Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја преживеаја драмата и го совладаа Загреб со 25-23 (13-12) на стартот на Лигата на шампионите. Македонскиот првак водеше 57 од 60 минути на првиот домашен меч пред полните трибини во салата „Боро Чурлевски“ и сосема заслужено триумфира, иако на крајот се играше егал и можеше да прокоцка сè. Во првиот напад загрепчани не реализираа, поточно Митревски му фати зицер на Кларица, а во брза транзиција Хенигман погоди ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со победа ја почна новата сезона во европската Лига на шампиони, откако вечерва во Битола го совлада хрватски Загреб со 25:23 (13:12). Успехот беше најавен на почетокот од средбата кога домаќините поведоа со четири голови разлика 8:4, а најдраматично беше на почетокот од вториот дел кога гостите поведоа со 14:15. Во завршницата на сцена стапи домашниот голман, иранскиот интернационалец Хеидарирад ...