
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Доколку тој биде реизбран за претседател, Доналд Трамп вети повторно воведување на контроверзната забрана за влез во САД на граѓани од голем број претежно муслимански земји, . „Ќе ги држиме радикалните исламски терористи по ѓаволите надвор од нашата земја“, рече Трамп пред публиката што присуствуваше на годишниот самит на Републиканската еврејска коалиција. „Се сеќавате на забраната за патување? На првиот ден ќе ја вратам забраната за патување“. ...
Велешката компанија БРАКО е еден од стопанските партнери во програмата за Дуално стручно образование и изминатите неколку години активно учествува во создавање на стручен кадар од областа на современото машинство. На првите техничари образувани во БРАКО во рамките на програмата за Дуално стручно образование по германски модел, свечено им беа доделени сертификати во рамки на бизнис настанот Suppliers Balkan Expo -SUBEX, организиран од ...
Израелските воени акции во Појасот Газа отидоа предалеку и ќе ги вовлечат другите во конфликтот, предупреди иранскиот претседател Ебрахим Раиси. „Злосторствата на ционистичкиот ентитет, хуманитарните и воените, ги преминаа црвените линии што може да принудат секого да дејствува“, рече Раиси во интервју за телевизијата Ал Џезира. Раиси со тоа ги повтори предупредувањата на политичкото и военото раководство на Иран насочени кон Израел и САД по ...
Претставници на Владата и претседателот на државата, да инсистираат Македонија да ги почне преговорите со ЕУ без какви било условувања и барања кои не се дел од Копенхашките критериуми, бараат од Демократскит сојуз во пресрет на денешната посета на Урсула Фон Дер Лајен. „Македонија од 2006 година направи повеќе непринципиелни отстапки, промена на знамето, Уставот и името на државата, со кои се загрозуваат нашите идентитетски вредности. ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сам има огромна предност пред 4 првенци на СДСМ заедно покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања ИПИС од Скопје. Според анкетата во убедливо водство на листата на лидери со најголема поддршка од граѓаните е Мицкоски со 16,5 проценти додека неговиот главен ривал премиерот Ковачевски има само 5,6 проценти доверба. Сите четири првенци на СДСМ кои се појавуваат на анкетата покрај ...
Односите меѓу Израел и Турција паднаа на ново ниско ниво бидејќи израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан го казнува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради неговите неодамнешни забелешки против Израел велејќи: „Змијата ќе остане змија“. Ердоган го обвини Израел дека е „воен злосторник“ и „окупатор“ за време на неговиот едночасовен говор на пропалестинскиот митинг каде што исто така го потврди својот став дека Хамас не треба да биде ...
Сите три партии од власта СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците заедно имаат значително помалку поддршка меѓу граѓаните од сама ВМРО-ДПМНЕ покажува новата анкета на Институтот за политички истражувања ИПИС од Скопје. Според анкетата во убедливо водство што им гарантира создавање на нова влада е ВМРО-ДПМНЕ со 20,3 проценти поддршка. Втора е СДСМ со 11,3, ДУИ е на трето место со 5,6 а Алијанса за Албанците има 2 проценти поддршка. Сама ВМРО-ДПМНЕ има ...
„Иако го осудуваме тероризмот, многу сме јасни кога велиме дека не се согласуваме дека на тероризмот може да се одговори со кршење на нормите на меѓународното хуманитарно право, вклучително и неселективна употреба на сила врз цели каде што има цивили, меѓу кои и заложници, а напаѓачите го знаат тоа“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. „Невозможно е да се уништи Хамас, што Израел одлучи да го направи, без да ја уништи Газа заедно ...
„Именувањето на Миликије Халими за нов директор на АД Аеродроми спаѓа во рубриката верувале или не. Поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС после мандатот ја именуваа за инспектор во Царинска управа со средно школо, а сега догура до позиција директор на Аеродроми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со што Миликије ја заслужи оваа позиција? Кои се нејзините квалитети, токму таа да биде избрана? Дали има соодветни вештини, знаење или ...
Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека Starlink на SpaceX ќе ги поддржи комуникациските врски во Газа zа „меѓународно признати хуманитарни организации“. Прекините телефонски и интернет врски ги изолираа луѓето во Појасот Газа од светот и едни од други во саботата, при што повиците до најблиските, службите за итни случаи или колегите на друго место беа речиси невозможни откако Израел го прошири својот воздушен и копнен напад. Израел ...
