милошоски во денешното гостување на радио „Лидер” . Милошоски вели дека има многу сериозни причини зошто би требало да има заеднички претседателски и парламентарни избори, особено во вториот круг на претседателските избори. „Прво, економски ...

Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 28 и 29 октомври во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летно сметање на времето. Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03 ќе се ...

Трите месеци што ја потресоа Македонија во 2016 година кога се одвиваше Шарената револуција, а целта беше да падне криминогената и компромитирана власт и да дојде нова, вклучувајќи и употреба на сила, ако дојде до таков момент, ќе остане запишана во аналите како уште една штетна братоубиствена пресметка меѓу Македонците, пишува новинарот Панде Колемишевски во колумна за „Нова Македонија“ насловена „Шарени револуционери – засрамете се! (…) ...

Продолжува потрагата по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 лица во масовно пукање што се случи во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносниот масакр во САД оваа година. Се бара помош од јавноста а во моментов околу 350 полицајци трагаат по убиецот. Роберт Кард, осомничениот за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист. Поранешните колеги го опишуваат како одличен ...

Дали ДУИ мести тендер од 4.5 милиони евра во Тетово за партиска градежна фирма?, прашуваат преку денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. На 12 октомври годинава МОН на Јетон Шаќири распишува јавен оглас за избор на фирма за реконструкција на средното училиште Моша Пијаде во Тетово во вредност од 4.5 милиони евра Тендерот кој е еден од поголемите во обем во државата го следат многу контроверзии. Постојат сомнежи дека ДУИ го мести за партиска ...

Експлозијата одекна во петокот наутро во египетскиот туристички град Таба во близина на границата со Израел, објавија медиуми. Египетскиот телевизиски канал „Ал Кахера“ прецизира дека како последица на експлозијата загинале три лица, шестмина се повредени, а била оштетена и станбена зграда. Според извори на Ал Кахера, експлозијата е поврзана со тековниот конфликт меѓу Израел и Појасот Газа. Ракета дошла од Појасот Газа и експлодирала во станбена ...

„Јас знам дека има договор помеѓу СДСМ и ДУИ за последните 100 дена да биде Албанец премиер. Јас не се преоптоварувам со тоа решение. Јас сум навикнат и научен во мојот живот да работам до последниот момент. Ако приликите дојдат да се бара од мене да служам на народот во функцијата премиер велам: ДА – истакна потпретседателот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. На прашањето дали би прифатил да биде ...

Речиси половина од Израелците сакаат да се воздржат од каков било упад во Газа, според анкетата објавена во петокот, што може да значи пад на поддршката за планираната следна фаза од контраофанзивата против милитантите на Хамас, кои држат околу 200 заложници. Израел се закани дека ќе го уништи Хамас како одговор на убиствата и киднапирањата извршени од палестинските исламисти на југот на земјата на 7 октомври и ги засили тенковските и ...

По обвинувањата од Алијанса на Албанците дека Данела направи хаос во образованието, се огласија и од Град Скопје. „Пред да се дрзнат со изнесување на лаги и манипулации насочени кон Град Скопје, апелираме Алијанса за Албанците прво да погледнат кон своите кадри и да побараат реакција од надлежните државни органи да превземат соодветни мерки за незаконското постапување на градоначалникот на општина Гостивар, а потоа да коментираат за други. ...

Рано утринава американската војска изврши воздушни напади на две локации во источна Сирија поврзани со Иранската револуционерна гарда, објави Пентагон, додавајќи дека нападите ги извршиле два борбени авиони Ф-16. Нападите беа извршени како одговор на серијата напади со беспилотни летала и ракети врз американски бази и персонал во Ирак и Сирија од 17 октомври, јави Ројтерс. „Овие удари ја одразуваат решеноста на американската влада да одржи ...

Од Огранокот на Алтернатива во Чаир синоќа преку соопштение информираа дека 2/3 од членовите се откажуваат од партијата, пренесува ТВ 21 „Вечерва, ние членовите на огранокот на Алтернатива – Чаир, 2/3 од членовите на огранското собрание, симпатизери и поддржувачи, се собравме овде да ја изразиме нашата загриженост во врска со незадоволствата наталожени во текот на овие месеци во нашиот огранок, но не се само овие причини. И покрај фактите и ...

