Британскиот актер Идрис Елба одби да го глуми тајниот агент Џејмс Бонд, затоа што му пречеле муабетите околу расата. Елба во подкастот SmartLess рече дека добивал многу понуди и комплименти, но имало и такви кои целата идеја и разговор го свртеле околу расата. „Стана бесмислено и почувствував огромен товар“, рече Идрис и објасни дека му пречело тоа што сите го гледаат како црн актер и дека таквите етикети му ја ограничувале кариерата и на него, ...

Соопштение за јавност Само Бугарија и Мицкоски се незадоволни од силната и јасна поддршка на Германија и канцеларот Олаф Шолц за европската иднина на државата и за македонскиот идентитет, јазик и посебност. Пречестото менување ставови од страна на Мицкоски, за европската иднина на земјава, за македонскиот јазик, не говори добро за него и покажува дека можеби е целосно загубен. Мицкоски има единствена прилика да се приклучи на процесот на ...

Во тек е економско закрепнување на Македонија, со реален раст на БДП проектиран на 2,1 отсто оваа година, а 3,4 проценти во 2024 година. Потрошувачките цени се очекува годинава да пораснат во просек за 9,2 отсто, 3,5 отсто во 2024, а до 2026 година да се вратат на 2 отсто, се наведува во прелиминарните наоди на мисијата на ММФ која престојуваше во земјава од 5 до 9 јуни. – Јавните финансии се на пат да ја исполнат целта за дефицитот утврдена во ...

МВР соопшти први детали за апсењето на ексградоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ заедно со уште четири лица. „Вчера во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик“, велат од МВР. Лицата ...

Соопштение од Влада на РМ Со средбата со Јоханес Хан, Комесар за буџет и администрација, се заокружи работната посета на Брисел на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Таа го информираше за надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење, кој за првпат се воведе во актуелната влада, како и за реформските процеси кои ги координира. Како докажан пријател на Северна Македонија, ...

Овен Амбициозни сте, но ви требаат повеќе информации за да ги остварите плановите. Ќе имате поддршка од некој близок, па добро би било повеќе да работите на зацврстување на ова пријателство што ќе ви биде многу важно. Финансиската состојба не е сјајна, но може да добиете понуди за соработка, што ќе ви донесат сигурен прилив на пари. Партнерот е подиректен од вообичаено. Ако го следите неговиот пример, ќе ја зацврстите врската. Оние што се сингл ...

Абердин– Британскиот принц Вилијам вчера го посети градот Абердин во Шкотска заради почнувањето проект за помош на бездомниците. Но, за разлика од другите вакви настани, овојпат впечатоците говорат дека немало речиси никаков интерес за оваа посета од член на британското кралско семејство. На видеото, Вилијам излегува од својот автомобил и тргнува кон местото на настанот, со поставена ограда по патеката, за обожавателите кои би сакале да го видат ...

Утрово од тим на ЦУК беа поминати и разгледани повеќе критични точки за можни одрони и нестабилни карпи на автопатот Скопје – Велес, при што беа забележани на повеќе локации мали карпи и камења коишто, иако се заштитени со мрежи, е можно истите да се стркалаат на брзата сообраќајна лента. По нашето неодамнешно укажување за опасност јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита и магистрални патишта препораливо е да направат ...

Синоќа беше уапсен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети Тинекс. Тие се упасени под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за перење пари за спомениците во Скопје, дел од проектот „Скопје 2014“ вреден 700 милиони евра. По поминатата ноќ во полициска станица, се очекува тие сега да се изведени пред судија на претходна постапка во Одделот за организиран ...

Ова раководство на СДС колку побргу заврши со политиката толку подобро ќе биде и за СДС, но она што е за мене поважно тоа е Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Мицкоски додаде дека таму во СДС во минатото некогаш го воделе луѓе и кои што имале капацитет интелектуален кој што за жал денеска во ова раководство не само што не се гледа туку апсолутно не може да се препознае и ...

Странска адвокатска компанија ќе ја застапува Македонија во арбитражната постапка за неизградениот Клинички центар, дознава Сител. Обврска на странските адвокати ќе биде во судот во Париз да ги застапуваат македонските интереси пред барањето на италијанската компанија за плаќање на пенали чија почетна сума е 18 милиони евра. Ако милионска сума ќе чини плаќањето во празно и на неизграден објект поради предвремено раскинување на договорот, колку ...

Академик Катица Ќулавкова вечерва на протестот пред Соборниот храм рече дека трансродност е термин кој ги покажува противречностите. Вели дека симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформирала и форсира нешто друго. Академик Ќулавкова рече дека оваа приказна не е наивна. Додава дека се мешаат поимите пол и род. Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии, рече таа. Новиот Предлог-закон за родова еднаквост се ...

биството на 17-годишниот Нахел М. предизвика немири во градовите низ Франција, како и во градот Нантер, западно од Париз, каде што пораснал. Како единствено дете израснато од неговата мајка, тој работеше како доставувач на пица и играше рагби лига. Неговото образование е опишано како хаотично. Бил запишан на колеџ во Суренес недалеку од местото каде што живеел, за да се обучи да биде електричар. Оние кои го познаваат велат дека бил многу сакан ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8 Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. – Следува краткотрајно стабилизирање на Атмосферата во Македонија. Меѓутоа, за време на викендот повторно наМНОГУ МЕСТА низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сево ова е поради влијанието на новата ПОГОЛЕМА влажна и ...

Денес министерот, Љупчо Николовски, заедно со директорот на ЈП “Стрежево“ Битола, Методија Граматковски, учествуваа во порибувањето на водите на акумулацијата “Стрежево“ со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот, кои ги спроведува ова претријатие од Битола. Порибувањето се изврши на ...

