ИСТАНБУЛ (АА) – Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, ја откажа планираната посета на Израел поради загриженост дека неговото присуство би можело да се протолкува како поддршка на зголемените воени дејства на Израел во Газа, објави Аксиос денес, јавува Анадолу. Според висок претставник на американската администрација што зборувал за медиумот, Венс се откажал од застанување во Израел по посетата на Рим бидејќи не сакал да прати порака дека ...

БЕЛГРАД (АА) - Србија им придава особено значење на односите со Турција која, со оглед на нејзиното големо влијание, е важна за стабилноста на целиот регион, изјави денес српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Белград, известува Анадолу. „Задоволство ми е што денес го пречекувам министерот Хакан Фидан во Белград. Уверен сум дека нашиот разговор ќе придонесе за натамошно ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Како последица на војната на Израел уништени се 92 % од палестинските домови во Појасот Газа, соопшти денес Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), јавува Анадолу. „Семејствата во Газа се соочуваат со незамисливо уништување. Според извештајот на Кластерот за заштита, 92 % од домовите се уништени или оштетени“, се наведува во соопштението на УНРВА. Агенцијата истакна дека илјадници луѓе повеќепати биле протерани од своите ...

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич изјави дека ќе го окупираат целиот Појас Газа, велејќи: „Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, рече тој. Смотрич, лидер на Национална религиозна партија - религиозен ционизам, на прес-конференција изјави дека ќе дозволат во Газа да влезе минимално ниво на хуманитарна помош. Зборувајќи за планот за напад на израелската армија наречен „Гидеонови кочии“, кој ...

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер, претседателот на Европскиот совет, Антониo Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен остро ја осудија тековната израелска воена офанзива во Газа на заедничката прес-конференција по самитот Велика Британија – ЕУ денес, јавува Анадолу. Стармер ги нарече израелските напади врз Појасот Газа „неприфатливи и неподносливи“ и нагласи дека е неопходна координирана меѓународна ...

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека израелската армија ќе ја преземе контролата врз „цела Газа“, притоа признавајќи дека се зголемува меѓународниот притисок врз Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во опколената палестинска енклава, јавува Анадолу. Израел „ќе ја преземе цела Газа, тоа е она што ќе го направиме“, рече Нетанјаху во видеопорака на својот профил на X. Нетанјаху призна дека ...

ЖЕНЕВА (АА) – Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес ги повика земјите членки да го усвојат договорот за пандемии, за кој долго се преговараше, при што истовремено предупреди на влошувањето на хуманитарната состојба во Газа, финансиската криза во СЗО и повторната појава на полиовирусот во некои делови на светот, јавува Анадолу. „Секое Светско здравствено собрание е значајно, но особено ...

АНКАРА (АА) – Израелската армија утринава изврши напад врз складиште со медицински течности и материјали во медицинскиот комплекс Насер во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, како дел од продолжените напади што траат од октомври 2023 година, јавува Анадолу. Министерството за здравство на Газа објави слики на социјалните мрежи на кои се гледаат последиците од нападот на израелската армија врз складиштето со медицински материјали во ...

БУКУРЕШТ (АА) - Проевропскиот независен кандидат и градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, победи во вториот круг од претседателските избори во Романија, известува Анадолу. Откако ниту еден кандидат не доби повеќе од 50 % од гласовите во првиот круг од претседателските избори што се одржаа на 4 мај во Романија, вчера се одржа вториот круг помеѓу Дан, независен кандидат поддржан од партиите на центарот, и Џорџ Симион, кандидат од крајно ...

АНКАРА (АА) - Министерот за млади и спорт на Република Турција, Осман Ашкин Бак, младинци, претставници од 81 турска покраина, национални спортисти и делегација на министерот присуствуваа на церемонијата што се одржа во Аниткабир по повод празникот 19 мај - Ден на младоста и спортот на Турција и Ден на сеќавање на Ататурк, известува Анадолу. Делегацијата, предводена од министерот Ашкин Бак, пешачеше по Патот на лавот и пристигна до мавзолејот на ...

