
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската администрација спречи делегација од Франција да влезе во окупираниот Западен Брег, известува Анадолу. Во писмено соопштение од палестинската општина Витлеем, се наведува дека Израел спречил делегација составена од приближно 50 претставници на француските локални самоуправи да влезе на Западниот Брег, како дел од иницијативата „Година на Палестина 2025“ организирана од Организацијата на обединети градови на Франција и ...
ПАРИЗ (АА) - Комеморација во главниот град Париз е организирана за Абубакар Сисе, млад муслиман кој повеќепати беше избоден со нож до смрт додека се молел во џамија во Франција на 25 април, известува Анадолу. Комеморативниот настан за Сисе, кој со нож беше избоден до смрт додека се молел во џамија во Франција минатата недела, започна во 12:00 часот по локално време на Плоштадот на Републиката во Париз. На настанот присуствуваа семејството на ...
ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека Палестинците умираат од болести што можат да се спречат, а лековите чекаат во камиони со помош на границите на Газа, која е под израелска блокада и цел на брутални напади, известува Анадолу. Гебрејесус се сретна со новинари од Здружението на членови на печатот акредитирани во Женевската канцеларија на Обединетите нации (ОН) ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на Палестинци убиени во израелските брутални нападите врз Појасот Газа се зголеми за 18 во последните 24 часа, вкупно 52.418 од 7 октомври 2023 година, известува Анадолу. Во писмено соопштение на палестинското Министерство за здравство во Газа, се споделени најновите информации во врска со убиените и повредените Палестинци во тековните израелски напади врз Газа. Телата на најмалку 18 убиени и 77 повредени Палестинци се ...
ВАШИНГТОН (АА) — Мајк Валц, советникот за национална безбедност на САД, кој беше критикуван откако „погрешно“ додал американски новинар во групата „Сигнал“ каде биле споделувани воените планови за Јемен, најави дека ќе ја напушти функцијата, известува Анадолу. Според вестите објавени во американските медиуми и врз основа на неименувани извори од Белата куќа, Валц ја напушта функцијата. Во веста што првично ја објави CBS News, се вели дека ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелците, кои ја запоседнаа палестинската земја, под полициска заштита упаднаа во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим, известува Анадолу. Службеник од Управата за исламски фондации во Ерусалим, кој побара да остане анонимен, за АА изјави дека 349 Израелци, кои ги запоседнале палестинските земјишта, под заштита на израелската полиција упаднале во Ал-Акса. Израелците, кои ги запоседнаа палестинските земји, во ...
ТЕХЕРАН (АА) - Одложена е четвртата рунда нуклеарни преговори меѓу Иран и САД, кои требаше да се одржат на 3 мај во Рим, Италија со посредство на Оман, известува Анадолу. Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал-Бусаиди, кој посредува во разговорите, во соопштението на својот профил на социјалната мрежа X наведе дека одлуката за одложување е донесена од „логистички причини“. „Ја презакажавме средбата САД-Иран закажана за сабота, 3 мај, ...
СКОПЈЕ (АА) - Хуманитарна организација дистрибуираше храна на раселените Палестинци во градот Газа, среде кризата со глад предизвикана од израелските напади и израелската блокада на границите, јавува Анадолу. Десетици Палестинци, меѓу кои и деца, се собраа на пункт за делење топол оброк, со надеж дека ќе добијат порција храна за себе и своите семејства. Многумина минаа километри и чекаа со часови под тешки услови за да донесат нешто дома на ...
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) – Со слоганот Протестираме за плата, работниците и синдикалците во Северна Македонија излегоа на протест во Скопје по повод 1 Мај – Денот на трудот, јавува Анадолу. Протестот започна од Работничкиот дом, продолжи пред Собранието и Стопанската комора и заврши пред Владата на РСМ. Работниците побараа покачување на минималецот на 500 евра, зголемување на сите останати плати во државата за 100 евра и почитување на ...
САРАЕВО (АА) - Претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, денес изјави дека британската разузнавачка служба „ровари и во Република Српска и во Србија“, велејќи дека сака да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ), но дека во тоа треба „РС да биде видлива“, пренесува Анадолу. Изнесувајќи остри критики на сметка на државата Босна и Херцеговина, чиј дел е и ентитетот РС, Додик во Градина, на одбележувањето на ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американски претставници се сретнаа со делегација на сириската привремена администрација во Њујорк, потврди синоќа портпаролот на Стејт департментот за Анадолу. „Претставници на Стејт департментот се сретнаа завчера (29 април) со сириските привремени власти“, истакна портпаролот под услов да остане анонимен, одбивајќи да даде дополнителни детали. Изјавата беше одговор на прашањето на Анадолу за можна средба во вторник меѓу ...
