Студентскиот пленум ги повикува сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани. Собирот ќе се одржи на 23. март (недела), во 16:30 во Градскиот парк (на тревникот после споменикот од Гоце Делчев. На собирот ќе одржиме 60-минутен молк за 60-те жртви, со почеток во 16:59 часот. „Поради овој трул систем кој се темели на профитерство и корупција загинаа 59 луѓе. Да бидеме заедно и да останеме сплотени. ...
Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади 15 минути ќе бидат осветлени во боите на македонското знаме во чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. „Се надеваме дека ќе ни се придружите, застанувајќи во солидарност со македонската заедница, додека се сеќаваме и им оддаваме почит на оние што ги загубија животите, како и бараме брзо исцелување за сите поединци кои беа повредени и оние кои беа погодени. Соберете се ...
Граѓаните на Кочани денеска организираа 60-минутен Марш со молк, како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата недела. Без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани. Со мотото „Молкот зборува најгласно“, стоејќи мирно, учесниците на маршот испратија симболична порака дека бараат ...
Во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет, во Охрид денеска на пладне на градскиот плоштад ќе се одржи 60 минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Да покажеме заедништво и почит на сите погодени, велат организаторите. Во големиот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Колани на 16 март, животот го загубија 59 лица, а следниот ден почина возач на ...
Охрид, 23. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со 60 минутен молк, Охриѓани денеска ќе им оддадат должна почит на жртвите и поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. – Со почеток од 12:00 часот, на Градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи 60 минутен молк во знак на почит за сите жртви од трагедијата во Кочани. Да покажеме заедништво и почит за сите погодени, порачуваат организаторите. Во пожарот што се случи во неделата, ...
Со почеток од 16.30 часот, утре на тревникот во близина на споменикот на Гоце Делчев во Градски парк Скопје, ќе се одржи мирен собир каде со 60-минутен молк ќе се оддаде почит кон жртвите од пожарот во Кочани. Молкот ќе започне во 16.59 часот, а собирот го најави неформалната студентска заедница „Студентски пленум“ на социјалните мрежи. -Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во ...