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) - По речиси 80 дена опсада Израел ќе дозволи влез на само девет камиони со помош за 2,4 милиони жители на Газа, соопштија денес израелските медиуми, јавува Анадолу. „Девет камиони натоварени со хуманитарна помош, вклучително и храна за бебиња, наредните часови ќе влезат во Газа преку Израел“, изјави за армиското радио Гасан Алијан, кој раководи со Канцеларијата за координација на владините активности на териториите ...

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе разговараат телефонски вечерва, јавува Анадолу. За време на прес-конференцијата во Москва денес Песков потврди дека повикот е закажан за 17 часот по московско време. Според него, цел на повикот е да се разговара за резултатите од неодамнешните разговори меѓу Русија и Украина што се одржаа во Истанбул ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Состанокот на работната група Турција - САД за Сирија ќе се одржи утре во Вашингтон, соопштија турски дипломатски извори, јавува Анадолу. Се очекува состанокот, кој ќе се одржи во меѓуинституционален формат, а со него ќе претседаваат заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Нух Јилмаз, и заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, да се фокусира на политиките на двете земји кон Сирија и на него да се разговара ...

СКОПЈЕ (AA) – Околу 20.000 луѓе учествуваа на 114. издание на традиционалната трка „Беј ту брејкерс“ во Сан Франциско, најстарата трка на кратки патеки во светот што се одржува без прекин од 1912 година, јавува Анадолу. Настанот, кој е длабоко вкоренет во културата на градот, се одржа во неделата, започнувајќи во близина на заливот на Сан Франциско, неколку блокови од улицата „Ембаркадеро“, и продолжувајќи по 12-километарска траса низ градот до ...

АНКАРА (АА) - Израелската армија уби уште 17 Палестинци утринава во смртоносните напади низ Појасот Газа, кој е разорен од војна, јавува Анадолу. Според официјалната палестинска новинска агенција Вафа, 17 Палестинци биле убиени во израелските воздушни напади врз домови и шатори низ Појасот Газа. Најновите жртви на бруталните напади на израелските сили вклучуваат шестмина Палестинци убиени во Кан Јунис во јужна Газа, од кои еден беше убиен од ...

СКОПЈЕ (АА) - Уште еден неуспешен обид за конституирање на косовското Собрание, известува Анадолу. Денешната седница на Собранието на Косово започна со половина час задоцнување. Претседавачот со седницата Авни Дехари ги повика пратениците на консултации пред почетокот на седницата. Неуспешен беше и 18. обид за конституирање на Собранието на Косово. Во продолжението на седницата немаше доволно гласови за формирање комисија за тајно гласање за ...

ЊУЈОРК (АА) - Воениот оркестар „Мехтеран“, кој е дел од Министерството за национална одбрана на Турција, настапи на парадата организирана на Тајмс Сквер во Њујорк, САД, што ја следеа голем број луѓе, известува Анадолу. Воениот оркестар „Мехтеран“, кој на 16 и 17 мај учествуваше на Парадата по повод Денот на Турција и на разни културни настани што се организираа во Њујорк, САД, имаше свој настап и на познатиот Тајмс Сквер на 18 мај (недела). ...

СКОПЈЕ (АА) - Училиштата „Маариф“ ги организираа II Европски и балкански спортски игри во Тетово, известува Анадолу. Ученици од училиштата „Маариф“ од Австрија, Белгија, Франција, Романија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Северна Македонија учествуваа на спортските игри организирани во кампусот на Меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово. Турнирот го отвори Али Чичек, член на Одборот на турската фондација „Маариф“. Публиката имаше ...

ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес упати честитки по повод Денот на младите и спортот на Турција и Денот на сеќавање на Ататурк, јавува Анадолу. Во пораката објавена преку Дирекцијата за комуникации на Турција на социјалната мрежа X, Ердоган ја истакна историската важност на 19 Мај – денот кога во 1919 година започнала Турската војна за независност под водство на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската Република. ...

Возачот на тимот на Мекларен, Австралиецот Оскар Пјастри, ја освои Големата награда на Мајами, победувајќи во шестата трка оваа сезона на Светското првенство во Формула 1, известува Анадолу. Трката се одржа на автодромот „Мајами“ на патеката долга 5.412 метри, а возачите се натпреваруваа кој најбргу ќе ги извози зададените 57 круга. Пјастри ја извојува победата со време од 1 час, 28 минути, 51 секунда и 587 делови од секундата, постигнувајќи ја ...

