Државничките политики на СДСМ меѓународно ја етаблираа земјата и ја зајакнаа нејзината меѓународната позиција, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ во своето интервју за неделникот „Фокус“. „Сето тоа резултираше со силна, јасна и недвосмислена поддршка за Македонија, за нејзината европска иднина, од најсилните светски и европски држави, од САД, Германија, Франција и многу други. Ваква силна меѓународна поддршка досега сме ...

Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја лани се евидентирани 10.866 живородени деца или 60.1 % од вкупниот број на живородените деца во земјава, додека 7 207 или 39.9 % се живородени деца во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 39.6 %, а најмало Источниот регион со 6.6 %. Во градските подрачја умреле 14 354 лица или 63.9 %, а 8 105 или 36.1 % умреле во ...

Вчера добив директна закана, цитирам: ако продолжиш вака ќе ти се скрши вратот. Ова го истакна советникот во општина Бутел претставник на политичката партија Алтернатива, на вчерашната седница на советот, читаше од некој друг напишано писмо па ми се обрати на таков начин. Од како го прашав што тоа значи, почна да ретерира дека било метафора. Тој истиот советник кој вчера едвај го прочита од друг напишаното писмо, веќе година ипол од мене бара ...

Триесет и едно годишниот Сашко Дамевски изминатава недела два пати се соочил со напад од бездомни кучиња врз неговиот миленик. Вели дека неуспешни биле обидите за поплака во општина Тетово па затоа се одлучил преку медиумите да апелира и да ја сензибилизира локалната власт дека крајно време е да се преземат посеопфатни активности за намалување на нападите од бездомните кучиња. Тој живее спроти Зелен пазар, па вели иако е маалото им е во ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека предложените уставни измени ќе бидат доставени до Собранието откако ќе се исцрпат сите можности овој процес да биде консензуален, како и дека во меѓувреме ќе работат со, како што вели, идеолошката линија во ВМРО-ДПМНЕ која ги сфаќа последиците од изолирање на земјата. -Се исцрпуваат веќе полека можностите со ВМРО-ДПМНЕ, но не се целосно исцрпени. Се уште има надеж дека таму има доволно разум ...

Од вчера нов директор на јавното претпријатие Улици и Патишта е поранешениот директор на Психијатрсика болница, Ќамил Ковачи. Како што објавија вчера од Град Скопје досегашниот директор Саит Саит е разрешен, од Директор на ЈП Улици и Патишта, а функцијата ја презема Ќамил Ковачи кој доаѓа од местото секретар на општина Сарај. Ковачи всушност е дел од огнено крило на ДУИ од Општина Сарај, и тој до пред неколку месеци беше директор на ...

Во првите пет месеци од годинава албанскиот извоз во Македонија се зголемил за речиси 1,7 милијарди лека (15, 7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година. Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 милијарди лека или 82,2 милиони евра. Наспроти растот на албанскиот извоз се намалува увозот на ...

Денес, после 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом Копанки со поддршка на општина Битола отпочнаа активностите за реконструкција на планинарскиот дом Копанки, информираат од општината. Согласно потпишаниот договор помеѓу општина Битола со ПСК ПЕЛИСТЕР, изработен е проект за реконструкција на планинарскиот дом Копанки и од денес се видливи градежните активности. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на ...

Сојузот на синдикати на Македонија од денеска го предводи Слободан Трендафилов, кој беше избран за нов претседател на ССМ на денешниот Конгрес што се одржа во Скопје, како единствен кандидат за претседателското место на Сојузот. Конгресот почна со едноминутно молчење во знак на почит кон претходниот претседател на Сојузот на синдикати, Дарко Димовски, кој почина во првата половина на јуни годинава. Трендафилов на Топ Тема рече дека во текот на ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства. – Поделивме 150 социјални пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства. Верувам дека оваа социјална помош ќе придонесе кон подобрување на нивната сигурност и благосостојба со првична помош и поддршка за задоволување на ...

Потпретседателката на руската Локо Банка, Кристина Бајкова на 23 јуни беше пронајдена мртва откако наводно паднала од прозорецот на нејзиниот стан на 11-ти кат во Москва, објавија денеска британските медиуми, посочувајќи оти тоа е уште една мистериозна смрт во Русија. Бајкова (28) на 23 јуни паднала од прозорецот и била прогласена за мртва на местото на несреќата. Таа во моментот на падот била со 34-годишен пријател Андреј. Нејзината смрт сè ...

