Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Универзитетскиот професор Страшко Стојановски, во разговор за МИА, вели ...

Демократската унија за интеграција ја известува јавноста дека на 2 јули – недела ќе одржи внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“. По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес, во недела го повикуваме членството на Демократската унија ...

Според објавата, корисниците на неверифицирани сметки можат да читаат до 600 твитови дневно, додека новите неверифицирани корисници можат да прочитаат само 300 твитови. Меѓутоа, ако зборуваме за корисници од верифицирани профили, поставен е лимит до 6.000 твитови дневно. To address extreme levels of data scraping & system manipulation, we’ve applied the following temporary limits: – Verified accounts are limited to reading 6000 posts/day – ...

Кардиф Сити, кој моментално игра во Чемпионшип, ќе мора да ја плати целосната сума за трансфер на францускиот Нант за правата на Емилијано Сала. Така одлучи ФИФА. Сала почина трагично во јануари 2019 година, само неколку часа откако се пресели од Нант во Кардиф, кој во тоа време играше во Премиер лигата. 28-годишниот Аргентинец беше жртва на авионска несреќа над Ла Манш кога авионот што требаше да го однесе од Нант до Кардиф го зафати невреме и ...

Инцидентот се случил нешто по 12:30 часот по локално време , кога полицајците биле повикани во блокот 800 на Гретна К. во населбата Бруклин во Балтимор, каде што се собрала толпа од повеќе од 100 луѓе. Според првичните информации, најмалку четири лица загинале, а 25 се повредени. Нема информации за состојбата на повредените, од кои многумина се пренесени во подрачните болници. „БПД е на местото на инцидентот со масовно пукање во блокот 800 на ...

Наодите од археолошкиот локалитет Градиште (Младо Нагоричане) укажуваат дека и далеку на север постоела палата од 4-3 пр.н.е од време на кралството Античка Македонија. Археолозите од кумановскиот музеј ќе го истражуваат локалитетот и во иднина. Дел од наодите се наоѓаат и во постојаната поставка на кумановскиот музеј и се достапни за јавноста. Значајни археолошки откритија на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, пронајде тимот ...

Пејачката Ана Николиќ се најде во центарот на скандал кога поранешниот учесник во реалното шоу и пејач Дарио Шогоровиќ ја обвини за малтретирање, но за оваа музичка ѕвезда во последните години ова е само еден од низата скандали поврзани со нејзиното име. Сега во јавноста се појави видео на кое се гледа дека Ана Николиќ има кратери на лицето. Многумина се прашуваат што се крие зад уништеното лице на пејачката, а за потсетување, Ана Николиќ ...

Сместена во срцето на Балканот, Македонија често останува неоткриена од туристите, засенета од нејзините поистакнати соседи. Но, не дозволувајте нејзината скромна големина да ве измами – овој скриен скапоцен камен изобилува со пејзажи што го одземаат здивот, богата историја и живописно културно наследство. Ајде да тргнеме на патување за да истражиме некои од најкул нештата што може да се направат во Македонија, дестинација за патување со ...

Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје. При првиот налет на невремето паднаа и дрвја, од кои едно врз автомобил во движење, информираат од Центарот за управување со кризи. Едно од дрвјата во населба „Мичурин“ во Аеродром, падна врз автомобили и на еден во движење, среќа само на задниот дел на автомобилот во движење, појаснуваат од ЦУК. Како што соопшти УХМР, нестабилно време нѐ очекува и во ...

Русија започна напад со беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта, по пауза од 12 дена, изјави украинскиот воен претставник, но според него системите за противвоздушна одбрана прелиминарно ги уништиле додека се приближувале. Украинските воздухопловни сили соопштија дека во нападот учествувале осум беспилотни летала Шахид од иранско производство и три крстаречки ракети кои биле соборени. „Уште еден непријателски напад врз Киев“, рече Серхи ...