ЗАГРЕБ (АА) – Во Хрватска во тек се локални избори каде граѓаните ги бираат локалните власти во повеќе од 570 локални единици, од над 30.000 кандидати претставници на властите во советите и собранијата на општините, градовите и жупаниите, како и градоначалници на општини, градоначалници на градови и жупани, јавува Анадолу. На секои четири години, Хрватска организира локални избори во третата недела во мај, а на овогодинешните избори се ...

ТИРАНА (АА) - Заврши 6. самит на Европската политичка заедница (EST) што се одржа во Тирана, главниот град на Албанија, известува Анадолу. Албанскиот премиер Еди Рама и премиерка на Данска, Мете Фредериксен, каде што ќе се одржи следниот самит, одржаа заедничка прес-конференција на затворањето на самитот. Рама рече дека имале многу продуктивен ден и дека организирале серија тркалезни маси на кои се дискутирало на различни теми. Рама истакна дека ...

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи во врска со проширувањето на нападите на Израел врз Газа го изјави следново: „Проширувањето на нападите на Израел врз Газа во време кога преговорите се во тек ги поткопува сите напори за обезбедување мир и стабилност. Оваа ситуација е уште еден показател дека Израел нема намера да постигне траен мир“, известува Анадолу. Турското МНР издаде писмено соопштение во врска со големата копнена операција ...

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израел предложи 60-дневен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за ослободување на половина од живите израелски заложници кои се во рацете на палестинската група Хамас, јави израелскиот јавен радиодифузер КАН, јавува Анадолу. Според КАН, повикувајќи се на неименувани израелски функционери запознаени со преговорите, понудата била презентирана во саботата за време на разговорите во Доха, Катар. Израел проценува дека во ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија започна „опсежна копнена операција“ во воено разорениот Појас Газа, соопшти денес војската, пренесува Анадолу. „Во текот на изминатиот ден, (армиските) трупи на ИДФ од Јужната команда, и постојаната војска и резервниот состав, започнаа опсежна копнена операција низ целиот северен и јужен дел на Појасот Газа, како дел од почетокот на операцијата „Кочиите на Гидеон“, се вели во соопштението на војската. ...

ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес го пофали растечкиот моментум во односите меѓу Турција и Саудиска Арабија, нарекувајќи го производ на „визијата на нашите лидери“, јавува Анадолу. „Задоволни сме од моментумот што е постигнат во искрената и тесна соработка меѓу нашите земји, кои се два важни актери во нашиот регион и исламскиот свет, врз основа на визијата предложена од нашите лидери“, рече Фидан ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 53.339 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 67 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, додека 360 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 121.034. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат ...

СКОПЈЕ (АА) - Малоазиските верверички (Spermophilus xanthoprymnus), или локално познати како „Anadolu gelengisi“ или анадолски стоболки, активно бараат храна низ пространите ливади на Караман, централна Турција, јавува Анадолу. Верверичките бараат плен и се хранат на отворените тревни површини, нивното претпочитано живеалиште, поради несоодветните услови во изораната почва и шумските подрачја. Малоазиската верверичка е мал глодар што живее на ...

АТИНА (АА) — „Децата, семејствата и старите лица во Газа се доведени до состојба на гладување“, истакна денес папата Лав XIV на неговата инаугуративна миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, пренесува Анадолу. Заблагодарувајќи им се на околу 200.000 присутни и бројни делегации што претставуваат држави, кралски семејства и други христијански цркви, папата додаде: „Во радоста на верата и заедништвото, не можеме да ги заборавиме нашите браќа и ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 27 лица загинаа откако моќни торнада ги опустошија американските сојузни држави Мисури, Кентаки и Вирџинија, предизвикувајќи огромни штети и вонредна состојба, како и прекини на струјата за стотици илјади луѓе низ централниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу. Во Кентаки, бројот на загинати порасна на 18 откако вчера гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, потврди дека најмалку 14 лица загинале во ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
5.66
53%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
4.12
72%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
54%
1020
weather icon

Софија

28ᴼ / 17ᴼ
4.12
41%
1017
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.8
45%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
71%
1021
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
3.6
42%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
54%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
39%
1014
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.09
36%
1015
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
62%
1018
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
8.23
100%
1013
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71