
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Весникот нагласува дека редакцијата го добила документот за кој се вели дека е „нон-пејпер“, подготвен од Германија и Франција, како заедничка иницијатива на тие две земји за продолжување на дијалогот и негово заклучување со договор. „Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе има автономен регион на Северно Косово“, е содржината на наводниот нон-пејпер објавен од приштинскиот весник „Коха диторе“, ...
Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ќе отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 во Бунарџик. Станува збор за инвестиција од областа на фармацевтската и здравствената индустрија за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. На официјалното отворање на фабриката ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски Фатмир Битиќи, министрите за здравство и за ...
Во периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, и покрај продолжените негативни ефекти од пандемијата КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот ...
Утрово во 5:40 часот регистриран е земјотрес во Македонија. Епицентарот бил на 15 километри североисточно од Босилово. Јачината на потресот била 2,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на длабочина од 2 км. ...
Претседателот на државата Стево Пендаровски, во рамки на дводневната работна посета во Брисел, денеска ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Како што е најавено од Кабинетот на Пендаровски, почетокот на средбата е предвиден во 12:45 часот, по што во 13:15 часот ќе следи заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и генералниот секретар Столтенберг. Пендаровски вчера во рамки на посетата на Брисел, ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.Ј.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, се договорил со П.В. да го земе патничкото возило „мерцедес C350“ на проба, а потоа да му исплати 1.600.000 денари до крајот на декември 2020 година. Меѓутоа, до денот на пријавување на кривичното дело тој не го извршил плаќањето, избегнувал контакт, не одговарал на телефонските повици и не бил ...
Се очекува Светската здравствена организација (СЗО) во наредните две недели да одлучи дали итно ќе одобри употреба на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошникот директор на оваа агенција на Обединетите нации, Марианџела Галвао Симао. Таа вчера прецизираше дека СЗО може да донесе одлука за вакцината Синофрам до крајот на оваа недела, додека за употребата на вакцината развиена од компанијата Синовак Бајонтек може да одлучи до ...
Утрово во Арачиново има полициска акција во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. -По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Свети Николе, објави пред малку на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Од МВР најавуваат детали по завршувањето на акцијата, напоменувајќи дека ова е една од низата полициски акции спроведени писледниот период. ...
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 570 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил ...
Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, а воедно и менаџер на светиниколската конфекција „Мода“, која е и најголемиот работодавач во оваа градче, во срцето на Овче Поле во интервју за МИА вели дека за спас на оваа индустрија и на 10.000 работни места потребен ќе е седми пакет на мерки. Забележува дека ситуацијата е комплексна и има разлика од компанија до компанија. -Прво ова што задоцни петтиот сет на мерки, можеби нема да ...
Франција во наредните денови ќе испрати респираторна опрема во Индија за да и помогне на државата да се справи со сериозната криза предизвикана од епидемијата на Ковид-19. Тоа го најави синоќа Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон. Претходно вчера, Европската комисија го активираше својот механизам за цивилна заштита на ЕУ и побара испраќање кислород и лекови во Индија, откако доби барање од Њу Делхи. Дополнително и Германија ќе ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, рече дека изградбата на проектот Ниш-Приштина ќе започне на крајот на август и дека ќе се договори железничката пруга до Прешево. „Најважното нешто за што разговаравме тука во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите, а потоа тие тука ни рекоа дека можат да ни дадат подобри услови. Добивме неверојатна ...
Мала група турски демонстранти се собраа во понеделникот пред американскиот конзулат во Истанбул, протестирајќи против одлуката на американскиот претседател eо Бајден да ги нарече масовните депортации и убиства на Ерменците пред еден век „геноцид“. Ројтерс известува дека неколку десетици демонстранти држеле транспаренти и извикувале пароли: „Геноцидот е лага и тоа е американски план“. Демонстрантите побараа и крај на употребата на американската ...
Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. Како што наведуваат од Министерството, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 ...
Мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции истекуваат денеска, а вчера Кризниот штаб предложи полицискиот час од утре да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, да се отворат летните тераси на сите угостителки објекти, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час. Сега на потег е Владата која на денешната седница треба да ...
Денеска на владина седница треба да се дискутира за најавата за разрешување на Пауновски откако одби да прими 33 работници распределени според Рамковниот договор Тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат денеска имале средба со премиерот Зоран Заев, а му доставиле и документи како аргументи за професионалното работење на нивниот директор Стојко Пауновски. Заев и денеска повтори дека мора да се почитуваат законите, одлуките на Владата, но ...
Во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид 19 во: -Скопје 58 -Куманово 6 -Прилеп 5 -Тетово и Штип по 3 -Гостивар, Кичево и Гевгелија по 2 -Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево по 1 Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје (48г, 61г , 61, 65г, 69г, 74г, 76г, 77г, 80г, 83г и 90г), 5 лица од Охрид(55г, 64г, 66г, 72г и 85г), по 4 лица од Битола (67г, 77г, 89г и 91г) и ...
СВР Струмица поднесе известување до ОЈО Струмица за 15-годишен малолетник од село Василево, Струмичко, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице. Како што соопшти денеска портпаролката на овој сектор, Александра Трајанова, пријавениот обљубата врз 18-годишно немоќно женско лице ја извршил на 1-ви овој месец. ...