Фабрицио Романо открива дека Жозе Мурињо на почетокот од овој месец одбил понуда од 30 милиони евра годишно од Ал Хилал, целта на Португалецот била да остане во Рома. Се шпекулираше и претходно дека Саудијците сакаат да го доведат Мурињо во своето првенство, меѓутоа сега се откриваат и детали за понудата. Мурињо имал неколку состаноци, на кои луѓето од Саудиска Арабија се обидувале да го убедат, но на крајот не се одлучил да ја напушти Рома. Ако ...

Алексис Ципрас денеска поднесе оставка од функцијата лидер на левичарската партија Сириза, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван извор. – Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во денешната вонредна изјава по состанокот на извршната канцеларија на партијата по поразот на изборите, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас рече дека дојде време ...

Претседателот на САД, Џо Бајден, одговарајќи на новинарско прашање за рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека тој ја губи војната во Ирак. Тешко е да се каже, но тој очигледно ја губи војната во Ирак, изјави Бајден, најверојатно мислејќи на војната во Украина. Тоа е уште еден гаф на Бајден. Претходно во текот на месецот тој во својот говор пред поддржувачите за контрола на оружјето рече: „Боже чувај ја кралицата“. Подоцна Белата куќа ...

Парламентот на Малта едногласно усвои Закон за легализирање на абортусот, но само доколку постои ризик по здравјето на жената, што се смета за голем чекор за претежно римокатоличката нација. Со тоа се олеснува најстрогиот закон за абортус во Европска Унија, но активистите ја повлекоа својата поддршка, тврдејќи дека промените во последен момент го прават законот „нејасен, нефункционален, па дури и опасен“. Според одредбите на новиот Закон, на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски за време на посетата на Берлин, оствари средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес. На средбата, на која присуствуваше и Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком, се разговараше за постигнатите успеси и наредните планови на групацијата Дојче Телеком која во Република Северна Македонија од 2001 година го зазема водечкото ...

„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави. Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. ...

Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција и оти нејзиниот став во однос на спорните закони за кои се отвори дебата во јавноста, е „пред се заштита на традиционалните семејни вредности, и по структура и по морал“. ИВЗ, како што се наведува, и порано излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верските заедници во земјава, која дојде како резултат на ...

Во Канада првиот патнички воз во Северна Америка со погон на водород беше пуштен во сообраќај. Сепак, францускиот патнички воз е „краткорочна демонстрација“, што значи дека ќе сообраќа до крајот на септември со цел поттик“ на усвојувањето на овој вид патувања во Канада и САД. – Мислам дека најважно е да се подигне свеста на луѓето, кои ќе се навикнат на оваа технологија, рече Роберт Стаско, директор на Деловниот совет за водород во Онтарио. ...

Трансферот на Ким Мин-јае од Наполи во Баерн Минхен е завршена работа. “Баварците“ ќе ја платат откупната клаузула од 50 милиони евра и ќе го ангажираат кореецот кој треба да потпише петгодишен договор со Баерн Минхен. Според пишувањата на светските медиуми, кореецот и “баварците“ веќе ги договориле личните услови на фудбалерот и се чека само официјалната промоција на фудбалерот. Долго време лидер во оваа трка беше Манчестер Јунајтед, но ...

По неколку децении слаб напредок во обидите да се најде лек за ракот, група научници велат дека дошле до пресвртница. Многумина предвидуваат дека следниот чекор во лекувањето на ракот ќе биде вакцината, која треба да се појави за околу пет години. Истражувачите работат на повеќе вакцини за намалување на туморите и спречување на враќањето на ракот. Овие експериментални третмани се тестираат на рак на дојка и на белите дробови, а годинава се ...

Седумдесет и петгодишен маж е уапсен вчеравечер на островот Закинтос, во областа Гаитани, бидејќи влечел куче зад своето возило, пренесува Екатимерини. Возач од друг автомобил го снимил моментот кога кучето, врзано за куката за автомобилот, кое се влече и се бори да се ослободи. Во видеото, тој му кажува на човекот да го запре автомобилот, што и го направил. Видеото било испратено до локалната полиција која го идентификувала и го привела ...

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара нов напаѓач на кој ќе му ја додели „деветката“, а како најсериозен кандидат се споменува Килијан Мбапе. Флорентино Перез сака да го ангажира Мбапе, но засега ништо не е сигурно, а доколку не му успее идејата, тој има и алтернатива. Каталонски „Спорт“ објави дека Перез се распрашувал и за Лаутаро Мартинез од Интер и наводно идната недела треба да одржат состанок. Мартинез има 25 години и договор со Интер до 2026 ...

Соопштение за јавност Германија уште еднаш ја потврди силната и јасна поддршка за нашата татковина и даде гаранции дека нема нови условувања на европскиот пат. По усвоената Резолуција од страна на Бундестагот за охрабрување на македонската иднина во ЕУ и признание на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, јасни и силни гранции даде и германскиот канцелар Олаф Шолц. Ова е уште една потврда на државничките политики на СДСМ. Сега треба ...

Бесиан Ахмети, вториот внук на Али Ахмети, кој сега е именуван за Прв секретар на амбасадата во Брисел, е сопственик од 2007 до 2017 на Еверест ЏД, заедно со брат му Дрин, oткри на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој додаде и дека Еверест ЏД има концесија за експлоатација на варовник доделен од владата на СДСМ и ДУИ во 2006 година. Бесиан Ахмети излегува од сопственичката структура на Еверест ЏД, ...

Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице да може да ја смени ознаката во матичниот број онаму каде што се обележува родот, а Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество. Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право, изјави министерката за труд и социјална ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
74%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
94%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.88
84%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.77
84%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
6.17
52%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
91%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
89%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52