
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Скопје е на листата на десетте најзагадени градови во светот, која секојденвно ја објавува „IQair.com“. Главниот град на земјава денеска е на осмата позиција според загаденоста на воздухот. Утрово, според листата, во Скопје се измерени се измерени 170 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички. На прво место е Дубаи, а потоа следат Лахоре и Делхи. Во првите десет места нема ниту еден град од Европа. Од соседството главниот град на Приштина, ...
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД, првпат се огласи во јавноста Тој посочува дека ќе биде отворен за секој процес пред правосудните органи. Додава дека на располагање ја става и документацијата. „Од претседателот Вилсон, па сè до ден-денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и за граѓаните на Струга. Секогаш ...
Англискиот шампион Манчестер сити ги договори условите со хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, па сега следат преговори со Лајпциг за висината на откупната цена. Германскиот клуб за слободата на Гвардиол бара 100 милиони евра, а понудата од Сити со бонуси може да достигне и до 110 милиони евра. Од целиот случај раце трие и Динамо Загреб кој треба да добие 20 проценти од овој трансфер. Се очекува во наредните денови двата клуба да го ...
Евгениј Пригожин, шеф на приватните руски воени сили Вагнер денеска изјави дека им наредил на своите платеници да го прекинат маршот кон Москва и да се повлечат во своите теренски кампови во Украина за да избегнат пролевање на руска крв. Најавата на Евгениј Пригожин ја деескалира кризата што претставуваше најзначаен предизвик за лидерството на претседателот Владимир Путин во неговото повеќе од дваесетгодишно владеење. Москва се подготви за ...
Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан денеска во видео-обраќање побара поддршка околу протестот пред Соборниот храм во четврток на 29-ти јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. „Возљубени секој од нас и сите заедно имаме света должност – она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата. Со тоа обезбедуваме ...
Претседателот на Литванија повика на зајакнување на источното крило на алијансата по краткиот вооружен бунт на приватната воена компанија Вагнер против Москва. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Вилнус ќе се сретне со претседателот Гитанас Науседа како дел од подготовките за самитот на НАТО на 11 и 12 јули во главниот град на Литванија. Клучна тема на состанокот ќе биде војната на Русија против Украина. Претседателот ...
Доколку УЈП престане целосно со работа, а царина ги спушти рампите тоа би значело дека нема да има исплата на плати во цела држава, наплата на придонеси и даноци, прибирање средства во Буџетот по основ на казни и давачи, нема да има наплата на царини. Министерот за финансии тврди, согласно закон не можело да се стопира исплата на плата, но синдикатот и експертите го демантираа – не постои таков закон. Правото на штрајк е загарантирано со устав. ...
Њу Олд Бојс и Аргентина синоќа во Росарио одиграа убав ревијален натпревар во чест на Макси Родригез кој се збогуваше од фудбалот. Во родниот град брилјираше Лионел Меси кој успеа да постигне хет-трик, а сите зборуваат за магијата во 4. минута и зошто е „доктор за слободни удари“. Макси Родригез на својот натпревар за збогум успеа да ги собере најголемите аргентински ѕвезди, а поранешниот фудбалер на Ливерпул играше синоќа и за двете екипи за ...
До денес, повеќе од 20 руски „доброволни единици“ кои учествуваат во инвазијата на Украина потпишале договори со Министерството за одбрана. На почетокот на месецот, министерот за одбрана Сергеј Шојгу ја издаде соодветната наредба, поставувајќи го 1 јули како краен рок. Идејата е организациите да го добијат „неопходниот правен статус“. Според Николај Панков, заменик министер за одбрана, во Русија има повеќе од 40 такви воени структури. Од ...
Овен Кога станува збор за љубовта, ќе биде присутен ентузијазам, а ќе ги привлекувате другите со својата позитивна енергија која ја имате секогаш.На работа ќе бидете поефикасни од било кога, секоја цел ќе може да се постигне. Оттука, не е исклучена промена на работното место ниту трансфер на поодговорна задача.Денес ќе бидете фокусирани кон личните проблеми. Вашите навики – штетни или не – ќе одиграат голема улога при донесувањето на одлуките.Ќе ...
