
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Европската комисија изрази изненадување и загриженост поради неодамнешните измени во Кривичниот законик во Македонија. Комесарот за правда Дидие Рејндерс изјави дека Брисел не бил консултиран пред овие амандмани да бидат донесени со европски печат. Како резултат на тоа, Комисијата ќе бара одговори од Македонија на билатерално ниво. Комесарот Рејндерс ја истакна важноста од ефективна дебата и консултации пред спроведувањето на таквите реформи. ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретнал со еден од најголемите борци за македонската кауза во светот. Средбата на лидеро на опозицијата и извесен кандидат за иден македонски премиер со Иво Најдовски Перин се случила во кабинетот на Мицкоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Иво Најдовски Перин е еден од најактивните македонски активисти кој заедно со своите македонски сонародници од Австралија, Европа, Америка, Канада и други земји досега ...
Бугарија е ставена на сивата листа на земји што подлежат на засилен мониторинг од страна на Работната група за финансиска акција (Financial Action Task Force). Државите на сивата листа имаат „стратешки недостатоци“ во нивните напори да се спротивстават на перењето пари и финансирањето на тероризмот, но соработуваат со ФАТФ за да ги надминат проблемите. Бугарија им се придружи на 22 други држави на листата, додека четири држави, меѓу кои и Панама ...
Секако дека е подготвена Државната изборна комисија за одржување на избори, таа е професионално тело и има професионална служба. Ние сме подготвени само чекаме другите детали во Собранието да се разрешат и почнеме со работа. Досега се подготвувавме и ние направивме проценка за тоа колку средства се потребни и ги направивме сите тендери и постапки за вршење на изборите“, изјави претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски во ...
Денеска претседателите на Алтернатива, Беса и Демократско движење се прошетаа во Старата скопска чаршија. Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити одржаа кафе-средба порачаа дека владината коалиција по прашањето на изборите се однесува како разгалено дете кое мисли дека ако топката привремено е во нивните раце може да условува. “Власта е делегитимирана, граѓаните едвај чекаат на избори и формално да ја отпуштат од должност. Колку побрзо се ...
Според податоците на Управата за јавни приходи, 150 компании пријавиле обврска за плаќање на солидарниот данок. 96 од нив веќе платиле, а останатите ќе си имаат работа со УЈП. – Согласно поднесените пресметки од даночните обврзници, пријавена е обврска за данок за солидарност во износ од 2.955.564.406 денари (48.057.957 евра) – велат за Плусинфо од Управата за јавни приходи. За останатите 54 компании кои пријавиле обврска за плаќање на данок, а ...
„Во недостиг на капитални проекти и инвестиции во образованието одредени градоначалници на општини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја донесоа одлуката за интонирање на химната во училиштата на нивната територија.’ – вака министерот за образование Јетон Шаќири одговори на повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да стане задолжително интонирањето на химната секој понеделник во сите училишта во земјава.“ – објави ТВ 21. Натаму ТВ 21 пишува: ...
Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, реагираше со жесток напад кон претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, откако од кабинетот на Пендаровски му било искажано „охрабрување“ „да ги достави до надлежните институции сите сознанија, кои ги има за случаи на сексуално вознемирување во Армијата, со цел да се преземат натамошни соодветни дејства“. ...
„Алкалоид“ годинава заокружи дведецениски јубилеј како дел од најреномираниот светски настан во областа на фармацијата CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржа од 24 до 26 октомври во Барселона, Шпанија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година имаше неверојатна можност да се претстави со свој штанд, од каде што недвосмислено беше пренесена најважната порака: Здравјето пред ...
„Интензивно се работи во штабот формиран во СВР Скопје. Се прибираат низа податоци и информации. Имаме осомничени лица кои би можеле да бидат сторители и се работи на утврдување на сите докази“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5 за пукањето во Ист гејт. Тој додаде дека вистински информации се само тие кои се потврдени од институциите, а шпекулации и пишувања на социјалните мрежи имало и ќе има. „Секогаш ...
Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи се обиде да манипулира за државниот долг но соочен со фактите се повлече пред уредникот на емисијата Само интервју на Канал 5 Гоце Михајловски. Запрашан за двојно зголемување на државниот долг Битиќи рече дека долгот не требало да се гледа во апсолутни бројки туку во проценти. Но кога Михајловски му ги прочита и процентите и апсолутните бројки за двојно зголемиот долг на државата направен за време на ...
