
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Но, иако релативно неодамна ја остави титулата бринета и се обои со руса коса, луѓето велат дека ваквата промена на која се одлучила сега „целосно ѝ го менува карактерот“. Имено, актерката се појави на црвениот тепих за доделувањето на наградите на филмскиот фестивал Палм Спринг, во придружба на нејзината ќерка. На изненадување на сите присутни, таа прошета во црн свилен фустан истакнувајќи ја новата промена. Анџелина Џоли одлучила да ја украси ...
Голема опасност во сообраќајот се неприлагодените гуми, дотраени, со минимален профил. Со овие гуми се намалува управувањето со возилата, се продолжува растојанието за сопирање и слично, а норвешката компанија Roadguard ќе се обиде да стави крај на оваа практика. Идејата е да се инсталира специјален скенер на коловозот кој ги снима гумите и ја мери длабочината на профилот на секоја гума на секое возило што поминува. По компјутерска анализа, ...
Ади Хутер останува тренер на француски Монако. Како што објавија од францускиот клуб, новиот договор на австрискиот специјалист е до 2027 година. Хутер е тренер на Монако од јули 2023 година. Под негово водство, тимот одигра 60 натпревари, победувајќи 35 пати, ремизирајќи 11 пати и има 14 порази. Монако моментално се наоѓа на третото место на табелата во Лига 1 со сериозни шанси да се бори за пласман и на самиот врв, што значи и место во Лигата ...
Според в.д. полицискиот комесар Јуки Фонг Џу, осомничениот ќе биде изведен пред суд овој понеделник, откако беше приведен пред три дена, пишува Гардијан. Членовите на екипажот ја прославија новогодишната ноќ во Нади, на западниот брег на островот Вити Леву. Наводниот сексуален напад и одвоен случај на грабеж се случиле откако членовите на екипажот посетиле ноќен клуб во градот, кој е меѓу најпопуларните туристички дестинации на Фиџи. „Овие ...
На социјалните мрежи кружат видеа, на кои наводно се гледаат болничките чекални полни со пациенти кои носат маски, додека родителите држат болни деца... Според Дејли Мејл, има непотврдени информации дека крематориумите и погребалните домови се пребукирани. Загрижувачките сцени, но и немањето најави од официјалните лица, наведоа некои да прават споредби со првите денови од епидемијата на Ковид во Кина. Локалните медиуми го обвинија малку ...
За да може договорот да се имплементира, потребно е одобрение од внатрешната и сенатската комисија. Оружјето што се планира да се продаде вклучува ракетна артилериска муниција воздух-воздух, која се користи за одбрана на борбени авиони од закани како што се беспилотни летала, се вели во извештајот. Американскиот Стејт департмент не одговорил веднаш на барањето за коментар. „Претседателот (Бајден) јасно кажа дека Израел има право да ги брани ...
Во беж облека, која одлично ја истакна нејзината беспрекорна фигура, таа изгледаше како вистински симбол на елеганција и софистицираност. Нејзиниот нежен фустан, со суптилни детали, беше и класичен и современ, создавајќи впечаток на безвременски стил. Немаше потреба да експериментира со фризури, бидејќи останува верна на својата едноставна, но ефективно обликувана коса. Таа зрачеше со шарм и достоинство, а со лесната шминка изгледа ѝ се ...
Според Ројтерс, Франција и другите европски влади се обидуваат да ги ограничат активностите на бандитите за шверц на дрога и да спречат смртоносни престрелки меѓу нив. Минатата година ЕК започна кампања со учество на европските пристанишни власти за борба против шверцот на наркотици во големите градови со пристаништата. Новиот француски премиер Франсоа Бајру и министерот за внатрешни работи Бруно Риотајо ветија и построги мерки против нарко ...
Утре (недела) од 17:30 на програмата е најголемото дерби во Англија, дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, дерби од 20.коло во Премиер-лигата. Како што велат последните вести од Островот, владее големо невреме во Ливерпул и околината, а за утре се најавува исто така крајно временски лоши услови за игра и силни врнежи на снег. Засега нема официјално дека ова дерби се одложува, се разбира дека последен збор ќе го има раководството на ПЛ, но ...
Фудбалерите на Манчестер Сити, конечно, потсетија на шампионските денови од минатата сезона и со убедливи 4:1 го совладаа Вест Хем во денешниот дуел од 20. коло на Премиерлигата. Момците на Пеп Гвардиола успеаја по само 10 минути со голот на Савињо да дојдат во водство од 1:0, за потоа во завршницата на полувремето, Халанд по асистенција на Савињо да зголеми и на 2:0. Во вториот дел „граѓаните“ брзо постигнаа уште два гола. Халанд со вториот гол ...
