Додека претседателот на бугарското Собрание, Росен Желјасков, во Скопје се обиде да ги затопли односите меѓу двете земји, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, од Софија со нова жестока канонада напади врз Македонија. „Политичарите во Скопје не покажуваат ниту желба ниту консензус за заемна соработка. Северна Македонија не покажува знаци за запирање на јазикот на омразата кон Бугарија. Неприфатлива и недостојна е злобата кон сè ...

„Академијата на науки и уметности на * Македонија е позната како главно засолниште каде што се собираат образованите македонски академици, кои го искажуваат отворено и јавно својот гнев против Албанците. Овие ‘академици’ мислат дека колку си повеќе против Албанците, толку си поголем Македонец. Тоа што се против Албанците ги прави македонските националисти по автоматизам и против Европа!“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ ...

„Со Македонија владеат Албанците“ – порача Артан Груби на промоција на декретаријатот на огранокот на ДУИ во Чаир каде беше дури и поздравен како „Премиер“. Претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот, а вицепремиерот Груби во пак зборуваше дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашеле од Албанците што владеат со државата. „Нема чајџилница во Скопје каде што не се констатира дека ...

„ДУИ ги има своите темели во крвта на мачениците на албанскиот народ и затоа е политичка организација, која не згаснува никогаш! Ние сме незапирливи!“ – рече лидерот на ДУИ Али Ахмети денес при претставувањето на проектите на секретаријатите од разни обкласти во партискиот огранок во скопски Чаир. Оваа информација ја објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија. „Лајм“ пишува: Тој додаде дека и покрај нападите врз ДУИ ...

„Синдромот ‘Артаноманија’ ја обзема Алијансата за Албанците!“ – напиша организацискиот секретар на опозициската Беса Аднан Азизи на својот фејсбук-профил, коментирајќи го последното истражување за рејтингот на политичките партии. Тој упатува жестоки критики на адреса на Алијансата за Албанците. Во објавата на својот фејсбук-профил Азизи истакнува: За жалење е како Артан Груби успеа да ја зароби Алијансата за Албанците. Уште пожално е како упадна ...

Уапсен уште еден насилник што заедно со полицаец вчера изутрина претепа брачен пар во Охрид. По кратка истрага полицајци од СВР Охрид го уапсиле третиот напаѓач кој заедно со уште две лица од кое едно е полицаец претепале брачен пар пред ноќниот клуб Ексклузив во Охрид. Полицаецот кој вчера дал исказ пред СВР Охрид работел како обезбедување во ноќен клуб пред кој го претепале брачниот пар а на сопругот му нанесле тешки телесни повреди. ,,На ...

Доаѓа денот „Д“ за приватните превозници и за ЈСП „Скопје“, бидејќи ако се изгласаат субвенциите од 110 милиони денари, тие ќе продолжат со работа, а во спротивно може да дојде до колапс на целиот јавен превоз. Како што објави ПлусИнфо, за утре е закажана вонредна седница со една точка на дневен ред Одлука за изменување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП „Скопје“ за 2023 година. Доколку советниците ја изгласаат оваа точка, тогаш парите ќе ...

Од следната година ќе се зголеми минималецот. Како што соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи, минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари. „Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5 отсто последната инфлација, последниот месец“, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој рече и дека последниов ...

„ВМРО ДПМНЕ влезе во сценарија на кругови, кои не ѝ сакаат добро на земјата. Нејзината иднина ќе биде загрозена, ако не се направат уставните измени!“ – оваа најнова закана кон Република Македонија и кон ВМРО ДПМНЕ како партија ја упати пратеникот Халил Снопче од редовите на владината партија Алијанса за Албанците во интервјуто за ТВ Топ Ченел од Албанија. Нагласките од интервјуто со Снопче ги пренесуваат информативната агенција Илирија-ИНА и ...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската комисија за транспорт и врски Владо Мисајловски вели дека реално е да се сомнева секој еден од нас, дали е можно да заврши актуелниот проект за автопатот Кичево-Охрид за некој друг после да го продолжи. Мисајловски во гостувањето во Македонско радио истакна дека доколку власта имала желба и сакала, овој автопат досега бил завршен. -Поминаа седум години, ветуваа илјадници километри дека ...

