
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Најмалку 27 лица загинаа, а други 46 се повредени во пожар во болница во југоисточниот дел на Багдад, во кој се сместени пациенти со дијагностицирани со Ковид 19. Пожар во болницата Ибн Хатиб избувнал поради инцидент што довел до експлозија на шише со кислород. Фотограф на Ројтерс објави дека неколку амбуланти пристигнале во болницата и ги пренеле повредените. Шефот на единицата за цивилна заштита, генерал-мајор Кадим Бохан, изјави дека пожарот ...
ВМРО-ДПМНЕ за денес најави протест во 11 часот пред Влада на Република Македонија. На протестот граѓаните ги повика претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест! Недела, 11:00 часот пред Влада“ – напиша Мицкоски на својот ...
Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност. ...
Во последните 24 часа се направени 2.362 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на Ковид 19 во: -Скопје 143 -Куманово 30 -Битола 18 -Велес 16 -Струмица 15 -Прилеп 14 -Штип и Охрид по 9 -Тетово и Ресен по 8 -Кочани и Гевгелија по 6 -Кавадарци и Виница по 5 -Гостивар и Кичево по 4 -Свети Николе и Струга по 3 -Берово и Пробиштип по 2 -Делчево, Богданци, Крушево и Демир Хисар по 1 Пријавени се вкупно 27 починати лица: 8 од Скопје (51г, 68г, ...
Француските дегустатори на вино сакаат да бидат дел од приоритетните групи за вакцинација против коронавирус, затоа што стравуваат дека ќе го изгубат чувството за мирис доколку се заразат. Анкетата открива дека повеќе од една третина од дегустаторите кои биле заразени тврдат дека инфекцијата влијае на нивната способност да си ја завршат работата. Здужението исто така забележува колку се загрижени сите во винската индустрија. На пример, поединци ...
За успешно да се развие една вакцина потребно е да помине неколку фази и тестирања во период од 4 до 5 години, а некогаш и повеќе. За разлика од останатите вакцини пандемијата предизвикана од коронавирусот ја наметна потребата што побрзо да се дојде до вакцина против смртоносниот вирус. Токму затоа целиот научен свет и сите капацитети се посветија на развој на вакцина против Ковид-19 и за речиси една година светот ги доби првите вакцини. Поради ...
Во Германија од ноќеска, на полноќ, стапија на сила измените во Законот за заштита од инфекции, што на федералната влада предводена од Ангела Меркел ѝ овозможува автоматско воведување на построги мерки во борбата против ковид-19. Амандманот со кој се направија законските измени добија зелено светло во Долниот и Горниот дом на парламентот, Бундестагот и Бундесратот, во средата и четвртокот, а првично остануваат сила до крајот на јуни. Законските ...
Вистински шок за инвеститорите. Биткоинот и другите дигитални валути нагло паднаа утрово, бришејќи над 260 милијарди долари од пазарната вредност на крипто валути. Токму кога помисливме дека крипто-валутите се движат исклучиво нагоре и немаа намера да „забават“, падот на биткоинот и другите дигитални валути потсетија зошто ги сметаме за ризични средства. Имено, најпопуларната крипто-монета моментално вреди околу 49.280 долари, што е за десет ...
ОВЕН На многумина ќе им се чини дека ги води некоја невидлива рака кон уште поголема среќа.Или сте вљубени или се заљубувате. Вашата склоност да си поигрувате со луѓето не е секогаш пријатна. Луѓето се нешто повеќе отколку играчки. Бидете она што сте. БИК Тешкотиите кои непланирно ви се појавуваат, пробувате да ги решите во од. Сепак, се гледа дека за нив ви е потребно многу повеќе време. Немате потреба да комуницирате со другата половина. ...
Во март, оваа година имало 287 пензионери со пензија над 52.455 денари. 12 пензионери го зеле највисокиот износ од 57.304 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.327 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 43.000 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 897 се со пензија од ...