Военото крило на Хамас објави дека е подготвено да ги ослободи заложниците земени за време на нападите врз Израел на 7 октомври во замена за ослободување на сите Палестинци затворени во Израел. „Цената што треба да се плати за големиот број непријателски заложници во наши раце е да ги испразниме затворите“ на палестинските затвореници, изјави воениот портпарол на Хамас Абу Обеид во снименото видео емитувано на телевизијата Хамас Ал Акса. „Ако ...
Независниот полициски синдикат најави дека на Триумфалната порта во Скопје ќе постави бројчаник кој ќе го прикажува бројот на напади врз полициски служебници. „Крајно сериозна и загрижувачка е состојба со нападите врз полициските службеници кои веќе ја стигнаа бројката од 7 напади во 5 дена“, велат од Независниот синдикат на полицијата, пренесува Плусинфо. Од Независниот синдикат на полицијата најавуваат дека ќе постават бројчаник кој ќе го ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигнува во официјална посета на земјава, од каде ја започнува четиридневната турнеја низ Западен Балкан. Шефицата на ЕК денеска ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски, додека утре ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски. Фон дер Лајен од Скопје, ќе отпатува за Приштина, а потоа ќе ги посети Подгорица, Белград и Сараево. Посетата, како што е ...
Турција денеска слави голема годишнина – пред точно 100 години, реформаторот Мустафа Кемал, наречен Ататурк (Татко на нацијата) ја прогласи земјата за република. Предвидени се прослави низ целата земја за националниот празник, вклучително и импресивни воени паради од воздух и вода. Претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе им се обрати на народот со специјално „обраќање по повод 100-годишнината“. Тој ќе ја следи парадата на турската морнарица и ...
„Во интервју за Еуроњуз Албанија лидерот на Демократското движење Изет Меџити упати критики до раководителите на Владата. Тој ги заснова своите обвинувања врз забелешките на меѓународната заедница до власта дека го злоупотребува европското знаме за прикривање на корупцијата. Меџити рече дека ДУИ, иако секојдневно зборува за европските вредности, го прави спротивното од тоа за што зборува. Меѓу другото, тој нагласи дека поранешниот режим на ...
На Македонија и се потребни големи реформи. На Македонија и се потребни големи работи. На Македонија овој пат и е потребна трансформација. Но, за да се случи таа трансформација и сето ова кое што и е потребно на нашата Македонија многу е важно таа победа да биде изразена во голем број на пратеници, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред присутните граѓани во општина Илинден во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат ...
Посетата на американската амбасадорка Анџела Агелер на Врховниот суд не била ниту редовна нити вообичаена туку одговор на вонреден апел за помош од дел од судиите во судот кој е крајна инстанца за судските процеси во Македонија. Посетата на Агелер се случила на барање на судии кои се под жесток притисок од владата, тврдат извори во Врховниот суд кои велат дека претходно до амбасадорката било упатено барање за помош преку политичкиот оддел во ...
МВР во својот билтен го потврди стравичниот инцидент во Струга кој се случил вчера во службата за итна помош. ,,На 27.10.2023 во 13.40 часот, во Општата болница во Струга, лишен од слобода е Б.Х.(49) од струшкото село Велешта. Тој, претходно во просториите на Итната медицинска помош, го нарушил јавниот ред и мир и физички нападнал две вработени лица, а потоа и полициски службеник кој, преземал службени дејствија. По целосно документирање на ...
Адвокатот од Скопје, Миле Наумовски, денеска ја повлекол иницијативата што ја поднесе до Врховниот суд за утврдување начелен став и начелно правно мислење за помилувањата од поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов, објави „360 степени“. Оваа иницијатива од многумина беше протолкувана како обид за оживување на аболициите. На прашањето зошто се одлучил на ваквиот чекор, Наумовски одговорил дека причината се донесените измени на Кривичниот ...
Независниот полициски синдикат денеска најави дека на триумфалната порта во Скопје ќе постави бројчаник кој нема да ги мери вратените украдени пари во буџетот туку бројот на напади врз полициски служебници. „Крајно сериозната и загрижувачка е состојба со нападите врз полисиските службеници кои веќе ја стигнаа бројката од 7 напади во 5 дена“, додадоа од независниот синдикат на полицијата. Од независниот синдикат на полицијата најавуваат дека ќе ...
