Министерството за транспорт вети дека ќе ги отстрани од продажба возилата со SUS мотори до 2030 година, но сега ќе се консултира со претставници на индустријата за да утврди дали планот е одржлив. Владата на Обединетото Кралство им дава рок на производителите на автомобили осум недели да ги достават своите ставови за постепено укинување на новите автомобили на бензин и дизел, бидејќи министрите размислуваат за олеснување на квотите за продажба ...

„Ако во училиште војувате меѓу себе, ако на училиште сте насилници, со девојчињата момчињата кои имаат некакви проблеми, тоа е подготовка за војна, а не за мир. Ве молам, без насилство! Никогаш насилство“, рече папата за време на денешниот состанок со италијанските католички наставници и родители, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. Папата ја истакна важноста од промовирање на мирот и солидарноста меѓу младите, особено во училишната ...

Ацо Мартиновиќ од Цетиње на 1 јануари годинава изврши грозоморен масакр во Цетиње во кој уби 12 лица, меѓу кои две деца, а тешко повреди четири лица. Мартиновиќ, кој уби невини луѓе на дури пет локации, бегаше од полицијата со часови, а беше опколен нешто пред полноќ, недалеку од неговата куќа, кога не ги послуша наредбите на полицијата да го спушти оружјето и се застрела во глава. Како што информираа од полицијата, Ацо Мартиновиќ починал на пат ...

Фудбалерите на Њукасл ја извојуваа петтата последователна победа во Премиерлигата откако во дербито од 20. коло славеа на гости кај Тотенхем со 2:1. Домашните поведоа веќе во четвртата минута со голот на Доминик Соланки, кој одлично се справи со центаршутот на Педро Поро и со глава го совлада немоќниот Мартин Дубравка. Радоста на домашните траеше само две минути, бидејќи на спротивната страна резултатот за Њукасл го израмни Ентони Гордон. Веќе ...

Нема поубав начин да се започне Новата година со отварање на еден ваков капитален проект што ќе остане децении, векови после нас и затоа честитки за сите, честитки за цела држава, честитки за сите кој ќе го користат овој пат затоа што ќе го забрза протокот и комуникацијата помеѓу вам и главниот град, Скопје и Истокот на Македонија, изјави денеска на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Страцин – Крива Паланка вицепремиерот и министер ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, денеска на отворањето на патот Страцин - Крива Паланка се извини за доцнењето од три дена за отворањето.  „Поставив цел до крајот на 2024 година да биде завршен овој пат. Многумина не веруваа, многумина дури и се смееја, но еве го завршивме, го задоцнивме само три дена. Затоа ќе извините за задоцнувањето од три дена“, рече директорот Трајановски Експресниот пат го ...

Со особена чест и задоволство, денес сме тука за да ја одбележиме оваа значајна пресвртница- свеченото отворање на експресниот пат Крива Паланка- Длабочица- Страцин. Овој инфраструктурен проект, долг 25.55 километри, претставува не само несомнен градежен успех, туку и симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски на дешеното отворање на експресниот пат Страцин -  Крива Паланка Проектот што ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се спротивстави американските знамиња да бидат спуштени на половина копје на неговата инаугурација на 20 јануари, како што е вообичаено еден месец во чест на покојниот поранешен претседател Џими Картер. Претседателот Џо Бајден нареди знамињата да се спуштат на половина копје 30 дена по смртта на Картер на 29 декември, што е вообичаено кога ќе умре американски претседател. Трамп, кој рече дека ...

Оваа акција, која започна на 31 декември, претставува 73-та набљудувачка мисија на португалската морнарица во изминатата година. Целта е да се заштити националниот поморски простор, да се зачуваат интересите на Португалија и неговата инфраструктура и да се исполнат меѓународните обврски кон Атлантската алијанса, соопшти португалската морнарица на Инстаграм. Морнарицата нагласи дека ваквите операции ги спроведува непрекинато, 24 часа на ден, во ...

Кидман најпрво ѝ се заблагодари на режисерката на филмот Халина Рејн што ја ангажирала, а потоа ја спомна нејзината мајка и истакна дека таа се уште тагува по нејзината смрт. На крајот таа се расплака. „Ви благодарам што ми дадовте можност да кажам „ова е за мајка ми“. Целата моја кариера е за мајка ми и тато, кои сега не се тука. Ќе продолжам да работам и да му враќам на светот затоа што го сакам она што сте. И јас ве сакам сите, многу сум ...

