
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Во тетовско има околу 300 дивоградби но ДУИ бара да се урне само крстот на Попова Шапка кој стана тема затоа што е изграден на приватен имот. Крстот, висок околу 15 метра е поставен на зимскиот рекреативен центар Попова Шапка на имот на манастирот Свети Наум Охридски-Чудотворец а бил изграден со средства на МПЦ. Според општина Тетово која реагира на барање на советничката група на ДУИ за крстот нема градежна дозвола . ,,Општинските инспектори ...
Генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, кој е поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување, избива на врвот на листата на најсериозни кандидати за технички премиер, што треба да ја води „пржинската“ влада за спроведување на парламентарните избори, пишува неделникот „Фокус“. Во изминатиот период, како можен технички премиер се споменуваше и шефот на дипломатијата и новопромовиран потпретседател на ДУИ Бујар Османи, кој изјави дека во ...
Под итно да се одобрат вработувања, особено за одделот за предвреме родените бебиња , алармира директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство , Викторија Јовановска. „Работиме со многу мал број вработени. Нам итно ни требаат доктори и медицински сестри, кои секојдневно го напуштаат одделението затоа што се соочуваат со огромен предизвик, меѓутоа и со многу тешка задача. Тоа е 24-часовно работно време, без можност за одмор. Вработените, ...
Најпрвин да се заблагодарам на медиумите што и овде во Струмица се денеска со нас како дел од акцијата практично која што ја спроведуваме речиси веќе два месеци „Важно е! Од тебе зависат промените“. Ќе повторам како многу пати досега што кажав на овие избори кои што за неколку месеци од денеска ќе се случат приоѓаме многу темелно, многу стратешки. Практично сакаме да слушнеме преку една директна интеракција со граѓаните и групи на граѓани што е ...
Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски на 21 ноември ќе биде домаќин на официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Скопје. Од владината прес-служба денеска соопштија дека посетата на Столтенберг ќе започне со официјална церемонија во Владата проследена со заедничка прес-конференција. Република Македонија ќе биде домаќин на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот во Скопје, ...
Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ „Његош“ од Јурумлери во знак на незадоволство од одлуката на министерот за образование и наука Јетон Шакири за одземање на надлежностите на Општина Газа Баба за училиштето, закажа граѓански протест кој ќе се одржи утре, 18 ноември (сабота) од 11 до 12 часот. Протестот ќе биде со блокирање на регионалниот пат на раскрсницата во населено место Јурумлери кон Драчево (кај бензинската пумпа). ...
„Се моли Димитар Ковачевски да се врати во Македонија за да не ја брука државата на отворена сцена. Едно, со своите испади на винскиот саем во Србија, второ со своите изјави и постапки. Ковачевски потпишува меморандуми за брза пруга, а дома нема еден функционален воз кој му сообраќа во Македонија“ – реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Не може Ковачевски да зборува за непринципиелности од страна на Бугарија, бидејќи кога сите тоа му го говорат во ...
Денес е 17-ти ноември Меѓународниот ден на студентите но според Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за жал веќе 7 години по ред овој ден е ден за критики. ,,На студентите, криминалците во Влада помислуваат само пред избори! #Важно е проблемите на студентите да се решаваат брзо! Затоа за да може во иднина овој ден да биде ден на гордост на македонскиот студент”, порачуваат од УМС од каде сметаат дека: ,,#Важно е на следните избори да се поддржи ...
Институтот за демократија, човекови права и дигнитет од Скопје јавно им се обрати на Владата и на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за огласот за вработување во кој се бара познавање на непостоечки „северномакедонски“ јазик. „Бараме одговор од македонската влада и фирмата ‘Бехтел Енка’ зошто во огласот за вработување за работното место ‘водач за односи со јавноста’ е наведен официјалниот јазик на земјата како „северномакедонски мајчин јазик“, а не ...
Зошто шефот на Обвинителство за организиран криминал Ислам Абази и неговиот шеф Државниот обвинител Љубомир Јовески молчат за ,,колежот на законите” во Чаир? Ова прашање го поставува директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска која смета дека евентуалната акција на обвинителството ќе биде дочекана ,,на нож” од власта особено од ДУИ која владее со општината Чаир. Трајкоска цитира истражување на 360 степени според кое во ...
