
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Кина е задоволна што гледа како Русија и САД одржуваат контакт и ги подобруваат врските за да се постигне политичко решение на украинската криза, изјави претседателот Си Џинпинг во денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Ројтерс. Препорачано Пекинг ќе го задржи својот став за потребата од мировни преговори и дипломатско решение на конфликтот, ја цитираше кинеската државна телевизија ЦЦТВ дека Си му рекол на ...
Од денес, прислушувањето на новинари е забрането во Европската Унија. Ова е загарантирано во Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), кој стапи на сила денес. Регулативата е прва од ваков вид во ЕУ и има за цел да ги заштити новинарите од прислушување, шпионски софтвер и други форми на мешање, а воедно да ја зајакне независноста и плурализмот на медиумите во Европа. Забраната вклучува нерегулирано прислушување, со исклучоци дозволени ...
Глад и болести се шират во воено разорениот Судан, 25 милиони луѓе се акутно загрозени од недостаток на храна, а речиси 100.000 случаи на колера се регистрирани од јули минатата година, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). „Континуираното насилство го доведе суданскиот здравствен систем на работ на колапс, дополнително влошувајќи ја кризата обележана со глад, болести и очај“, изјави Илхам Нур, виш службеник за итни случаи во ...
Добивај вести на Viber Робот спаси украински војник, објави „Украинска правда“, и воедно покажа видео од целиот настан. „Оператори на копнен роботски систем од 2-та чета на 23-от посебен стрелачки баталјон на 118-та механизирана бригада спасија ранет војник. Војникот беше спасен со помош на копнена борбена платформа“, се вели во соопштението на бригадата. Иако бригадата не ја откри точната локација или време кога е снимено видеото, таа нагласи ...
Хелсинки, 8 август 2025 (МИА) - Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен денеска изјави дека се надева оти американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи со своите планови за воведување санкции врз Русија што ќе помогнат во прекинувањето на конфликтот во Украина. -Секако се надевам дека претседателот Трамп ќе продолжи со овие санкции, изјави Валтонен. „Она што можеме да го видиме - и да се сомневаме во моментов - е дека ...
Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) спроведе една од најголемите операции против дрога во последните години, насочена кон развивање на албанска криминална организација која дејствувала на глобално ниво, стои во соопштението на Обвинителството. „Според СПАК, организацијата била вклучена во трговија со повеќетонски количини кокаин од Латинска Америка до најголемите пристаништа на Европската Унија, ...
Канцеларијата на Европската унија во Приштина ги повика политичките партии во Собранието на Косово „целосно“ да се придржуваат кон денешната пресуда на Уставниот суд за конституирањето на Парламентот. Во објава на социјалните мрежи, Канцеларијата на ЕУ ги повика партиите да се ангажираат за да се најде компромис и да се формираат институции „што е можно поскоро“. „ЕУ ги повикува сите политички партии претставени во Собранието на Косово да се ...
Руските инженери почнаа да работат на првата нуклеарна централа во Казахстан, додека Москва се залага да го задржи своето влијание во Централна Азија, каде што Кина и Европа се борат за упориште во регионот богат со ресурси, пренесува Москва Тајмс. Препорачано Казахстан, најголемиот производител на ураниум во светот и трет најголем снабдувач на Европската Унија, во петокот соопшти дека руските и казахстанските нуклеарни агенции започнале ...
Додека последиците од климатските промени сè почесто се чувствуваат низ целиот свет, младите генерации не молчат. Од Грција, четворица млади испраќаат јасна и гласна порака: време е за конкретна климатска акција, пред да стане предоцна. Во видеото објавено на платформата, тие зборуваат отворено за потребата од итни климатски мерки и одговорноста на возрасните, институциите и корпорациите. „Повеќе не станува збор само за иднината – климатската ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека вонредни избори ќе бидат распишани пред рокот, но не прецизираше кога. „Секако ќе имаме избори пред уставниот и законскиот рок“, рече тој. Така одговори на прашањето на новинар за барањето на студентите во блокада да побараат вонредни парламентарни избори. „Изборите ќе се одржат кога надлежниот државен орган ќе донесе одлука за распишување избори, во согласност со Уставот и законот“, рече ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ги повика европските лидери да свикаат состанок со рускиот претседател Владимир Путин, предупредувајќи дека без директно ангажирање, континентот ризикува да стане „мал играч“ во обликувањето на сопствената безбедност, пренесува Анадолу. Говорејќи за радио Кошут, Орбан рече дека и францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц „веќе требало да се сретнат со претседателот Владимир ...