Полицаец во Замбија е уапсен затоа што наводно ослободил повеќе од десетина затвореници од притвор за да ја прослават Новата година. „Во вторникот наутро, додека бил во алкохолизирана состојба, детективот Титус Пири ги зел клучевите, ги отворил машките и женските ќелии и им наредил на затворениците да ги напуштат просториите, изјавувајќи дека се слободни и дека можат да влезат во Новата година“, се вели во соопштението на полицијата. според CNN ...

Хрватска е прва во Европа по раст на цената на виното, која за четири години пораснала за цели 52 отсто, покажуваат податоците на Евростат. На Кипар виното поскапело за 48 отсто, а во Унгарија за 45 отсто, пренесува хрватски Пословни дневник. Се наведува дека поширокиот хрватски регион е подрачјето каде најмногу поскапело виното, па на листата се најдоа и Словенија и Романија, каде виното во последните четири години поскапело за 32 отсто. ...

Денеска истекува рокот за пријавување на повикот од високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика за четири специјални пратеници на ЕУ, вклучително и оној за дијалогот Белград–Приштина и други регионални прашања. Според Пахор, околностите се промениле од пролетоска кога најавуваше кандидатура. Причините ги опиша во седум точки, вклучително и неговите лични ставови. Според него, грешка е што за разлика од другите три повици за ...

Градоначалникот Никола Ѓурашковиќ ја истакна потребата од одговорност и систематски промени за да се спречат слични трагедии: „Уште една невидена трагедија го погоди нашиот град и целото општество. Загубата на 12 животи остави празнина што не може да се пополни. Тоа не е загуба само за семејствата, туку и за целата заедница.“ На комеморацијата присуствуваа претставници на локалните и државните власти, дипломати и бројни граѓани, кои им оддадоа ...

Безбедносната служба, заедно со војската, вчера ги спречи обвинителите да го уапсат Јун Сук Јеол. Инспекторите обезбедија налог за апсење за Јун поради неговото прогласување на вонредна состојба минатиот месец. Високото биро за истраги за корупција, кое го истражува случајот, денеска соопшти дека повторно побарале од вршителот на должноста претседател Чои Санг-мок, државниот министер за финансии, да ѝ нареди на претседателската служба за ...

Повеќе од 2.000 навивачи присуствуваа на првиот отворен тренинг на Баерн Минхен оваа година. Главниот тренер Винсент Компани добро ги испоти фудбалерите, а потоа им дозволи да потпишат автограми и да се сликаат со фановите. Лидерот во Бундеслигата влегува во клучната втора полусезона со 4 бода предност пред актуелниот шампион Баер Леверкузен. Making dreams come true for over 2000 fans today! 😍 pic.twitter.com/wZ4pn08WwV — FC Bayern ...

Нема зеленчук, месо, јаглени хидрати или млеко. Само овошје. Можеби се прашувате како некој може да преживее со диета само со овошје, но според Ен, таа никогаш не била поздрава. Ен има 58 години, а за оваа диета се заинтересирала во 1990 година. - Мојот интерес за исхрана започна откако присуствував на разговор во мала соба над бар во Велика Британија. Еден локален овоштар по име Дејвид Шели зборуваше за исхраната и гледајќи ја неговата ...

Не планираме по 7 потрошени години власт, да влегуваме во пресметка на СДС чив е експресниот пат. Тој не е ниту на СДС, ниту на ДУИ или друга партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ Ниту дали има логика се што ќе направиме ние, тие да тврдат дека било нивно, иако народот знае дека шајка не заковаа 7 години и како е можно за 7 години да немаа отворање на ниеден сериозен инфраструктурен проект, апсолутно ниту еден, и сега оправдано на сите нормални луѓе им ...

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути. Патот, којшто официјално е пуштен денеска, е во должина од 25,5 километри и е дел од Коридорот 8. Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,50 милиони евра. На ...

Кој би помислил дека Цезар Сото Градо ќе биде судијата што ќе му покаже црвен картон на Винисиус Жуниор и кој би помислил дека Бразилецот го чека тешка суспензија. По исклучувањето од „Местаља“, според правилата на Ла Лига, Винисиус би морал да добие суспензија минимум четири меча до максимални 12 за удирање на Столе Димитриевски. Дополнителен проблем е што Винисиус го нападна судијата кога Сото Градо му го покажа црвениот картон, камерите ...

Ова го соопшти заменик-градоначалничката на Загреб, Данијела Доленец и додаде дека Градот како основач ќе ги покрие трошоците за ангажирање фирми до крајот на учебната година. Во меѓувреме, додаде таа, Министерството за наука и образование ќе обучува и вработува лица во училиштата кои ќе бидат задолжени за безбедноста. Министерството за наука и образование вчера го објави Протоколот за контрола на влез и излез во училишните установи, со кој се ...