Градоначалникот на Чаир Ганиу остро ги осуди заканите, за кои тврди дека ги добил од Муарем Хасани, кој пред само два дена ја објави кандидатурата за претседател на огранокот на ДУИ во општина Бутел. Ганиу сведочи дека vвчера добил повик од непознат број, а кој се преставил како Муарем Хасани. Ганиу вели дека се чувствува загрозено затоа што Хасани му се обратил со зборовите: „Вие и Изет Меџити ќе се најдете на улица“, по што продолжил со ...
Воспаленијата се поврзуваат со повеќе ментални и физички пореметувања, вклучувајќи ги и трите најголеми убијци во светот: исхемиската болест на срцето, мозочните удари и хроничната опструктивна белодробна болест. Додека акутните воспаленија се одговор на природниот начин на телото за борба против инфекции и побрзо заздравување, долготрајните или хроничните воспаленија може да доведат до неповратно оштетување на ткивата. Можноста за брзо и ...
Лацио со години е една од најдобрите екипи во Серија А, постојано е при самиот врв, игра во Лигата на шампионите, Лига Европа, а за тоа голема заслуга дефинитивно има српскиот репрезентативец Сергеј Милиниковиќ-Савиќ. Тој од 2015 година е на „Олимпико“ и за кратко време си го пронајде своето место, заедно со Чиро Имобиле стана клучен играч со тоа што во последниве сезони неговата улога дури е поголема ако се замат во предвид проблемите со ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во северозападните планински подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=7 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Екстремно топло време нема да имаме, температурите ќе бидат нормално високи за овој период од годината и во следните денови тие ќе се ...
Има 21 година, живее во Струмица, а инаку е многу успешна студентка по медицина. – Клучот за нејзиниот успех е позитивниот став и јасно зацртаната цел, а Славица никогаш не бегала од работа кога нешто ќе науми. И автентичноста е клучот со кој ги освои симпатиите на публиката. Впрочем, и самиот факт што студира медицина, кој важи за тежок факултет зборува за нејзните изградени работни навики – објаснуваат од тимот на „Ѕвезде Гранда“. Нејзиниот ...
Родителите на малата Јана Христовска, која пред три месеци почина во битолската болница по примена инфузија, велат дека ќе се селат од државата. – Ќе се селиме од државата, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата, велат родителите на Јана. Завчера пред Основното јавно обвинителство во Битола се одржа протест „Правда за Јана“, на кој беше изразен револтот на одлуката на Обвинителството. – Сите велат дека е ...
Она што ги поврзува овие луѓе е истата мака што ја имаат – над 20 години на дијализа. Заедно со своите херои, лекарите кои се борат со бубрежните заболувања, се собраа да ја одбележат 20-годишнината од основањето на Здружението за пациенти со бубрежни заболувања – Нефрон. Тие признаваат дека животот не им е воопшто лесен и дека имаат многу ограничувања, на пример не можат да консумираат многу течности, но веќе се навикнати на тоа. „Јас 24 години ...
Врховниот лидер на талибанците на 25 јуни објави порака во која тврди дека неговата влада ги презела неопходните чекори за подобрување на животот на жените во Авганистан. На жените во Авганистан им е забрането да учествуваат во јавниот живот и да работат, а образованието на девојчињата е сериозно ограничено. Изјавата на Хибатула Ахунџада беше објавена во јавноста пред празникот Курбан Бајрам, кој ќе одбележува следната недела во Авганистан и во ...
Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на НУ Македонскиот народен театар вечер ќе се прикажува во рамките на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа. Фестивалот „Монте Сакро“ потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста. Како што соопштија од ...
Како дел од мисијата MAVEN (Mars Atmosphere and Volatile EvolutioN), беа направени фотографии од ултравиолетовиот поглед на Марс. Ваквите фотографии се исклучително важни за научниците, бидејќи им овозможуваат да добијат увид во атмосферата на Марс и да ја набљудуваат неговата површина на поинаков начин. Инаку, MAVEN беше лансиран во ноември 2013 година и влезе во орбитата на Марс во септември 2014 година за да ја истражи горната атмосфера на ...
Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета официјално заминува од таборот на „сините“. Информацијата за неговото заминување не беше пренесена со големо медиумско внимание, иако се работи за легендарен дефанзивец на лондонскиот клуб кој во Челзи пристигна пред скоро единаесет години. Аспиликуета спогодбено го раскинал договорот со „сините“ и веќе се договорил со екипата на Интер за двегодишна соработка. Шпанецот во Милано ќе пристигне целосно ...