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со своите колеги во среда пред евентуалниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп. Кремљ соопшти дека Путин ги информирал претседателите на Узбекистан и Казахстан по телефон за разговорите со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во средата. Двајцата колеги на Путин изразија поддршка за дипломатските напори за завршување на војната во Украина. Според извештаите во ...
Научниците соопштија дека минатиот месец бил трет најтопол јули на Земјата од почетокот на мерењата, при што во Турција била забележана рекордна температура од 50,5 Целзиусови степени. Минатиот месец го продолжи трендот на екстремни климатски услови, кои научниците ги припишуваат на глобалното затоплување предизвикано од човечка активност, иако се забележа пауза во соборувањето на нови рекордни температури Според Службата за климатски промени на ...
Како што пренесува Скај њуз, повикувајќи се на извори од италијанската влада, на 7 август Трамп и Мелони разговарале за опцијата да се одржи средба со Путин следната недела во Рим. Изворите додаваат дека, доколку средбата меѓу американскиот претседател и рускиот лидер навистина се одржи, таа ќе се одржи во Ватикан. Портпаролот на италијанското Министерство за надворешни работи изјави за Скај њуз дека министерот Антонио Тајани верува дека „без ...
Добивај вести на Viber Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој период е нешто пократок – 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат). ените живеат 5,3 години подолго од мажите – просекот кај жените во ЕУ е 84, а кај мажите скоро 79. Кога станува збор за години здрав живот кај мажите – првото место го заземаат жителите ...
Безживотното тело на постаро лице, било пронајдено во куќа зафатена од пожарот во областа Кератеа, источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина, информираше попладнево портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, јави дописничката на МИА од Атина. Телото на мажот било пронајдено од пожарникарите за време на гаснење на пожарот во куќата во близина на местото од каде што започна пожарот. Пожарот е активен и вон ...
Руските окупациски власти во Украина создадоа онлајн „каталог“ каде што украинските деца се нудат на посвојување, сортирани врз основа на физички особини како боја на очи или коса, изјави раководител на украинска невладина организација на 6 август, осудувајќи ја практиката како трговија со деца, пренесува Кијив Индипендент. Базата на податоци, која вклучува податоци за 294 деца, е достапна во одделот за образование на руските окупациски власти ...
Европската Унија очекува претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, да објави извршни мерки со кои би се официјализирало намалувањето на американските царини за увоз на автомобили од Европската Унија, како и ослободување од царини за одредени индустриски производи како што се делови за авиоиндустријата, според анонимни информирани извори за Блумберг. Се очекува и заедничка изјава на претседателот Трамп и претседателката на ...
„Кина е задоволна што гледа дека Русија и САД одржуваат контакт, ги подобруваат односите и промовираат политичко решение за украинската криза“, му рекол Си Џинпинг на својот руски колега, според државната новинска агенција Ксинхуа. Кинескиот претседател „нагласи дека сложените прашања немаат едноставни решенија“ и додаде дека „Кина секогаш ќе го поддржува… мирот и промовирањето на дијалог“, објави и државната телевизија ЦЦТВ. Се очекува Владимир ...
Еден од најжешките и најсушните региони во Соединетите Американски Држави (САД), Долината на Смртта, привлекува илјадници посетители секоја година и покрај летните температури кои можат да надминат 50 степени Целзиусови, јавува Анадолу. Снимките од „State Route 190“, државен автопат во американската сојузна држава Калифорнија, ги прикажуваат огромните пустински предели и екстремните природни услови во областа, вклучувајќи делови од пустината ...