Здружението на германски банки очекува натамошно затворање на филијалите низ целата земја. Претседателот на Сојузната асоцијација на германски банки (BdB), Кристијан Цевинг, очекува дополнителен пад на бројот на филијали на банки во Германија. Бројката ќе продолжи да се намалува бидејќи однесувањето на клиентите се промени, рече Зевинг во изјава за весникот на медиумската групација Funke. Сепак, во иднина ќе има многу филијали, објасни ...
Поворката автомобили со ковчегот на Картер, обложен со знаме, започна во медицинскиот центар Фиби Самтер, каде поранешните агенти на тајната служба кои го штитеа поранешниот претседател одеа покрај погребната кола додека го напушташе кампусот, објави АП. Семејството Картер, вклучувајќи ги четирите деца на поранешниот претседател и многубројните внуци и правнуци, ќе го придружува ковчегот во поворка што ќе ги пренесе неговите посмртни останки низ ...
Меѓу животните кои умреле од вдишување чад по пожарот имало кучиња, мачки и кокошки, соопштија властите. Поконкретно, 579 животни, од кои повеќето биле мали птици, биле во продавница за миленичиња во Плаза Латина во Далас, Тексас, каде вчера избувнал пожар, пренесува Sky News. Пожарот два часа го гаснеле околу 45 пожарникари, изјави портпаролот на DFR (Dallas Fire and Rescue) Џејсон Еванс. Иако огнот не ги зафатил животните, тие починале од ...
Тотенхем е блиску до потпишување договор со голманот на Славија Прага, Антонин Кински Јуниор, кој веќе е во Лондон на лекарски прегледи. Според инсајдерот Фабрицио Романо, постигнат е устен договор меѓу сите заинтересирани страни. Кински мора да оди на лекарски преглед по денешниот натпревар. Антонин Кински Јуниор е син на поранешниот голман на Чешка, Антонин Кински. Минатово лето тој дебитираше за селекцијата на Чешка на мечот со Словачка, а ...
Кина, Швајцарија и Индија се на врвот според растот на златните резерви, покажуваат податоците на националните централни банки. На крајот на септември 2024 година, девизните средства на светските централни банки изнесуваа 14,3 трилиони долари во споредба со 12,9 трилиони долари една година порано. Апсолутен лидер во нивниот раст е Кина, која ги зголеми златните и девизните средства за 263,3 милијарди долари. На второ место е Швајцарија со пораст ...
Судијата Хуан Мерчан рече дека Трамп нема да биде осуден на затворска казна и дека новоизбраниот претседател може да се појави лично или виртуелно на сослушувањето. Сослушувањето е закажано 10 дена пред инаугурацијата на Трамп во Вашингтон на 20 јануари. Во мај, Трамп беше осуден во Њујорк за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја во врска со поткуп од 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за нивната ...
Обновената Комисија за заштита на конкуренцијата од почетокот на годинава може да казнува и со 20 000 евра за пронајдени договори за нефер трговски практики, истакна заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Со почетокот на годинава, почна примената на казните за неправилностите при спроведувањето на Законот за нефер трговски практики кој е во функција, според директива на ЕУ од 28 септември. Процесот до крајот на 2024 година се ...
Новиот тренер на Милан, Серхио Консеисао, дебитираше на тренерската функција со победа, откако синоќа Милан го победи Јувентус со 2-1 во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп во Ријад, Саудиска Арабија. Во финалето на натпреварувањето на 6 јануари, миланскиот тим ќе се соочи со освојувачот на трофејот Интер. „По првите 45 минути во соблекувалната не давав пофалби, всушност бев малку лут затоа што тимот не ги направи работите што ги подготвивме. ...
Престолнината на Црна Гора, Цетиње, по две и пол години повторно е обвиена во црно. Дванаесет убиени и четворица тешко ранети е епилогот од уште едно, претходно, пукање во Цетиње, кое се случи две и пол години по масакрот што во главниот град на Црна Гора го изврши Вук Бориловиќ (34) од Цетиње, кога уби 10 лица, меѓу кои две деца. и ранил шестмина сограѓани. Вук Бориловиќ најпрво ги убил станари во својата куќа во населбата Медовина на Цетиње на ...
Астролозите предупредуваат за четирите најкритични денови во јануари, кои можат да донесат значителни предизвици. Овие денови потенцијално може да доведат до непријатност, па затоа е важно да ги следите препораките на астрологот за да ви помогне да ги надминете. Иако јануари 2025 година ќе биде генерално мирен, тоа не значи дека предизвикувачките моменти ќе бидат целосно отсутни. Астрологијата вели да ги забележите следните датуми во вашиот ...
