Во Галеријата МЦ во Њујорк, која е Македонски културен центар, вечерва ќе се отвори изложбата „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“. Автори на проектот се Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски. Изложбата во декември 2021 беше отворена во Музејот на Македонија. Фокусот на изложбата е придонесот на жените архитекти во архитектонската сцена во Социјалистичка Република ...

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов. Пијанистот, диригент и композитор Михаил Плетњов е една од најзначајните музички фигури на нашата ера. Неговиот исклучителен пијанистички талент е високо признаен уште од 1978 година кога на 21 година ја освојува првата награда на престижниот натпревар за пијанисти „П. И. Чајковски“. Кога во 1988 година е ...

Македонскиот состав и издавачка куќа „Кафе де Анатолија“ направија историски чекор за локалната и регионалната музичка сцена, потпишувајќи глобален договор со еден од најголемите светски издавачи – „Sony Music Publishing“. „Ова е значаен момент не само за брендот, туку и за целата музичка сцена во Македонија и Источна Европа, поставувајќи нови стандарди за глобален успех“, изјавија од тимот на „Кафе де Анатолија“. Соработката беше официјално ...

Портите не се само дрвени или железни премини — тие се неми сведоци на времето, чувари на сеќавањата, граничник меѓу јавното и личното, надворешното и внатрешното. Секоја порта крие приказна – за домот, за семејството, за минатото кое живее зад неа. Оваа година изложбата на фотографии СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА која ЦЕРИ ја реализира по тринаесетти пат е посветена на битолските порти. 13-то издание на изложбата е дел од годишната програма на НУ Центар ...

Инструменталното џез дуо „Тајм“ од Кавадарци ја претстави својата нова композиција со наслов „Наше маало“, дело на членовите Илија Мицев и Тодор Ушитков. Песната ја спојува естетиката на светската музика со суптилниот јазик на џезот, создавајќи атмосфера која нè враќа во топлината на старите пријателства и во носталгичните слики од маалските улици. „Преку звуците на музиката на светот и џезот раскажуваме универзална приказна за минливоста, ...

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ веќе 16 години ја одржува традицијата на организација на Патувачко кино низ повеќе градови и региони во државата, а годинава Патувачкото кино беше во Кочани. Препорачано Живеејќи во свет што катадневно се менува, свет во кој информациите отсекаде извираат и незапирливо течат, станува сè потешко да разликуваме што е вистина, а што не. Така се будиме во реалност што не е лесно ниту да се ...

Филмот „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ беше прикажан синоќа во Амфитеатарот во Дојран, во чест на лауреатот на наградата „Мето Јовановски“, Лазар Ристовски. Публиката беше одушевена од драмата со примеси на комедија што ја третира темата на машиновозачите и траумата што ја имаат поради неизбежната појава на прегазување на луѓе на железничките пруги. По проекцијата на филмот публиката беше дел од сесија на прашања, а ...

Денес напладне, во Куќата на Уранија на МАНУ, на свечена церемонија, на Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, ќерка на македонскиот дипломат Лазар Мојсов и хемичар, ќе и биде врачена Светската награда на хуманизмот за 2025 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св.Климент на сите светски меридијани.Таа ќе допатува во Охрид заедно со својот сопруг. Свеченоста ќе започне со поздравно обраќање на ...

Владо Јаневски синоќа го одржа еден од најдобрите концерти во тридецениската кариера .Античкиот театар беше преполн со негови фанови,но и со млади кои не биле ни родени кога ги создавал најголемите хитови . А Владо знае како со публиката, има посебен шарм и чаирски мангуплук иако веќе со години не живее во населбата која поради него стана романтика. Најемотивниот момент на концертот се случи кога Владо песната “Недостасуваш и ја посвети на ...

Филмовите ќе бидат прикажани вечерва со почеток од 20:30 часот во амфитеатарот во Струмица. Македонскиот „Избор“ на Марко Црногорски ја освои „Златната потковица“, „Сребрената потковица“ ја доби „Сок од портокал“ на Александар Атане, а „Бронзената потковица“ ја понесе „Еј, Ханун“ од Лина Тадун и Софијан Шуеб. Наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ ја доби хрватскиот „Самотија“, а за најдобар режисер „Ацо Алексов“ беше избран „Турбо-нет“ ...