Предметот „Топлик“ за елитната населба „Сончев град“ во Сопиште, во кој првообвинет беше поранешниот министер Миле Јанакиески, застаре. „Јавниот обвинител изврши преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите од член 353 став 5 во член 353 став 4, а во правец на измените на Кривичниот законик. Врз основа на тоа Јавниот обвинител се откажа од понатамошно гонење на обвинетите поради настапена застареност, во смисла на ...

„Али Ахмети и ДУИ се во состојба се да дадат, само да преживеат.“ – кажа лидерот на опозициското Демократско движење Изет Меџити во одговор на прашањето околу последните шпекулации дека му е понудена позицијата технички премиер на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Според Меџити, оваа понуда не би била била изненадувачка со оглед на, како што вели, обидите за да биде вратен Груевски во Македонија. „Кога се Ахмети и ДУИ во ...

Европската унија обезбедила макрофинансиска помош за Македонија од 100 милиони евра, рекол еврокомесарот за економија Паоло Џентолини, на средбата со премиерот Димитар Ковачевски, кој учествува на Виенскиот економски форум, соопшти Владата. „Процесот на пристапни преговори ќе значи и зголемена финансиска поддршка за Северна Македонија”, истакнал на средбата еврокомесарот за економија Џентолини. Премиерот Ковачевски и еврокомесарот Џентолини ...

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон неочекувано денес се врати во владата откако актуелниот премиер Риши Сунак го именуваше за министер за надворешни работи. Камерон дојде на местото шеф на дипломатијата наместо Џејмс Клеверли, кој е именуван за министер за внатрешни работи. На сето ова претходеше смената на досегашната министерка за внатрешни работи Суела Брејверман, која предизвика гнев поради обвинувањата на сметка на полицијата дека ...

Купувај производи до 48 рати без камата! Со вакви огласи сме секојдневно бомбардирани по социјалните и електронските медиуми од трговците кои нудат продажба на бела техника, уреди за домаќинство, мебел и многу други производи. За огромен дел од населението ваквите понуди изгледаат примамливо бидејќи сметаат дека некој производ кој им е потребен, а во моментот немаат средства за плаќање одеднаш, можат да го купат со отплата на повеќе рати. Притоа ...

Бактеријата „Ешерихија коли“ ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп, потврди за МИА доктор Аспазија Софијанова, шеф на неонаталната интензивна нега на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што почина бебето. Бебето било донесено од Прилеп на Детската клиника во Скопје во тешка состојба со откажување на бубрезите и на белите дробови, посочува Софијанова – Прво го ставиме на неинвазивна вентилација и на ренген се виде дека има ...

Водечкиот експерт за јавна администрација Борче Давитковски му ја ,,лупна од глава” новата директорка на ЈП Аеродроми Миликије Халими на премиерот Димитар Ковачевски. Универзитетскиот професор Борче Давиткоски за „Студио 10“ на ТВ24 вели дека како и претходните извештаи на ЕК така и овој е негативен по однос на напредокот на реформите во јавната администрација. Тој во минатото за време на СДСМ беше претседател на управен одбор на Македонски ...

Граѓаните се порадуваа дека без закажан термин ќе може да се сликаат за нови документи, но радоста лратко траеше. Голема гужва имаше уште на првиот ден од вонредниот пункт за издавање лични документи, кој МВР го отвори во скопската населба Пролет, пренесува Плусинфо. Во новиот пункт се плаќа исклучиво со картичка, а работното време е од 8 до 18 часот. Предвидено е фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски најавува дека ќе ги извести сите меѓународни институции, амбасади и претседателот на Собранието Џафери за пресудата на кумановсиот основен суд за изречена клевета и навреда од собраниската говорница кон неговиот колега од СДСМ Мартин Костовски. Петрушевски вели дека ќе покрене постапка за одговорност и пред Судскиот совет за судијата Неџат Мемети кој ја донесе пресудата со која го задолжи да му исплати ...

Зошто Македонија нема стратегија за привлекување на странски капитал е прашање кое постојано го поставуваат економистите, разочарани од погубните политики на власта. Политичката нестабилност во Македонија сериозно го „разниша“ бизнисот и затоа во земјава има се помалку нови странски инвестиции. Од Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, за Алфа велат дека на земја и фали сериозен пристап до привлекување на ...

