ГАЗА (АА) – Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестински бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) соопшти дека поради политиката на глад што ја спроведува Израел преку затворање на граничните премини, стотици илјади Палестинци во Појасот Газа можат да јадат само еден оброк на секои два или три дена, известува Анадолу. Портпаролот на УНРВА, Аднан Абу Хасене, во писмено соопштение укажа на размерите на гладот во Газа, каде што Израел ...

АНКАРА (АА) – Рашида Тлаиб, демократска конгресменка во САД, во врска со планот на Израел за проширување на нападите врз Газа, ги обвини САД дека се соучесници во „овој геноцид“, известува Анадолу. Тлаиб во објавата на социјалната мрежа X остро ги критикуваше плановите за проширување на израелските напади врз Газа. Нагласувајќи дека Израел веќе 64 дена ја блокира хуманитарната помош за Газа, Тлаиб истакна: „Воениот злосторник (израелскиот ...

ХАРКОВ (АА) – Во нападот со беспилотно летало што Русија го изврши врз градот Харков во Украина повредени се четворица цивили, известува Анадолу. На снимката се гледаат противпожарни екипи како интервенираат во пожарот и чадот што се издигнува од местото на нападот. Во нападот се оштетени неколку згради и возила. Во истрагата што ја започна Обвинителството на Харков нападот е регистриран како воено злосторство. На веб страницата на Anadolu ...

БЕРЛИН (АА) – Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и пратеник Фридрих Мерц не е избран за канцелар на Германија во првиот круг на гласањето што се спроведе во Бундестагот, известува Анадолу. На тајното гласање што се одржа под претседателство на Јулија Клекнер, претседателка на Бундестагот, Мерц доби 310 гласа од вкупно 621 пратеник што учествуваа во гласањето. На гласањето 307 пратеници гласаа „против“, тројца беа воздржани, ...

АНКАРА (АА) - Министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, зборувајќи за состанокот што го имаше со министерката за финансии на Северна Македонија, Гордана Димитриеска-Кочовска, истакна: „Се договоривме за средба на технички делегации што би разговарале за соработка, олеснување на трговијата и споделување податоци за анализа на ризик“, известува Анадолу. Турскиот министер во објавата на својот профил на социјалните мрежи наведе дека имал ...

БОГОТА (АА) – Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, зборувајќи за нападите на Израел врз Газа, изјави дека против палестинскиот народ се води војна за истребување, известува Анадолу. Гостувајќи на една приватна телевизија Мадуро упати остри критики кон меѓународната заедница поради тековните напади врз Палестина. „Против палестинскиот народ се води војна за истребување. Секој што молчи пред ова уништување, кое ги погодува сите членови на ...

АНКАРА / ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу. Во соопштението што Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство го објави на својот профил на социјалните мрежи се наведува дека во текот на средбата биле разгледани билатералните односи меѓу Туркије и САД, а станало збор и за регионални и глобални прашања. За време на разговорот ...

МЕКСИКО (АА) - Во Мексико Сити, главниот град на Мексико, се славеше Синко де Мајо (Петтиот мај), победата на мексиканската армија над француските трупи под команда на Наполеон III во 1862 година, известува Анадолу. За време на прославите изведени се реконструкции на Битката кај Пуебла, што привлече голем интерес кај мексиканските граѓани. Во Мексико Сити на 5 мај 1862 година Третата мексиканска армија извојува победа над француските трупи под ...

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за наследство Амихај Елијаху истакна дека палестинските цивили во Појасот Газа треба да бидат изгладнети до смрт, известува Анадолу. Во разговор за телевизијата Канал 7 во Израел министерот Елијаху рече дека е потребно бомбардирање на складиштата за гориво и храна во Појасот Газа. Тврдејќи дека треба да продолжи ембаргото за хуманитарна помош за Газа, Елијаху тврдеше дека доколку влезе хуманитарна помош, таа ...

ПОРТ СУДАН (АА) - Експлозии и пожари избувнаа во јужното пристаниште во Порт Судан, административниот центар на Судан, известува Анадолу. Откако се слушнаа силни експлозии во градот Порт Судан, сместен во источниот дел на земјата, избувнаа пожари во јужното пристаниште. Се претпоставува дека пожарите избувнале по нападот врз складиштето за гориво. Хуманитарната помош што Фондацијата за хуманитарна помош за човекови права и слободи (ИХХ) вчера ја ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Европската комисија денес објави нов пакет вреден 500 милиони евра (567 милиони долари) за периодот од 2025 до 2027 година, со цел да ја направи Европа атрактивна дестинација за странски истражувачи, јавува Анадолу. „Можам да објавам дека ќе предложиме нов пакет од 500 милиони евра за периодот од 2025 до 2027 година за да ја направиме Европа магнет за истражувачи. Ова ќе помогне во поддршката на најдобрите и најпаметните ...