Нов документарец за Ози Озборн ќе го прикаже „последното поглавје“ од неговиот живот, вклучувајќи ги и неговите подготовки за настапот на прошталниот концерт на „Блек Сабат“ во Бирмингем во јули. Сниман во текот на три години, „Ози Озборн: Враќање дома“ ја раскажува приказната за животот на пејачот и неговата сопруга Шерон (фото) додека се обидуваат да го остварат својот долгогодишен сон за враќање во Велика Британија. Филмот ќе ги покаже и ...

Со специјална проекција и домашна премиера на филмот „Неми филмови“ на македонскиот автор Крсте Господиновски, синоќа официјално беше отворен овогодинешниот „Флипбук филм фестивал“ во Кинотека на Македонија во Скопје. Се работи за филм кој годинава во мај имаше премиера на „Анеси“ и веќе освои неколку награди на филмските фестивали. На отворањето на „Флипбук филм фестивал“ имаше и изложба, проекција на девет кратки филмови и потоа диџеј сет на ...

Гран-при за најдобра претстава во целина на фестивалот „Битолино“ ја доби претставата „Вошката и мравката“ на Театарот за деца и млади „Нодар Думбадзе“ од Тбилиси, Грузија. За наградите одлучи жирито во состав: бугарската актерка и режисерка Ефимија Павлова и македонските актери со интернационална кариера Тони Наумовски и Мартина Тапарчевска. Во чест на наградените премиерно беше изведена претставата „Аудиција“ на Театарската школа „Бабец“. – ...

Изложба на слики од уметницата Дивна Пешиќ, ќе биде отворена вечерва во Музеј галерија во Кавадарци. – Како уметница, сликајќи масло на платно, Дивна има 33 години активна кариера со околу 50 самостојни и групни изложби ширум светот. Нејзината уметност доби глобално признание — прогласена е за најдобар апстрактен експресионист во светот од страна на World art awards, како и од страна на American art awards, во избор на 25 врвни галерии и музеи ...

Гран при за најдобар краток филм на 20. издание на „Астерфест“ доби холандскиот „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам. Со „Златната потковица“ се закити македонскиот „Избор“ на Марко Црногорски, „Сребрената потковица“ ја доби полско-францускиот „Сок од портокал“ на Александар Атане, а „Бронзената потковица“– францускиот „Еј, Ханун“ на Лина Тадун и Софијан Шуеб. Наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“, пак, му припадна на хрватскиот ...

– Заклучно со јуни, на локалитетот Стоби се регистрирани вкупно 9.703 посетители, од кои 5.464 домашни и 4.293 странци. Странските туристи се претежно од европските земји, но и од САД и од Кина. Прошетката со нашите водичи ги опфаќа сите презентирани градби, но, секако, најголем интерес предизвикуваат мозаиците – вели Силвана Блажевска, директор на НУ „Стоби“ – Археолошкиот локалитет Стоби го посетуваат туристи, главно, во периодот од април до ...

Летото е вистинско време да се сретнете НА МИНУВАЊЕ со обични луѓе кои се околу нас а кои независно од годините сакаат и полека успеваат да си ги исполнат соништата кои им траат од младоста. Еден од нив е Беркант Мусли од Скопје го сретнавме на одмор во Трпејца и седнавме да разговараме за неговите „љубови“ . Љубовта кон нашата колешка ТВ новинар Мерал, децата ама и за неговите љубови – песните и пеењето и актерството. Што всушност работи ...

Синоќа со претставата на Театарот за деца и млади „Колибри“ од Унгарија заврши официјалната програма на ИДТФ „Битолино“ а во чест на наградените премиерно беше изведена претставата „Аудиција“ на Театарската школа „Бабец“. Фестивалот традиционално доделува единствена награда Гран-при за најдобра претстава во целина а за која оваа година одлучуваше жири во состав од: бугарската актерка и режисерка Ефимија Павлова и македонските актери со ...

Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ се одржува во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски. Ме радува наградата на „Астерфест“. Фала ви, луѓе. Уметноста се прави за да се допре срцето на другиот. ...

Секој човек има свој „Тони“ Румена Бужаровска, Тони, Три, Скопје 2024. (…) Тоа го исполни со уште поголем презир кон неа, кој го поттикна да посегне по нејзиното гиро и да го изеде. Види, си мислеше. Тамара пак се има бааги здебелено, а за жена на четириес’ плус, тоа е како смртна казна. Реално, си мислеше, реално треба да престане да јаде леб, компир, мрсно месо, па уште кечап, кој знае што све има во тоа, адитиви, шеќери и курци-палци. Реално, ...

