Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Пред две недели македонскиот млад состав „Преку Ред“ го издадоа нивниот најнов сингл насловен „За Тебе“. Со оваа песна, бендот повторно ја потврдува урбана енергија и алтернативниот рок звук кој го негуваат. Музиката, текстот и аранжманот се дело на фронтменот и вокалист Антони Анев, додека за продукцијата, миксот и мастерингот се погрижи басистот на бендот Никола Стоименов. Видеото е дело на Бојан Василев. Видеото е визуелно едноставно, а ...
Интересна рецензија за книгата песни од познатиот хрватски пејач и кантавтор Златан Стипишиќ – Џибони беше објавена во Академското списание на Универзитетот во Порторико. Авторката, проф. Клаудија Изабел Вила Молина од Чиле, ја објави својата визија за книгата песни на шпански и хрватски јазик под наслов „Banderas de un imperio hundido (Знамиња на потоната империја)“, која беше претставена во Латинска Америка од издавачката куќа Исла Негра. ...
Кумановскиот рок состав „The Solution“ повторно го привлекува вниманието на македонската музичка сцена со својата нова песна „Време“. По неколку успешни настапи и изданија, бендот со „Време“ го потврдува својот статус како еден од најинтересните нови рок состави во земјата. Публиката ги памети по нивната изведба на песната „Ти и јас“, со која „The Solution“ се претстави на фестивалот „Макфест“ во Штип, а сега објавија нов сингл. Песната „Време“ ...
Нејзиното кралско височество принцезата Љубица Караѓорѓевиќ синоќа во Бели двор, кралската резиденција на семејството Караѓорѓевиќ го промовираше својот авторски првенец, книгата за деца „Борба за запис“. Делото е наменето за деца на возраст од 7 до 11 години, а како основен мотив ја има заштитата на животна средина, културно-историското наследството, личниот и колективен идентитет. Промоцијата на книгата, која нè потсетува колку е важно да се ...
Утре (25.06) во 19.30 часот на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола ќе се отвори првото издание на Мултимедијалниот саемски фестивал на книгата „Критична маса“ кој ќе се одржи неделава од 25 – 28 Јуни 2025 на платото на Офицерски дом – ЈОУ КИЦ Битола кој воедно е и организатор на манифестацијата. Манифестацијата е поддржана од Министерство за култура на конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 г. Фестивалот „Критична маса ” е ...
Општина Битола попладнево ја објави целосната програма на Бит фест за ова лето. Под слоганот „Убавината на уметноста“, Битолското културно лето и годинава, во своето 17-то издание, носи богата програма исполнета со културни настани што го збогатуваат уметничкиот живот на градот. Во текот на летото, Битола ќе биде сцена на: концерти, театарски претстави, изложби, филмски проекции, уметнички перформанси и многу други настани кои ја слават ...
Краткиот анимиран филм „Долго доаѓање на огнот“ во режија на Жарко Иванов е селектиран во официјалната конкуренција на еден од најголемите фестивали за анимиран филм во светот, во Отава – Канада (Ottawa International Animation Festival). Инспириран од истоимената песна на Ацо Шопов, филмот ќе ја има својата американска премиера во ненаративната селекција на фестивалот. Филмот е работен во експериментална аниматорска техника со користење на ...
Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски ќе ја има својата регионална премиера во главната натпреварувачка програма на Сараевскиот филмки фестивал. Елма Татарагиќ, селектор на Натпреварувачката програма – долгометражен филм, вклучи 9 филмови во програмата, од кои три филма ќе имаат светска премиера, а шест филма ќе имаат регионална премиера во конкуренцијата за награди. „Со девет исклучителни филмови, овогодинешниот натпревар за ...
Со особена чест и задоволство ве покануваме на деветтото издание на фестивалот „Дрим Шорт“ кое ќе се одржи од седми до десетти Август на повеќе локации во Струга. Придружете ни се во четиридневна, инспиративна филмска и „Гледајте филмови, нема каде да се бега“. Главните проекции ќе се реализираат во Паркот на поезијата, додека останатата програма ќе биде распределена во Јуроп Хаус Струга, кафе-бар Дуќан, мезе бар Барабар и мезе бар Кингстон. ...
Претседателот на Marvel Studios, Кевин Фајџ, изјави дека новиот филм за иконскиот суперхерој на Marvel, Спајдермен, со Том Холанд во главната улога, ќе биде базиран на приказна за „уличниот живот“ и без апокалиптични настани. Фајџ го изјави ова во интервју за американскиот CBR и изјави дека четвртиот дел од Spider-Man: A New Beginning ќе биде посветен на животот на човекот што се крие зад маската на Спајдермен, за Питер Паркер и неговата борба ...