Утрово низ Велика Британија се отворија гласачките места за избор на над 1.600 советници за 23 локални управи, како и двајца локални и четири градоначалници на комбинирани управи, јавува Анадолу. Гласачите во 23 англиски совети ќе избираат советници и градоначалници на првиот круг локални избори од општите избори во јули 2024 година, на кои Лабуристичката партија се врати на власт. Од 23-те локални управи што одржуваат избори, 14 се окружни ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) синоќа официјално го прекинаа ослободувањето од царини за увоз на производи со ниска вредност од Кина и Хонгконг, што претставува најнова ескалација во трговската војна меѓу САД и Кина, јавува Анадолу. Ослободувањето, кое претходно дозволуваше пратки во вредност под 800 долари да влезат во САД без царина, е укинато, по извршната наредба потпишана од претседателот Доналд Трамп на 2 април. ...

ГАЗА (АА) – Агенцијата за помош и работа на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) вчера предупреди дека нејзините медицински услуги во Појасот Газа се соочуваат со сериозен недостиг на ресурси поради израелската блокада и тековната воена агресија, јавува Анадолу. „Речиси една третина од основните резерви веќе се недостапни, а се предвидува дека уште една третина ќе се потроши за помалку од два месеца“, соопшти агенцијата на социјалната мрежа X. И ...

СКОПЈЕ (АА) - Организирани се церемонии по повод завршувањето на проектите што Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) - Скопјe ги спроведе со цел создавање нови образовни простории во основното училиште „Јашар Беј“ и поправка и опремување на училници за настава на турски јазик на Педагошкиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Скопје, известува Анадолу. На церемониите што се одржаа одделно во ...

ЖЕНЕВА (АА) - Шпанија ќе донира дополнителни 500.000 евра за поддршка на истрагите на ОН за кршење на човековите права и можни воени злосторства извршени во Газа, објави денес министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, јавува Анадолу. „Со цел да се стави крај на овие кршења на меѓународното право и со желба да се обезбеди одговорност, објавувам дека ќе ја поддржиме Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во ...

Денес во Косово продолжи гласањето за конституирање на косовското Собрание, што беше неуспешно во претходните десет обиди. Седницата и денес беше прекината поради недостаток на кворум, известува Анадолу. Со мало задоцнување конститутивната седница на косовскиот Парламент започна во 10:25 часот. Претседавачот Авни Дехари соопшти дека во салата се присутни 111 пратеници и дека седницата може да продолжи. На почетокот се бараше формирање комисија ...

АНКАРА (АА) - Медиумите во Индија објавија дека земјата го запрела протокот на вода на реката Ченаб од браната Баглихар кон Пакистан, известува Анадолу. Според веста што ја објави весникот „Индија тудеј“, новиот потег следува откако Индија го суспендираше Договорот за водите на Инд потпишан со Пакистан во 1960 година по терористичкиот напад во Џаму и Кашмир. Извори запознаени со оваа тематика изјавија дека Индија го запрела протокот на вода од ...

НАРА (АА) - Прочуениот парк Нара, сместен во подножјето на планината Вакакуса (Микаса), кој датира од 1880 година, претставува едно од најпрепознатливите природни богатства на Јапонија, јавува Анадолу. Паркот, кој опфаќа голема зелена површина, ги комбинира природната убавина и историјата преку своите древни храмови и светилишта, а истовремено е дом на голем број диви животни и разновидни растителни видови. Меѓу највпечатливите жители на паркот ...

АМАЗОНИЈА (АА) - Длабоко во еквадорската амазонска дождовна шума, народот Ваорани продолжува да ги штити територијата на предците и своите традиции од растечките закани од нафтените компании, јавува Анадолу. Среде искушенијата на современиот живот и слободата на дивината, Ваораните се народ силно поврзан со својата историја и земја, кој и покрај сите потешкотии, ги продолжува своите традиции. Живеејќи речиси изолирано, подгрупа од 145 Ваорани, ...