Утре во Галеријата МЦ во Њујорк, која е Македонски културен центар, ќе се отвори изложбата „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“. Автори на проектот се Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски и Бојана Стојменовска. Изложбата во декември 2021 беше отворена во Музејот на Северна Македонија. Фокусот на изложбата е придонесот на жените архитекти во архитектонската сцена во Социјалистичка Република Македонија, ...

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата со афоризми на бугарскиот писател и афористичар Дилјан Бенев. Во својата книга „Неповратно“ (ориг. – „Необратимо“) бугарскиот писател и афористичар Дилјан Бенев, на читателот му нуди афоризми кои според својата структура, симболика и метафорика го потврдуваат необратливото, необратното, непревртливото, непревртеното, непресвртното во секојдневната реалност – што е контрапункт на логиката, разумот и ...

На јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица, жирито едногласно ги избра најдобрите филмови од натпреварувачката селекција. Гран при за најдобар краток филм го доби холандскиот „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам, а наградата ја прими амбасадорката на Холандија во Македонија, Н. Е. Узлем Џанел. Филмовите ќе бидат прикажани вечерва со почеток од 20:30 часот во Амфитеатарот во Струмица. ...

Делчево, 7 август 2025 (МИА) - Со свечена програма и учество на фолклорни ансамбли од земјата и странство, вечерва во Делчево започнуваат јубилејните Голачки фолклорни средби 2025, кои годинава одбележуваат 30 години од основањето на манифестацијата. Настанот ќе се одржи на 7 и 8 август на летната сцена при Спомен Домот АСНОМ во Делчево, во организација на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, со поддршка од Министерството за ...

На 9 август (сабота) во Кинотека на Македонија, во рамките на програмата на шестото издание на „Флипбук филм фестивал“ (7-10 август во 19 часот ќе се одржи промоцијата на новата книга на Влатко Галевски, со наслов „Калиграфи на филмското писмо“. Книгата во разговор со авторот ќе ја претстават Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков. Филмофилското издание на Галевски понудува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет ...

На јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица, жирито едногласно ги избра најдобрите филмови од натпреварувачката селекција. Гран при за најдобар краток филм го доби холандскиот „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам, а наградата ја прими амбасадорката на Холандија во Македонија, Н. Е. Узлем Џанел. Филмовите ќе бидат прикажани вечерва со почеток од 20:30 часот во Амфитеатарот во Струмица. ...

Алаа Алкаиси Се обидувам да се изгубам во работата, да заборавам, макар за миг, на оваа болка што се обвива околу нашиот мал, опколен град. Тоа не е само болка на духот или тага, иако има многу од двете; тоа е физичкa, немилосрдна глад што глода однатре, подигајќи се со тивко, постојано виење што одекнува низ телото како второ срцебиење. Се лепи за мојот ум како клетва прошепотена премногу пати за да може да се поништи. Колку и да се обидувам ...

Култната политичка драма од Вилијам Шекспир, „Јулије Цезар“ во режија на Ќендрим Ријани, вечерва во 21 часот ќе ја има својата премиера во Диоклецијановата палата во Сплит. Премиерата е во рамките на „Сплитско лето“. Оваа претстава е големо достигнување и за македонскиот театар, воопшто, затоа што на неа работеше вредна театарска екипа – режисерот Ријани, асистент на режија – Иван Јерчиќ, сценографот Валентин Светозарев, костимографката Марија ...

Вечерва, на петтиот и последен ден од 20. „Астерфест“, со почеток во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица ќе се прикажат наградените филмови. Во чест на наградените, синоќа се прикажа и актуелниот долгометражен игран филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов, кој одговараше на прашања од публиката, а специјална проекција во чест на Емил Рубен прексиноќа имаше среднометражниот филм „Писмо“ на Васил Христов. Жирито на 20. „Астерфест“, ...

Покрај проекциите во Паркот на поезијата, вечерва ќе се проектираат и филмови од Студентската програма во Јуроп Хаус Струга. Од денеска е активно и катчето за Виртуелна реалност во кафе бар Дуќан, а од 18 часот во Јуроп Хаус Струга публиката ќе има шанса да се запознае и разговара од блиску со бардот на македонското и балканско глумиште – Никола Ристановски. Програма за 8 август (петок) Локација: кафе бар Дуќан 14:00 – 16:00 ВР Катче Локација: ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
92%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
62%
1012
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.45
85%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
69%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.0
89%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
94%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
94%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
52%
1015
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948