
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



ОВЕН Овој ден ви носи промени и неочекувани компликации што ќе влијаат на вашето поле на работа. Неочекувано ќе запознаете личност од минатото со која ќе обновите некои стари спомени на убовно поле. Се чувствуваш добро. БИК Очекувајте позитивен пресврт што ќе ви донесе шанса да заработите подобри пари. Ве чека поволен период за работа. Дојде време за големи одлуки кога станува збор за вашата врска со саканата личност. Можни се мали проблеми со ...
Светската здравствена организација (СЗО) ја вклучи вакцината на Модернa против Kовид 19 за итна употреба како петти препарат кој има лиценца од СЗО, што треба да го забрза процесот на одобрување во националните агенции за контрола на лекови, пренесува Ројтерс. „Целта е да се направат достапни лекови, вакцини и дијагностика што е можно поскоро за решавање на итни случаи“, соопшти СЗО. Помошникот на генералниот директор на СЗО Симао, рече дека е ...
Случај со индискиот сој на коронавирусот веќе е откриен во централна Франција, изјави директорот на регионалната здравствена агенција, пренесе АФП. „Откривме дека станува збор за индиската верзија на вирусот, увезена од турист кој се вратил од Индија“, изјави за БФМТВ, директорот на здравствената агенција во југозападниот оддел на Нувел-Аквитанија. ...
Според Министерството за здравство на Индија, во последните 24 часа биле регистрирани скоро 402 илјади нови инфекции и 3.523 смртни случаи, што е нов црн рекорд. Од февруари годинава, за време на вториот бран на пандемијата, потврдени се над 7,7 милиони нови случаи, а во текот на првиот бран, евидентиран е голем број на пациенти за период од 6 месеци, пренесува Ројтерс Повеќе од 19 милиони случаи на коронавирус се пријавени од епидемијата. Десет ...
Падот на нето приходи од камати се компензира и надоместува со раст на нето приходи од провизии и со зголемување на останати приходи од дејноста и со помали резервации од лани. Добивката на Комерцијална банка порасна за 64 отсто и достигна 5,9 милиони евра. „Комерцијална банка“ има фанстастичен старт годинава. Благодарејќи на одмерени растови на приходи и намалени резервации успеа да ја зголеми добивката за првите три месеци за 64 отсто во ...
Tриглав Осигурување АД, Скопје заклучно со 31.03.2021 година оствари нето загуба од работењето во износ од 30.955 илјади денари. Нето приходите од премија за 2021 година изнесуваат 189.218 илјади МКД, кое што претставува намалување во однос на 2020 година за 18,4%, односно за 42.601 илјади МКД. Гледано аналитички, причините за намалувањето се: – Пад на бруто премијата за 36.509 илјади денари, што делуваше негативно на нето приходите од ...
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и ...
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до граѓаните од православната вероисповед за големиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден, посакувајќи им во негово и во име на пратениците убави празнични моменти во кругот на семејството. – Упатувам искрени желби за добро здравје, лична и семејна среќа, лични и колективни успеси и радости. Големите празници се секогаш добра можност да се потсетиме на работите кои ...
САД и испраќаат на Индија повеќе од 100 милиони долари за да и помогнат во борбата против епидемијата КОВИД-19, соопшти Белата куќа. САД ќе испратат повеќе од 1.000 цилиндри за кислород, единици за производство на кислород, 15 милиони маски N95, милион брзи дијагностички тестови и низа друга опрема што им е потребна на индиските болници во Индија, се вели во соопштението. Најавено е и испраќање на милиони вакцини. „Исто како што Индија испраќаше ...
46,1% од етничките Македонци вработени во јавниот сектор се со високо образование, кај Албаниците овој процент е поголем и изнесува 54,7% додека со високо образование се 40,7% од Бошњаците. Во Судски совет, Уставен суд, Совет на Јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0%, пишува “Порталб“. Според степенот на образование – распоредот на “силите” на вработените во администрација е различен. Најголем дел од ...