Во канцеларијата на Драги Рашковски на Правниот факултет во Скопје е пронајден софтвер од прашањата за испитот за судии и јавни обвинители, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Што бараат прашањата за судии и обвинители кај Рашковски? Уште поголем сомнеж фрла фактот што серверот на системот на Академијата за судии и јавни обвинители се наоѓа во влада, а каде до неодамна Рашковски беше генерален секретар. Во јавноста се ...
Од 20.00 часот (23.04.2021) до 05.00 часот (24.04.2021) констатирано е дека 35 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (23/24.04.2021), пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 513 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме ...
Флорентино Перез како претседател на најавената Супер лига наиде на жестоки критики во јавноста поради поделбата и гневот кој го предзивика во фудбалската Европа, но истовремено, почна да добива и закани од страна на водечките луѓе на УЕФА кои видоа загрозувачки потенцијал во проектот на првиот човек на Реал Мадрид. Секако, Перез не е осамен во оваа идеја и негов најголем сојузник е Андреа Ањели, но огромна поддршка има и од Жоан Лапорта кој ...
Американската администрација за храна и лекови и Центрите за контрола и превенција на болести ја укинаа забраната за употреба на вакцините на „Џонсон и Џонсон“, соопшти Администрацијата за храна и лекови. САД можат веднаш да ја обноват вакцинацијата со „Џонсон и Џонсон“, соопштија врвните здравствени регулатори, завршувајќи ја десетдневната пауза за да се испита врската помеѓу вакцината и исклучително ретките, но потенцијално смртоносни тромби. ...
Туристичко-угостителскиот сектор, игритеките, сметководителите и танц-клубовите денеска повторно ќе протестираат пред Министерството за финансии. Бараат исполнување на нивните барања и финансиска помош за компаниите. Велат, поради пандемијата со коронавирусот, компаниите им се пред колапс, а дел од нив и ги затвориле. Конкретни во своите барања, бараат помош и мерки од државата, бидејќи во спротивно како што велат голем број лица ќе останат без ...
Канадскиот премиер Џастин Трудо во петокот во Отава ја прими првата доза од вакцината против КОВИД-19 на АстраЗенека , велејќи им на новинарите дека е многу возбуден. Потоа тој позираше пред телевизиските камери и фоторепортерите со кренат палец нагоре и потоа ја гледаше неговата сопруга Софи како ја прима првата доза на вакцината. Софи имала поблаги симптоми на инфекција со коронавирус на почетокот на минатогодишната пандемија, пренесува ...
Пандемијата на корона вирусот ја промени листата со најголемите економии во светот и турна многу земји во економска рецесија. САД, Кина, Јапонија и Германија и понатаму ги заземаат првите четири места на листата со најголемите економии, додека некои економии напредуваа или паднаа надолу на ранг листата. Американската ТВ станица ги подреди земјите по номиналниот бруто домашен производ од 2019 година, со проценки на БДП за минатата година од ...
„Ја прифаќам одлуката на Извршниот комитет на ГЕРБ да го врати мандатот за формирање влада, да го информира претседателот и да работи во парламентот“, изјавил премиерот во оставка Бојко Борисов во видео пренос во живо на неговиот профил на Фејсбук. Борисов говори од својот дом, а на масата со него се предложените за премиер Даниел Митов, вицепремиерот Томислав Дончев, Костадин Ангелов, градоначалникот на Софија, Јорданка Фандакова, Цвета ...
Некои од условите за да аплицирате се да сте ново основано трговско друштво, основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на РСМ. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави новиот јавен повик „Стартап херои” кој, како што посочи на прес-конференција директорот Коста Петров, дава можност малите стартап претпријатија кои веќе имаат развиен прототип на иновативен производ да реализираат ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно, околу пладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен правец. Максималната ...
