За потегнувањето за коса на тогашната пратеничка Радмила Шекеринска, 70-годишниот „терорист“ Панче Ангелов кој влезе во Собранието на 27 Април доби 4 години затвор. За прегазување на двегодишно дете со смртни последици денеска скопјанецот Шукри Зеќири доби 2,3 години затвор. Овие два судски епилози композиторката Дарија Андовска ја мотивираа да напише краток пост кој во само четири реченица ја раскажува македонската (не)правда диригирана од ...

„Груби рече дека ДУИ има одлични односи со Алијансата за Албанците, бидејќи нѐ обединила идејата за евроинтеграции. Нема ништо што ги обединува Алијансата за Албанците и ДУИ, туку има стотици нешта што ги делат, почнувајќи од апашлакот и корупцијата, казината и игрите на среќа до Соравија и Еуровија! Алијансата за Албанците нема да стане никогаш патерица на ДУИ!“ – жестоко изреагира Арбен Фетаи, висок функционер и шеф на кабинетот на Алијансата ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски најави тужба за апологет на СДСМ и брат на судијка кој денеска го обвини дека скришно фотографирал граѓани кои ваделе пасоши на јавна локација. Стоилковски смета дека Боби Илиевски под закрила на семејна заштита шири лаги и невистини и навреди за него и затоа ќе биде тужен. ,,Боби Илиевски сега ќе јаде дебела тужба за клевета и навреда. Не му е прв пат, а како тргнале со тужби, не мислам да им ...

„Таканаречена македонска нација“ – оваа квалификација на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не го допре многу Бујар Османи кој би требало, како министер за надворешни работи да испрати протестна нота. Тој и овој пат, само вербално го осуди овој говор на Јотова. Знаете дека најголемата криза во односите се случи околу, пред, после изборите таму и секогаш одредени политички актери се обидуваа ова прашање да го користат за добивање на ...

Најавениот раст на приходите во буџетската каса за 10 проценти во однос на она што годинава е планирано е преоптимистичко сценарио што тешко ќе се реализира, велат економистите со кои разговараше „Слободен печат“. Владата завчера го презентираше буџетот за наредната година, а според проекциите, во државната каса треба да влезат нешто над 5 милијарди евра, но тоа е за 454 милиони евра повеќе отколку годинава. Од друга страна, и годинава ...

„Се очекува да се потврди поддршката на граѓаните за европската иднина на земјата на изборите, што ќе се одржат во земјата во 2024 година. ДУИ е подготвена за избори во секое време и во која било форма, одделно или заедно.“ – ова се наведува во соопштението на ДУИ по денешната средба на нејзиниот лидер Али Ахмети и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин, амбасадорката на Шведска во „нашата земја“. Соопштенето го пренесе ТВ Клан Македонија под ...

Судијката Оља Ристова која што предупреди дека обвинителството и МВР не ги гонеше организаторите за аферата ,,Двојник – Пасоши во која службите на Оливер Спасовски издале 215 пасоши на светски криминалци тврди дека се случил скандалозен избор на судии во скопска апелација. Ристовска која ги судеше шалтерските работници за пасошите на 215 криминалци и предупреди дека во обвинението ги нема организаторите на аферата не е избрана за апелационен ...

Нема место во Појасот Газа до кое нема да стигне израелската армија, предупреди денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при посетата на базата за обука на израелските одбранбени сили Зиким, во близина на Појасот Газа. „Нема место во Газа до кое нема да стигнеме. Нема скривалишта, нема засолништа за убијците на Хамас. Ќе стигнеме таму, ќе го елиминираме Хамас и ќе ги вратиме дома нашите заложници – ова се нашите две свети мисии“, рече ...

Четириесет години од сега или во 2063 година Македонија најрано би станала членка на Европската унија, проценува експертката за Балканот и акредитирана соработничка на Европскиот парламент, Федерика Велк, врз основа на трендот во реформите поврзани со ЕУ во периодот 2019-2021. „Ако јас би била на местото на една од тие земји, немаше да верувам дека нешто некогаш ќе се промени. На Србија ѝ требаат повеќе од 40 години. #Проширување“, објави таа на ...