Презентацијата на пратеничката Рашела Мизрахи како претседател на Анкетната Комисија за скандалот на онкологија содржи огромен број на прекршоци на законот утврдени од страна на комисијата. Според заклучоците од анализата утврдени се неверојатни 37 прекршени законски прописи на Клиниката за Онкологија и радио терапија. Целиот извештај открива огромен број на системски незаконски активности на различни институции. Пратениците на СДСМ според ...
„Без оглед на мнозинскиот став на граѓаните за неприфатливоста на уставните измени министерот Бујар Османи настојува да ги изостави како неважни таквите мислења и ставови, загрозувајќи го македонскиот национален идентитет. Тој го прогласува тоа мнозинство на граѓани со неговите ставови како ‘загрозувачи на напредокот’ и ‘отфрлачи на европските вредности’!“ – вели новинарката Јасминка Павловска во својот коментар со наслов „Загрозувачите на ...
Зошто официјален Вашингтон користи мафијашки жаргон за Заев и Рашковски во најновото издание црната листа на САД, е прашањето кое е од пресудна важност за владеачката СДСМ. Во документот на Министерството за фимансии на САД со кој се опишува ставањето на црногорецот Миодраг Давидовиќ Дака на црна листа се споменуваат и екс лидерот на СДСМ Зоран Заев и екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски како соработници на Дака. Во документот кој ...
Два месеци поминуваат, а Обвинителството на Јовевски и Абази абер немаат од предистрага да почнат со истрага, а камо ли да обвинат некого за грозоморниот скандал Диво месо на Клиниката за онкологија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ Со одолговлекувањето на постапката тие наместо да излезат со конкретни виновници, го валкаат белиот мантил на сите вработени на Онкологија, па дури и на сите здравствени работници. Предупредувавме дека институциите работат на ...
Никој не кажува уште колку долго ќе се работи на мостот „Беласица “. Мостот беше опожарен на почетокот на годинава, а по него можат да возат само лесни патнички возила и тоа само во двете крајни ленти. Нови информации нема ниту од Град Скопје, ниту од ЕСМ, пишува порталот Плусинфо. Градот пред еден месец преку соопштение информира дека сообраќајот на мостот ќе биде нормализиран тогаш кога ЕСМ ќе ја заврши поправката на мостот и ќе го постави ...
Романија треба максимално да ги искористи шансите за приклучување кон Шенген зоната и предложи доколку австрискиот канцелар Карл Нехамер остане на ставот против пристапувањето на Романија, Австрија да размисли за излез од Шенген, јави агенцијата Агерпрес, пренесува бугарски „Сега“. Романскиот премиер Марсел Чолаку упати низа критики за Нехамер за неговото противење на членството на Романија во Шенген. Чолаку рече дека добил гаранција од ...
Еден од внуците на францускиот воен херој и поранешен претседател Шарл де Гол изјави дека сака руско државјанство, истакнувајќи дека Русија нуди „големи можности“. Пјер де Гол е малку познат во Франција, но руските државни медиуми ги поздравија неговите про-Кремљ изјави како доказ дека водечките западни гласови го поддржуваат нападот на Москва врз Украина. „За мене би било чест да добијам руско државјанство“, изјави тој за новинарите на ...
Откако завчера попушти конструкцијата на железничкиот мост кај Стоби, нуркачки тим на МВР ќе проверува каква е состојбата на темелот на разнишаниот столб на дното на реката Црна, дознава ТВ24. Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски, за ТВ24 изјави дека по таквата инспекција, ќе биде појасно какви зафати ќе се прават и колку време ќе се реконструира мостот. ЦУК: Се бара решение за санирање на железничкиот мост Експертски тим на чело со ...
Двочасовен протест закажа за денеска Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска организира на кој ќе биде искажано незадоволствоо од неисполнување на барањата за вработените во судската и јавнообвинителстската служба. Протестот ќе се одржи пред Владата во периодот од 12 до 14 часот. Вработените од судската и јавнообвинителската служба од 27 септември штрајкуваат барајќи исплата на ...
Цела бугарска машинерија беше впуштена во притисоци кон Македонците во Албанија да се попишат како Бугари со сите методи. Високи функционери од Бугарија ги посетуваат регионите каде што живеат Македонците во Република Албанија. Делат помош, нудат државјанства како на пазар, вели за „Локално“, претседателот на македонското друштво „Илинден“ -Тирана, Никола Ѓурѓај. Пописот во Република Албанија почна на 18 септември и требаше да заврши на 30 ...