Страшни сцени се случувале вчера во струшката болница кога жител на селото Велешта предизвикал тежок инцидент во кој две три лица се лесно повреени. Во инцидентот е предизвикана и финансиска штета откако напаѓачот кршел инвентар, столици и медицински колички за пренос на пациенти. Велештанецот со иницијали Б.Х. незадоволен од третманот што го добил во болницата нападнал и претепал двајца лекари. За малку во нападот е избегната трагедија откако ...
Иницијативата „Борба за Влае“ најавува протестен собир утре (29 октомври) од 11 до 13 часот на Плоштадот „Делфина“ во населбата Влае на кој ќе го покажат незадоволството од постапката за носење нов Детален урбанистички план. Според нив Општината Карпош се обидува на државно земјиште да протурка ДУП со џиновска зграда и неколку помали згради. „Влае порано беше позната по широките зеленила, секоја улица имаше лулашки и кошеви за неа, улици по кои ...
Ние подолго време предупредуваме дека ние како држава сме презадолжени и навистина влегуваме во црвена зона, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Петровец во рамки на кампањата Важно е! Од тебе зависат промените, одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за состојбата со задолжување од страна на владата. Мицкоски потенцираше дека владата на многу чуден начин го зголемува прагот на домашното задолжување ...
Невена Георгиевска, од О2 иницијативата, на социјалните мрежи реагира дека во Скопје се сечат дрвја без решение, а објави и фотографии. „2 Каталпи исечени на бул. Партизански одреди, побарав решение, немало одговорни за тоа, беше само 1 одговорна за транспорт на дрвјава. Одговорот беше по наредба нa Данела Арсовска. Проверив во решенијата за сечење на дрвја на страната на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, не постои решение за сечење на 2 каталпи на Партизанска. ...
Па да бидеме чесни очекувам претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен дека ќе излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ и дека без дополнителни условувања со кои што е соочена нашата држава ќе ги отпочнеме преговорите, иако сум свесен за многуте недостатоци кои што ги имаме на домашен план поради неработењето на корумпираната влада на СДСМ и ДУИ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ...
Власта и опозицијата никако да се усогласат во која работна група ќе се договара датумот за изборите. Откако премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вчера на ВМРО-ДПМНЕ и порача да делегира претставници во работната група во министерството за правда која работи на измените на Изборниот законик, а каде, според него, би се договарале и датумите за изборите, лидерот на опозицијата. Христијан Мицкоски, денеска му одговори дека тоа не е ...
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари упати „итна молба“ до граѓаните на северниот дел на Газа и градот Газа „веднаш“ да заминат на југ. Во објава на X, Хагари истакна дека ќе можат да се вратат во своите домови кога ќе завршат „интензивните непријателства“. Тој додаде дека Хамас ги става во опасност нивните животи ставајќи оружје во цивилни области и оти Израел нема да ги заборави бруталните напади на групата на 7 октомври. – Вашиот ...
Поради непочитување на одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти, два маркета од Струга добија парични казни по 3.200 евра, а еден и забрана за работа, објави СДК. Како што пишува порталот, пазарниот инспекторат во Струга изминатиов месец спроведува засилени контроли за крајните продажни цени во маркетите. Оттаму велат дека дел од трговците не ги намалиле за 10 отсто пијалоците, овошјето и зеленчукот, а во ...
На граѓаните им треба реално намалување на цените и повисоки плати, ако сакаат да достоинствено да живеат, а не само да преживуваат. Ова е ставот на бизнис заедницата која е против замрзнување на цените на производите, оти, како што вели, тоа не може да опстане да долг рок. Миле Бошков од организацијата на работодавачи на Македонија, во разговор за Алфа вели дека Владата мора да носи реални, а не популистички мерки за помош на стопанството и ...
Фрчко во ООН гласаше “воздржано” за Резолуцијата за итен прекин на огнот меѓу Израел и Газа. Брука! -вели претседателкта на „Глас за Македонија во објава на Фејсбук. „Значи Македонија не е за мир, туку за гинење на цивили од двете страни! Значи Македонија е за ескалација на конфликтот со несогледиви последици! Значи Македонија е против хуманитарна помош! Значи Македонија е против ослободување на заложниците! Значи Македонија повторно оди против ...