Училишните кујни не биле причина за ширење на салмонела, потврдија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Резултатите од земените мостри кои засега се готови покажаа дека сите земени примероци се негативни, во нив не е пронајдена бактерија – пренесе Телма. -Добивме резултати, истите се негативни и во текот на денот Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно своите надлежности ќе ги отвори овие кујни да продолжат со работа и ...

Владата многу сака да планира. Се изнаслушавме стотици планови досега. Де долгорочни, па краткорочни, па тромесечни, па планови на 4 години, па развојни, па инвестициски… Сите се различни, но сите имаат една заедничка нитка: ученички скоцкана презентација, пред камери наредени министри во строј, надежни зборови, многу очекувања… Ама, потоа таквите планови никако да се остварат. Но, тоа не ги разочарува, напротив – прават нови и нови планови. А ...

„Очекувам сите министри да бидат присутни на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Одлуката на ЕУ за санкции за прелети на руски авиони не се однесува на настани од мултилатерален карактер како што е ОБСЕ“, изјави министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи, во врска со прашањето на учеството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Одлуката за санкции на ЕУ не се однесува за настани од мултилатерален ...

Револтот на родителите достигна на максимум по изјавата на Министерот за образование и наука Јетон Шакири дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ООУ Његош, како и индиректната најава за разрешување на директорката. По ова иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ Његош оддржа итен состанок на кој се донесоа следните заклучоци: 1. Од денес 15.11.2023 година (среда) започнува целосен бојкот на ...

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје. Имплементатор на проектот е Градот Скопје, а средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на овој проект се обезбедни преку Владата на Република Северна Македонија. „Проектот подразбира ...

„Власта е свесна дека ќе доживее цунами на претстојните парламентарни и претседателски избори, па сега само бара начини и прави математики како да го ублажи поразот“. Вака политичкиот аналитичар Синиша Пекевски за Плусинфо ја толкува упорноста на СДСМ во инсистирањето да се одржат изборите во различен ден, иако постои реална можност вториот круг на претседателските избори да се одржи заедно со парламентарните избори, а со тоа државата би ...

Судскиот совет денеска ги избра Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област во Апелацискиот суд Скопје. Со тоа, Судскиот совет го екипираше Апелациониот суд Скопје со вкупно осум нови судии, откако претходно на денешната седница, избра и четворица судии од граѓанската област – судиите Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани. Ова е прв избор за ...

Домашните големи фирми, кои имаат сериозни бизниси во Македонија, а кои се поврзани со транспорт на големи количини материјали и производи, трпат големи штети откако прекина железничкиот сообраќај во земјава, поради напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, објави Фактор. Како што за порталот изјавија дел од овие сериозни големи компании, ова не е прв пат да дојде до прекин во железничкиот сообраќај на истата таа локација. Имено, пред ...

Исланд, една од вулкански најактивните земји во светот, прогласи вонредна состојба поради најновата закана од ерупција. Друг проблем со кој се соочува Исланд се пукнатините во земјата. Околу 4.000 луѓе се евакуирани од своите домови во Гриндавик, кој е најзагрозен поради неговата непосредна близина до вулканот Фаградалсфјал на полуостровот Рејкјанес. Во наредните денови сеизмолозите очекуваат силна ерупција на овој вулкан. Состојбата во ...

Француски суд издаде налог за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад поради обвинувања за употреба на хемиско оружје во 2013 година, пренесува Франс прес. Извор од правосудните органи кажал за агенцијата Франс прес дека Асад е осомничен и за соучесништво во воените злосторства во нападите, за кои сириската опозиција во обвинува режимот, во кои наводно биле убиени повеќе од 1.400 луѓе во близина на Дамаск во август 2013. Распишани се и ...

Актерот Жарко Лаушевиќ (1960-2023) почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти семејството. Како што е најавено, јавноста за датумот и местото на погребот ќе биде навремено информирана, јавува Танјуг. Жарко Лаушевиќ беше еден од најпознатите и најпознатите југословенски и српски актери од втората половина на 1980-тите, чија кариера нагло беше скратена поради злосторството што го изврши во 1993 година и за кое ...

