Украинскиот воен аналитичар Александар Коваленко процени дека руските тенкови резерви достигнале критично ниска бројка од приближно 800 тенкови. Според Коваленко, старите тенкови Т-72А се доставуваат во магацинот на најголемата руска фабрика за тенкови УВЗ, кои се реставрираат за да бидат испратени на фронтот. Коваленко додава дека во времето на почетокот на руската агресија врз Украина, во складиште биле повеќе од 1.500 тенкови Т-72Б, а ...

Пожарникарите во јужна Франција денеска продолжуваат со борбата со огромниот шумски пожар што успеаја да го стават под контрола синоќа, но не се очекува целосно да биде изгаснат во следните неколку дена. Пожарот – најголемиот на францускиот медитерански брег во последните најмалку 50 години – изгоре 17.000 хектари вегетација за нешто повеќе од 48 часа и одзеде еден живот во департманот Од. -Пожарникарите ќе останат силно мобилизирани на местото ...

Мора да го уништиме непријателот. Мора да му нанесеме такви загуби што тој ќе се согласи да ја заврши оваа војна, рече Сирски. За да се заврши војната во корист на Украина со воени средства, потребно е да се нанесат такви загуби на непријателот што ќе го принудат да прави отстапки, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски во интервју за ТСН. На прашањето на еден новинар дали гледа какви било изгледи за ...

Кетлин Фолбиг, жената некогаш наречена „најлошата мајка во Австралија“, ќе добие отштета за 20 години поминати во затвор, откако со генетски истражувања падна обвинението со кое беше осудена за смртта на нејзините четири деца во 2003 година. Препорачано Кетлин Фолбиг е ослободена во 2023 година откако судска ревизија на нејзиниот случај откри дека бебињата можеби починале од генетска состојба. Правните експерти проценија дека 58-годишната жена ...

ЊУЈОРК (АА) - Дмитриј Полјански, заменик-постојан претставник на Русија во Обединетите нации (ОН), во врска со планот на израелската Влада да го окупира целиот Појас Газа, изјави: „Ова би бил многу лош и погрешен чекор. Ги осудуваме ваквите активности“, известува Анадолу. Полјански даде изјава за новинарите во ОН. Одговарајќи на прашање за планот на израелската Влада за целосна окупација на Газа, Полјански изјави дека ставот на Русија е ист како ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, позната по својот скептицизам кон обновливите извори на енергија, во четвртокoт објави дека ја прекинува федералната програма за субвенции за инсталирање фотоволтаични панели на покривите на стотици илјади американски домаќинства, особено во сиромашните области. Препорачано Како дел од Законот за намалување на инфлацијата (IRA), пресвртница промовирана од администрацијата на ...

Палатата на Виктор Орбан, која наликува на комплесот Версај, според унгарските медиуми вреди 30 милиони евра. Тој тврдеше дека тоа е само фарма на неговиот татко, која сè уште не е функционална, но енергетската дозвола пронајдена од опозицискиот пратеник Акос Хаџази покажува дека таа има резиденцијални функции. Ова село во близина на Будимпешта е окупирано од придружбата на унгарскиот премиер. Неговиот татко, зет и пријател од детството се ...

Доцна синоќа, на 34-годишна возраст ненадејно почина ќерката на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, Лена Самара, која била примена во болница и по епилептичен напад, доживеала срцев удар, а лекарите не успеале да ја вратат во живот, јави дописничката на МИА од Атина. Ќерката на поранешниот премиер била примена во атинската општа болница „Сисманоглио“, од каде што била префрлена во општата болница „Евангелисмос“, бидејќи во првата не ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од рускиот претседател Владимир Путин. Зависи од него, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали рокот за Путин да се согласи на примирје е сè уште на сила. Ќе видиме што има да каже. Сè зависи од него. Многу сум разочаран, додаде Трамп. На прашањето дали Путин мора да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се сретне со ...

Српски државјанин на 44-годишна возраст бил пронајден во бесознание на плажата Неа Пори во областа Пиерија, Грција. Иако спасувачите веднаш интервенирале и се обиделе да му помогнат, мажот подоцна бил прогласен за мртов. Настанот се случил во средата наутро, пренесуваат грчките медиуми. Според информациите од крајбрежната стража, на лицето прво му била укажана прва помош на самото место, по што со возило на Итната медицинска служба (ЕКАБ) бил ...