Српската музичка поп дива, Јелена Томашевиќ, утревечер ќе пее пред охриѓани и многубројните посетители од регионот, со ноти кои освојуваат на прво слушање. Нејзиниот раскошен глас ќе одекне од трибините на античкиот театар, низ хитовите ,,Оро”,песна со која што ја претставуваше Србија на Евровизија во 2008 година, ;;Јутро”, ,,Да ми је да ми се врати”, ,,Мед и жаока”, ,,Име моје” и многу други. Позади нејзиното име стојат и три студиски албуми: ...
Како Еди Марфи да не беше веќе синоним за култни филмски франшизи, комичарот и актер потврди дека наскоро ќе ја преземе познатата улога на инспекторот Клузо во новиот филм за „Пинк Пантер“. Марфи рече дека првично планирал да забави, но работите едноставно се случиле во врска со неговата листа на претстојни проекти. „Се подготвувам да снимам биографски филм за Џорџ Клинтон и неговиот музички колектив „Parliament-Funkadelic“. Се подготвувам да го ...
Дебитантскиот долгометражен игран филм на Косара Митиќ – „17“ e селектиран во развојната програма на Саревскиот филмски фестивал. Продуцент на филмот е Томи Салковски со Black Cat Production а копродуценти се Art&Popcorn и December od Србија и Словенија. „По секс во тројка со нејзините соученици, Сара (17) забременува и се обидува да го скрие тоа од сите, што станува особено тешко за време на матурската екскурзија.“ – се вели во синопсисот. ...
19-тото издание на „Talents Sarajevo“ собира 63 учесници од 17 земји, поделени во осум специјализирани групи: Acting Studio, Directors Summit, Script Station, Camera Studio, Producers Summit, Editing Studio, Talent Press и Pack & Pitch.. Нудејќи интензивна и колаборативна средина за практична обука, уметничка размена и креативен развој, секоја група е водена од ментори и е дизајнирана да се справи со новите предизвици со кои се соочува ...
Францускиот диџеј и продуцент Хугел приреди вистинска летна еуфорија на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, каде што на 4 август 2025 година настапи пред илјадници фанови. Концертот, кој се совпадна со срцето на туристичката сезона, привлече претежно млада публика, од кои голем дел пристигнаа од Битола, правејќи го Охрид музичка дестинација на ноќта. Со својот препознатлив микс од латин, хаус и техно влијанија, Hugel успеа да ја однесе ...
Утревечер во познатото Пацио на НУ Завод и Музеј со солистички концерт на Кокан Димушевски, ќе започнува 19-то издание на Балканскиот етно фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција 2025 “. Никола, Кокан, Димушевски, е роден во Скопје, 26. Ⅳ 1958 – клавијатурист, аранжер, композитор и продуцент. Кариерата ја започнал како клавијатурист на групата „Леб и сол”, а има напишано над 200 аранжмани за различни автори и изведувачи во Македонија и во ...
Според светските медиуми, легендарниот Ози Озборн, фронтмен на бендот Black Sabbath и еден од клучните архитекти на хеви метал звукот, почина денес на 76-годишна возраст. Семејството објави дека тој бил опкружен со најблиските во моментот на неговата смрт и побара приватност. Роден како Џон Мајкл Озборн во Бирмингем во 1948 година, Ози го основа Black Sabbath во 1969 година – бенд кој фундаментално го дефинираше основниот хеви метал звук. Со ...
Со ритам на морски бранови, свежа енергија и позитивна вибрација, македонската музичка сцена доби нов летен хит. Станува збор за песната „Ова лето“, најновото музичко остварување на „Здраве Мјузик“ зад кое стои креативен тим од автори и визуелни уметници. Групата, составена од Бојан Здравески (хармоника и вокал), неговиот брат Дарко Здравески (кларинет), и вокалистот Благојче Тодоровски, вообичаено е препознатлива по изведби на народна музика. ...
Македонската публика со нетрпение го очекува најголемиот летен спектакл, концертот на светската мегаѕвезда Џејсон Деруло на 2 август во Охрид, а токму пред ова историско шоу, екипата на Бекстејџ направи ексклузивно интервју со него!Во разговорот, Деруло откри што подготвува за македонската публика, па кажа: „Ова ќе ми биде првпат во Македонија, но се надевам дека нема да биде последен. На 2 август ќе се случи најголемата забава на светот. Тоа ќе ...
Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане. -Џајковски е филмски композитор, но пред се познат скопјанец, ...
