„По изборите во 2024 година, ако новата власт целосно не ги промени досегашните апсолутно погрешни политики, бришењето на македонизмот и конечното затворање на „Македонското прашање“ ќе бидат неизбежни, многу брзо. Време за губење веќе нема. Мора веднаш да се започне со откажување на договорот за (не)пријателство со Бугарија и со ревизија на договорот од Нивици. Македонија нема друг излез. Само на тој начин ќе стане неупотреблива и ...

Во Собранието има мнозинство пратеници кои можат да донесат одлука за распуштање на Парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг претседателски и парламентарни избори во ист ден, велат од Демократскиот сојуз. „Од 13 март 2024 година почнуваат уставните и законските рокови за одржување претседателски избори, при што парламентарните партии кои можат да формираат мнозинство за распуштање на Парламентот треба да го утврдат ...

Учебникот по историја и општество за петто и шесто одделение заглавен во фиоките на институциите, кои никако да се решат да го испечатат. Министерството за образование и наука утре ќе ја почне постапката за изработка на учебници за седмо одделение кои ќе се користат идната учебна година, откако Бирото за образование и наука минатата недела ги достави до МОН наставните програми за седмо според Концепцијата за основно образование која се ...

Банкарството било и ќе биде еден од најпрофитабилните бизниси во земјава, како и дека македонските банки не ги бие ниту криза, ниту инфлација (напротив, токму таа е посредната причина што тие станаа уште побогати), а не ги „изби“ ниту солидарниот данок, кој одлеа значајни финансиски суми од многу други македонски индустрии чии лански приходи беа значајно зголемени, пишува Фактор. Сите 13 македонски банки во првите девет месеци од годинава ...

Рекордно висок план за трошење за идната година подготви Владата. Уверуваат дека скроиле државна каса која ќе донесе повисоки плати и пензии и повисоко ниво на инвестиции, но и ќе не задолжи над една милијарда. За опозицијата, Буџетот е напумпан а не развоен : – 5,5 милијарди за расипништво, криминал корупција во 2024-та, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе. Ковачевски, СДС и ДУИ за 2024-та година проектирале 5,5 милијарди евра за ...

Најверојатно поранешната управна зграда на „Еуростандард Банка“ конечно ќе добие нов сопственик. На 17.11.2023 одборот на доверители на Банката повторно ќе одлучува по повод третата јавна лицитација, и ќе гласа за брза продажба на зградата на „Еуростандард Банка“, во надеж дека брзо потоа ќе започне и обештетувањето на сите доверители, пишува порталот Пари.мк. “На последното собрание на доверители на Еуростандард Банка одржано на 15.09.2023 по ...

Дали хидроцентралите „Тиквеш“ и „Чебрен“ треба да завршат кај странски инвеститор?! Земјава повеќе губи отколку што добива со давањето на ХЕЦ Тиквеш како залог за државниот удел во енергетскиот проект ХЕЦ Чебрен, и подобро би било да најде пари за самата да ја изгради оваа хидроцентрала, објави ПлусИнфо. Оваа хидроелектрана во никој случај не треба да прејде во рацете на странскиот инвеститор бидејќи тоа ќе влијае на крајната цена на струјата на ...

Ова вчера го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Дојче веле. „Апсурдно“ е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го обвинува Израел за фашизам, вели Шолц. Тој инсистираше на тоа дека Израел е демократија и „држава која е обврзана со човековите права и меѓународното право и постапува соодветно“ и ги отфрли обвинувањата како апсурдни. Шолц во петок треба да го пречека Ердоган во Берлин на разговори. На 10 ноември, Ердоган рече ...

Израелските војници убија неколку милитанти на Хамас на почетокот на „рацијата“ во болницата Ал Шифа во средата, каде што илјадници палестински цивили – пациенти, раселени лица и медицински персонал – се заробени за време на неколкунеделните борби. Израел рече дека ја започнал рацијата бидејќи Хамас има команден центар под Ал Шифа и користи поврзани тунели за да ги прикрие воените операции и да држи заложници. Хамас негира, објави Ројтерс. „Пред ...

