Во рамки на „Деновите на претстави од независна продукција“ од вечерва до сабота на сцените „Ристо Стефановски“ и на малата сцена во Драмски театар – Скопје ќе се играат претставите „СамоТи(И)Ја“ во продукција на „Театроск“ од Скопје, „Delirium tremens“ на „Театарска работилница“ – Прилеп, „Кротка“ во продукција на „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци и „Сина сенка“ на „Златен Елец“ од Скопје. Вечер во 20 часот ќе биде изведена претставата ...

Претставата „СамоТи(И)Ја“ во продукција на „Театроск“ од Скопје ќе ги отвори Деновите на независниот театар во Драмски, вечерва во 20 часот. Режисер на претставата е Војо Цветановски, а улогите ги толкуваат: Енџи Николовска и Бојан Лазаров. Перформансот „СамоТи(И)Ја“ претставува кореодрама која обработува универзална, силна и длабоко емотивна тема – вечната човечка потрага по љубов и припадност. Концептот на перформансот се развива околу ...