Неколку илјади граѓани, претходните вечери имаа можност да ги проследат претставите „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ на театар од Р. Србија, претставата на „Импров група Скопје“, како и стенд-ап настанот на популарниот Сашко Коцев. Градоначалникот Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил, најавувајќи понатамошна поддршка на домашните проекти од културата се заблагодари за организацијата, како и на граѓаните кои масовно го ...
Сергеј Наришкин, директорот на руската разузнавачка служба, рече дека е јасно дека, како што го нарече обидот за дестабилизација на општеството и разгорување на братоубиствена граѓанска војна, не успеа, пренесе агенцијата ТАСС. Наришкин говореше за вооружениот бунт на водачот на платениците на Вагнер, Јевгениј Пригожин. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин работи во Кремљ, пренесе новинската агенцијата ...
Или исплата на додатокот на плата – или генерален штрајк. Се уште чекаат министерството за труд да се изјасни дали го прифаќа предложениот помирувач или ќе предложи нов. Очекувањата се потоа откако ќе се назначи медијаторот во рок од 5 дена да се најде решение. Министерот за финансии Бесими пак, пред некој ден им порача дека не смеат да не исплаќаат плати или пак да затвораат граници. Институциите законски мора да работат. Неданоски пак ...
Граничниот премин „Богородица“ изутринава е преплавен со автомобили кои чекаат за излез од Македонија кон Грција. Во групата „Live from Greece“ Србите, Македонците и другите кои преку ГП Богородица патуваат кон Грција, повторно се жалат на километарски колони за влез во ова туристичко место. „Треба да се патува преку Италија“, вели еден човек, сакајќи да ги насмее другите. Други велат дека треба да се патува доцна навечер и да се избегнуваат ...
Гувжите на граничниот премин „Богородица“ не стивнуваат. Колоната од возила е долга повеќе од километар. Патниците кои чекаат влез за во Грција чекаат по повеќе од час во место. Има и многу возила кои транзитно поминуваат низ Македонија, а се со странски регистрации. Поради близината на граничниот премин до Стар Дојран, денеска гужвите блокираа и дел од градот. Мештаните велат дека застојот траел околу два часа, а сега Дојран е прооден. Но, ...
Вевчанската природа ќе биде инспирација за 25 сликари од земјава и странство, кои наредните две недели ќе творат на 12. меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“. „Да се биде во Вевчани е прекрасно чувство. Убавината на ова место ја прават луѓето кои се топли и непосредни и така е откога доаѓам тука. Не знам што ќе ме инспирира, не правам планови, оставам самата инспирација да ме носи“, вели ликовниот уметник Петар Попчев, еден од ...
Ваквата изјава на Алкараз доаѓа по неговата победа над Григор Димитров со 6-4 и 6-4 на турнирот во Квинс. Тоа беше само трет негов настап на трева. „Ова дефинитивно беше мојот најдобар меч на трева. Позрел сум, а кога ќе стекнам поголемо искуство, сигурно ќе бидам уште подобар“, вели Алкараз. Тревната подлога не му е омилена на Алкарас како и впрочем на сите шпански тенисери, но добрите настапи, победи, носат нова енергија, задоволство, па тој е ...
„Оние кои се наоѓале во подморницата (Титан) починале веднаш во имплозијата“, изјави поранешниот лекар на американската морнарица. Дејл Мол тврди дека патниците не би ни знаеле дека постои проблем пред да дојде до имплозија Тој додаде дека останувањето во подморницата би било многу полоша алтернатива. – Можете само да замислите како тоа би било… студено е, ви снемува кислород. Ако веќе не можевме да ги спасиме, ова е најдоброто можно сценарио – ...
Славица Ангелова од Струмица победи во финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Нањстапи со песната „Угаси ме“ од Парни Ваљак, со која ги освои и публиката и жирито. Со 88367 гласови се најде пред второпласираниот Драган Ѓуриќ чиј ментор беше Цеца и кој освои 71.747 од гласовите. „Пред сѐ благодарам на сите што гласаа за мене. Огромно благодарам и на мојот ментор Ѓорге Давид кој несебично се вложи во сите нас, не само во мене. Навистина сум фрапирана и ...