Oвие два дена по повод празниците нема полициски час. Ова важи за вечерва и за утревечер. Комисијата за заразни болести донесе ваква одлука, а таа е усвоена на владина седница, со што полицискиот час нема да важи за време на празниците Велигден и Бајрам, односно на 1-ви и 2-ри мај, како и ноќта меѓу 12 и 13 мај. ...
Со новите измени во Законот за работни односи во породилното отсуство од работа ќе има можност да се вклучи и таткото. За дел од измените на овој закон на Алсат, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска појасни дека со новите измени, породилното отсуство би било околу 12 месеци, од кои 5 месеци се предвидени како задолжително отсуство на мајката. Остатокот, ќе може да се комбинира со таткото. – Поаѓаме од стандардите коишто се ...
Пристигнува најголемата пратка на вакцини во Македонија од 200.000 илјади вакцини од Синофарм. Со ова се очекува наредената недела да започне долго очекуваната имунизација на раѓаните. Вакцините „Синофарм“ беа купени во директните преговори со производителот, а во државата пристигнаа изутрина во 05:00 часот. За во понеделник е најавено овие вакцини да бидат дистрибуирани и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид, согласно бројот на ...
Објавен е јавниот повик за финансиска поддршка за угостителите кои имаа целосна забрана за гости, соопштил вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за јавно – приватен дијалог. Битиќи, како што соопштија од Владата, истакнал дека јавниот повик е објавен денеска со што мерката три од шестиот пакет е операционализирана и на околу 6.000 компании кои вработуваат околу 17 илјади лица, им се стават на ...
Српската премеирка Ана Брнабиќ денеска соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Северна Македонија, наведувајќи дека досега на земјава и се донирани вкупно 48 000 вакцини. Обраќајќи се пред новинарите при посетата на термоцентралата во Костолац, Брнабиќ потврди дека до Северна Македонија споменатите количини на вакцината „Спутник В“ биле доставени доцна синоќа како дел од контингентот од 20.000 вакцини од ...
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров оцени денеска дека односите меѓу Русија и САД се полоши сега отколку за време на Студената војна поради недостаток на меѓусебно почитување. Лавров изјавил дека Москва е спремна да ги нормализира односите со Вашингтон, но дека САД треба да престанат да се однесуваат како „владетели“ додека ги собираат своите сојузници против Русија и Кина. Ако САД го одбиваат дијалогот за взаемно почитување на основа на ...
Две деца загинаа, а 16 се повредени во напад со нож во градинка во јужниот кинески град Беилиу, соопштија денеска локалните власти. Уапсен е напаѓачот,24-годишен маж, идентификуван од полицијата со презимето Зенг. JUST IN – Massacre in China. Knifeman attacks kindergarten in Beiliu, China. 16 kids, 2 teachers reportedly injured. Suspect detained.pic.twitter.com/gWCnidvooR — Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) April 28, 2021 Како што пренесува ABC News ...
ОВЕН Најдобро би било да ги оставите соработниците сами да го покажат своето вистинско лице пред вас. Можно е да направите повторени грешки што сте ги направиле порано кон вашата сакана и вашата врска да влезе во фаза на криза. Вкочанетост во пределот на вратот. БИК Денес можете да очекувате успех на полето на работата. Пред вас е период во кој ќе бидете задоволни. Треба да направите компромис во контакт со вашата сакана. Може да доживеете пад ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара Ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници, а на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради оваа болест, да им бидат исплатени 100 проценти од основицата на плата утврдена со закон. Според ССМ, потребна е заедничка акција на претставниците на работниците и на работодавачите во насока на подигнување на ...
Денес е Велики Четврток, денот кога се вапцуваат јајца за Велигден, а првото има посебно значење и моќ и секогаш се вапцува црвено. Според обичајот кај многу православни христијани, најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето за Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот за главата на семејството, а третото е за стоката и бериќет. Домаќинката кога ги вапцува јајцата треба да има ...