Русија, според сателитските снимки и зголемената активност на тест-полигонот Арктик Панково во архипелагот Новаја Земја, веројатно се подготвува за уште еден тест на крстосувачката ракета со нуклеарен погон Буревестник, која американските претставници ја нарекуваат „Летечки Чернобил“. Ова оружје го претстави рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година како дел од новата генерација стратешко оружје. Како дополнителен знак дека тестот се ...

Мнозинството граѓани, сепак, не веруваат дека војната ќе заврши наскоро. Само 25 проценти од нив веруваат дека постои реална шанса активната фаза на конфликтот да заврши во текот на следната година, а само пет проценти веруваат дека тоа е многу веројатно. Од друга страна, 68 проценти од испитаниците веруваат дека прекинот на борбите во следните 12 месеци е малку веројатен Повеќе од две третини од Украинците, 69 проценти, сакаат војната да заврши ...

Уставниот суд на Франција го блокира законот за употреба на инсектицидот ацетамиприд. Пресуди дека користењето на отровната хемикалија е спротивно на „Повелбата за животната средина“, која е вградена во Уставот на Републиката. Одлуката е голем удар за владата, катастрофа за производителите на цвекло, но и победа за граѓаните кои во редок чин на единство во политички поделената земја масовно протестираа и бараа забрана на инсектицидот. На ...

Тие се нарекуваат „Сторм(Бура)-1516“ – група за дезинформации поддржана од Кремљ која ги краде идентитетите на вистинските новинари за да води дигитална војна. Користејќи лажни имиња и видеа генерирани од вештачка интелигенција, тие ги таргетираат изборите и репутацијата, поткопувајќи ја довербата во западните демократии, пишува новинарката и и писателка Џес Дејли за UNITED24MEDIA. Француската новинарка Одри Парментје бара судска постапка откако ...

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Ејал Замир влезе во отворен судир со премиерот Бенјамин Нетанјаху поради планот за целосна окупација на Газа. Според него, таквиот потег би претставувал сериозно загрозување на безбедноста на израелските заложници (се верува дека 20-тина сè уште се живи о 50-те колку што останаа во рацете на Хамас), би довело до исцрпување на израелската војска и влегување во замка на герилско ...

Русија веќе дури и не се обидува да го скрие киднапирањето на украински деца. Од неделава отворено тргува со нив. На официјални платформи, украинските сирачиња се прикажуваат како производи на онлајн пазар: Фотографии со цело лице. Возраст. Боја на очи. Здравствена состојба. Дури и „ниво на послушност“. Филтрирање. Сортирање. Избор. Ова не е грижа. Тоа е трговија со деца спонзорирана од државата. Од 2014 година, децата од окупираните региони се ...

Албанија Кај албанските медиуми речиси нема текст во кој се осудува навивањето на Шкендија. Веројатно нема ниту албански политичар што го осудува албанското навивање, додека за македонското навивање реагираше целата политичка елита на Албанците во регионот, меѓу кои премиерот на Косово, Албин Курти, претседателката на парламентот на Албанија, Спиропали, Ахмети… Триста вести беа емитувани во медиумите на албански и македонски јазик, како и во ...

Во објава на својот профил на социјалните мрежи, Truth Social, Трамп исто така рече дека САД ќе потпишат и билатерални економски договори со двете земји. Двете земји, кои добија независност од поранешниот Советски Сојуз во 1991 година, се заглавени во долготраен спор уште од 1980-тите, кога Нагорно-Карабах, регион на Азербејџан во кој живеат претежно етнички Ерменци, се отцепи од Азербејџан со поддршка на Ерменија. Азербејџан ја врати ...

Европа е најпопуларната летна дестинација за многу туристи, но постои еден сериозен безбедносен проблем. Додека милиони уживаат во шетањето по улиците на Париз, Барселона или Рим, сè повеќе од нив стануваат жртви на кражби и измами. Според податоците од Европската туристичка комисија, повеќе од 400 милиони туристи го посетиле стариот континент во 2024 година. Сепак, со масовната посетеност, бројот на инциденти се зголемува – годишно се ...

Дваесет и деветгодишна жена, која е осомничена дека лажно се претставувала како квалификувана медицинска сестра, е уапсена во САД. Полицијата отвори истрага, откако болницата го раскина договорот со Оутм Бардиз поради сомнежи во нејзините квалификации. Досега е откриено дека 29-годишната Бардиз пружила медицински услуги на 4.486 пациенти од јуни во 2024 година до јануари оваа година. „Ова е еден од највознемирувачките случаи на медицинска измама ...