СКОПЈЕ (АА) - Шумските пожари што избувнаа во шумската област помеѓу Ерусалим и Тел Авив во Израел продолжуваат на 11 локации, пренесува Анадолу. Денес противпожарните авиони помогнаа во напорите за ставање под контрола на шумскиот пожар што избувна во Израел. Најмалку 20 лица се повредени од вдишување чад, израелските власти евакуираа неколку населени места и затворија голем автопат во централен Израел вчера поради шумските пожари предизвикани ...
ПРИШТИНА (АА) - Собранието на Косово не успеа да се конституира ни на денешната седница, деветти пат по ред, јавува Анадолу. Претседавачот со Собранието на Косово, Авни Дехари, овој пат предложи кандидатката на Движењето Самоопределување за претседател на Собранието, Албулена Хаџиу, да се гласа со тајно гласање, бидејќи за тоа, како што рече, постои можност според законот. Но, на ова се спротивставија Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новопотпишаното економско партнерство со Украина за развој на нејзините природни ресурси „може“ да послужи како безбедносна гаранција за Киев во војната со Русија, јавува Анадолу. Трамп истакна дека му кажал на украинскиот претседател Владимир Зеленски на средбата во Ватикан, каде присуствуваа на погребот на папата Франциск, дека би било „многу добро, ако можеме да постигнеме договор, да го ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Американска федерална судијка ја критикуваше администрацијата на Трамп за непочитување на судските наредби во случајот на Килмар Абрего Гарсија, Салвадорец кој беше депортиран со кршење на пресудата од 2019 година со која се забранува негова депортација поради страв од прогон, јавува Анадолу. Според Си-би-ес њуз, американската окружна судијка, Паула Ксинис, во Мериленд го отфрли барањето на властите за уште едно одложување на ...
ПРИШТИНА (АА) - Војниците на Северна Македонија од Регионалната команда „Запад“ на мисијата КФОР предводена од НАТО спроведоа патроли во општина Пеќ за одржување на стабилноста и безбедноста во подрачјето, известува Анадолу. КФОР објави известување на социјалните мрежи за патролата што војниците од Северна Македонија ја спроведоа во подрачјето на Пеќ, со цел одржување на стабилноста и безбедноста во ова подрачје. Според податоците од КФОР, во ...
Со доаѓањето на пролетта, јапонските цреши што цветаат во паркот пред библиотеката „Робартс“ во Торонто, Канада, привлекуваат голем интерес кај жителите и туристите, кои го посетуваат паркот во сончевите денови, јавува Анадолу. Жителите, своите дневни прошетки, средби и моменти за релаксација во овој период од годината преферираат да ги поминуваат на шеталиштето пред библиотеката, а причината е розовата магија на расцветаните цреши. Црешовите ...
Познатата Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД) ја прослави својата 94-годишнина, со светлосен дисплеј, јавува Анадолу. Маркантниот облакодер беше официјално отворен на 1 мај 1931 година, кога американскиот претседател Херберт Хувер ги вклучи светлата на зградата, далечински, од Вашингтон. Изградбата започна на 17 март 1930 година, а зградата беше отворена тринаесет и пол месеци подоцна. Таа е едно од најпознатите ...
Украина соопшти дека најмалку две лица се убиени, а 15 се повредени во руски ноќен напад со беспилотни летала врз југозападниот пристанишен град Одеса, пренесува Анадолу. „Непријателскиот напад оштети високи станбени згради, приватни куќи, супермаркет, училиште и автомобили... Две лица загинаа, други се повредени како резултат на нападот“, истакна гувернерот на Одеса, Олех Кипер, на Телеграм рано утрово. Украинската државна служба за вонредни ...
ЊУЈОРК (AA) — Округот Лос Анџелес во американската држава Калифорнија се согласи да плати 4 милијарди долари отштета во тужбата поднесена по обвинувањата дека речиси 7.000 деца биле сексуално злоупотребени во центри за малолетнички притвор и установи за згрижување деца кои биле под негова јурисдикција, известува Анадолу. Управниот одбор на округот Лос Анџелес едногласно го одобри договорот, известува Анадолу. Фесија Девенпорт, претседателка на ...