Основачот на турската берза на криптовалути, Фарук Фатих Озер, наводно избегал од земјата со украдени дури две милијарди долари. Озер (27) го снимила камера на аеродромот во Истанбул за време на проверка на пасошот. За него се верува дека побегнал во Албанија или Тајланд. Обвинителите во Истанбул започнаа истрага во четвртокот, откако во средата нагло се изгасила берзата и Озер ја напуштил земјата со украдените инвестиции на стотици илјади ...
За Велигден и Рамазан Бајрам нема да има полициски час, останатите денови граѓаните ќе можат да бидат надвор уште еден час. Комисијата за заразни болести предложи, а кризниот штаб прифати од среда во наредните 2 недели наместо од 20 движењето да биде ограничено од 21 до 5 часот наутро, а угостителските објекти да ги отворат терасите за гости. Олеснувањето на рестриктивните мерки се очекува да добие зелено светло на утрешната Владина седница. -За ...
Продолжението на 39-та седница на Собранието, на чиј дневен ред како последна точка е интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е закажано за денеска во 11 часот. Интерпелацијата за Спасовски е поднесена од пратениците од Алијанса за Албанците и Алтеранатива, Зиадин Села, Африм Гаши, Скендер Реџепи, Елми Азири, Сурија Рашиди, Халил Снопче, Илире Даути, Сафије Садики Шаини, Атнан Незири, Абдула Салиу, Артина ...
Огромната и празна зона околу нуклеарната централа во Чернобил, местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот што се случи на денешен ден пред 35 години, е страшен споменик на човечките грешки, а сепак Украинците бараат инспирација, удобност – и приход од тоа. Реакторот број четири во електраната на 110 километри северно од главниот град Киев експлодираше на 26 април 1986 година, кога радиоактивниот материјал беше исфрлен високо кон небото. ...
Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството и затоа ние како Влада во шестиот пакет антикризни мерки предвидовме околу 2 милиони евра за поддршка на компаниите, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил. – За компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година во шестиот пакет наменуваме околу 2 милиони евра. Ваквата мерка е од исклучителна важност за поттикнување на ликвидноста во стопанството, додава ...
Или се неисплатени плати или откази без постапки, дури 80.000 поплаки за прекршување на работничките права пристигнале на адресата на Сојузот на синдикати, потврдуваат оттаму. Првиот човек на ССМ Дарко Димовски вели дека кај повеќето имало некоја интервенција и контакт со инвеститорот. Има поплаки и за исплата на плати под минималецот Некои не послушаа, поведовме дури и судски постапки, а за останатите се обративме до Државниот инспекторат за ...
Медицинска сестра во германски центар за имунизација признала дека шест инјекции наполнила со физиолошки раствор наместо со вакцината против коронавирусот на американско-германскиот производствен тандем „Pfizer/BioNtech“. „Физиолошкиот раствор е безопасна супстанција и не постои здравствен ризик за оние на коишто им е инјектирана“, изјави во неделата Матијас Пулц, претседател на бирото за јавно здравство на сојузната покраина Долна Саксонија. ...
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед . 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна ...
ОВЕН Ве очекува нова деловна понуда. Таа е прилично интригирачка, па размислувате дали да ја прифатите. Инсистирате на интензивна емотивна врска кон која партнерот не е склон, но го прифаќа вашиот предлог. Вашите нерви се преосетливи. БИК Започнувате нов деловен проект со многу ентузијазам. Ја вложувате целата своја енергија во бизнисот и сте сигурни во успехот. Нервозни сте и непријатно сте во комуникацијата со партнерот, но таа не коментира ...
Испратете ми ја сумата, без имињата на должниците, кои се должни во вашата продавница, беше пораката што деновиве ја доби една мала локална продавница во црногорскиот пристанишен град Бар. Според локалниот портал „Едро“, анонимен донатор кој живее во странство ги подмирил сите заостанати долгови во продавницата „Кобра“ во износ од 500 евра, плаќајќи долгови кон луѓе од сите вери и нации кои биле во тетратката за долгови на сопственикот на ...
Четврти ден по ред, Индија забележа рекорден број случаи на заразени со ковид 19, што го зголемува притисокот врз здравствениот систем, кој се распаѓа под притисок на бројот на пациенти и недостаток на кислород и лекови, пренесуваат светските медиуми. Со 349.691 нови случаи во неделата, вкупно речиси 17 милиони луѓе се регистирани како заразени во земјата од почетокот на пандемијата, објави Би-Би-Си. Пренатрупаните болници избезумено со денови ...
Веројатно знаете колку е чудесна сода бикарбона. Како таа всушност може да го подобри вашето здравје? За што се користи? Сода бикарбоната ја намалува киселината во желудникот, третира чиреви, добра е против дијарејата, може да спречи формирање камења во бубрезите и инфекција на мочниот меур. Може да се користи за разни препарати кои ја чистат кожата и ја прават сјајна и здрава. Дури и за некои вообичаени болести, како што се болки во мускулите ...