СКОПЈЕ (АА) – Стотици приврзаници се собраа во Меделин вчера во знак на поддршка за поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе Велез, поради одлуката со која му се изрекуваат 12 години домашен притвор, јавува Анадолу. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки за солидарност, изразувајќи поддршка за Урибе и осудувајќи ја одлуката на судот. Урибе е осуден на 12 години домашен притвор со пресуда што во петокот ја изрече судијката Сандра ...

Израел прави грешка со одобрувањето на плановите за окупирање на градот Газа, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер. Британскиот лидер го повика Израел да ги преиспита плановите за нова офанзива. Стармер ги даде овие забелешки откако воениот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри плановите за операција за заземање на градот Газа. Британскиот премиер рече дека Израел треба да дејствува во насока на деескалација, а не ...

Британските власти сè повеќе ги отфрлаат барањата на украинските мигранти за продолжување на нивниот престој, објави Би-Би-Си на руски јазик. Од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година, повеќе од 250.000 Украинци добија визи преку програмата „Домови за Украина“, која неодамна беше затворена, пренесуваат медиумите во регионот. Властите сега масовно ги отфрлаат барањата за трајна заштита, тврдејќи дека западните делови на Украина се ...

Припадници на 118. механизирана бригада на Оружените сили на Украина објавија снимка која го прикажува евакуирањето на ранет војник од бојното поле со помош на копнен роботски систем. Овој настан уште еднаш ја истакнува растечката улога на современите технологии во спасувањето човечки животи во воени услови, пишува „Украинска правда“. „Операторите на копнените роботски системи од 2-та чета на 23-та посебна стрелачка баталјонска единица на 118-та ...

Еден од главните лидери на Хамас, Осама Хамдан, изјави дека ниедна арапска влада нема да соработува со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Газа. Препорачано Нетанјаху претходно изјави дека Израел не сака директно да управува со Газа, туку да ја предаде на неодредена трета страна која нема да претставува закана за Израел, објави Ал Џезира. Во четврток, во интервју за Ал Џезира, Хамдан истакна дека ниедна арапска влада во моментов нема да ...

И покрај крајниот рок поставен од Белата куќа за прекин на огнот, украинските сили велат дека руските трупи продолжуваат со офанзивата на источниот фронт. Командатана единицата за беспилотни летала соопшти дека е регистрирано интензивно раздвижување на руската пешадија во правецот на Покровск, како и дека руската артилерија се приближува до линијата на фронтот. Украинските единици користат американски дронови за да лоцираат непријателски ...

Во Дортмунд, сè повеќе ресторани одлучуваат да стават крај на фрлањето храна со воведување казна за гостите кои ги оставаат своите чинии полни. Навидум строгата мерка има јасна цел: да се намалат огромните количини храна што завршуваат во корпата секој ден поради преценување на сопствениот апетит. На бифеата со опција „јадете колку што можете“, многумина земаат повеќе отколку што можат да изедат. Резултатот? Рестораните фрлаат десетици килограми ...

Поранешниот министер за здравство на Латвија, Петерис Апинис, им даде на своите сограѓани необичен, но сериозен совет – однапред да се подготват за можни кризни ситуации и нестабилност. Во гостувањето на ТВ24, Апинис препорача секое домаќинство да обезбеди скривалиште на својот имот, со закопување цврсто буре на околу десет метри од куќата. Како што нагласи, садот мора да биде доволно отпорен за да не може да се оштети од глодари или влага. ...

Европските и американските берзански индекси денес се нерамномерни, а златото и пченицата пораснаа во цена со истовремен пад на цените на нафтата. Властите во Москва потврдија дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во следните неколку дена, што позитивно влијаеше врз растот на европските акции на затворањето на берзата во четврток, јавува CNN. Индексот DAX на Франкфуртската берза денес во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денес ќе биде домаќин на лидерите на Ерменија и Азербејџан на самит што го нарече „историски“, со цел да се стави крај на децениското непријателство меѓу двете поранешни советски републики, објави „Гардијан“. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев „ќе ми се придружат во Белата куќа на официјалната церемонија на потпишување на мировниот договор“, објави Трамп ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
21%
1006
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
2.06
27%
1004
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
0.0
76%
1005
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
36%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
2.84
19%
1006
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
81%
1005
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.14
48%
1011
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
35%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
31%
1009
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
25%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
85%
1006
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
100%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641