Овој хаос зад мене е сликата како СДС со Оливер Спасовски замислува европеизација!, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Македонски даночни обврзници ги втера во хангар да вадат документи, да ги фотографира, небаре е постконфликтен Авганистан. Ниту систем постои, ниту закажување, туку редици и турканици. Жално е што Оливер Спасовски и МВР подостоинствено и со поголема почит се поставија пред 215 белосветски криминалци кога ...

“Изборот е ваш’. – ни порача претседателката на Европската Комисија Урсула Лаен при посетата на Скопје на крајот на минатиот месец. Избор дали ќе одиме напред, или ќе останеме да се бориме со нашите демони.“ – вели универзитетската професорка по политички науки Мирјана Малеска во својата колумна со наслов „Изборот е ваш”!, која ја објави порталот „СМК“. Покрај другото, натаму Малеска пишува: Ако е наш, да видиме кој ќе го прави изборот. Во ...

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во денешната изјава за медиумите демантираше некои гласини дека тој би можел да биде идниот премиер. „Не се гледам себеси како иден премиер, не верувам дека јас сум следниот премиер и всушност знам дека јас не сум следниот премиер на Владата на Република Северна Македонија“, изјави Груби за медиумите. Груби рече дека согласно коалцискиот договор следниот премиер треба да биде ...

„Македонија одамна е понижена држава. Властодршците газат и уништуваат сè пред себе само заради задоволување ситни лични интереси. Татковината јачи и повикува: Разбудете се, Македонци! Ве повикувам: Придружете им се на предводниците на промените!“ – порача Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науки и уметности, преку своето „Писмо до надлежните“, кое го објави весникот „Нова Македонија“ под наслов „Научни проекти – каква ...

Првиот камион со гориво влезе во Газа откако Израел воведе целосна опсада на енклавата, премина денеска од Египет во средата, иако испораката нема да придонесе да се ублажи недостигот, објави Ројтерс. Испораката беше овозможена со тоа што Израел даде одобрение за 24.000 литри дизел гориво но само за камиони за дистрибуција на помош на ОН, но не за употреба во болниците. „Ова е само 9% од она што ни е потребно дневно за да ги одржиме активностите ...

Компанијата Фероинвест ја објави пресудата од Основниот суд, во спорот кој Кочо Анѓушев и Брако го водат со ИРЛ. Оттаму велат дека ја објавуваат пресудата во интерес на правилното информирање и пренесување на фактичката состоба во врска со судскиот спор. „Во прилог е и пресудата од основниот суд, во оригинал, со одбележани делови кои се издвоени во самото соопштение и со кои се потврдуваат наводите во нашето известување до јавноста. ИРЛ се ...

Пред пунктот за промена на лични докумети без закажување што официјално почнува со работа од денеска во просториите на Полициската станица „Пролет“ во Општина Кисела Вода, веќе има редица од луѓе, јавува Плусинфо. Пунктот е наменет за сите граѓани кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак терминот им е после 12 февруари наредната година. Според првичните информации, почнале да работат само со три ...

Унгарија мора да ги засили своите напори да стави крај на руските набавки на енергија што ја оставаат земјата отворена за злобно влијание од Кремљ, рече еврокомесарката за енергетика Кадри Симсин, пренесува Политико „Дури и Унгарија знае дека со продолжување на оваа активност, тие ѝ даваат право на Русија да манипулира со нивниот пазар“, рече Симсон на самитот на POLITICO , “Одржлива иднина“ додавајќи дека „не е [во] нивен интерес да ја ...

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека е заинтересирана да ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО, по заминувањето на Јенс Столтенберг идната година. Говорејќи на самитот за одбрана на Политико, Калас беше прашана дали би сакала да се кандидира за таа улога откако актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе се повлече од функцијата. Таа веднаш одговори со „да“. Одговорот на Калас и нејзината посета на Вашингтон ...

Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички товарен и патнички сообраќај е во прекин. Сепак, како што информираат од Македонски железници, патничкиот сепак ќе се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз. Од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.2
73%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.99
82%
1022
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.01
92%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.45
72%
1022
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1018
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1018
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
79%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
81%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
34%
1024
Currency

61.535

Currency

54.2635

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65