СКОПЈЕ (АА) - Зајдисонцето над езерото Ван создаде прекрасна глетка во истоимената турска област, на чиј источен брег се наоѓа градот Ван, јавува Анадолу. Тимот на АА го сними овој природен феномен, доловувајќи ни ги птиците кои во својот лет како да „танцуваат“ над езерото Ван. Езерото Ван се наоѓа во источниот дел на Туркије и е најголемото езеро во земјата. Станува збор за солено езеро од вулканско потекло. Езерото Ван се наоѓа на надморска ...

ВАСИЛЕВО (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди поддршка со опрема за оранжерии и земјоделска механизација во рамките на проектите за одржливо земјоделско производство во Северна Македонија, јавува Анадолу. Опремата за стакленици и земјоделска механизација обезбедени од ТИКА за 140 семејства во Северна Македонија и за користење на 1.000 земјоделци беа доставени на церемонија што се одржа во Василево. На церемонијата ...

ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) – Безбедносниот кабинет на Израел рано утринава едногласно го одобри планот за проширување на тековната воена офанзива во Појасот Газа и окупација на делови од територијата, објавија израелските власти, пренесува Анадолу. Во соопштението од Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху се наведува дека планот е поднесен од началникот на Генералштабот на израелската Армија, Ејал Замир, со цел да се „порази Хамас“ и да се вратат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ja повтори заканата за користење воена сила за анексија на Гренланд, јавува Анадолу. „Не ја исклучувам таа можност“, изјави Трамп во интервју за „Ен-би-си“, емитувано во рамки на програмата „Мит д прес“. „Не велам дека ќе го направам тоа, но не исклучувам ништо.“ „Гренланд ни е многу потребен“, рече тој, додавајќи дека данската самоуправна територија е потребна за „меѓународна безбедност“. ...

ИСТАНБУЛ (АА) - По речиси 22 години во служба на корисниците низ светот, Скајп – иконската апликација за интернет-разговори и повици, во сопственост на Мајкрософт – официјално згаснува од денес, јавува Анадолу. Скајп беше развиен од група инженери, а Мајкрософт ја купи апликацијата во 2011 година. Во соопштението објавено на 28 февруари годинава, Мајкрософт најави дека апликацијата „ја достигнала својата крајна точка“. „Почнувајќи од мај 2025 ...

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ги овластил Министерството за трговија и американското трговско претставништво да започнат процес на воведување 100 % царини за сите филмови произведени во странство што влегуваат во земјата, известува Анадолу. Во соопштението објавено на неговиот профил на социјалната мрежа „Трут сошал“, Трамп наведе дека филмската индустрија во Америка забрзано „умира“. Посочувајќи дека другите ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Ваут Пулс од тимот XDS Астана е победникот на 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије која заврши денес, јавува Анадолу. Триесет и седумгодишниот холандски велосипедист се искачи на врвот во генералниот пласман со кумулативно време од 23 часа, 44 минути и 52 секунди, пред 161 велосипедист. Тимскиот колега на Пулс, Харолд Мартин Лопез, се пласираше на второто место, додека Гилермо Хуан Мартинез од тимот Picnic PostNL ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Ваут Пулс од тимот XDS Астана е победникот на 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије која заврши денес, јавува Анадолу. Триесет и седумгодишниот холандски велосипедист се искачи на врвот во генералниот пласман со кумулативно време од 23 часа, 44 минути и 52 секунди, пред 161 велосипедист. Тимскиот колега на Пулс, Харолд Мартин Лопез, се пласираше на второто место, додека Гилермо Хуан Мартинез од тимот Picnic PostNL ...

АНКАРА (АА) - Израелската Армија од утринава уби најмалку уште 20 Палестинци во најновите воздушни напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу. Официјалната палестинска новинска агенција Вафа, цитирајќи медицински извори, соопшти дека 15 лица се убиени, а 10 други се повредени во израелски воздушен напад врз стан во областа Ал-Карама, во северозападниот дел на Појасот Газа. Четири други лица беа убиени, а петмина беа повредени во израелски воздушен ...

БЕРЛИН (АА) - Речиси половина од Германците ја поддржуваат забраната на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) по нејзиното означување како „екстремистичка“ група од страна на германската агенција за домашно разузнавање, покажува најновата анкета, јавува Анадолу. Анкетата, спроведена од Институтот за анкети „Инса“ за германскиот неделник „Билд ам Зонтаг“, покажа дека 48% од испитаниците се за забрана на АфД. Анкетата, во која ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
73%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
62%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
42%
1018
weather icon

Софија

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
67%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.98
42%
1013
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
7.2
43%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
5.66
65%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
8.23
35%
1013
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 33ᴼ
4.12
21%
1013
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
48%
1016
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
7.72
100%
1012
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71