27 ЈУЛИ – НЕДЕЛА РАКОМЕТНО ИГРАЛИШТЕ, БИТОЛА 21 ЧАСОТ Драги наши, големо задоволство ни е да Ви најавиме дека сигурно еден од најголемите хитмејкери од екс-југословенските простори Момчило Бајагиќ-Бајага, со своите Инструктори ова лето ќе одржи САМО ЕДЕН ексклузивен концерт во Македонија и тоа, оваа НЕДЕЛА (27 ЈУЛИ) во Битола на Ракометното игралиште, со почеток во 21 часот! Концертите на Бајага и Инструктори се исполнети со повеќе од два и пол ...
Новиот состав на Комисијата за утврдување на имиња на улици во Чачак, Србија, на денот на нејзиното конституирање, предложи Културниот центар Чачак да го носи името на познатиот рок-музичар Бора Ѓорѓевиќ, роден во Чачак, кој почина минатата година и беше погребан во својот роден град. – „Денес решивме да предложиме Културниот центар Чачак да го носи името на Бора Ѓорѓевиќ, бидејќи сите знаеме колку голем белег оставил во српската култура и колку ...
Во саботата на 27 јули 2025 година, на Ракометното игралиште во Битола, се одржа концертот на легендарниот рок музичар Момчило Бајагиќ-Бајага, кој предизвика вистинска еуфорија кај битолската публика. Стотици посетители, меѓу кои имаше млади, тинејџери, па дури и деца, со воодушевување ги пееја заедно со него неговите најголеми хитови. Дури во еден момент кога забележа колку мали деца има, искоментира со басистот: „Види колицки су, јеботе.“ ...
Младиот и талентиран музичар Андреј Јовановиќ – Дре во соработка со пионерите на македонскиот рап Пука Козметика на втори август, за големиот празник Илинден, промовираа нова песна со наслов – “Бољи живот”. Музиката и аранжманот се на Андреј Јовановиќ додека за текстот се погрижија тој и близнаците од Пука Козметика. На песната гостува и Диџеј Славе кој ги остави скречовите, за да ја надополни оваа рап дружба. Снимана е во студиото Алшар кај ...
Останаа уште само неколку дена до еден од највозбудливите настани ова лето, настапот на светски познатиот диџеј Хугел во Охрид на 3 август. Со директна и емотивна порака до македонската публика, Хугел најави спектакл: „Македонијо, ве носам во срцето. На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид. Едвај чекам да се видиме!“ Линк од пораката: https://www.instagram.com/reel/DMfn1xQME4J/?igsh=MWVhb3QyMDJzOGJ6bQ== Настанот ќе се одржи на ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 293, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (9-10.8.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со актерот, режисер и продуцент Лазар Ристовски, кој ја доби наградата „Мето Јовановски“: Филмот го доживувам како вистина – интервју со словенечката сликарка, новинарка и планинарка Магда Шаламон: Човековата креативност е ...
Утревечер, на 10-ти август, со почеток во 20 часот, во Културно-информативниот центар „Салон 1919“ во Скопје ќе се одржи уникатен музички настан – концертот „Шпанска вечер“. Публиката ќе има ретка можност да ужива во интерпретациите на дуото „ДарМар“, составено од гитаристот Дарко Багески и хармоникашот Марко Хатлак. На програмата се дела од прочуени шпански композитори како Хоакин Родриго, Исак Албениз и Мигел Пујол, како и мајсторските ...
„Постмеморија – Одек на тишината“ е темата на годинашната Ликовна колонија „Галичник“ која по 36-ти пат ќе се одржи од 12 до 18 август во Галичник. Како што наведува организаторот, темата е инспирирана од истражувањата на Мериен Хирш, Алејда Асман, Ролан Барт и В.Г. Зебалд, „кои се занимаваат со тоа како трауматичните историски искуства, иако не се директно доживеани, се врежуваат во свеста и идентитетот на наредните генерации“. -Годинашните ...
Рок бендот „Ареа“ ќе одржи концерт во Велес вечерва, (9 август) од 21 часот во рамките на Велешко лето 2025. Концертот на гостиварската група е кај плочата позади ООУ “Блаже Конески”, а пред нив ќе настапи диџеј Зорбитал. . Групата „Ареа“ е формирана во 1991. Наредната година на скопскиот Поп-рок фест ја освои првата награда и доби можност за снимање деби албум. Албумот наречен „Случајно тука”, продуциран од музичката продукција на Македонската ...
Во рамки на БИТФЕСТ 2025, во Културниот Центар Магаза во Битола, официјално беше отворена првата самостојна изложба на младиот уметник Константин Солак под наслов „Декларација на вредност“. Константин Солак, роден во 2006 година во Битола, го заврши средното образование по сликарство на УСУПУ „Лазар Личеноски“, каде што беше ученик на генерацијата. Има учествувано во повеќе уметнички проекти, меѓу кои амбасадорски иницијативи, уметнички колонии ...