Како што најави министерот за здравство Венко Филипче кинеските вакцини треба да пристигнат утре, а пеѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „Фајзер” ќе пристигнуваат секој понеделник во мај, односно вкупно 26.000. Во меѓувреме, српската премиерка Ана Брнабиќ соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В” на Северна Македонија, наведувајќи дека досега на земјава и се донирани вкупно 48 000 вакцини, јави дописникот на МИА од Белград. ...
Проекциите на Светска банка се дека следната година растот ќе биде 3,5 и дека се очекува закрепнување на македонската економија по историски најголемата рецесија од осамостојувањето и враќање на ниво како пред пандемијата. Најновиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, што денеска беше презентиран, покажува дека јавниот долг во земјава достигнал 60 проценти од БДП и се очекува тој да продолжи да расте, но со побавно темпо во однос на ...
ТАВ Македонија доби здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World) за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, којашто претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот. Програмата на ACI е креирана за да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се ...
Идентичните близначки од Австралија Ана и Луси, ќе бидат гости во американското реално шоу „Екстремни сестри“, откако со години ги полнеа страниците на весниците со нивниот екстремен животен стил. Тие имаат момче Бен Берн, кого девет години несебично го делат. Тие живеат заедно, спијат, водат љубов и планираат да имаат деца со него. Тие за себе велат дека се една личност. View this post on Instagram A post shared by AnnaLucy ...
Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска во Битола одговарајќи на новинарско прашање околу разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат изјави дека тој не би се мешал во внатре партискиот дел на СДСМ, но тој изрази голема загриженост од односот на Владата спрема директорот на таа институција кој е разрешен бидејќи си ја вршел работата како што треба. -Како институција и како човек најголемата забелешка на ...
Сега веќе поранешниот директор на државниот пазарен инспекторат, кој денеска со одлука на владата беше разрешен од функцијата, преку објава на фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои, како што напиша, во неговиот “пркос” согледале искрени намери и желби за силна, стручна и независна Европска институција. “Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институција со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот” – ...
Состојбата со Ковид-19 во Индија е се уште критична. Во вториот бран од епидемијата што ја зафати Индија, минатата недела се регистрирани најмалку по 300 000 новозаразени секој ден, а здравствените институции се под голем притисок, додека ситуацијата во крематориумите е толку алармантна што бара меѓународен одговор. Во изминатите 24 часа се регистрирани 360 960 нови случаи на зараза, што е најголем дневен број регистрирани во светот од почетокот ...
Научниците во Шпанија не пронајдоа доказ за зголемено ширење на заразата со корона вирус меѓу луѓето кои минатиот месец учествуваа на голем експериментален концерт. Шест лица се заразиле со корона вирус по 14 дена од концертот во Барселона, но инциденцата е помала од онаа кај општата популација, пишува Би-би-си. Околу 5.000 луѓе учествуваа во експериментот откако добија негативен тест на корона. Носеа маски, но не мораа да држат дистанца. Од ...
Проблеми со функционирањето на судството се причина што оваа година демократијата во Бугарија продолжува да се лизга кон „хибриден режим“, што постепено се забележува со неколку исклучоци во една деценија. Многу од проблемите на таа држава се забележуваат и во повеќето други земји во регионот. Тие заклучоци произлегуваат од проценката на Бугарија во годишниот извештај за земјите во транзиција на американската Фридом Хаус. Во извештајот се 29 ...
Кога луѓето ќе слушнат за тиква во денешното модерно време, веднаш помислуваат на тоа дека се користи само за традиционална декорација на Ноќта на вештерките. Сепак, месото од растение од тиква обезбедува низа здравствени придобивки надвор од популарните свечености. Тиквата е вкусна, разноврсна и може да се додаде во вашата исхрана на лесен и доста иновативен начин. Можеби нејзиниот сладок вкус сте го сретнале во јадења како креми, пити и ...