„Тројцата лидери на опозицискиот блок Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши упатија обвинувања до власта, а особено кон ДУИ. Лидерот на Беса Билал Касами го обвини Бујар Османи дека се обидел да го злоупотреби претседавањето со ОБСЕ.“ – објави ТВ 21. ТВ 21 пишува: „Имаме информации дека Бујар Османи се обидел да го злоупотреби претседавањето со ОБСЕ, за да влијае врз одлуката за бројот на набљудувачи од ОБСЕ за изборниот процес. Кажуваме јасно ...
Бизнис идејата на младата Мирјана Јосифоска од Тетово е една од победничките во категоријата „зелени бизниси“ на Регионалниот натпревар „Зелени идеи од Балканот“ кој се одржа во Црна Гора. Јосифоска за својата линија на Дизајнерски шапки од отпаден текстил во рамки на Регионална награда за тетовски зелен бизнис доби поддршка од 10.000 долари, јавува порталот ,,Лице в лице”. ,,Поголемиот дел од текстилниот отпад доаѓа во помали количини, а за ...
Пред една година Миликије Халими се вработи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал. Тогаш медиумите реагираа дека таа го нема потребниот степен на образование за да конкурира за такво работно место. Сега поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, си доби нова позиција – назначена е за Генерален директор на акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на Македонија. Халими ...
Најмладите во Општина Илинден од денес ќе можат да се забавуваат во нов детски парк чиешто хортикултурно уредување е донација од „Макпетрол“. Во рамки на своите општествено одговорни активности компанијата редовно презема чекори кои што придонесуваат во справувањето со еколошките предизвици на денешницата. Оваа поддршка се реализира како дел од проектот „Зелена Општина Илинден“ во кој што „Макпетрол“ се вклучи на покана на општината. – ...
Со гаранција од 192.000 евра во недвижен имот, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, повеќе не е во куќен притвор и правосилниот исход во случајот „Софтвери“ ќе го чека од слобода. Случајот со набавката на софтверот од 81.000 евра, кој никогаш не бил ставен во употреба, беше обелоденет на почетокот на март 2021 година. Покрај овој тендер, во летото 2019 година, Рашковски донел уште две одлуки за јавна набавка за работи ...
Примерот со една од најмалите општини во Македонија покажува дека и градоначалници на мали општини прават голем непотизам. Ваков случај според неговите соселани е првиот човек на општина Маврово – Ростуше кој си ја земал фамилијата на шетање во странство. Градоначалникот Медат Куртовски, неговата сопруга и двете ќерки се дел од делегацијата на Општина Маврово и Ростуше која се наоѓа во посета на општината Маниса, во Република Турција. Додека ...
Холандскиот премиер Марк Руте и порача на Европската комисија да го затегне ременот, наместо да бара од земјите на ЕУ дополнителни средства. Тој коментирајќи го предлогот на ЕК за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на Унијата за периодот 2021-2027 година, со кој се бараат дополнителни 66 милијарди евра, рече дека тие треба да се покријат со пренамена на буџетските пари. „Значи, нашите три приоритети се: пренамена, пренамена и ...
ЕУ уште еднаш ни порача дека не ги имаме завршено домашните задачи во однос на реформите во правосудството. За враќањето на довербата неопходни се силни заложби и преземање на конкретни мерки и активности од сите фактори. Ова накратко се заклучоците и упатените пораки од учесниците на вториот ден на министерскиот форум „ЕУ – Западен Балкан за Правда“,на еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс и министрите за правда на Шпанија и на Македонија, ...
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска во Софија ќе оствари средба со Цветан Симеонов, претседател на Бугарската трговско-индустриска комора. На состанокот, покрај темите поврзани со унапредување на можностите за соработка меѓу македонските и бугарските компании, ќе се разговара и за оправданиот страв од нов ценовен шок за македонските компании кои користат природен гас, поради воведената вонредна енергетска ...
Само некој што почувствувал на своја кожа ги разбира семејствата на жртвите од скандалот на Онкологија. Ова може да се заклучи од говорот на пратеничката Рашела Мизрахи која воедно е и претседателка на анкетната Комисија во Собрание за случувањата на Онкологија. Мизрахи вели дека токму нејзиниот татко починал на оваа клиника, и затоа по секоја цена ги бара одговорите. -Мојот татко почина на Онкологија во 2021 година, шест дена беше на таа ...
Грманците се жалат дека им е тешко со плати над 2.000 евра, но што да кажеме ние со минималец, односно со ниски примања со кои, барем повозрасните граѓани, не можат ниту лекови да си купат, а камо ли нормално да го истуркаат месецот. Дека животот во Германија станува потежок, се жалат и тамошните граѓани. Месечните примања на многумина не им се доволни за живот, а пензионерите се меѓу групата која едвај преживува. Германските медиуми често ...
Премиерот Димитар Ковачевски денеска не ја отфрли категорично понудата на опозицијата за двојни редовни претседателски и парламентарни избори напролет. Ковачењвски истакна дека може да се разговара за финесите за датумот за изборите, но датумите да бидат во рамки на законските прописи. Тој кажа дека вчера се сретнал со претседатели на партии од владејачката коалиција, меѓу кои и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но не сподели повеќе детали. Единствено ...
Мерката за намалени цени на основните прехранбени производи и алкохолните и безалкохолните пијалоци ќе важи до крајот на годинава, што од 20 септември се продаваат со ознаката „гарантирана цена“, а укината е одлуката за забрана на акции и промоции од страна на производителите и дистрибутерите, одлучи Владата. Од дел од бизнис-секторот чија дејност е производство на прехранбени производи велат дека чувствуваат негативни последици од мерките. ...
Во Македонија нема ни „Д“ од демократија и земјава оди во тотално погрешен правец оти нема професионалци луѓе на челните државни функции, реагираат граѓаните кои ги сними Алфа, кои како што велат, крајно се разочарани од нефункционалниот систем. Велат дека мора да има политичари кои ќе се грижат за народот, а не само да го доограбуваат и онака осиромашениот граѓанин. Покрај што Македонија е недемокрастска земја, проблем е и нормалното живеење, ...
По одлуката на општинските власти во општините Аеродром и Гази Баба секој прв понеделник во месецот, наставата да започнува со интонирање на државната химна на Македонија, реагира градоначалникот на општина Тетово. Билал Касами смета дека додека се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна. „Македонија е мултиетничко и мултикултурно општество. Се додека државната химна го ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одби да ги потпише плановите за копнена операција во Појасот Газа, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на свои извори. поред весникот, Нетанјаху стравува од одговорност доколку копнената операција не успее. Се вели дека израелското политичко и воено раководство сè уште не одлучило како, кога и дали воопшто е неопходно да се спроведе копнена операција во палестинската енклава. Израелската армија, лоцирана ...
Менталното здравје кај тинејџерите е на многу ниско ниво, покажува студијата „Однесување поврзано со здравјето кај деца на училишна возраст (ХБСЦ)“. Според податоците се множат факторите кои влијаат на нарушувања на менталното здравје на младите од 11 до 15 години. Најголем пораст кај девојчињата на 15 години. Споредено со просекот од 28% од 15-годишните девојчиња кои изразуваат чувства на осаменост, во земјава таа бројка е 31%. Секое трето ...
Македонија со допис до Енергетската заедница, до Европската комисија и до Софија бара да ја преиспитаат давачката во делот на количините со кои се снабдува земјава, објави Дојче Веле. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев категорично демантира дека новата давачка од 20 лева (10 евра) за мегават час за транзит на рускиот гас низ Бугарија ќе ги зголеми цените за Македонија, Србија, и Унгарија. Македонскиот министер за економија Крешник ...
Во рамките на SUBEX – Suppliers Balkan Expo, традиционално организиран од страна на AHK – Делегацијата на германското стопанство, кој оваа година се одржува два дена, на 25 и 26 октомври во хотел Хилтон во Скопје, се одржа и панел дискусија за искуствата од дуалното образование по германски модел. Со оглед на тоа што „Витаминка“ АД е една од компаниите кои што директно се вклучени во програмата и успешно ја спроведуваат веќе четири години со ...