Едни комбинации се предодредени за љубов, други се идеални пријатели, а трети, пак, едноставно не можат да се поднесат. Кога тие ќе се сретнат, секогаш е тензично. Ова се хороскопските знаци кои меѓусебно се нервираат: Овен Речиси ништо не може да ги запре овените. Амбициозни се и полни со елан, па секогаш им успева да ја завршат секоја задача. Луѓето што се ни ваму, ни таму, како Близнаците, кои со своето премислување може да ги спречат на ...
Со усвоениот План за распределба на административните службеници преку Програмата К-5, којшто беше усвоен на 40-тата владина седница, Владата најде решение за еден сериозен децениски проблем за кој реагираа граѓаните. Согласно Законот за преземање административни службеници, 1.349 вработени според програмата за правична застапеност конечно се распределуваат на конкретни работни задачи во вкупно 237 институции. Тоа не се нови вработувања туку ...
Некои хороскопски знаци едноставно не знаат како да штедат пари и секогаш се со празни џебови. БЛИЗНАЦИ Припадниците на овој знак се најнеодговорни кога станува збор за пари, пишува Индекс.хр. Тие се толку невнимателни со парите што можат да ја потрошат целата своја плата за еден ден. Тие честопати се наоѓаат во финансиски проблеми, имајќи предвид дека прекумерното трошење пари е правило, а не исклучок. СТРЕЛЕЦ Припадниците на овој знак, поради ...
Хакери се закануваат дека ќе ги објават документите доколку Quanta, партнерот на Apple не плати 50 милиони долари. Сепак, откако одбија да платат откуп, хакерите започнаа да го уценуваат гигантот од Купертино. Доверливите документи за уредите на „ Apple “ паднаа во рацете на руски хакери, кои доколку компанијата не им исплати откуп до 1 мај, планираат да објават сè. За да покажат дека се сериозни, хакерите од групата REvil веќе објавија некои ...
Адвокатот Јури Зенкович, кој е уапсен под сомнение дека подготвувал атентат врз белорускиот претседател Александар Лукашенко и дека подготвувал државен удар, во исказ во истрагата ја призна вината, изјави шефот на истражниот оддел на КГБ на Белорусија, Константин Бичек. -Зенкович преземал конкретни обиди за регрутирање, поткупување припадници на вооружените сили кои за парична награда биле подготвени да учествуваат во насилно соборување на ...
Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната нето плата за февруари месец, според кои просечната плата изнесува 27 948 денари и бележи раст од 2,7 проценти споредено со истиот месец лани. Според статистичките податоци порастот на просечната плата се должи на зголемување на платите во неколку сектори и тоа:Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен(7.5 %). Сепак што ...
Според податоците на Министерството за здравство на Турција регистрирани се 61.028 нови случаи на инфекција со коронавирусот во вторникот. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата сега е над 4,38 милиони, додека бројот на смртни случаи во Турција достигна 36.613 лица, откако во изминатите 24 часа починаа 346 лица од КОВИД-19. Други 55.592 пациенти се опоравиле, со што вкупниот број оздравени достигнал 3,8 милиони. До денес во ...
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека пандемијата на коронавирус покажала дека ниту една земја не е способна да обезбеди епидемиолошка безбедност без соработка со други. Путин тоа го рече во своето обраќање пред учесниците и организаторите на меѓународната конференција наречена „Епидемиолошка благосостојба”, што денеска и утре се одржува во Москва, пренесува руската агенција ТАСС. – Распространетата пандемија на коронавирус јасно укажува ...
Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности, постапка за засновање работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција на друга, истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека верува дека сите институции ќе ја спроведат одлуката. -Ако не им се работи, дали тие што се преземаат сега или што се досега вработени, треба да им се ...
Министерството за здравство информира дека денеска во спортската сала А1 Арена ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РСМ, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. Вакцинацијата ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. Претходно на 14-ти месецов беа вакцинирани собраниските служби. Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално ...