На големата сцена на Македонскиот народен театар публиката вечерва со почеток од 20.00 часот ќе има прилика да ја следи премиерната изведба на претсавата „Кататонија“ – направена по мотивите на драмскиот текст на Алис Бирч, а во режија на Васил Христов и драматургот Викторија Ррангелова Петровска. Улогите во „Кататонија“ ги толкуваат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и ...

Пред точно седум години на денешен ден почина Матеја Матевски истакнат македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач. Тој е роден во Истанбул на 13 март 1929 година. Матевски Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радио-телевизија како новинар, уредник на културните и литературни програми, потоа како главен уредник и директор на Телевизија и генерален директор на Радиотелевизија Скопје. Тој бил член на ...

По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на престижната награда за животно дело, која традиционално ја доделува Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. На свеченото отворање на 59. издание на фестивалот, ова значајно признание ѝ беше официјално врачено, проследено со долготраен аплауз и ...

Утре, на 12 јуни во 20 часот во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе се изведе претставата „Синот“ по текстот на Флоријан Зелер, а во режија на Благој Мицевски. Претставата е во чест на одбележувањето 30 години актерска дејност на Кољо Черкезов. Сценографијата е на Мицевски, драматург е Ацо Хогов, а преводот на Јадранка Стефкова. Играат: Кољо Черкезов, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Михаил Велков, Ванчо Василев и Томе Витанов. ...

„Носферату“ е новата претстава на Народен театар Штип која утре со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена на сцената на штипскиот театар. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Пеце Ристевски, и актерите од театарот велат дека режисерот Бојан Трифуновски носи нова визија на класичната приказна за вампирот од готскиот мит. Во претставата која е поддржана од Министерството за култура настапуваат познатите актерите од ансамблот ...

Со доделување на наградите на најдобрите театарски остварувања на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобра театарска претстава во целина, според фестивалското жири, е претставата „12“ на МНТ од Скопје. Оваа претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра. За најдобра женска улога пак, наградата ја доби актерката од Штип Марија ...

Фестивалот Битола Отворен Град 2025 го заврши своето 24. издание со јасен став: културата не се конзумира – се живее. Во текот на четири дена, од 25 до 28 јуни, Битола повторно стана град што зборува преку изложби, концерти, работилници, зборови и винили. Сè започна со отворањето на изложбата “When Do I Stop?” од Харис Муриќ – визуелна хроника од 52 постери, создадени во текот на 52 недели. Муриќ ни подари нешто ретко денес: визуелна, лична ...

Македонска режисерка Тамара Стојаноска е главната победничка на седмото издание на престижниот меѓународен Конкурс за млад театарски режисер „Слави Шкаров“, што се одржа од 16 до 21 јуни во Драмскиот театар „Сава Огњанов“ во Русе, Бугарија. Оваа година, конкурсот се одвиваше под мотото „Нарцис и Ехо“, избрано од селекторката Деница Езекиева – театаролог и уметничка советничка, која истакна дека главни критериуми биле естетските квалитети, ...

Во Македонскиот народен театар (МНТ) на малата сцена на 19 јули со почеток во 20:30 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, а во режија на Наташа Поплавска. „По потпишувањето на меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за ...

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк вчера беше отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески, а истата ќе биде достапна за посетителите до 27 јуни. Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул синоќа беше отворена изложбата „Откривање на визии II“ на Верим Зендели. Изложбата е во рамки на програмата на Министерството за култура и туризам на Македонија за промоција на македонската современа уметност во Република Турција, а влезот е слободен. Според КИЦ – Истанбул, изложбата нуди поглед во светот на уметноста каде што формите се губат во апстракција и нео-надреализам, создавајќи ...

Во светот на креативноста и уметноста неопходни за напредок се талентот, оригиналноста и храброста. Сето тоа го поседува Давор Кешќец (28) дипломиран ликовен уметник – графичар, кој со својата посебност веќе го привлече вниманието на јавноста во нашата земја. Неговиот препознатлив стил на творење како стрит култура можете да го сретнете на неколку места во Скопје, во вид на графити и мурали.Со овие дела, како што вели, тој му ја облагородува ...

„Битлси“ и светски познатата уметница, активистка и пионерка на авангардата која ја одбележа историјата на современата уметност. Изложбата е премиерно во Црна Гора, но и во земјите од регионот. Како еден вид културно-уметнички, но и општествен спектакл, тоа е настан од особено значење за домашната, регионалната, но и европската културна сцена, како и за културните институции, експертите и љубителите на уметноста од сите генерации, од земјата и ...

Неодамна во Гевгелија се случи интересен и несекојдневен настан – Железничката станица во градот беше претворена во уметничка галерија. Наместо во стандарден изложбен простор, 17 фотографии инспирирани од црквите и манастирите во Гевгелиско беа изложени на штафелаи на Железничката станица. Фотографиите се дело на Иван Калчев, а се дел од проектот на Етнокорелошкиот оддел при Домот на културата „Македонија“ – Гевгелија и трудот на м-р ...

Од 25 јуни до 1 јули 2025 година, Осоговскиот манастир кај Крива Паланка ќе биде домаќин на 39-то издание на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски”, која претставува мост меѓу културите, креативноста и уметничкиот израз. И годинава, колонијата ќе собере истакнати ликовни уметници од Македонија и Европа. Меѓународен карактер на ликовната работилница и даваат уметниците Агнешка Казала од Полска, Теодор Бузу од Молдавија, Милош ...

Министерството за култура и туризам информира дека стручната комисија во состав: Соња Абаџиева, Ивана Урошевиќ и проф. Симон Шемов, предложи проектот поднесен од Музејот на современата уметност „Пиетa во прекривките на ургентноста“ на авторот Велимир Жерновски да биде официјален претставник на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2026 година. Комисијата ги разгледа сите четири пристигнати проекти на ...

Фонтана „Филип 2“, Камен Мост, парк „Жена борец“, Сквер Јадран, улица Максим Горки, се само некои од локациите на кои деновиве ќе бидат изложени уметнички дела на повеќе уметници, во рамки на изложбата „Скопски урбани приказни“. Какo што информираат во Друштвото на ликовни уметници од Македонија (ДЛУМ), во рамки на Скопско културно лето, традиционално се организира оваа изложба. „Куратор на изложбата е д-р Ана Франговска на чиј концепт ...

Ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена утревечер во 19 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Србија. Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата ковид- 19, кој неизбежно се рефлектираше во нивните дела. Тие ја преиспитуваат релацијата на видливиот свет со невидливите ...

Вчера пред многубројната хрватска публика во македонскиот КИЦ во Загреб беше отворена изложбата ,,The Vlatko Stefanovski Experience” во чест на 50-години кариера на легендарниот гитарист. На изложбата е претставен избор на концертни фотографии кои евидентираат различни фази од кариерата на Влатко Стефановски потпишани од Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ – автори кои со години го придружуваат Стефановски на неговите ...

Во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонија вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Иван Аџиевски „Beauty spot III“. Како што информира Центарот за современи уметности Скопје, „Beauty Spot III“ опфаќа 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои е претставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција каде субјектите имаат изразено издолжени портрети и физиономии. Тие се продолжение ...

Во понеделник на 30 јуни оркестарот на Македонската филхармонија ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана” од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Диригент ќе биде Михалис Иконому од Грција, а како солисти ќе настапат нашата сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и контра тенорот Николас Спанос од Грција. Изведбата на градниозното дело до Карл Орф ...

Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во оваа нетипична интимна и професионална биографија е застапена колекција од ексклузивни и некои досега необјавени фотографии од Ѓорѓе Балашевиќ. Книгата ќе биде промовирана на 4 април (петок) во 20 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на второто издание на ...

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, познат по својата исклучителна посветеност кон македонската музика и култура и македонската сопранистка Елена Васова вечерва ќе одржат концерт во Македонската филхармонија. На концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“ ќе учествуваат јапонскиот женски хор Tomoni Utao, со пијано придружба на Акико Каназава, македонскиот мешан хор Про Арс, под диригентство на Сашо Татарчевски, и специјални гости: ...

Националниот џез оркестар на 14 јули во Македонскиот народен театар ќе одржи концерт со Дони МекКаслин, еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез сцена. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов. „Името на Дони МекКаслин (САД) стои зад едно од најзначајните музички изданија на 21 век – Blackstar, последниот албум на Дејвид Боуви, на кој токму МекКаслин беше една од клучните креативни сили што ...

Македонската актерка и професорка по телевизиска, радио и филмска игра на Факултетот за драмски уметности, Синоличка Трпкова, објави уште една книга. Трпкова која на јавноста и е позната по главните улоги во култните „Дом за вешање“ на Емир Кустурица, „Џипси Меџик“ и „Среќна Нова 49-та“ на Столе Попов и „Збогум на 20-ти век“ на Дарко Митревски речиси 30 години е посветена на академската кариера. Владиката Давид е викарен еписокоп на Скопската ...

Српскиот писател Миодраг Мајиќ ќе биде гостин на издавачката куќа „Антолог“ на престојниот Саем на книга во Скопје. Мајиќ (1969) е српски писател и судија во Апелациониот суд во Белград. Докторирал кривично право, а специјализирал меѓународно кривично право. Објавил голем број правни текстови и учествувал во изработката на значајни закони од кривичното право во Србија. Со години неговиот блог е една од најпосетуваните и најкоментираните ...

Во „Омладински дом“ во Белград, Момчило Бајагиќ – Бајага ја промовираше својата монографија „Песме“. Ова големо дело ни носи 160 песни и исто толку фотографии од различни периоди на авторот. Книгата содржи и рачно напишани песни, кои се различни од песните што ги знаеме. Како што е наведено, книгата „Песме“ е уникатен увид во делото на еден од најважните музичари на Балканот, внесувајќи емоција и инспирација во нејзината најавтентична форма. На ...

Пред две недели македонскиот млад состав „Преку Ред“ го издадоа нивниот најнов сингл насловен „За Тебе“. Со оваа песна, бендот повторно ја потврдува урбана енергија и алтернативниот рок звук кој го негуваат. Музиката, текстот и аранжманот се дело на фронтменот и вокалист Антони Анев, додека за продукцијата, миксот и мастерингот се погрижи басистот на бендот Никола Стоименов. Видеото е дело на Бојан Василев. Видеото е визуелно едноставно, а ...

Интересна рецензија за книгата песни од познатиот хрватски пејач и кантавтор Златан Стипишиќ – Џибони беше објавена во Академското списание на Универзитетот во Порторико. Авторката, проф. Клаудија Изабел Вила Молина од Чиле, ја објави својата визија за книгата песни на шпански и хрватски јазик под наслов „Banderas de un imperio hundido (Знамиња на потоната империја)“, која беше претставена во Латинска Америка од издавачката куќа Исла Негра. ...

Кумановскиот рок состав „The Solution“ повторно го привлекува вниманието на македонската музичка сцена со својата нова песна „Време“. По неколку успешни настапи и изданија, бендот со „Време“ го потврдува својот статус како еден од најинтересните нови рок состави во земјата. Публиката ги памети по нивната изведба на песната „Ти и јас“, со која „The Solution“ се претстави на фестивалот „Макфест“ во Штип, а сега објавија нов сингл. Песната „Време“ ...

МВР Билтен

9 минути - МИА
weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
92%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
62%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.7
87%
1013
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
74%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
94%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
94%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1016
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948