ПрофесоркатаМирјана Најчевска со свој коментар на Фејсбук по низата изјави на политичари од албанскиот политички блок во Македонија дека се „господари“ или дека владеат со Македонија. Ахмети: Избравме Албанците да бидат господари во Македонија „Ме прашуваат дали е нормално ова што го прават етничките Албанци во Македонија (националистичката еуфорија, крадење на се што ќе дојде до рака, уништување на јавното добро, криминализација на политиката). ...

На предлог на Министерството за култура, Владата донесе Одлука за основање национална установа „Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ во Коџаџик, општина Центар Жупа. Мустафа Ќемал Ататурк, кој се смета за татко на модерна Турција, по таткова семејна линија потекнува од селото Коџаџик кое се наоѓа во областа Жупа во Дебарско, Македонија, каде во август 2009 г. се подигнаа темелите на куќата на семејството на неговиот татко Али Риза Ефенди. Како ...

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, пристигна во Сан Франциско, каде што ќе учествува на состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC). Предвидено е тој да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. Ова е прва посета на Кси на САД од 2017 година, кога републиканскиот претседател Доналд Трамп беше во Белата куќа. Си ќе се сретне со Бајден утринава на непозната локација во пошироката област на Сан Франциско. ...

Индискиот магнат и основач на „Сахара Индија Паривар“, почина вчера на 75-годишна возраст, соопштуваат од „Сахара Груп“, јавуваат медиуми Субрата Рој стана познат на македонската јавност од пред десетина години кога тогашниот премиер Никола Груевски го најави како голем инвеститор во Македонија, но тие инвестиции никогаш не се реализираа. Во соопштението се вели дека тој починал од срцев удар во болница во Мумбаи каде бил примен на 12 ноември, ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата ...

Сопругата на Миле Јанакиески, Сања, вечерва објави видео преку кое на јавноста сака да и прикаже како течела голготата на неговото семејство пред да стане јасно дека екс министерот за транспорт за врски бил незаконски тормозен и држен во притвор. Сања Јанакиеска и покрај неправдата сторена кон нејзиниот сопруг не бара одмазда ниту упатува злобни пораки кон никого. ,,Тешко е само да се изгледа ова видео од 5 минути, а камоли сето тоа да се ...

Нови 350 илјади евра ќе даде Владата да ги убедува граѓаните за убавината од членството во Европската Унија. Малку беа 80 илјади евра од Секретарјатот за европски прашања на Бојан Маричиќ и кампањата „Ние сме Европа“, па сега Владата ќе троши уште повеќе народни пари. Владата ќе не убедува дека ЕУ е позитивна работа, иако мнозинството граѓани не го ни спорат членството туку патот до него односно преговарачката рамка и бугарските уцени. Од ...

Владата денеска одлучи работното време на сите вработени во државната и во јавната администрација на територијата на Скопје на 29 ноември 2023 година (среда), да заврши во 12 часот, а 30 ноември 2023 година (четврток) ќе биде неработен ден за сите вработени во државната и во јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Причината за ваквата одлука е одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и на ...

По низата труења во Хрватска, надлежните забранија уште еден пијалок. Се работи за безалкохолниот енергетски пијалок „Prime“. Власта смета дека воопшто не би требало да го има на полиците во маркетите или да се продава во Хрватска, а причина за тоа се недозволените состојки, пренесува jutarnji.hr. Според Државниот инспекторат, Санитарни инспектори вршат инспекциски надзор во врска со енергетските пијалоци со недозволена состојка Л-теанин, чија ...

Како локална самоуправа се потрудивме да го прикажеме она што сме го реализирале за овие две години. Добивме и искрена поддршка за сработеното досега, но меѓутоа и за она што треба заедно допрва да го сработиме, а не очекува уште многу. Јас од ова место ви ветувам дека Битола веќе е препознатлива по работите кои што се случуваат“, истакна Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола при средба со граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од ...

Американскиот претседател Џо Бајден им испрати порака на надеж на заложниците на Хамас киднапирани во Израел за време на нападите на 7 октомври. На новинарско прашање, по обраќањето за климатските промени, за заложниците кои се киднапирани повеќе од пет недели, Бајден рече дека „разговарал со надлежните луѓе секој ден“. – Верувам дека тоа ќе се случи, но не сакам да навлегувам во детали – рече тој. За семејствата на повеќе од 200 заложници, ...

Денеска сме тука како резултат на теренската акција која ја спроведуваме низ Македонија, разговаравме со многу групи на битолчани, со здравствени работници, со луѓе од РЕК Битола со енергетичарите, разговаравме што не чини и што е важно во програмата на ВМРО-ДПМНЕ да се најде за дел од овие работи да бидат коригирани, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓаните од Битола во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“. ...

Во буџетот за следната година се планирани пари и за двата изборни циклуса кои треба да се случат во 2024 година. – Двата изборни циклуса – претседателски и парламентарни, државата ќе ја чинат 1 милијарда денари (16,25 милиони евра). Еден изборен циклус чини 500 милиони денари, а двата циклуса ќе чинат 1 милијарда денари – рече министерот за финансии Фатмир Бесими. Бесими рече дека Државната изборна комисија го побарала овој износ на пари. ...

Како никогаш претходно во неговата политичка кариера за нешто повеќе од 100 денови пропаѓаат дури три круцијални политички планови на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Последниот план Последниот план на Ахмети со кој тој требаше да ја обезбеди својата нова победа на следните парламентарни избори пропадна минатата недела кога тој, како што тврдат извори во Алијансата за Албанците, отишол лично во седиштето на Таравари да му нуди коалиција. Планот ...

Турција поднесе тужба против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, обвинувајќи го за геноцид во Појасот Газа, изјави Метин Кулунк, адвокат на владеачката Партија на правдата, на социјалната мрежа Икс. „Денеска, застапувајќи ја совеста на граѓаните на Република Турција, поднесовме тужба против Хитлер на 21 век – израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кому мора да му се суди за геноцид што го направи ...

„Европскиот сојуз за промени ја повлече поддршката за уставни измени! Албанската опозиција оценува дека Владата не е подготвена за промена на Уставот, па затоа отсега нема да ја има поддршката од Европскиот сојуз за промени кој во Собранието има 6 пратеници.“ – објави ТВ Алсат. ТВ Алсат пишува: Лидерот на Движењето Беса Билал Касами изјави дека тоа што Владата покажала резервираност за менувањето на терминот „20 проценти“, со кој во Уставот се ...

Во Крушево почнува битка за хотелот Монтана и црквата Света Троица во дворот на овој туристички објект. По информациите дека инвеститори блиски на фирми кои се инволвирани во корупција и лица кои можат да се најдат на црната листа на САД за корупција, денеска во Крушево и особено во партиската организација на СДСМ се случува тензија и судир меѓу членовите. Дел од граѓаните не сакаат сомнителни бизниси да станат сопственици на хотелот Монтана во ...

Владата го прифати новиот Закон за вино, кој во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство. Овој нов предлог закон за вино е на страна на лозарите и решава уште еден нивен проблем, а тоа е откупната цена. Со новиот закон за вино, за првпат, ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на ...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција рече дека СДСМ ќе излезе со свој став во однос на тајмингот и моделот за изборите. – Во однос на изборите, на тајмингот и во однос на моделот, дали одвоени или заеднички, тоа ќе биде одлучено на заедничка средба меѓу сите политички партии што учествуваат во овој изборен циклус. Различни партии имаат различно гледање во однос на законските обврски во однос на трошоците кои произлегуваат, ...

Судиите кои незаконски судeле притвор сега да ја платат отштетата за Јанакиевски наместо граѓаните преку буџетот, смета скопскиот адвокат Јанаки Митровски Судиите треба да одговараат затоа што суделе притвори за Миле Јанакиески во ситуации кога тој веќе бил во притвор за други предмети и согласно законот, Владата треба да бара парите кои што ќе му ги исплатиме на поранешниот министер Јанакиески како отштета да им се наплати на судиите, смета ...

„Речиси е неможно да се поверува дека ќе се пресече бесрамната папочна врпца Брисел-Скопје, којашто ја храни оваа коруптивно-криминална мафија. На неморалната бриселска гарнитура ѝ треба ваква криминална македонска власт, каква што им помогнавме да си сместат во Скопје. Целиот трагикомичен евроинтегративен процес на Македонија би морал веднаш да заврши. Или да биде ставен во мирување до нормализирањето на состојбата во државата.“ – вели Златко ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
67%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.68
75%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
80%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
75%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
88%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
55%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52