СКОПЈЕ (АА) - Интерпелацијата на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Панче Тошковски, поднесена од Левица, вчера не помина во Собранието на Северна Македонија, јавува Анадолу. Интерпелацијата беше побарана врз десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а над 190 беа повредени. „Против“ гласаа 72 пратеници, додека „за“ гласаа само 20 пратеници, по што ...
ЖЕНЕВА (АА) - Туркије го обвини Израел дека ја користи гладта како оружје против цивилите во Газа денес за време на сослушувањето во Меѓународниот суд на правдата (МСП) и истакна дека меѓународната заедница „сериозно потфрлила“ во спречувањето на широко распространето уништување и губење на животи, известува Анадолу. „Меѓународната заедница сериозно потфрли во запирањето на израелската агресија и загубата на десетици илјади невини животи во ...
АНКАРА (АА) - Израелски воени авиони денес извршија голем број воздушни напади врз периферијата на градот Ашрафија Сахнаја во околината на Дамаск, југозападна Сирија, известува Анадолу. Сириската државна новинска агенција САНА соопшти дека во израелските воздушни напади се погодени неколку области околу Ашрафија Сахнаја. „Израелски авион денес ги таргетираше безбедносните сили во Ашрафие Сахнаја, што резултираше со смрт на еден безбедносен ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Израел мора да ги прекине своите воздушни напади што им штетат на напорите за единство и територијален интегритет на Сирија, изјави денес портпаролот на Министерството за надворешни работи на Туркије, извесетува Анадолу. Во соопштението, Онџу Кечели истакна дека глобалната заедница, особено регионалните земји, имаат одговорност да придонесат за воспоставување безбедност и стабилност во Сирија. „Целосно сме уверени дека актите на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије го поздравува ставот на Трамп кој ја зема предвид чувствителноста на земјата, додавајќи дека тие двајца се разбираат меѓусебно во врска со Сирија, јавува Анадолу. „Верувам дека мојот пријател Трамп и јас ќе донесеме многу поинаков импулс во односите меѓу САД и Туркије во деновите што доаѓаат“, изјави Ердоган при враќањето од посетата на Италија. Ердоган изјави дека ...
СКОПЈЕ (АА) - Израелската армија ги нападна шаторите на раселените Палестинци во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел од Појасот Газа, јавува Анадолу. Според Министерството за здравство на Газа, Израел уби 35 Палестинци во последните 24 часа, со што бројот на жртви од октомври 2023 година надмина 52.400. Бегалскиот камп Нусејрат честопати беше цел на брутални напади во геноцидната војна што Израел ја спроведува врз палестинската енклава. ...
ТЕТОВО (АА) - Во Тетово се одржа протест за поддршка на Газа, известува Анадолу. На плоштадот „Илирија“ во Тетово се одржа протест за поддршка на Газа под мотото „Северна Македонија на нозе за Газа, поздрав од Тетово до Газа, отпорот продолжува“. Стотици граѓани, вклучувајќи и деца, учествуваа на протестот организиран од граѓанските организации во земјава. На протестот беа изложени креветчиња, облека и играчки што ги симболизираат децата убиени ...
СКОПЈЕ (АА) - По одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија да ја поништи владината одлука за основање на приватното средно училиште (ПСУ) „Медреса Иса Беј“ во Скопје, со соопштение се огласи Исламска верска заедница (ИВЗ) на Република Северна Македонија, известува Анадолу. ИВЗ во соопштението наведе дека со длабока загриженост ја примила веста дека Уставниот суд на Република Северна Македонија ја поништила владината одлука ...
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека доколку Русија е подготвена за привремен прекин на огнот од 60 или 90 дена, и тие ќе бидат подготвени за тоа, известува Анадолу. Во писмено соопштение министерот Сибиха ја оцени важноста на привременото примирје со цел да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина. Потсетувајќи дека Русија прогласи привремен прекин на огнот од 8 до 11 мај, по повод ...
СКОПЈЕ (АА) – Во парк за птици во Словачка е инсталиран џиновски засилувач на звукот, со цел поинтензивно слушање на пеењето на птиците, јавува Анадолу. Паркот „Авесцентрум Сене“, кој се наоѓа во близина на словачкиот град Михаловце, е клучна станица за птиците преселници во Источна Европа, особено во текот на пролетната сезона. Дом на широк спектар на видови птици благодарение на богатите слатководни хабитати, паркот сега има дрвен засилувач на ...