Нема повисоки плати за функционерите следната година, но не е предвидено ни нивно намалување. Во предлог буџетот обезбедени се 15 милиони евра за повисоките примања на над 1.000 избрани и именувани функционери. Иако Владата најави дека бара начин како да си ги намалат примањата, работната група се уште не доставила предлог. Процедурата е сложена, велат од влада, треба да се менуваат 7 закони, затоа постапката тапка во место. Од Министерството за ...

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември (четврток) се определува за неработен ден. Истиот нема да се одработува, известува Министерството за труд и социјална политика, врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата, одржана во вторникот. – Оваа одлука се однесува и на основните и средните ...

Само слушаме, но никако да промениме нешто за развој на нашата земја. Веќе седум години слушаме најави за развојни буџети, на почетокот на мандатот се ветуваа стапки на раст повисоки од 5%, за да просечната стапка на раст на БДП се сведе на повеќе од скромни 1,62 %, во услови на речиси дуплиран јавен долг и потрошени повеќе од 20 милијарди евра, нашиот развој се сведе на тоа да Република Албанија ја надмине Македонија по стапката на БДП по глава ...

Власта планира да потроши повеќе пари од што има на располагање. Предлог буџетот за 2024 година според Владата треба да изнесува 5,5 милијарди евра, но во каледарската година од Илинденска број два велат дека ќе соберат пет милијарди евра во државната каса, објави Денар. Математиката е лесна и вели половина милијарда евра недостасуваат за да се исполнат сите цели за следната година. Но, тоа не е проблем за ниту една Влада, пари во банките ...

Бараме 30% повисоки плати за здравствените работници и бенефициран стаж, ако власта нема слух ќе има протестен марш, велат од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија, од каде најавија протести во самите здравствени установи, за време на паузата. Гоце Делчев, главен генерален координатор на сите независни синдикати во конфедерацијата во КСОМ и претседател на Независниот синдикат на полицијата, информираше дека е донесена одлука ...

Првиот финансиер, ресорниот министер за финансии Фатмир Бесими, при претставувањето на Буџетот за в година не беше доволно јасен и ја збуни јавноста во врска со висината на платите на функционерите. Едно е сигурно, и во буџетот за следната година платите за функционерите се пресметани со зголемувањето од 78 % кое почна да се применува во март 2023-та. Заклучокот може да се изведе од ставот на Финансии, од каде . велат дека државната каса за до ...

Колку долго ќе чекаат 6 ленти и 2 трамвајски линии Градот да ги поврзе во сообраќај? Ако се суди според искуство, нема да е за скоро. Инвеститорите од „Лимак“ според договореното со Град Скопје ја изградија подземната сообраќајница под мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, но ништо не е мрднато од место кога станува збор за кружните текови на источната и западната страна од објектот, кои требаше да ги изгради Градот, објави ...

Компанијата за електрична енергија која е најголем должник на данокот за солидарност, сеуште го нема платено, иако рокот е одминат уште минатиот месец, вели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во денешното интервју за „Гласот на Америка“. – Најголемиот должник всушност претставуваше трговија со електрична енергија и изнесува 294,6 милиони денари кој што треба да плати данок на солидарност и очекувам дека тоа ќе се заврши ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кани на двобој колега пратеник и двајца правници кои според него го осудиле. Предходно пратеникот Мартин Костовски избегнал ТВ дуел со Петрушевски кој беше осуден за клевета од кумановскиот судија Неџат Мемети иако има имунитет затоа што исказот за кој е осуден е кажан од собраниската говорница. ,,Мартин Костовски вечерва избега од јавно соочување со мене. Очигледно му недостига храброст и знаење. ...

На 77-годишна возраст денеска почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов-Дац. Пријатели и колеги се простуваат од големата легенда на социјалните мрежи. „Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук. Роден беше 1946 год во с.Панчарево пехчевско, Јовановски актерската кариера ја започнал на сцената на Народниот театар во Штип, каде ...

Финансискиот логистичар за скандалозните трошења на министерот Бујар Османи во министерството за надворешни работи доби висока дипломатска функција. Актуелниот директор за организациски работи во МНР Идриз Фазлиоски со одлука на владата е поставен за Генерален конзул на Македонија во Истанбул, Република Турција. Одлуката за именување на Фазлиоски на високата дипломатска функција како тој нема големо искуство во дипломатијата е донесена вчера на ...

Ова го соопшти српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ кој најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ. „Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа“, нагласи Весиќ во изјава за белградски медиуми. Според него во тек е проектирањето на делницата Ниш – ...

Во периодот од првите десет месеци од годинава издадени се 3.688 согласности за унифицирана дозвола за престој и работа за граѓаните на Северна Македонија, што е за 40,3% повеќе во однос на истиот период лани, вели в.д. генералната директорка на Заводот за вработување на Република Словенија, Грета Метка Барбо Шкербинц. Впечатоците во Македонија од последната манифестација „Живот и работа во Словенија“ се многу позитивни. Но, што велат вашите ...

„Без уставните измени европскиот пат е блокиран. Пречка за одобрување на уставните измени е намерното блокирање на евроинтеграциите.“ – нагласено е на средбата на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, кој, придружуван од шефот на својот кабинет Артан Груби, водеше тричасовни разговори со францускиот специјален преставник за Западниот Балкан, амбасадорот Рене Троказ. На средбата, одржана во француската резиденција во ...

Каква ли магија му фрлаат од Мала Речица на премиерот Ковачевски што тој по само една реченица од таму ,,се помочува” на десетици свои изјави. Една изјава од ДУИ и Ковачевски го промени ставот односно народно кажано поплука се што тој и СДСМ зборуваа цела година за организирање посебни парламентарни и претседателски избори. Со својата нова позиција Ковачевски ги понижи и неговите партиски портпароли и неговите партиски колеги кои упорно веќе ...

Добро, каде може да се најде целосниот текст на предлогот на буџетот за 2024 година, прашува професорката Мирјана Најчевска, по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими дека „Буџетот за 2024 е развоен, целосно се обезбедени повисоките пензии и плати, 733 милиони евра капитални инвестиции…“ „Ма, не ме интересира што тресе Ковачевски и како мали Џокица ни го раскажува текстот на Буџетот. Ме интересира да го ...

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најавуваат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје утре, 17 ноември 2023, во 11 часот. „Да го кренеме гласот против судската пракса воведена со пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија со која судот си додели улога да одредува кој смее, а кој не смее да биде новинар. Судот нема право да утврдува кои онлајн медиуми и граѓански ...

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања објави дека од 24 болници во северниот дел на Појасот Газа – во градот Газа и околината – остана само една која прима нови пациенти, преннесуваат медиуми. Според ОН, 18 болници се целосно затворени и евакуирани. Пет други болници, вклучувајќи ја и најголемата во градот, Ал-Шифа, обезбедуваат само основна нега на пациентите. „До овие болници нема пристап, немаат струја и не ...

Американскиот претседател Џо Бајден по втор пат оваа година го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг „диктатор“. „Тој е диктатор во смисла дека раководи со земја, која е комунистичка и има сосема поинаква форма на владеење од нашата“, рече Бајден на прес-конференцијата по средбата со Си. Двајцата претседатели вчера се сретнаа во Сан Франциско и се согласија да ги обноват воените комуникации на високо ниво. Бајден рече дека САД и Кина мора да ...

Јовески не може да ги спаси актерите во аферата која опозицијата ја нарекува,,Диво Месо” и омилената веледрогерија на СДСМ, стои во најавата за нова истрага за Онкологија кога ќе падне оваа власт. На Онкологија се набавувале лекови од омилената веледрогерија на власта по цени повисоки од тие кои ги дозволувал ФЗО и така се трупал долгот на клиниката кон добавувачот. ,,Скандалот Диво Месо на клиниката за онкологија покажува колку метастазирала ...

Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев алармира за хаосот кој го направил актуелниот министер во пунктовите за промена на лични докумети без закажување. „Натписот „Северна“ и промената на важечките лични документи за таа намена, не само што е причина за дополнителни високи трошоци, туку тоа предизвикува и сериозен револт, малтретирање и нервоза, а остава сериозен простор и за корупција. По којзнае кој пат, во последните шест години, ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека професори од Градежен факултет вчера излегоа на терен и извршија увид на состојбата со железничкиот мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско (во близина на Стоби) поради што во прекин е транспортниот, а патничкит сообраќај се врши со „премостување“ – со автобуски превоз. Се работи за напукнат бетонски столб на мостот. Професорите кои ...

Стотици полицајци беа испратени во ресторан во Ванкувер каде што вечерал канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа, откако околу 250 пропалестински демонстранти го опколиле ресторанот. Демонстрантите вееја палестински знамиња и бараа премиерот да повика на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас. „Срам да ви е, имате крв на рацете“, извикуваа дел од демонстрантите. Полицијата околу 22 часот успешно го извлекла Трудо од ресторанот, а тој не ...

Владата вчера го презентираше Предлог-буџетот за 2024 година кој тежи 5,5 милијарди евра, окарактеризаирајќи го како развоен и одржлив. Но, професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии смета дека Предлог-буџетот за 2024 година е нереален и не одговара на моменталната криза. Во изјава за МИА, Јовановиќ вели дека макроекономските и приходните проекции се преоптимистички. „Се проектира раст на БДП од 3,4 ...

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, во фокус на разговорите ќе бидат нашиот пристапен процес во ЕУ, билатералните односи во контекст на економската соработка и партнерството во рамки на меѓународните организации, како и други актуелни надворешно-политички теми. МИА ...

Од ковид-19 минатиот месец во земјава починале 11 лица од ковид-19, што е значителен раст во споредба со септември кога од ковид починале пет лица, односно во споредба со август кога имало само еден починат, покажуваат официјални податоци од Институтот за јавно здравје. Епидемиолозите велат дека треба дека бројките треба да претставуваат знак за предупредување за луѓето за почитување на превентивните мерки. Во текот на месец октомври 2023, ...

„Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните“, велат од МВР. „Курир“ побара одговор од Министерството за масовното ...

На денешната седницата на Судскиот совет, при изборот на судии во Апелационен суд Скопје повторно беше направено отстапување од ранг листата на кандидатите, без притоа да бидат дадени соодветни образложенија за секое отстапување, односно за секој кандидат поединечно, наведува Коалицијата Сите за правично судење во соопштение до јавноста. Наместо ова, стои во соопштението, членовите на Советот само констатираа дека поради пропусти во ...

За 40 дена истекува мандатот на државниот обвинител Љубомир Јовевски, а постапката за избор на нов обвинител се уште не е почната. Од друга страна, министерот Кренар Лога отвори нов фронт против обвинителството. Министерството за правда го објавија мислењето за извештајот за работата на обвинителството минатата година и упатија сериозни критики за податоците во извештајот, но од обвинителството го критикуваат потегот на министерот и тврдат дека ...

Власта, Буџетот за догодина го најави како развоен и од интерес на граѓаните и стопанството, но од тоа нема ништо, од како потоа ќе следува неколку кратно намалување на капиталните инвестиции, нови задолжувања, непродуктивни трошења, дополнителни измислени давачки за фирмите а се помалку поддршка за бизнисот – Ова е првичната оценка на Сојузот на стопански комори за Буџетот за 2024 година кој вчера го претстави Владата. Потпретседателот на ова ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
71%
1023
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
68%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1011
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
93%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.59
81%
1022
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
89%
1012
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
72%
1021
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
84%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
34%
1024
Currency

61.535

Currency

54.2635

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65