„Исламската верска заедница во * Македонија реагираше на предлогот крстот да се постави на Попова Шапка (преименувана со албански топоним „Кодра е диелит“ – „Рид на сонцето“ – заб.прев.) кај Тетово. Оваа верска институција се спротивставува на поставувањето на крстот и вели дека со ова би се поттикнале меѓуетничка и меѓуверска напнатост во земјава.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА . Натаму ИНА пренесува: ...
Власта нема визија за спас на економијата. Ни по седум години власт не ја научи лекцијата како треба да се развива економијата. Македонија ги живее најтешките денови во економијата од своето осамостојување до денес, а граѓаните преживуваат наместо да живеат. Замрзнатите цени и одмрзнатите даноци дополнително ја зголемуваат тешката економска состојба во која се наоѓа државата. Меѓународните финансиски организации веќе ги намалија очекувањата за ...
„За разлика од многубројните објекти, на катови и со оградени дворови на државно земјиште, крстот на Попова Шапка е поставен на манастирски имот и прашање. Дали било каде во земјава за поставување крст во двор на манастир некој дал дозвола? Крстот е верско обележје. Што правиме со многуте објекти профани и сакрални изградени на државно земјиште? На Попова Шапка има такви има насекаде. Зошто за ниту еден од нив до сега не заседаваше вонредно ...
Професорката по политички систем и уставно право Тања Каракамишева Јовановска вели дека ниту луѓето ниту ниту државите не можат да прифатат кога им се наметнуваат лажни делови од нивата лична карта. ,,Уставот е автобиографија на нацијата! Замислете, како би се чувствувале ако во вашата автобиографија бидат ставени измислени ликови, животни настани, неточни информации! Лошо, така? Епа лошо се чувствува и Македонија! Да може да зборува ќе ги каже ...
Опасност по здравјето на граѓаните – тоа е дивата депонија кај поранешното стрелиште “Маукцер” во Охрид. Таму како што објави еколошката граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ се одлага опасен азбестен отпад. Од иницијативата на нивната фејсбук-страница објавуваат фотографии на кои се гледаат големи количества градежен шут, наталожени купишта азбестен отпад оставен на отворено, истрошени автомобилски гуми, градежен шут, делови од мебел, секаков вид ...
Надзорот врз функционалноста на системот за движењето на предметите, што се предлага, треба да придонесе за следење на состојбите во јавните обвинителства, од екипираноста со човечки ресурси до просторните и технички услови, велат од Правда, а ќе го врши комисија чија улога ќе биде само во делот на функционалноста на системот и распределбата на предметите, но ќе нема увид во самите предмети Од Јавното обвинителство велат дека во моментов ...
На црната листа на САД е ставен црногорски бизнисмен што платил 300 илјади евра за да има соработка со екс премиерот Заев. Името на Миодраг Давидовиќ Дака дојде на црната листа на САД дојде откако пред три години потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во емисијата ,,Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ објави документи за проектот кој требаше да се гради на земјиште на фирмата Шик Јелак каде црногорецот требаше да гради стамбени блокови. ...
Поставениот 15-метарски крст на имотот на манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка станува повод за се поостри реакции кај Албанците и веќе се навестува дека тој ќе биде отстранет! „Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе одржи итна седница по повод притисоците на институциите, предводени од ДУИ и СДСМ, со кои се кршат Уставот и правото, со кое се гарантира слободата на вероисповедта и изразувањето на верата на ...
Премиерот Димитар Ковачевски учествува на Саемот на вино кој се одржува во Белград. Негов домаќин е претседателот на Србија Александар Вучиќ. И додека првиот човек на Владата си густира вина во српската престолнина, ниту денеска не изостанаа критиките дека Македонија слабо напредува на патот кон ЕУ, посебно во делот на корупцијата, владеењето на правото, борбата против организираниот криминал. Имено, на денешниот Совет за евроинтеграции во рамки ...
Неказнивоста и невладеење на правото во системот е причина за критичкиот извештај на Европската комисија, а најмногу промени за да се смени ситуацијата според неа се потребни во правосудството, истакна претседателка на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска, по одржување на предавање за борбата против корупцијата во ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово и во ООУ „Перпарими“ во Речица, по барање на новинарите за нејзина оценка ...