Москва смета дека употребата на вакви ракети, кои имаат дострел до 300 километри, е голема ескалација на конфликтот. Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за противвоздушна одбрана собориле осум балистички ракети заедно со 72 беспилотни летала. Тие додаваат дека „на овие акции на режимот во Киев, кои се поддржани од западните куратори, ќе се одговори со одмазда“, пренесе Си-Ен-Ен. Министерството извести дека овие проектили биле ...
Нетрпението меѓу менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим и фудбалерот Маркус Рашфорд, е резултат на тоа што напаѓачот пред неколку важни натпревари на тимот редовно си излегувал во ночни клубови. За тоа дознал Аморим, кој веднаш реши да го отстрани од првиот состав. Крилниот напаѓач беше во немилост во последните недели, што доведе до зголемени информации дека тој нема да остане на „Олд Трафорд“. Според изворите португалскиот стратег бил ...
Познатите швајцарски часовници „Ролекс“, познати по квалитетот и високата цена, минатата година поскапеа поради скокот на златото на светските берзи. Според извештаите, цените на некои златни „Ролекс“ часовници се зголемени за дури 14 отсто, додека челичните часовници во истиот период поскапеле само за три отсто, јавува Си-Ен-Ен Најмногу поскапе моделот Daytona, еден од најпопуларните часовници „Rolex“. Верзијата од бело злато со ремен ...
Претседателскиот медал на слободата годинава ќе им биде доделен на 19 лица, меѓу кои и културни икони, политичари и активисти, јавува Би-би-си. „Тие беа избрани затоа што се добри луѓе кои дадоа исклучителен придонес за својата земја и светот“, објави Белата куќа. Бајден ќе ги додели медалите денеска за време на церемонијата во Белата куќа. Боно, чие вистинско име е Пол Дејвид Хјусон, веќе ја има добиено највисоката француска културна награда, ...
Едното од семејствата потекнува од Босна и Херцеговина, а другото од Косово. Конфликтот избувнал поради бременоста на 15-годишна девојка која била во врска со 18-годишен маж, иако не е наведено од кое семејство е младата трудница. Ова толку многу им пречело на некои членови на семејството што ги нападнале противниците. Прво со тупаници, а потоа со ножеви, пишува Феникс магазин. На крајот, пет мажи биле толку тешко повредени што некои од нив ...
Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота беше многу разочаран по поразот од Милан. По пресврт во второто полувреме тимот од Торино не успеаа да се пласира во финалето на италијанскиот Суперкуп, а поранешниот играч од средниот ред призна дека тимот покажал недостаток на карактер. „Не можеме да бидеме задоволни од она што се случи. Во првото полувреме не одигравме добро, а во второто пропуштивме неколку шанси да го затвориме натпреварот. И Милан не ...
Американскиот „тинк-тенк“ со седиште во Вашингтон, кој ја следи руската инвазија на Украина, објави дека има геолокализирани докази што укажуваат дека руските сили напреднале 4.168 квадратни километри во текот на изминатата година, пренесува Business Insider. При пресметувањето на стапката на руски жртви, ISW ја искористи неодамнешната проценка на украинскиот воен командант Олександр Сирски дека 427.000 руски војници биле убиени или ранети во ...
На Барселона и беше одбиено и последното барање за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор. Ла Лига „Комитетот за следење на координативниот договор меѓу Ла Лига и РФЕФ се состана за да го разгледа барањето за прелиминарно одобрување и регистрација на лиценците на Дани Олмо Карвахал и Пау Виктор. Откако Барселона ги исполни барањата за економска контрола на 3 јануари 2025 година и ја комплетираше релевантната документација, телото за ревизија на ...
Кога почина, баба Ина Канабаро Лукас, калуѓерка од Бразил, позната и како сестра Ина, го зазеде местото на најстара личност на светот. Ина Канабаро Лукас е родена на 8 јуни 1908 година, но нејзините години не ја „слават“ само денес како суперстогодишник. Имено, таа е и најстарата жива калуѓерка од смртта на Лусил Рандон на 17 јануари 2023 година. Сестрата Ина е родена во Сао Франциско де Асис, Рио Гранде до Сул, Бразил. Работела како ...
Вчера попладне беше пронајдено безживотното тело на 27-годишната М.Ф. од Кратово пред зграда на улицата Миле Поп Јорданов во Скопје, каде што девојката престојувала. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во полиција во 16:12 часот. -Полициски службеници излегоа на местото на настанот и беше потврдено дека станува збор за пад од висина. Лицето беше пронајдено починато, што беше констатирано од екипата на ...