Продукцијата Банана филм Скопје се уште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“. Агенцијата за филм на РСМ ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон предвидена постапка, да се проверат наводите по сите поднесени кривични пријави, со единствена цел ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има ...

Овен Ќе треба да минете долг пат за да успеете да се усогласите со луѓето околу вас. На моменти многу ги промислувате работите и тука грешите. Излезете на свеж воздух и донесете одлука. На љубовно поле бидете пофлексибилни и не го притискајте партнерот да се држи до вашите гледишта. Луѓето околу вас ги импресионирате со силата, иако на моменти ви велат дека сте како диктатор. Бик Ќе бидете посоцијални и поотворени од кога било. Смело ќе се ...

Крај на сагата околу иднината на Марсело Брозовиќ (30), кој дефинитивно се сели во Саудиска Арабија. Хрватскиот фудбалер сакаше да замине во Барселона, го сакаше и каталонскиот клуб, но на крајот финансискиот фер-плеј спречи се, па неодамнешниот првотимец на Интер ја прифати понудата на Ал Наср! Ал Наср на Интер ќе му плати отштета од 23 милиони евра, а Брозовиќ за плата и потпишување договор ќе добие 100 милиони евра. Ова значи дека неговиот ...

Џејмс Харден одлучил да ја прифати опцијата за последната година од договорот. Меѓутоа се очекува Филаделфија наскоро да направи трејд на една од двете најголеми ѕвезди на екипата. Тоа што ја прифати последната опција од договорот според која би требало да заработува 35.6 милиони долари, не значи дека сигурно ќе биде во Филаделфија. Според новинарот Адријан Војнаровски ова е зелено светло за Сикерси да бараат партнер за трејд на Харден. Овој ...

Сметката за струја што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка од 1 јули ќе биде пониска за 4,26 отсто, а доколку ДДВ-то за електричната енергија се врати на 18 отсто ќе биде повисока за 2,5 отсто. Евтината дневна тарифа за домаќинствата ќе стартува од 1 декември годинава и ќе биде во периодот од 13 до 15 часот. Ова е епилогот од вчерашната главна седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на која беше ...

По низа пехови и перипетии, вчера конечно се случи првиот комерцијален лет на Virgin Galactic. Да потсетиме Virgin Galactic лета повторно по речиси две години застој, што се должеше на низа технички проблеми. Компанијата ја исполни својата прва комерцијална мисија испраќајќи четворица патници во суборбиталниот простор и назад. Се работи за значаен момент за Virgin Galactic, компанија што има големи амбиции во врска со “последната граница”. ...

Како вештачката интелигенција ги замислува совршените мажи? Многумина ќе речат, како холивудски ѕвезди, со привлечно лице и мускулесто тело, а некои од нив се прикажани и со бради. Технологијата ја користи и облеката како инспирација за секоја одбрана нација и земја одделно. Вештачки генерираниот „совршен“ Американец, на пр. e долгокос заводник со густа покуса брада, а Гркот ВИ го замислува со црна покуса коса и поретка брада. Севернокореецот е ...

Франција трета ноќ по ред доживеа насилни протести по смртта на еден тинејџер – палени се автомобили, уништувани згради и ограбувани продавници. Претседателот Макрон закажа нова кризна седница на владата. По третата ноќ со насилни нереди во кои се претвори револтот по смртоносниот истрел на еден полицаец во еден тинејџер, францускиот претседател Емануел Макрон за денеска повторно свика кризна седница на владата. Низ целата земја ноќеска и во ...

Вчера вечер во Брисел избија немири. Полицијата извршила рација. При рацијата полицијата трагала по сомнителни млади лица, а неколкумина биле приведени. Запалени автомобили и хаос на улиците на Брисел по вчерашните немири што избија по полициската рација во која биле приведени 10 млади лица. Портпаролката на полицијата Илсе Ван Де Кеир, изјави дека во текот на денот на социјалните мрежи кружеле повици да се излезе на улица „како во Франција“. ...