Најмалку 48 лица загинаа, а 30 се повредени синоќа во сообраќајна несреќа на автопат меѓу градовите Керичо и Накуру во западна Кенија, соопшти локалната полиција. – Засега можеме да потврдиме дека 48 лица загинаа во судирот на камион и автобус, а уште неклкумина се уште се заглавени во камионот“, соопшти претставник на полицијата. Повредени се 30 лица кои се префрлени во блиските болници. Според истрагата на полицијата, возачот на камионот ...

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов поднесе кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Исар“, поради основано сомнение дека сторил кричвично дело, злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, во време кога комуналното претпријатие се „давело“ во долгови од 5 милиони евра, тогашниот директор набавил возило метларка во вредност од 90.000 евра, кое според тврдењето на градоначалникот, не е во функција. – Имаме основано сомнение ...

Италијанските воздухопловни сили и Националниот совет за истражување платија за место во авионот, делумно за да му обезбедат на полковникот Валтер Виладеи дел од неговата обука пред да замине на престој на Меѓународната вселенска станица. Виладеи можеше да се види на директниот пренос на компанијата на летот како го покажува италијанското знаме додека патниците беа во бестежинска состојба. Сепак, екипажот беше наведен како научен, а не како ...

Според една студија, инфлацијата која ја перципираат потрошувачите во Германија е трипати повисока од реалната стапка на инфлација. Зошто е тоа така? Според студијата на кредитното осигурување „Алијанц Трејд“, стапката на инфлација што ја перципираат луѓето во Германија во мај била 18 отсто – речиси трипати повисока од официјалната стапка на инфлација од 6,1%. Генерално, инфлацијата се смета за повисока од измерената инфлација, се вели во ...

Со измена на правилникот, жените затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Директорот Зоран Јовановски за „Макфакс“ посочи дека привилегиите ги користат по потреба. Меѓу нив е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која речиси три години е зад решетки, без да може да излезе за да го види својот син и да помине кратко време со семејството. Јовановски посочи дека добил пет барања за ...

Сите кошаркарски стручњаци, коментатори, па дури и навивачи потенцираа едно – дека Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг не можат да соработуваат и дека кога двајцата се на паркетот, се јавуваат проблеми. Поради ова сите очекуваа Ирвинг да ги напушти Далас, но тоа нема да се случи. Ирвинг беше слободен играч и можеше да одбере нова средина, но на крајот ја прифати понудата на Далас од 126 милиони долари за три години. Осумкратниот ол-стар играч на тој ...

Багер усмрти жена на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје. Информацијата за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи. Во 11 часот денеска било пријавено дека работно возило, градежна машина – багер, управувано од И.А., на возраст од 42 години, од селото Грчец, скопско, удрило во 66-годишната Л.Ј. од Скопје, која починала на местото на несреќата, појаснуваат од МВР за МИА. Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирана ...

Овен Вашата иницијатива ќе покаже резултат и ќе се чувствувате подготвени за справување со пречките. Логично размислувате за работите и тоа ве води во вистинската насока. Точно знаете на кои свои пријатели можете да се потпрете. На некоја забава можно е да се појават искри и да ја запознаете љубовта на вашиот живот. Бидете топли и пријатни, без пренападен пристап. Бик Вашите планови ви се кристализираат во умот и вие одлично ги анализирате ...

ПСЖ во новата сезона добива нов тренер, на клупата на францускиот шампион ќе седне шпанскиот стратег Луис Енрике. Тој ќе го замени Кристоф Галтие на позицијата тренер на тимот, а за најголема цел идната сезона ќе има да игра во финалето од Лигата на шампионите и конечно да им ја донесе титулата која ја сонуваат. ПСЖ и Луис Енрике наскоро треба да ја официјализираат соработката. Шпанецот ќе биде претставен во медиумите кога клубот ќе постигне ...

Од фудбалскиот клуб Вардар најавија дека денеска се враќаат на Градски стадион. Ве известуваме и ве каниме денес во 18 часот на првата прозивка и тренинг на нашиот Вардар, на Градски стадион (Северо-источен службен влез). По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот македонски фудбалски бренд. Вардар е клуб на народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и ...

