Фудбалскиот клуб Сандерленд вчера објави дека ќе обезбеди бесплатни сезонски билети за сите лојални навивачи над 85 години, кои барем три сезони по ред поседувале сезонски билети. Доколку некој од тие навивачи веќе платил сезонски билет за новата сезона, парите ќе им бидат вратени. Овој потег доаѓа како реткост во денешно време на модерен фудбал, кога повеќето клубови гледаат да добијат финансиска добивка од сите билети, наместо да ги задржат ...

Откако пред само неколку дена беше објавено дека и официјално згаснува англискиот фудбалски клуб Моркам, кој со себе носеше историја од дури 105 години, сега навивачите и персоналот се во обид да го спасат својот клуб. Приказната за згаснувањето на уште еден историски тим, под влијанието на лошо финансиско менаџирање од страна на сопствениците, ја погоди фудбалската јавност, но и ја разбуди пасијата на навивачите чиј клуб е неизоставен дел од ...

Навивачката група на ФК Вардар, Лојал Фанс, најави дека овој петок ќе одбележи 26 години постоење за време на дербито на нивниот клуб против битолски ФК Пелистер, на Градскиот стадион во Скопје. Прославата која била планирана за јубилејот минатата година, морала да биде одложена поради забрана за присуство на трибините, па навивачите решија оваа година да го прослават 26 роденден, токму во храмот на скопскиот фудбал. Со натпреварите во петок ...

Клубот со убедливо најкреативниот маркетинг-тим во Англија, Барнли, повторно удри. Повратникот во Премиер лигата го официјализираше своето ново засилување, искусниот голман Мартин Дубравка, со уште едно урнебесно видео инспирирано од холивудските класици. Овојпат, тие го претставија 36-годишниот Словак со сцена од култниот акционен филм “Point Break” (1991) со Кијану Ривс, каде што бандата на ограбувачи носи маски од поранешни американски ...

По бројните критики за организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Скопје, со свој остар и директен коментар се огласи тренерот на олимпиецот Дарио Ивановски, Игор Јакимовски. Како директен учесник и на ЛОИ Париз 2024 и на ЕМОФ Скопје 2025, тој направи брутално искрена споредба помеѓу двата настана, со цел да ја прикаже, како што вели, вистинската слика. Вистината за Париз: Картонски кревети, заразена Сена и медали без ...

Синоќа, на 11 јули 2025 година, традиционално со церемонија на доделување на наградите, во Сарајот во Ресен заврши 23-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2025. Според одлуката на жирито во состав: Гоце Ристовски, претседател, Трајче Кацаров и Елена Трајковска, членови, наградата Актер на Европа за годишно остварување му беша доделена на македонскиот актер Здравко Стојмиров, за неговата изведба на претставата ...

Денес се започна со реконструкција на патот кој води до Ротинско езеро, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава. Во продукција на НУ Народен Театар – Битола на езерото ќе се одигра „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски. Народен театар – Битола деноноќно работаат на логистиката на 25 јули да се случи спектакл, а поддршка добија и од Општина Битола, сите јавни претпријатија и приватни компании кои ...

Техничката екипа на НУ Народен театар – Битола денеска успешно ја постави сцената на платформа над Ротинското езеро а актерите попладнево ја имаа и првата проба. Премиерата е закажана за 25 јули а првата реприза за 26 јули. Во продукција на НУ Народен Театар – Битола на езерото ќе се одигра „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски. Заради големиот интерес за премиерата пуштени се влезници за продажба на билетара и онлајн на ...

На веб стараната на НУ Драмски театар Скопје е објавен годинешниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување на нови драматуршки текстови, Драмски театар ја доделува наградата во чест на големиот драмски автор Горан ...

Под мотото „Театарот го менува светот“ од 3 до 7 август во НУ Центар за култура – Битола ќе се одржи 14. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Во традиционалниот термин на две сцени во Центарот за култура ќе се одиграат десет претстави. А покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот оваа година подготви богата придружна програма. Шест претстави од Грузија, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Албанија и ...

Дејан Пројковски е првиот македонски режисер што поставил театарска претстава во соработка со национални институции во Јужна Кореја. Двете премиерни изведби, публиката во Инчеон ја испрати со стоечки овации. На 26 јули во Инчеон, Јужна Кореа, се случи премиерата на театарската претстава „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше дел од програмата на Националниот театарски фестивал и привлече големо ...

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“, првиот македонски филм што беше номиниран за наградата Златна мечка на филмскиот фестивал „Берлинале“, каде што освои и две престижни награди, помина со одлични критики и коментари од жирито кое го оценуваше, а слично мислење преовладуваше и кај публиката, откако ова филмско остварување своевремено се прикажуваше и во домашните кина. Станува збор за филмот на Теона Стругар Митевска, во кој главната улога ја ...

Бабец театар ги поканува сите деца на театарска работилница во рамките на 14. издание на ИДТФ Битолино. Работилницата ќе се одржува на 4 и 5 август, од 10.00 до 11.30 часот во Мала сала на Центар за култура – Битола. Оваа година во магијата на куклениот театар децата ќе ги воведе Ефимија Павлова – актерка, режисерка и директор на Държавен куклен театър – Сливен / State Puppet Theatre – Sliven. Децата ќе работат со оригинали театарски кукли од ...

По „Бохемиска рапсодија“ режисерот Декстер Флечер одлучи да не почести со уште еден фасцинантен проект. Овојпат од почеток до крај ја режираше приказната за биографискиот мјузикл „Рокетмен“, посветен на живата поп икона – Реџиналд Двајт, или како што го знаеме сите денес, популарниот Елтон Џон. „Рокетмен“, филм кој е насловен по истоимениот музички хит на Англичанецот, го опишува раното детство на малиот и срамежлив Реџи, неговата трансформација ...

По ковид-кризата, Дубиоза Колектив реши да ја освежи балканската музичка сцена и повторно на сатирично-комичен начин да не потсети на секојдневието. Тоа го направија со Агрикултура – албумот објавен пред во 2022 година и до денеска последниот албум на босанскиот состав. Агрикултура е еден концизно прецизно обработен албум, содржи само осум песни и јасни пораки – исмевање на општеството и локалните власти укажувајќи на бизарните работи кои се ...

Доживуваш светска слава, сите очи наеднаш стануваат вперени токму кон тебе, сето она што си го сонувал како дете наеднаш се исполнува, но повторно не си среќен, напрoтив се чувствуваш поосамен од кога било. Сите те напуштиле, остануваш сам, разочаран од системот и неговите неправди. Ги оставаш сите, а го одбираш твоето старо пијано, од кое за прв пат произведуваш поинакви, поцврсти и многу посилни звуци од кога било досега. Вакво нешто му се ...

ПИШУВА: МИХАИЛО ДОНЕВ Многу чувства и емоции, внатрешни превирања кои излегуваат на површина, разочарување од надворешните општествени и политички случувања и трагање по вечната љубов, се првите неколку елементи кои веднаш се препознатливи албумот на „Фолтин“ од 2019 година, под назив „Момóма“. „Момóма“ е осмиот студиски албум, кој содржи шест стандардни, но сепак нешто поразлични нумери, од она на што не беше навикнал битолскиот состав. Покрај ...

Ултимативен респект за сѐ што е музика секогаш, но плеј листата дома ја креираме сами. Фолк песните од минатиот век и оние од почетокот на новиот милениум како „Zidovi“, „Umirem majko“, „Iza Oblaka“ ги знаеме сите, но прашање на вкус е колку и на кого му се допаѓаат. Иако апсолутно сум согласен дека станува збор за хитови, не се мој прв избор или да бидам попрецизен – не беа мој избор во минатото, бидејќи тоа драстично се промени откако почнав ...

Студиското издание „Unlimited love“ објавено на 1 април 2022 година дојде по шестгодишна пауза на „Red Hot Chili Peppers“ („RHCP“) , а своевремено претставуваше и најочекуваниот албум во рок музиката таа година, најмногу поради фактот што гитаристот Џон Фрусијанте повторно се врати во бендот. Неговата виртуозност му недостигаше на популарниот состав, па бројни фанови очекуваа дека со него ќе се врати и претпознатливиот звук на „RHCP“, од времето ...

„Gigaton“ е албум кој содржи 12 нумери, а бендот во 2020 година по седум години дискографска пауза го објави своето 11. студиско издание… Ако целата ситуација со коронавирусот би требало да се претстави во само 12 дена проследени со музика, тогаш секој од нив ќе биде посебно одбележан преку стиховите и мелодиите на новиот албум на рок групата „Pearl Jam“ под наслов „Gigaton“. Славните музичари на чело со оригиналниот фронтмен Еди Ведер направија ...

Промоција на стихозбирката „Куќичка на дрво не е дом“ од Милена Сиљаноска ќе се одржи вечерва од 20 часот, во кафе-книжарница „Буква“. Милена Сиљаноска е писателка, поетеса и уредничка во Издавачки центар ТРИ, во чиешто издание е оваа стихозбирка. Голем дел од песните во неа се дел од поетскиот ракопис „Болопадание“ за кои се здоби со признанието „Антев златник“ од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Во ...

Вечерва со почеток од 19 часот, познатиот писател, поет, сликар и стрип автор Владо Јаневски во седиштето на Друштвото на писатели на Македонија, ќе се и се претстави на домашната читателска публика. Авторот ќе раскажува за своите три романи – „Кој го уби Едгар Алан По“ („Или-Или“, 2024), „Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, 2022), „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Ламина“, 2020). Промоторка ќе биде Ана Пејчинова, а извадоци од делата ќе чита Емилија ...

Во октомври, најамбициозното уметничко дело на Марина Абрамовиќ, „Балкански еротски еп“, ќе биде премиерно изведено во Манчестер, каде што 70 изведувачи изведуваат антички, сурови и сексуално експлицитни ритуали инспирирани од балканската традиција. Публиката нема да биде само набљудувач, туку ќе биде поканета слободно да се движи низ просторот и да учествува во одредени делови од претставата. Родена во Белград во 1946 година, Абрамовиќ е ...

Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен на руски јазик од Олга Панкина е вброен во листата за номинацијата -„Пропуштени ремек-дела“, објавена од коосновачите на Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јаснаја Полјана“ – Музеј „Лав Толстој” и Самсунг Електроникс. „Во 2025 година, жирито за наградата кое се состои од познати руски писатели, литературни критичари и јавни личности на чело со Владимир Толстој, правнукот на Лав Толстој, се ...

Во време кога поезијата сѐ почесто ги преминува националните граници и станува мост меѓу културите, македонскиот поет Јосип Коцев го бележи својот најнов успех со објавувањето на двојазичното издание на својата збирка „Две мориња“ во Шпанија. Оваа книга, која веќе беше препознаена и номинирана за престижната награда „Браќа Миладиновци“ во 2023 година, сега добива нов живот на шпански јазик, благодарение на преводот на Марко Видал Гонзалез и ...

На 3 јули, во четврток, со почеток од 20 часот, љубителите на поезијата ќе имаат можност да присуствуваат на промоцијата на дебитантската поетска збирка „Ќумур смоквин млеч“ од младиот автор Стефан Спасовски, во издание на „Илика“. Настанот ќе се одржи во пријатниот амбиент на кафе-книжарницата „Буква“, каде преку разговор со авторот ќе биде претставена збирката, а дел од песните ќе бидат прочитани пред публиката. Промотор на збирката е Андреј ...

Изложба на театарски плакати – дела на Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески, ќе биде отворена в сабота (7 јуни) во 18 часот во фоајето на Центарот „Марко Цепенков“. Изложбата е составена од околу 120 плакати и исто толку каталози за театарски претстави. Застапени се претстави од речиси сите македонски театри, како и дизајн на рекламни материјали за сценски проекти во: Хрватски, Бугарија, Италија, Франција, Русија. Покрај нив застапени се и ликовни ...

Писателот Цане Андреевски почина денеска во 95-тата година од животот во Скопје. Андреевски е роден во Кратово во 1930 година. Таму завршил основно училиште, а потоа во Скопје завршил учителска школа, и дипломирал на Филозофски факултет. Учествувал во уредување на списанија за деца и на весникот „Млад Борец“. Најголемиот дел од својот работен век беше во Радио Скопје, како уредник на Културната редакција. Тој е добитник на наградата „Кочо Рацин“ ...

Неодамна излезе од печат најновата поетска книга на Даниела Андоновска-Трајковска со наслов „Царски рез на небото“ во издание на „Матица македонска“. Книгата содржи повеќеслојна, егзистенцијалистичка, рефлексивна, магично-реалистична, медитативна и општествено ангажирана лирска поезија. Песните се доживуваат како философски слики во кои времето е забавено за да се доживее мигот на постоењето. Андоновска-Трајковска како и во сите нејзини ...

Андреј Анѓелковиќ, за збирката „Чергар“, e добитник на наградата „Млада Струга“, која ја доделува поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“, во соработка со Јуроп хаус и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Ова признание се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор дебитант. Наградата „Млада Струга“ има цел да ја поддржи младата поетска сцена и да им даде видливост на новите гласови со ...

МВР Билтен

9 минути - МИА
weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
92%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
62%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.7
87%
1013
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
74%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
94%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
94%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1016
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948