– Најмалку сто луѓе починаа во изминатите две недели во Мексико поради топлото време. Температурата на воздухот во некои делови од земјата се искачи приближно до 50 степени Целзиусови, соопшти Министерството за здравство. Тринеделниот топлотен бран овој месец ја оптовари електричната мрежа со рекордна потрошувачка, а во некои области е прекината и наставата. Повеќе од две третини од смртните случаи се случиле во периодот од 18 до 24 јуни, а ...

Со преполовено добиените средства од вкупно побараните 1.270.000 денари од Министерството за култура, утре и задутре, во Прилеп и Долнени, по 49-ти пат ќе се одржи Националниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Според организаторите, љубовта и ентузијазмот по секоја цена овој Фестиваал да продолжи да живее, се неговиот основен лајт-мотив, а не финансискиот бенефет, кој бил минимален. „Конкретно баравме милион и двеста ...

Со новата методологија, се дава можност да се направи таква структура на потрошувачката и да се мотивира штедењето. Не само цената, туку и потрошувачката е дел од тоа, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими околу преземените мерки на РКЕ во изминатиот период и околу новата цена на струјата, која треба да стартува од утре – 1 јули. Министерот го поздравува и фактот од воведувањето на четирите блок тарифи. -Тоа значи дека тие што помалку ...

Џон Илија Апелгрен во емисијата Студио 10 се осврна на неговата страст кон фотографијата. Неговата изложба „Забранети луѓе“ е како резултат на невработените музичари кои егзистираат од музиката. – Сакав да направм нешто со што ќе ги заштитам нашите маки од заборав и ги направив тие фотографии. 40 фотографии ќе бидат изложени и на нив ќе бидат претставени 14 македонски музичари од различни жанрови кои својот живот го посветиле на музиката. ...

„Црвените ѓаволи“ за потписот на Англичанецот ќе платат 60 милиони фунти, а Маунт ќе биде првото големо засилување за Тен Хаг 24-годишниот играч за врска ги прекина преговорите со Челзи за продолжување на соработката и побара трансфер, а набрзо потоа се договори со Манчестер Јунајтед. Челзи ја одби првата понуда од „црвените ѓаволи“ од 50 милиони фунти, но Јунајтед не се откажа и продолжи со преговорите. Медиумите на Островот потврдија дека ...

Вкупната цена во првиот блок се намалува за 7,04 отсто, во вториот блок се намалува за 4,09 отсто, додека во третиот блок цената се зголемува за 2,54 отсто, а во четвртиот блок се зголемува за 2,42 отсто. Цената во евтината тарифа останува иста. Од 1 декември од 13 до 15 часот се враќа евтината тарифа на струјата, соопшти денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. – Не ја воведуваме оваа тарифа од политички ...

Ковачевски и Османи да кажат која е таа земја Nordmazedonien, зошто лажеа дека идентитетот е загарантиран, а лажат и сега дека нема да има нови условувањаКовачевски ја лаже јавноста, Шолц не кажа дека нема да има нови условувања од страна на Бугарија, туку изрази свое мислење дека не треба да има. Тоа не се никакви гаранции, како што зборува СДС.Ковачевски се бламира на јавна сцена, и единствено што прави е тоа што ја срами Македонија.Шолц и ...

Чадот од марихуана може лошо да влијае врз миленичињата и да го загрози нивниот живот, според германската ветеринарка Моира Герлах. – Додека пушите марихуана, секогаш внимавајте Вашите миленици да не се во собата. Но, и ако Вашето куче случајно ги изеде вашите „колачиња“ (со марихуана), веднаш контактирајте го вашиот ветеринар. Доколку пак, минале помалку од два часа откако животното го проголтало колачето, ветеринарот може да предизвика ...

Пред два дена на полноќ, сите српски медиуми со жалење ја пренесоа ексклузивата на „Еурохупс“ за договорена соработка меѓу Кевин Пантер и Барселона, но кога сите очекуваат збогување од капитенот на „црно-белите“, ова претпладне стигна една супер вест. Ова е фантастична вест за тренерот Жељко Обрадовиќ кој сега ќе може да го гради тимот врз својот најдобар кошаркар, но еуфоријата посебно владее меѓу „Гробарите“. Навивачите на Партизан со огромно ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
74%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
94%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.88
84%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.77
84%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
6.17
52%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
91%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
89%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52