Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава – информираат од МВР. Од таму посочуваат дека регистрирани се неколку пријави, но се уште не се потврдени наводите од пријавите. „МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Во 09:00 часот на ...
Во Охрид изборниот ден минува мирно, во демократска атмосфера и засега без ниту еден инцидент. Во избирачкиот список се евидентирани 52.580 граѓани, кои своето граѓанско право на глас го остваруваат на 87 избирачки места. „Граѓаните како и секогаш имаат очекувања од градоначалникот кој ќе ја добие нивната доверба“, изјави Антигона Сионов – претседателка на ОИК Охрид. Гласањето минува во демократска атмосфера и во општина Дебрца, каде на 22 ...