Барселона се најде во небрано, па цела Шпанија се крена против Каталонците откако беше објавено дека потпретседател на судиската комисија Хосе Марија Енрикез Негреира добил осум милиони евра за 17 години, пари со кој наводно влијаел врз судиите за да „свират“ за Каталонците. Но, Барса се бранеше дека тоа биле само пари за консултантски услуги и подготовка на фудбалерите и тренерите за новите правила и за начинот на делење правда на шпанските ...

Четвртиот ден од насилните протестите во Франција кои почнаа по полициското убиство на 17-годишниот тинејџер Нахел М. во Париз во Нантер, предградие на Париз, ескалираа на повеќе локации и се претворија во хаос. Министерот Жералд Дарманин наведува дека меѓу приведените имало и деца на возраст од 13 години, додавајќи дека просечната возраст на уапсените е 17 години. Според досега објавените податоци, синоќа биле уапсени 875 лица. Синоќа ...

На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“, свое обраќање имаше и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки кој зборуваше за фирмите на фамилијата Ахмети и сомнителните тендери кои ги добиваат, а ги повика и државните органи да истражат бидејќи има индиции за сериозно влијание и сериозна трговија со интерес. Поврзано со тој клан Ахмети ние имаме 4 фирми од кои што денеска ...

– Од космодромот Кејп Канаверал во Флорида, денеска со ракета Фалкон 9 на компанијата Спејс Икс треба да биде испратен во вселената европскиот вселенски телескоп Еуклид кој ќе ги истражува двете големи мистерии на универзумот – темната материја и темната енергија. Тие два елемента, теоријски и невидливи, сочинуваат 95 отсто од универзумот, но речиси ништо не се знае за нивната природа. Вселенскиот брод што ќе ја го понесе Еуклид треба да полета ...

Актерот Кевин Спејси е „сексуален насилник“ кој напаѓа мажи и не ги почитува личните граници или просторот, изјави денеска обвинителот на почетокот на судењето на оскаровецот под обвинение за сексуално недолично однесување. “Тој е човек кој нема почит кон личните граници или простор, човек кој се чини дека ужива да прави другите да се чувствуваат немоќни и непријатно. Тој е сексуален насилник. Неговиот префериран метод на напад е агресивно да ги ...

Џенифер Лопез (53) и Бен Афлек (50), наводно ќе ги обноват заветите ова лето, по првата годишнина од бракот, пишува „Дејли мејл“. По тој повод, заљубениот пар планира раскошна забава во текот на јули или август, која ќе биде организирана во нивната нова вила во Беверли Хилс, за која потрошиле 60 милиони долари. Оваа информација, доаѓа откако честопати во јавноста беа објавувани гласини за нивните кавги и влошени односи. Но, за британскиот ...

Десетина лица се повредени во земјотресот што синоќа ја погоди Индонезија. Европскиот-медитерански сеизмолошки центар информираше дека земјотресот бил со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот го погоди островот Јава на длабочина од 25 километри, соопшти индонезиската агенција за геофизика. Не е издадено предупредување за цунами. Локалните власти соопштија дека едно лице починало од инфаркт за време на силниот потрес. ...

Продукцијата „Банана филм“ ја демантира Агенцијата за филм, oд каде што претходно денеска порачаа дека за потрошени 985.000 евра буџетски пари отчет мора да има. Демантот на продукцијата на режисерот Милчо Манчевски го пренесуваме во целост: „Инспекцијата на Министерството за култура констатира на 4.4.2023 дека нема никакви неправилности во работата на ‘Банана филм’. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на ‘Банана филм’ се законски – што и ...

Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „висок, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се раболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, ...

„Околу Фондот за иновации, би сакал да ги искоментирам и оние последниве случувања во изминативе неколку дена, а тоа е околу семејствово на Али Ахмети кое е најверојатно како „успешни бизнисмени“ кои што произлегле изминативе години, успеале да бидат и „добри иноватори“. Имено, фирмите не неговиот внук Дрин Ахмети земале од Фондот за иновации во 2022 година околу 80.000 евра за проекти кои што наводно ги спровеле“, истакна портпаролот на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
74%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
94%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.88
84%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.77
84%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
6.17
52%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
91%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
89%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52