Граѓаните се постојано цел на измамници кои на разни начини, со помалку или со повеќе софистицирани методи им крадат пари од платежните картички. Во трката со криминалците, банките обично се чекор поназад, а мерките што ги преземаат се блокирање на картичките кога ќе забележат обид за кражба од нечија сметка, или им препорачуваат на сопствениците на картички да внимаваат и им кажуваат како да постапуваат кога ќе откријат нов начин на кражба што ...
Кина е задоволна што Русија и САД одржуваат контакти и ги подобруваат своите односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. „Кина е задоволна што гледа дека Русија и САД одржуваат контакти, ги подобруваат меѓусебните односи и го поттикнуваат политичкото решавање на украинската криза“, ги цитира неговите зборови Кинеската централна телевизија. Според телевизијата, Си Џинпинг го ...
Русија и САД се обидуваат да постигнат договор што би ја запрел војната во Украина и би ја потврдил руската контрола врз териториите што ги зазеде по инвазијата, според информирани извори, објавува Bloomberg. Американските и руските претставници работат на договор за териториите што би бил презентиран на планираната средба меѓу претседателот Доналд Трамп и Владимир Путин, која би можела да се одржи уште следната недела, велат изворите, кои ...
Пред потенцијалните разговори меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, нов извештај разгледува на што би можеле да работат двајцата лидери. Според Блумберг, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање, Вашингтон и Москва сакаат да преговараат за примирје што ќе ѝ овозможи на Русија да ја задржи територијата што ја зазеде во својата инвазија. Службеници од двете страни се обидуваат да подготват договор за планираниот самит уште следната недела, ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека САД не планираат да ја признаат палестинската држава. „Немаме планови да ја признаеме палестинската држава. Не знам што навистина би значело да се признае палестинска држава со оглед на отсуството на функционална влада таму“, изјави Венс пред новинарите. Тој додаде дека Трамп е многу јасен во врска со своите цели, што сака да постигне на Блискиот Исток и ќе продолжи да го прави тоа. ...
Инспиративна порака на кинескиот претседател Си Џинпинг до Светската младинска конференција за мир Под слоганот „Заедно за мир“, конференцијата беше организирана во кодомаќинство на Кинеската народна асоцијација за пријателство со странски земји и на Секинеската младинска федерација. Претставници на кинеската и странската младина во рамките на конференцијата заеднички издадоа и светска младинска мировна иницијатива Иднината на мирот е кај ...
„Претседателот Трамп е посветен на мирот и е посветен на идејата да биде претседател на мирот“, рече Рубио во интервју со водителот на „The World Over“, Рејмонд Аројо. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе биде домаќин на ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на тоа што тој го нарече „Историски самит за мир“. На мрежата Трут Соушл, Трамп објави дека Соединетите Американски Држави, исто така, ќе ...
Граѓаните и туристите во Ротердам сѐ повеќе сведочат на несекојдневна сцена: сурфање на вештачки бранови во водите на градските канали, јавува Анадолу. Урбаното сурфање станува сѐ попопуларна активност во овој холандски град, каде што спортот, иновациите и архитектурата се спојуваат во едно ново искуство. Иницијативата е резултат на соработка меѓу спортските здруженија и локалната самоуправа, со цел да се поттикне активен и модерен начин на ...
Očajnički vapaj nakon prijelomne odluke: ‘Više ubojstava, patnje, uništavanja. Izraelski plan treba odmah zaustaviti’ Планот на израелската влада за воено преземање на Газа ќе предизвика повеќе смртни случаи и страдања и мора веднаш да се запре, изјави во петокот шефот на Советот за човекови права на ОН, Волкер Турк. Планот е во спротивност со одлуката на Меѓународниот суд на правдата дека Израел мора што поскоро да ја прекине окупацијата за да ...
Глобалната консултантска фирма од САД, Boston Consulting Group (BCG), разгледува планови за преселување на околу 25% од палестинското население во други земји, вклучително и Сомалија, како дел од моделот за реконструкција на повоената Газа, објави Financial Times. Во февруари, американскиот претседател Доналд Трамп предложи преселување на повеќе од два милиони Палестинци од Газа во соседните земји, со цел енклавата да се претвори во ...