Трговската размена меѓу Русија и Кина се чини дека ќе достигне 220 милијарди долари оваа година, изјави вршителот на должноста шеф на руската Федерална царинска служба, Руслан Давидов, во средата за деловниот весник РБК. Помеѓу јануари и септември трговската размена скокна за 27 проценти или 35 милијарди долари на годишно ниво, при што Кина беше најголемиот придонесувач за севкупното зголемување на трговијата на Русија на Далечниот Исток, рече ...

„Ричард Гренел, поранешниот советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, вчера, на 26 октомври 2023 година се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со првиот вицепремиер Артан Груби.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“. „Журнал“ пишува: Гренел не открива детали на општествената мрежа инстаграм од оваа средба, но од објавената фотографија се дознава дека средбата била одржана во вицепремиерската ...

Извонредната форма сезонава Бојан Миовски ја потврди и во натпреварот со грчки ПАОК, забележувајќи по еден гол и асистенција за Абердин во поразот од 3:2 на својот стадион „Питодри“ во третото коло од Лигата на конференциите на УЕФА. Македонскиот фудбалски репрезентативец прво го отвори резултатот во 50. минута, а осум минути подоцна му асистира на Данте Полвара за зголемување на водството од контранапад, пред да ја напушти играта во 72. минута, ...

Градоначалничката Данела Арсовска повторно не се појави на седница за советнички прашања за да одговара на прашањата упатени до неа. Претседателот на Советот, Трајко Славески, објасни дека уште пред еден месец испратил допис до Арсовска во која ѝ предложил два датума за одржување на седница и побарал да посочи кој ѝ одговара, но досега не добил одговор што, според него, покажува дека градоначалничката комплетно го игнорира Советот. ...

„Прашање е на времето која од албанските партии ќе го постави прашањето на новите инструменти за заштита на правата на Албанците. Најдостапен инструмент е моделот на Асоцијација на албанските општини, според моделот предложен од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Секако албанските политички партии ќе инсистираат за овој модел во Косово, ќе инсистираат истиот модел да се примени и во Македонија.“ – пишува на својот фејсбук-профил ...

„Иницијативата на неколку скопски општини, предводени од претседатели од редовите на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, секој понеделник да се изведува државната химна во училиштата експертите за меѓуетнички прашања ја оценуваат како ‘провокативна постапка со стремеж да се потпалат односите меѓу етничките заедници’.“ – се вели во анализата, која ја објави Радио Слободна Европа на албански јазик со наслов „Химната во училиштата може да ги врати ...

Шпанскaта министерка за социјални права, Јоне Белара, повика на покренување обвинение против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, поради израелските воздушни напади во Појасот Газа. Во видеото објавено на платформата Х, левичарскиот министер рече дека ова важи и за луѓето одговорни за бомбардирањето во кое загинаа илјадници жители на Газа. Министерката од партијата Унидас Подемос, коалиционен ...

Иако и според Преспанскиот договор меѓународниот код за Македонија останува МКД, во Романија измислија нов, па во директниот пренос на интернет од натпреварот со Египет на „Трофеј Карпати“ во Плоешти македонската кадетска ракометна репрезентација ја водеа под кратенката НМА?! Подновениот состав на „црвено-жолтите“ во однос на тимот што во август го освои деветтото место на Светското првенство во Хрватска поради надминувањето на старосната ...

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи на Бугарија, Љубомир Ќучуков, ги оцени како сериозна причина за тревога како во Софија, така и во Скопје резултатите од истражувањето на јавното мислење во Македонија, во кои 79 проценти од граѓаните ја посочија неговата земја како најголем непријател. „Овие резултати јасно покажуваат присуство на негативен тренд, а понепријатното е тоа што политичките проблеми меѓу двете земји се пренесуваат врз ...

„До Кабинетот на претседателот не се доставени информации за случаи на сексуално вознемирување на припаднички на Армијата од страна на високи армиски функционери“. Ваков одговор доби Плусинфо од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски откако пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кажа дека високи офицери изнудувале секс-услуги од подредени колешки во Армијата. „Доколку постојат вакви случаи, претседателот Пендаровски смета ...

На денешната седница за пратенички прашања во собранието на Македонија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки постави две прашања до премиерот Ковачевски, дали е запознаен дека во институцијата со највисока доверба кај граѓаните има највисоки офицери кои изнудувале сексуални услуги од нивните подредени колешки и дали ќе побарате оставка од министерката Петровска за не превземање а со тоа и стимулирање на вакви и слични појави во иднина? И ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
30%
1009
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1009
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
38%
1008
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
27%
1010
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.4
33%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
43%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
52%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
41%
1009
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1008
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
41%
1009
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
46%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52