Пејачката Сенида Хајдарпашиќ ја дочекала Новата година со жителите на Бања Лука на плоштадот и приредила спектакуларен дочек. Публиката за сето време пеела заедно со неа и се било супер до еден момент кога почнала да се кара со некого од публиката. Имено, дошло до расправија со маж, поради што таа буквално „полудела“, а на ТикТок кружи вирален клип на кој можете да видите како таа го повикува да дојде на сцената. - Што е, што е? Сакаш горе? ...

По турбулентната 2023 година и преземањето на Credit Suisse, Серхио Ермоти најавува дека ќе остане на чело на банката до 2027 година. - Иако веќе постигнав многу, морам повторно да се докажам. Ова е голема одговорност – изјави Серџо Ермоти во неодамнешното интервју за швајцарскиот Мигрос-Магазин. Неговиот работен ден започнува во 5:45 часот наутро, а работното време често му трае и до 14 часа дневно. Двапати неделно не пропушта тренинзи во ...

Печатените електронски документи ќе имаат иста важност како оргиналниот документ. Ова е овозможено со измените на Законот за електронски документи што ги изгласа Собранието. – Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на Законот за електронски документи. Јас велам два члена се, многу мала измена, но мислам дека многу ќе значи. А тоа е дека, од сега електронски извадените документи од порталот или било кој друг државен портал, кој што се ...

Нагата, кој е службеник задолжен за политиките за стари лица, рече дека Итока починала на 29 декември во старечки дом во Ашија во централна јапонска префектура Хјого, пренесе АП. Итока е родена на 23 мај 1908 година, а минатата година стана најстарата личност на светот по смртта на 117-годишната Американка Марија Брањас. Кога Итока го прослави својот роденден минатата година, од градоначалникот доби цвеќе, торта и честитка. Се омажила на 20 ...

Властите ги истражуваат причините за пожарот, кој беше изгаснат нешто повеќе од еден час по избувнувањето утрово. „Повредените се хоспитализирани и нивните животи не се во опасност“, додаваат од телевизијата. Пламен и темни облаци од чад беа забележани над пазарот, покажаа видеата објавени на кинеската веб-страница Веибо. 🔴CHINA 🇨🇳| #Drama : a fire this Saturday Jan. 4 at 8:40 a.m. in a vegetable market in the city of #Zhangjiakou, #Hebei ...

Во 2025 година во Грција се очекуваат голем број промени кога станува збор за туризмот. Со цел да го намали масовниот туризам и да ги зголеми приходите во 2025 година, Грција одлучи да воведе нови повисоки туристички такси за следната летна сезона. Покрај такси, ќе се промени и самиот пат кон Грција доколку има нови системи за влез во Европската Унија - ЕТИАС и ЕЕС. Колку ќе биде туристичката такса? Новите даноци ќе се применуваат во различни ...

Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин - Паланка. Господата од СДС, изминативе седум години, не успеаа да го завршат експресниот пат Страцин-Паланка, па мораше ВМРО-ДПМНЕ експресно за само 6 месеци да го пушти во употреба, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека доколку Николовски и Бочварски, се занимаваа повеќе за проектите, наместо за давање тендери на фирми блиски до Заев, патот досега веќе ќе ...

 Во врска со сообраќајната несреќа од 02.01. 2025 година на локалниот пат Сарај- село Рашче во која што патничко возило марка „Ауди“ управувано од Н.А. (23) излегло надвор од коловозот и паднало во коритото на реката Вардар, на 03.01.2025 во 14,48 часот во коритото на реката Вардар, непосредно каде што беше извлечено ПМВ Ауди, беше пронајдено и безживотното тело на исчезнатото лице А.А., за што е запознаен надлежен ЈО. „Откако од водите на ...

„САД ќе воведат санкции, не некои општи и финансиски, туку сеопфатни санкции за нашата нафтена компанија. Тоа нема да биде само за компаниите кои имаат руски удел, туку директни санкции кон НИС. Ова нѐ става во тешка позиција“, рече Вучиќ и додаде дека тоа ќе доведе до проблеми со нафтата. „Следат проблеми со петрохемијата, со сите наши гиганти“, рече Вучиќ. „Не можете да набавите резервни делови, се снаоѓавме досега, влегувавме преку други ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
70%
1011
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
1.54
70%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.1
74%
1012
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.83
86%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
88%
1011
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
75%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52