На денешен ден пред 79 години Скопје е ослободено од фашистичката окупација. За Скопје да стане слободно 426 борци го дадоа својот живот. На вакви денови кога ги славиме славните битки и слободата, и кога им оддаваме почит на жртвите вреди да се потсетиме на оној славен аманет оставен на потомците за да си ја ценат слободата, бидејќи не знаат колку скапо ги чинело тоа претходните генерации, изјави Борис Шамбевски, претседател на Градскиот ...

На денешен ден е ослободено Скопје во Втората светска војна. Ослободувањето на Скопје е Пиемонт на борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор во лицето на фашистичка Бугарија и фашистичка Италија, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Во ослободено Скопје први влегуваат Димитар Влахов, Методија Андонов Ченто и Генерал Михајло Апостолски. Димитар Влахов како една од легендите на ВМРО во периодот на ...

Грчката блокада на албанските проговори со Европската Унија, е навестување за Безброј вета за Македонија, кои се можни, не само од Бугарија туку од која било земја членка на ЕУ, доколку земјава го продолжи евроинтегративниот пат по оваа преговарачка рамка. Според поранешниот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев, источниот сосед може да прави блокади во македонските интеграции за секое историско прашање кое произлегува од билатералниот договор, ...

Откако албанската опозиција се спои и оформи пратеничка група, уште поизвесно е дека на ДУИ и се спрема мрак. Тие ќе ги користат сите оружја за уривање на интегративците, кои 20 години се на власт. Пред извесно време пак, се појави информација дека ќе се формира нова албанска партија, со име „Смоопределување“, налик онаа на косовскиот премиер Албин Курти, или на некој начин, македонска верзија на оваа партија. Европскиот сојуз за промена, се ...

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 82, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 76,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 77,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,411 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,332 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со ...

Еден од првите проекти на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде подобрување на железничката мрежа, ветува лидерот најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски. Во ситуација кога Македонија практично нема железница и кога единствениот воз кој одеше кон Битола запре, новата влада ќе има тешка задача да го врати патувањето со воз. Eдна од стратешките политика на идината влада ќе бидат инфраструктурните проекти и брзата пруга север-југ со која ...

По свадба тапани. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши итен увид во прилепската болница по смртта на десетдневно новороденче од сепса. Бебето е родено во болницата во Прилеп, а потоа е префрлено на Детската клиника во Скопје, каде што една недела подоцна починало. Случајот вчера го објави мајката на бебето на социјалните мрежи. Според нејзиното сведочење, нејзиното новороденче првично било лекувано од жолтица, а во прилепската ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) неодамна склучи нов договор со фирма за телефонско и онлајн закажување на термини. Ова е седми и воедно најскап тендер, кој фирмата „Симболико“ го добива за менаџирање со повикувачкиот (кол) центар на МВР. Во пет од вкупно седум добиени тендери во последните 10 години, „Симболико“ е единствен понудувач – известува Радио Слободна Европа. Новиот рамковен договор е „тежок“ речиси два милиони евра. Претходно ...

Професорката од Институтот за македонски јазик Елка Јачева Улчар го споделува својот говор од доделувањето на наградата „Гемиџии“ 2023 што и ја додели Општина Велес по повод 9 Ноември, денот кога нејзиниот роден град се ослободил од како што вели таа: бугарскиот фашистички окупатор. Скромната професорка раскажува како ја доживеала веста за наградата и за нејзините емоции поврзани со градот каде е родена. ,,Кога пред неколку дена во ист ден ми ...

Ќе заминат ли по вода 100 милиони евра за изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, која според опозицијата, ќе го загрози енергетскиот суверенитет на Македонија, а штетата што ќе ја претрпи буџетот се пресметува во стотици милиони евра. Ова на прес конференција го изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. – Првата одлука на Влада – е одлука за почнување на постапка за доделување концесија за изградба на проектот Чебрен, објавена ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.2
73%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.99
82%
1022
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.01
92%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.45
72%
1022
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1018
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1018
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
79%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
81%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
34%
1024
Currency

61.535

Currency

54.2635

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65